Една случка и јас да кажам порано кога беше понормална свекрва ми и подоаѓаше по малце да ја чува малата пред 7-8 год-и велам не ја оставај боса да гази зимно време по чорапи зашто ние сме на приземје на северна страна и обавезно ми фаќаше малата јаки цистити зашто влечат плочките,подот многу е ладно на нозе-таа за инат ќе ја остави боса и доаѓам јас од раб. ја гледам боса и и викам па нели реков да не ја оставаш,а таа вели па не е боса! Па како нее ја слепа ли сум а она,па не бре боса јас-а бре господе дај ми памет,добро ти будала ли ме праиш и викам??? она-па ако де малце еееееееееееееее не знае човек дали да се смее или да плаче
леле во право си,,колку си добар,колку ги поштоваш тие не знаат да ценат,,тие што се такви такви ќе останат....јас да ти кажам искрено и јас и се развикав овој пат,и му кажав на мм се,,викав и пред него зашто пред мои очи лажеше,не рекла вака не рекла така....безобразна,,се чудам каква е оваа жена......јас и имав кажано кога е некој добар со мене јас сум 1000 пати подобра...ама кога некој ќе ми згреши не трпам,и јас имам темперамент....нека знае до каде може со мене,а не да ми вели се што ќе и падне на памет и тоа што ја тера ќерка и...на ќерка и можи да и вели што сака ,исто и на син и,,ама мене не смее ,НЕ МИ Е мАЈКА.и сега ја избегнувам,,мм сака да не зближи,,ми вика речи и на мама за нешто пример...итн,,јас избегнувам....зборувам само службено,,еве ќе јадам ако сакаш дојди...и само добар ден,добро вечер....а не како порано,,,да гледаме тв заедном,да оговараме,да пиеме кафе,,да ја запознавам со секој мој дел од живото,,на работа вака,,на факултет вака,,повејќе таква блискост НИКОГАШ...тоа за неа ќе биде нешто далечно... и страв ми е да не го свртат против мене мм...не знам што да превземам во меѓувреме,,,бидејќи јас кога не сум дома којзнае како ме оговара вештерката...
Оф ајде и јас да си се испукам и далеку од нив не не оставаат на мира сака се по нејзино да биде аман веке од неа се нешто и фали,се таа знае,некни ми се пожали од етрва ми не и помагала ништо по дома,не ја прашувала дали и треба помош,не ме прашува дали можам(се се жали дека е болна)ми вели само кафето и цигарето си гледа,си одела кај нејзините по два три дена на гости,и мм и вика а сега снаата може да оди по три дена ние кога бевме во МК жена ми отиде кај баба и дедо ти и ѕвонеш дојди си има раб.а нема врска и таа ништо .му велам на мм кој ли знае како се жали од мене сега можи ме праи пред етрва ми хаха ми вели многу ти е гајле !Ајде да ви раскажам една пресна случка од некни се слушавме на скајп со неа и со етрва ми,и таа веднаш да се пофали вели свекрвата ми купи прстен за 8ми март,и велам аха е па убаво со здравје да си го носеш,а оваа и вели трај ма па ти одмах мора да казеш,и денес мм и се јави и свекрва ми вели со да ти купам за 8ми март,и јас и велам не треба ништо си имам се,и таа вели снаата си кажа со да и купам.(за етрва ми).и велам аха... паметна ти е таа .ех уште колку случки вакви имам ама ако почнам да ви ги пишувам ке ви досади од мене
Леле ме насмеавте во заедница живеев еден месец за тој еден месец цела книга мислам да напишам ама ова беше најинтересно станувам сабајле с еспремав за стаж требаше да полагам државен јас пуштам вода во вц она во кујна (вц то и кујната делат еден ѕид и се слуша шуштењето на вода) јас брзам да излезам да не и се иде на женава што знам се спрема за на работа искачам јас спремна готова д атргнам на кај ходникот да си облакам кондурите онаседнала на трпезариската маса со само 1 ШОЉА КАФЕ и ми вика а да не сакаше и ти не знаев дали си станата некогаш ова дали си станата се менуваше во не знам дали имаш време и така секој работен ден 2 недели ( втората недела беше втора смена на работа а вареше кафе у 6 сабајле )кога во петокот втората недела се случи истото и и реков не сеа ќе идам до кај моите и таму ќе пијам (излажав). Немојте да мислите дека престана да го праи тоа после ма јок до неа ништо не допира
глупости има многу али у споредба со ова ме нема ништо толку до срце допрено бидејки се породив пред време она направила теганици одма утредента и разносиле по пријатели и комсии демек бебе имаме а бебето не се знае дали живо ке остане после 6 ден аме пуштија од гак и кога си дојдов дома сама без бебето имаше што да видам боди шпикознички чорапчиња бенкички кебиња дури и коритце за бањање се беше купено и ставено во нашата соба собрав се и кренав у плакар
па ми беше некое време без мене после ми најдоа место на неонат и после1 месец си го земав дома на крај се испадна супер ама ако не беше така????? со кои очи ке ги гледам тиа бебешки ствари и како да се понашам кога луѓето ке ми честитаат бебе кога ке ме сретнат ???? фала му на господ и сите светци сега е ерген голем 9 години има
нека ти е живо и здраво има Господ верувај јас имам поминато мн по лоши раб и не ја мари мн мн маани ја кокода некоја невидена
. [/quote]мојата свекрва надваор исто готвесе на ресо, за внатаре да не и мириса.. и после секои гости ги усисавав теписите..а она следниот ден ги пересе...еј, у 12 ке си отидат, ја у 12 усисавај... посто јас дома седев до несудената свадба, секој втор ден кога одев-нови теписи имасе за сушење...
