Жено свиркај си додека не си отиде.. си идете.... не ти може ништо речи и само чекај да видиме што како па ќе се договориме, не се замарај превише
Бившата свекрва викаше "ја немам снаи, не сум свекрва за нив, туку Тетка ******". Уште 100 години да ѝ бев снаа, па немаше да дочека "мамо".
Мене најмногу од се ми смета кога на моето дете ќе му рече мама, пример: милото на мама...и тоа неколку пати и се “испушта” еднаш ја поправив и и реков баба не мама, се направи дека не ме слуша. Мислам не преувеличувам, или?
Може мислела милото на тебе. Како убавото дете на мама...на мајка му. Кога ќе рече следен пат :Милото на мама. Кажи и да,целото е тоа мило на мама, мило и убаво на баба и дедо (ако има) и така сврти си го
Воопшто не би ми сметало да е кажано со таа намера, ама не е. Инаку супер ти текна, нареден пат (се надевам ќе нема) така ќе и речам
Мојата е супер чоек. Ама хормониве од бременоста ме направија аждаја, не можам да трпам луѓе, нон стоп сум наапана за безвезе. И не можам да трпам муабет на телефон, мислам одма ми позеленува увото, ми скапува. Мм вика добро што ти е проблемот?? Не знам ама надрндана сум цело време. И мајка ми и свеки многу емоционално тоа си го сфатија демек аждерчево од ќерка и снаа ужас, не ни праи муабет. Чак пошо не можам да поднесам драма, паники, глупави совети, си конуницирам со тато најчесто. И оваа мајка ми да земе да му чита пораки на чоекот што сме се допишувале, лута е, мене не ми кажуваш ништо. А ако и кажеш ќе те загнои од досаѓање и прашања. Другава, свеки, суптилно ми пишува пораки ме прашува како сум, жената е на место. И пред некој ден сум забораила да и вратам, па сеа изглеа лута е, жут картон имам. Луѓе не знам кога и дали се оправаат хормониве, ама ме направија алергична на жени, а тек сум 7 месец. До 9 може ќе тепам.
Да си тераш ко шо ти е мерак, и многу да не ги шмирглаш. Ме пресмеа со изразите Мене ми беа смешни со муабети од стилот "седни сега, трудна си, ти треба да одмараш, не се замарај". А сум станал вилушка да земам, и свекрва го вика муабетов пред мајка ми, демек грижлива. Таква се погоди ситуацијата, слава беше. Ее ајде не глумете велам, ништо не ми е. Јас среќа одвоено живееме, којзнае како ќе беше инаку со нив. Ќе ме прекоруваше за чистењето цело време, а јас не бев по лежењето во бременост, бев активна ама и уредно си ја поминав.
Мене свеки ме изирира со муабетот "леле ништо не јадеш, а треба за двајца да јадеш". Може едно 3-4 пати го повтори во 5 мин. Почнав да менувам бои и мм ме примети дека кај и да е ќе има драма, и морашр да интервенира. Јас црева вадев, едвај душичето го вртев, таа за двајца да сум јадела Што е најсмешно, еве и мајка ми, имам ограничена иахрана заради здравствени проблеми, и најјако е кога имаш алергија пример на млеко, а тие запнале, ако пробај малце ништо нема да ти е од малце. тоа што после ќе се мачиш на шолја, проливи повраќање, мачнини, нема врска. Важно бебето да не потажело за млекце преку мајката. Немоем. Затоа посебно е најдобро. Колку и да е со добра намера кажано, мајки, свекрви и хормони во иста соба не се пожелни.
Ќути, не зборувај аман за јадењето. Мојава не е пијавица до толку да се закачи со муабет некој, ама подрече за јадењето. Сега за двајца мораш да јадиш. Овој муабет ко навиени сите. Не јадам за двајца, таман му е на бебето, велам. Сакав да бидам слаба трудница и бев. Што и да си мислела таа, нејзина грижа си била. А којзнае за доењето што си мислеше, можда ми спомнала, не се сеќавам. Ама ми текнува на погледите нејзини кон мене, мислејќи сигурно "од каде ѝ цица ова бебе", а да бе! Свекор ми му рече на маж ми, "мора и вештачко" не можело само со мое млеко, гладно да не било, си цица природно, што ќе му е вештачко кога цица, му врати маж ми. 20 месеци цицаше, ама ми се исцедија градиве, што ги немав. Леле леле ги замислувам, можда сѐ уште не им верно од каде цицаше внучето
Е ова пак ко ќе смешаат свекорите како да се храни бебето, а ретко кој од нив знае како навистина треба да се храни е врв.
Леле ова свекорите со цицањето и вештачкото значи Се кладам дека за нивните деца не се замарале толку. Имаше една членка, не ми текнува која, свекор и рекол 'Малото го одвикнаВМЕ од цицање'. Боже ме сачувај.
