Е оваа истава свекрва ко и се задолжи забременувањето на другаркава (а тоа беше година и пол-две) ми вика во муабет абе сама си е крива, ко и велев јас не сакаше.
@bertold дај Боже да биде се во ред со другарка ти кога таа ќе сака. Оти после такви свекрви што солат памет уште толку трици јадат со, ти кажав јас дури си млада, ем немаше да одиш по доктори, сега виде ли што се случи. Е такви се да ги задавиш.
Машала оваа твојата ,три биле малку четири... Свака част Инаку кај генетиката познавам два пара кои после првото никако не можеа да забременат со второ ,веќе и се откажа едниот па на 41 г. жената а 50 мажот сега имаат бебе сосем природно ,ни едната ни другата страна немала таков случај во фамилија и ? Ама кога секој би си гледал своја работа нема да е интересно изгледа
Секоја ти чест , богами . Ја ден денес и се лутам на мајка ми што ме воспитала да не враќам збор на никој . Ќе немаат тема на муабет . Од толку теми , баш за таа се фаќаат , што ќе беше ова соте свекрви исти се . Оваа мојава за ништо не ми се меша , само за ова со децата . Ќе оделе странство не знам што , ќе сме останеле сами тука . Ја за да не се замерувам со неа , син и го собрав дома . Син и е ако тој не може да и пререче без да избие војна дома , тогаш не знам кој .
Извини вака кој к*р ја боли па неа дали вие ќе сте сами ? Еве тетка на мм има 7 сите машки и сите заминале странство и пак е сама ,10 ли требаше да роди ?? За болдираното и јас мислам така ама еве мојава со мм еден обичен разговор не знаат смирено да го направат ,многу нетрпеливост има меѓу нив , веројатно таложен со години зошто жената стварно нема ни осет ни култура ни ништо. Ама па и се е џабе ,таа другиот ден ако не третиот се однесува ко ништо да не било.
И ја не знам зошто и е гајле нејзе колку деца ќе имаме и дали ќе сме сами .. На крајот , постојат домови за згрижување на стари лица . Среќа моја што свеки го гледа маж ми како светец да е , ако и пререче за нешто , тоа е закон за неа , веќе не ја отвара таа тема .
Мојата од тогаш од кога пишав кога ми го опцу детето воопшто не е качена горе, еве веќе еден месец има од тогаш, и поарно ми е. Во овој месец само 4 пати го има видено детето за Божиќ, два пати морав да го симнам доле и му го оставив на свекорот бидејќи имав работа што морам да излезам, и сега пред некој ден за именденот на детето. Сега за сега добра е, и се држи така на дистанца не разговара многу многу кога ќе ме види, само ме прашува што прави детето и толку. Пу пу, само да не ја подречам.
Не се секирај, ќе и помини. И мојава така што еднаш се подналути и се држеше на дистанца една недела, ама после си се врати на старо.
Со свекрва ми се слушав само "за нешто" или ако не и крева син и, па ај кај мене да заѕвони. Нормално, не и ни кревам тогаш Никогаш не сме си се јавувале за "што правиш?". Останав трудна и од денот кога им кажавме, женава секој ден, па и по два пати во денот "како си?", "што правиш?", "кај беше?", "како си помина?". Проѕирна 200%, се плашеше да не не и го давам детето на чување, па ај да се зближиме до пораѓај. Имав спонтан. Погодете кој не ми се јавил месец дена да ме праша што правам?