не е само твојата, јас изгубив близначиња во шести месец , после неполни 2 месеци отидовме на свадба кај нејзин близок и таа ми нарачува песна од мене и мм , знаете да може оро да водиме , онака дека ептен бевме расположени. До тогаш навистина имав разбирање за неа , ама од тој момент и ставив крст на чело и за мене сега е само особа која се нашла случајно во мојот живот и чиста формалност
И јас за мојата свеки неможам многу да се пофалам поготово од ко останав трудна и ко се одели со се и нејзиниот брат, војко му на мм тука за да ја карат демек и таа поминала низ истото како можела тоа да ни го прави она категорично потврдила КЕ МУ ГО ПРАВАМ еј на синот ( и неодамна дознав кога мојте беа кај нас на гости нели се од друг град она беше до 5 наработа, а свекорми до 6 и не дека знаеа сигурно дека ке дојдат ама како што му имавме речено можи она од на работа само за да не се сретне со моите отишла кај вујнаму на мм на гости еј и откако си отидоа моите свекорми си дојде од наработа нормално и он не се сретна со нив и се јавил и и рекол дојди си ги нема ццц и тој маж ја подржува за се што ке му направи на синот страшно ) и повеќе за неа немам коментар ко нејзиниот сопствен брат ни вика ако сакате да си одите од кај нив најубаво ке си направите што останува за друго
Леле каква злобница од свекрва си имала.........ццц за сТрамота не ти варела кафе, како не и било срам да си вари само за себе кафе а не и на принцезата снаа, за греота си морала да одиш до кај твоите за кафе да се напиеш, ете тоа е злобна свекрва Иако ретко коментирам на темава затоа што не живеам со свекрва ама постојано ве читам тоа што го согледувам е дека повеќето, со неколку исклучоци имате проблем со мажите а не со свекрвите. Тешко е да се признае дека сте погрешиле во изборот па место да си го решите проблемите кои ги имате со мажите вината ја фрлате на свекрвите. Нападот не е секогаш најдобра одбрана
Се согласувам дека ги има и стварно ѕверки од свекрви. Лоши жени постојат, како и лоши мажи, нели? Ама кога читам за какви се` ситници може да им замерите, дури срам ме фаќа шо си ја фалам свеки тука дека е фина. Такви ситници имам приметено и јас на почетокот, а којзнае колку такви ситници не сум ни приметила зошто уопште не ми е тема на толку длабоко регистрирање. Какви работи се доволни да ви го расипат расположението...будалчиња, уживајте си во младоста со мажињата, не им се замарајте на старите толку. Мене такви работи би ме охрабриле уште послободно да си се понашам. Кога има моменти кога на неа не и` се пие кафе со мене, ја не изгорев да пијам кафе со неа, ќе си го сварам и ќе си идам во соба на раат да си го испијам уз фемина, пример. А шо ќе рече шо на неа не сум и` сварила, е многу ќе ми е гајле. Од почеток створите однос доволно пријатен да не бидете намќори и доволно на дистанца да се замислат двапати пред да ве повредат. Некои од горенаведениве работи и мајка ми ги праела шо се вика, па дај да и` се скарам. Не очекувајте многу од нив, држете си се до мажот и до неговиот однос кон вас и не дозволувајте ничии родители да ве скараат (секако доколку мажот е расположен за сложен живот со вас, а не бранење на мама). Спојлер Пример со свекрва ми баш за кафињава. Јас лично и` имам кажано дека не сакам ради мене да ми угоди у своја куќа да се осеќа ко на игли да седи. И` реков „Кога ќе ти доаѓаат пријателки, јас ќе си одам у соба, изнапрајте си се муабет на раат, а ако искрено ви е попријатно и јас да ви се приклучам у друштво, викнете ме.“ Или кога ќе дојде сестра и`. Шо сеа, еден муабет на раат со нејзе да не може да си напраи? Сигурно и нејзе и` било тогаш гужва у заедница како и на мене и ако сакам да си овозможам право да си бидам слободна у таа куќа, треба тоа да им го дозволам и на тие шо биле таму пред мене. И мислам дека голем удел има тоа што правам така за да си имам мир и почит со свекрва ми, а и појасно му е на мм кој би можел да биде кривецот у случај на конфликт.