Ме потсети сега на мојава ,мене од 4 ти месец не ми ја сакаше десната града плус мали гради. Ќуте жена ќуте еден месец ,вториот почна тетрапак дај и на поручек или пред спиење гладно е детето затоа плаче ноќе ( везе немаше ноќе плачеше на лепенката нивната спална и нејзината се на ист ѕид ) и мм и вика кој плаче бе ти да не халуцинираш ,си има природно млеко детето што ќе му е тетрапак. И она ама една града фаќа плус и таа мала Бркај работа и рече само и толку
Е денес пак намерно ја зафатив со свеки темата за ко го чувала внукот од золва ми. Од кога го гледаше и викам? Аааа вика од мал го гледав, од 7-8 месеци дури порасна. Ама колку време и викам? Месец, неколку месеци? Абе вика повеќе јас го гледав отколку К***. Золвава вика свекрва и не сакала да го чува затоа го оставила некој месец ко бил 6-7 години да го чува свеки моја, свеки моја вика дека золва ми не сакала да го остава кај нејзината свекрва и затоа го носела кај неа. Имајќи ги во предвид карактерите, мислам дека свеки си придодава заслуги.
Јас па имам друг проблем со мојата мажена сум за германец и сеа нормално одвоено живееме и мислев нивните па не се замараат ич со вакви работи сна свекрва но ете мојава се погодни наксана ...има 45 годни млада е и ја имам удрено втор пубертет не знае кај тера и се закачи за мене да ме малтретира ...моментално ја имавме на блок ставено и јас и маж мо скоро две недели но тој не издржа и ја одблокира и пак таа си почна по страна да тера и гледам овој не и враќа и си реков ај океј и гледам денска дедо му од Германија го бара нејзиниот татко е тој ...а со него маж ми се слуша само за празници од респект гарант се има жално и кај него сеа и тој ке му збори ....а главниот проблем што таа се жали е дека 1 месец сум во Германија и не сум научила германски и не се ни трудам бев кај неа на спиење два дена дека маж ми беше на патување и да не седам сама отидов кај неа и замислите утредента нему му пишува дека јас цело време сум била со телефонот сум збореле со другарките а не сум фатила да учам ...остај тоа и ме вика паразит не сум работела само сум седела дома и не сум се труделе да барам работа ...што сум мислела јас цело време маж ми да ме издржува сигурно во Македонија не ги издржуваат жените само мажите...а јас сум 1 месец тука во тој месец правиме и свадба и божиќ беше и нова годнина значи и празници и се таа очекува јас и јазик да научам и да се вработам а во меѓувреме јас на курс секако се запишав од одма само нема термин од фебруари започнувам со курс...дали е ова работа ?...не е саглам ова мене ми личи на детски работи и неизвесност друго не знам...немаше да ја рецкам само кога му ги прочитав неговите пораки и видов што се пишала и овој се нервира ми се истура мене со викање со караници а реков доста е више и ја блокирав и нему се му изнакажав више претера
Свеки прееска влезе да ја види малата, малата веќе беше ставена в креветче за спиење, јас во меѓувреме слегов во двор некоја минута. Па му се пофалила дека НИ ја заспала.
Јас за едно имам замерка според мене, не си требала да го буцкаш маж ти да ја блокира мајка му на фб. Колку и да не сте во добри односи,колку и да си на дистанца не заборавај дека сепак му е мајка. Тој и треба да е на твоја страна,но не до степен со блокирање на социјални мрежи. По твоето напишано забележав дека жената не те сака и си има други перцепции на нештата,така што најдобро е да ја игнорираш. Германците се такви тивки, љубопитни и ладни, не очекувај топлота и љубезност. Таа жена веројатно нема што да прави друго, но ти додека ја имаш подршката од маж ти нема за што да се грижиш.
eeee sie will, alles Deustch zu sprachen..У превод, германците си го поштуваат јазикот, нема лабаво со нив, мора да шпрахаш дојч пошо англиски и да знае не ти збори. Плус како што рече бубаче, они се ладен и дисциплиниран народ, нешо со за нас не е својствено.Ние сме топли, ама си праи кој што сака. За жал, ќе мора да почнеш да учиш, не ради нејзе, надвор нема да се разбереш нигде. Почни со основни работи. Имаш и добар речник makedonisch.info се вика Имаш Дуолинго, фри е, Busyy исто. Чекај уште не сте ни влегле во бракот се карате.Немој така, не е убаво.Сега се мешаш со друг народ друга култура.Башка сите си ги знаеме Германците какви се, мора и ти да се адаптираш на нив, и они на тебе.За мир во куќа. Ако ја блокнеш и него му збориш свашта ќе направиш хаос.Они се држат до себеси, таков народ се.На крај ти да не го изедеш подебелиот крај. Само смирено, нека и` каже маж ти да не се меша и да не се секира, дека се ќе биде океј. Alles gutes..
А зошто не збориш со маж ти да не се понаша жената Балкански? Значи месечно еднаш два пати да доаѓа на гости и толку. Ти и да научиш германски таа ќе почне пак да јаде трици зошто збориш со грешки. Кажи и дека не планираш да учиш германски. Плус кажи да не ти се понаша ко мајка да ти е , а ти да си мало дете. Има ли шанси да се иселиле негде подалеку од неа? За твое добро учи си германски и барај си работа или аусбилдунг. Си требала уште во МК да почнеш со германскиот за да не те замараат такви квачки. Кога ќе си најдеш хоби, пријатели и работа стави ја на игнор, а пред маж ти не ја ни спомнувај. Оди на гости ако мора, исќути ги тие 2 3 саати, и никакви заеднички активности планирање со неа. Дури јасно кажи жу дека нема да се мешаш меѓу нив, но бидејќи жената те навредува и те прави паразит нејќаш да се гледаш со неа, бидејќи си јако повредена. Исто замоли го да не дава никакви информации за тебе, како да не постоиш едноставно. А тој нека си оди кај неа на гости, нека си комуницираат.