Еве син ми што ми испрати скоро. Се надевам дека кога ќе се ожени тоа “мајка” ќе го замени со “жена”. Тоа ради баланс на универзумот. Лека полека ги сфаќа работите. Му вели на татко му тато со светот владеат парите и жените. @Vanja12 Твојата свекрва е на моја возраст. Некогаш не е важно кој што ќе ти каже, туку како ќе ти каже - тон, интонација, нели.?! Ама бидејќи не можете на англиски добро да се разберете може да се случи и грешно да се разберете.
https://lm.facebook.com/l.php?u=htt...EDNopNwXLkwmyH2zy2OkH7NAxn9g5Tb02VjuWzvHqL8mE Еве еден линк што сега пред малку го читав.
Ги шетав вчера малите.Носев храна на кучето надвор а таа зборува низ двор на телефон"добри се малите,прееска ги шетаВме
Понекад ме фаќа жал што свелрва ми на пр ја нема виденп малата од нова година, коа ве читам полесно ми е
Убав текст ,ама... Ама мора да има нешто и од другата страна ,еве ако ја прашаш свекрва ми конкретно ќе ти рече дека се за нас прави таа и повеќе од мене мисли и ја сака внука ѝ . Но, не ќе да е баш така ме имате читано сите горе долу знаете што зборувам.
Зашто бе не си живеат свој живот, се чудам што сакаат толку да се они во главниот фокус.Простотилук жими се!
Ве читам и си велам што не се иселите ако толку ви сметаат свекрвите? Знам скапо е, ама мирот нема цена. Замисли и вие на нив колку им сметате. Граделе цел живот куќа, за на крај да живеат во шупата од позади а синот и снаата да се шират. Само за да ви погодат, да бидете среќни и да не плаќате ќирии. Стварно е некултурно на некој да му живееш во куќата а да збориш лошо за него за секоја една ситница. Мислам ги нарекувате простаци без свој живот луѓето што ви ставиле кров над главата. Дали ако мајките ваши кажат "го заспавме бебето" и нив ќе ги нарекувате простачки или тоа само за свекрвата важи?
И за мајките да ако се понашаат така без разлика кој сака нека е неможе така да се понаша , а никој не им е крив ако живеат у шупа за да ние имаме комфорот требале на времето да си мислат кога стварале машки деца како што моите можеле да мислат така и они. Привремено живееме секако е у план да се селиме да им биде рат домот ко што викаш ти
На родителот е обврска да обезбеди кров на своите деца точно, но тоа додека се деца. Возрасни луѓе треба сами да си обезбедат кров над глава без разлика на кој начин, дали да живее под кирија, дали да си доизгради дел во куќата на неговите, дали да купи свое, ствар договор. Но без врска е тоа дека требале да мислат на тоа кога стварале машки деца. Синот и снаара треба да мислат пред да се земат и да ствараат фамилија дали имаат каде да живеат, и дали тие можат да обезбедат кров над глава за своите деца.
Ќе ми смета. Јас моето сама си го чувам со маж ми и не сакам коментари дека било кој ми го чувал. Не е реално. Се што не сакам да прави свекрва ми, не сакам ни мајка ми. Се знае однос баба внук и мајка и дете.
Ако вие и идниот сопруг имате стабилни работи, зошто не се договарате да живеете сами после венчавката, туку се сложувате да сте во заедница со неговите родители? Само ме интересира... како нервите не ви се откинале до сега ауу што се изначитав ова свекрвите многу замав зимаат.
"требале на времето да си мислат кога стварале машки деца" - каква врска има ова со машки деца?! Втф кој век сме?
А што па ти не си мислела пред да се мажиш и правиш деца, дека треба кров врз глава да си обезбедите а после да се клецате како зајци? Свекрва ти и свекор ти си обезбедиле кров над глава, сега е ред на тебе и маж ти
Убаво и објасни Тоа не и дава за право да се плетка кај што не и е место , оти не сме сите префригани , па кога се мажиме да прашуваме каква финансиска состојба има човекот кој сме го одбрале.Боже свашта! Што ако е почетна точка во бракот, секако сите сакаат да си купат свој дом, Збориме за култура осет, што треба ако мајка ми и ја отстапи куќата на снаата да оди и да и чепка по вешот , да и се качува да и објаснува како да си го гледа сопственото дете и сл. Дај не ми се правете напредни, бидете реални.
Мислеле да ама не добиле машко дете затоа сега ќе скапува тоа што го створиле а тие што требале им чуело за тоа , мислењево неможе никој да ми го смени и јас ќе си мислам ако господ ми даде машко дете