биттерсвит Прво кој нормален пие кафе у 6 ако на работа оди у 14 часот второ ако добро го прочита мојот пост ќе видиш дека сум ја излажала дека кај моите ќе сум пиела кафе и накрај ако добро прочита пишав дека тоа е НАЈИНТЕРЕСНО А НЕ НАЈЖАЛНО , а жалните работи сум ги редела во една друга тема. До нејзинито кафе не мие ама некултурни луѓе тешко трпам и не плачам кај мама и тато се што имам у фаца им плескам па бидејќи сега не сме заедно не делиме ништо па им плескам само коа од здрава ме праи болна на телефон
^Јас пијам кафе во 6 часот и кога сум втора смена на работа и јас значи според тебе не сум нормална Да прочитав дека си ја излажала за кај твоите не сум слепа, муабетот е дека си барате рчки и таму каде што ги нема, никој на никого не е должен да вари кафе ако ти се пиело кафе си можела и сама да си свариш а не да ја кудиш свекрвата затоа што само за себе си сварила кафе. Според мене тоа е ситничарење до немај каде, дома мајките да не ве пречекуваа со кафе само што ќе станевте????
Искрено и мојата е чудо на чудата,но кафе никогаш не сакам да ми вари всушност додека бевме во заедница,кај нив не се пиеше кафе,не се пушеше,алкохол ни во сон ај за цигари и алкохол во ред,но кога стануваше збор за моето кафе морав да го пијам на тераса без разлика дали било зимо или лето таа препаѓаше дека и мирисало....мм се расправаше и.т.н за да нема проблеми, тие три месеци ми беа жив хорор,па за да си олеснам дома веќе не пиев кафе.Налет кафето не смеев сама да јадам мора кога ним им се јаде затоа издржав три месеци и му велам на мм тука ни мртва не останувам...пепус не се секирај што не ти вари испадни ти по фер ти свари и ,еве уште еден пример доколку јас купев од слаткара благо таа велеше не тоа е лошо ке се отруеме,а кога тие си шеткаа со свекорот си седнуваа во слаткара и затоа ја избришав од листата на живите,тадури ви напишав што се ке и купам за 8ми март со тоа и покажувам дека вредам повеке од неа,искрено несакам ништо од неа.А кога таа ми иде додуша ретко на ручек јас не принесувам освен грицки знаете ли зошто?Се секавам имавме супа од кнедли сите јадевме а демек само она доби труење и ако не пиела лимун молимте лимун ке цркнела и отогаш си реков тебе храна ни на сон...Секој си знае дома што си има....Сепак верувајте ми му благодарам на господ што ми дал некоја сила да издржам се...Толку сплетки ми направи ама на крај ја наместив и доказ му однесов на мм и му реков сега кој е во право...Не негирам дека толку се налути што ме нарече шпион ,јас тогаш и реков доволно беше,но со неа нема доволно,ете на моменти ке се замислам и си велам попушти мајка му е на човекот што го сакаш повеќе од се...но барем не се замарам, сега може малку лажам кога велам не се замарам ама што има фајде што сум добра кога таа тоа го користи.А за подарокот од срце и го давам тоа не е лично за неа тоа е дека од што и го сакам синот и правам почит која таа ни трошка не го заслужува...ама тоа е тоа... Многу се распишував
Абе шо си го мачите мозокот девојчиња? Шо ќе и` докажеш ако и` правиш чест и даваш поклони мила? Таа ако не сака да види дека си арна (a според наведеново-не сака), нема. Гледај мажот да те види каква си. И јас сум непушач и и мене навистина ми пречи кога некој пуши. Значи не сите, но оние ги знаете коа ќе се распафкаат од една цигара цело сопче зачадено. Е тогаш не од шо сум злобна па не трпам, ама очите на ми се праат потекувам и кашлам како ненормална. Затоа ќе сум видела дека некој пуши и културно ќе ги поздравам и со кафето ќе си одам во соба. Го нејќела благото јас шо ќе и` го купам, а јаде по слаткари? Па утре ќе се пофали ако купам и за неа. Мене првенствено важно откако влегов во таа куќа ми беше да си створам уште поголема близина со мажот и да се осигурам дека фактот шо не сум му крв нема некои змиулчиња да го искористат да го натераат да мисли дека сум му непријател и дека сакам да им го одземам. Пример, во конфликт, НИКОГАШ немам земено страна на свекрва ми, секогаш мм сум го бранела кога бил во право, а кога таа била во право, не сум се мешала. Треба малце мудро и итро да се изигра. Дали дека бев прво золва, па од шо се изнагледав интриги и чуда, влегов во заедницава толку спремна, не знам...
Потполно за се си во право тессие проблемот е во мене јас го допуштив сето тоа потоа кога покажав заби никој не ѓи забележуваше,јас не барав од неа ништо до душа и ништо не добив,ни злато ни ништо а јас со бовчи и што ти не меѓутоа си велев ајде кога ти прави лошо врати и со добро и што ако?... само заврзлами...мм ме предупреди дека тие се прости и многу лицемерни, но секогаш си велев како така јас немам мајка не е фер и да бидам бездушна,а за возврат што добив ништо,преплавена со омраза,бездушност лаги и што ти не...Морав за се сама да се изборам,но верувај ми се уште не победив