Ама ти не си очекувала дека свекрвата за тебе ке смени се она што е таа како личност? И ке биде како ти ке посакаш и кажеш. Си знаела дека мора компромиси од двете страни. Во право сум? И затоа сте поминале добро. Јас на страна што сум во одлични односи, додека бевме заедно ми сметаа ситници. Ама си премолчував затоа што знам дека тоа ке се смени и сите ке дишеме слободно. Проблемот кај некои со свекрвата е фактот дека ке се заедница за навек. