Па како што пишав моите имаат ќерки а за се мислеле на времето , нека бидат глупости за вас за мене не се
Па имам кров над глава , ама тоа не ги дава за право да се мешаат у се пресмешни сте ми со коментариве искрено
А зошто да скапува? Маж ти е неспособен да го одржува тоа што они го створиле? Еве татко ми умре пред точно 1 год, мајка ми е скоро речи полуподвижна.. се што остави татко ми иако сега на хартија е на мајка ми а не мое, јас и маж ми го одржуваме.. немам ни брат ни сестра
И нема ништо смешно во коментарите. Жалосно е што во 21 век толку уназадени мислења има. Ако имаш кров над глава, оди живеј таму и не им го одземај просторот на старите
До кога со овие глупости, бе? И машкото и женското се деца и треба да добијат подеднакво. А, за снаите... Пола од она што го кажувате и не се некои големи проблеми.И не е толку до свекрвата колку што ви е до мажот. Синчето нека отвори уста како што треба.
А зошто не го дадат на тебе? Или оти не си женско затоа? На твоите треба да се лутеш, не на свекрва ти
Што збориш ти ? Зошто да се лутам на моите , се сум имала што сум посакала у животот и плус сега се тука за мене у секој момент за што и да ми треба.
А кај ќе живеам дома кај моите? Па вие со мислење од 21ви тек така ќе си правите на вашите деца у смисла “ти дадов живот у бедотијава што сакаш повеќе ? Заглавувај се со кредити до гуша “ Македонче бе.
А што има лошо во тоа да се земе кредит и да се купи стан? Цел свет функционира така, не македончето само.
И на маж ти толку му обезбедиле. Сега плус и тебе те примиле дома кај нив. Или ти чекаш да делиш наследство кога ке дојде време?
Важи ќе те послушам. Не планирам риплејови да правам до недоглед мислењево нема да ми го смени никој како што моите се жртвувале и како ја што ќе се жртвувам за моето/моите можат и другите! Убава вечер на сите.
Ме примиле како јас дом да немав претходно лол Кое наследство хахаха Едвај чекам да си одам од тука и од државава!
Па ако не ти чини кај свекрва ти тогаш оди кај твоите. Или па ти седи во шупата каде што свекрва ти седи. Што е толку лошо, а? А штом твоите обезбедиле кров за сите три, тогаш оди под твојот кров. Не и го окупирај домот на свекрва ти за она да живее во шупа