Не знам зошто мислите дека некој сака цел ден да чмае на телефон. Еве капа му симнувам на тој што има толку време, плус оди на работа. Немам мака со ѕвонењето... Нек се слушаат колку сакаат. Но ете, на некој му пречи, и тоа е ок.
Разбирам да ти смета тебе и на други 10 снаи да речеме. Ама не е нормално да им смета колективно на сите. Примери имам еден куп од околина а и овде читам ќерките колку се блиски со мајките и се слушаат по 100 пати на ден, ама мажот не смее да го прави тоа, тогаш мама го земала под нозе и му се меша во животот.
Добро сеа реално има и такви шо треба да имаат шо муабет да прават у друштво.... Јас лично, општо мразам да зборам на телефон.
Дете им плаче, имаат гости, бара целосен извештај кај биле, со кого биле, зошто биле, кога прднале, ако не се јави синот, ја напињаат снаата... Ама до снаите пак е проблемот
Никад не сум се слушала со мама 5 пати на ден, ни па има потреба реално нема што да си кажеме ако се слушаме толку често и мм се слуша со неговите еднаш во ден и сметам дека е доволно. Ама па да земе секој ден да им го раскажува до детали дури што сме испазариле ич нема логика.
Никаде не спомнав дека не сакам воопшто да се слуша со родителите. Нормално дека е во ред да се слушне, родители му се. Како што јас се слушам во граници на нормала, го очекувам тоа и од сопругот. Мене ме нервираат муабетите од типот "Што купивте, А зошто не вакво, туку такво, со кого сте, каде, колку време" и да не набројувам уште многу други, кои во некои моменти според мене се ептен навлагање во приватност. Мислев да не претерувам, ама гледам дека има и др членки што делат исто мислење со мене, и дека нешто треба да се промени. Еве јас не знам уште како "да го воспитам"
Нормално е да се слушне. Нека се слушне и 5 пати. Ама не е нормално секојдневно и во детали да се прераскажува како поминал денот на работа, што се прави дома, каде се отишло, кој дошол, што се купило... Мм за среќа не е таков, ама имам примери во околината што така се однесуваат.
Јас сакам така во детали да зборам. Кај сме биле, што направил синко, што јадел пиел, кај ке одиме, ако купам нешто одма слики праќам што сум зела итн. И на мајка ми и татко ми и на свекрва им праќам слики видеа постојано. Не функционираме исто сите.
Не мора да е познаник, јас кога бев бремена бев на ендокринологија на испитувања некои, чекам да земам книшка, позади мене женички постари очигледно ме слушнаа кога зборував со сестрата дека бремена, а не ми се познаваше, па зема ме потапша по рамо најдругарски и ми вели: еее браво, така дете па уште едно, две а не овие другиве млади, нејќеле ниедно да родат Не ми се расправаше оти ќе ме нападнеа сите што чекаа, кај ќе бегав и ај да не испаднам некултурна само и пратив еден кисел осмех Не знам што е поентава да се мешаат, ако нејќе па и нема да роди, ако сака едно, едно, ако сака пет, пет нека се, со кое право се мешаат? Свекрва ми се мешаше преку ќерка ми, ај мајка ти да одмори малку дека царски па да роди уште едно две, коса ми се креваше, се додека еден ден не ми скисна па и реков ако и се сака толку да си роди самата Од кај знаат луѓево, може до желба е, може медицински нема можност да роди и сигурно нема нив да им се правдаат, свашта.
Така свекрва ми на маж ми " еве сега и трето имате , да наполни година , па четврто " . Од култура , не реков ништо , ама кога го собрав дома маж ми во ќош .. " Ако толку сакаш четврто , роди си го ти , ја не можам веќе , ако уште еднаш влезам во таа сала , нема да излезам жива . Си го познавам организмот човече , многу се измачив со второто и третото , не доаѓа во предвид четврто , петто .. А ако мајка ти толку сакала 4 деца , зошто родила само 2 ? Со тоа што умрело во стомак , да преживеало би биле 3 , ама зошто после сестра ти не родила уште едно ? Не сакала ? Епа и јас не сакам веќе . Следен пат немој само да се смешкаш , ќе си и кажеш дека сме одлучиле тука да застанеме , или дека ти ќе го носиш и раѓаш четвртото бебе " . Толку беше од муабетот . Кога повторно спомна свеки , и рече " жено дај не ме замарај , не ќе правам фудбалски тим Божее , три ни се таман , нека дава Господ кај што нема ниту едно , кај нас дал и фала му и слава му " . Од тогаш на темава свеки само со золва ми зборува .
Абе многу паметна свекрвата твоја. Ама јас почнав на вакви коментари да враќам. Ако некој мисли дека е ок да кажува колку деца треба да имам, што пак јас да се воздржам да не вратам.
Ќути аман . Јас ќе се мачам да раѓам зашо она сакала 4 деца ? Оди жено раѓај ако сакаш , мене 3 ми се таман .
Да не се разбереме дека воопшто не сакам да споделувам ништо со нив, ама некои работи треба да имаат граница мислам. И јас по своја воља им праќам и слика и им кажувам што сум купила за детето некогаш.. Не сакам тоа да ми биде обврска, од ќеиф понекогаш, да. Ама еве пример не сакам да се прашуваат детали до најситна работа во домот што сме ја купиле. Претпоставувам ни ти не се јавуваш да кажеш дека си била во маркет или аптека за намерно и да кажеш што крем, таблети, витамини или било што си купила за себе. Мислам ми нема логика. Или на секое пазарење пелени и се за бебе, во детали да се праша што е купено.
Епа такви глупости. На толку пати слушање во ден, ваљда нема што др и да прават муабет.. Ех.. Се надевам ќе успеам да сменам некои работи, зошто само што ќе слушнам да му ѕвони телефонот, косата ми се крева..
Мене мајка ми ми смета кога во денот повеќе од еднаш ќе ми се јави, и не кревам, не па свекрва. Среќа и мм е сличен ко мене, па не треба да го превоспитувам.
Ааа мојата ми рече "ајде раѓај дур сум помлада, да можам да ги чувам", ја и реков "ај еве сега,зашто ја за тебе деца раѓам". Ама кај мене осет се нема, не им текнува дека треба да прекинат, упорни се, дури и пред луѓе. Пред некој ден тетка му на мм ми држеше предавање за некое си дете што жалело што било само, па мајка му "на старост", на 37 години му родила второ, детево им рекло арно ви текна. Ја им реков, сам ќе го оставам, све што имам само за него да е. осет немаат они, немам ни ја.
На моја другарка сопругот замина во странство и дури се отсели комплетно и другарката поминаа може две години. Свекрвата нејзина, наша комшивка, дури беше сеуште овде другарката и вика абе да си родевте дете досега, ќе го порасневме овде дури да си појдиш и ти. Другарката и вели абе јас сакам со мажот ми заедно дете да гледам, не со баби, дедовци.
А бе ај да не излезе дека за ова со децата само свекрвите ги напаѓаме ама сите бар еднаш во животот сме рекле на некоја, ајде кога второ, кога син, кога ќерка. Или ќе видиш мало дете и му викаш сакаш ли ти братче и сестричка, кажи им на твоите да ти купат. Од такви пролазни муабети до злобни коментари од типот ‘‘ Што чекаш ќе те фати климакс, не го глеј син ми на него не му поминува времето‘‘ разликата е огромна. А и тоа со помагањето и годините држи вода, да родев пред 4 5 години мајка ми ќе ми помагаше, сега со операции кај да ми помага. После па се лутиме не ни помагале мајките и свекрвите и на нас нема погодување.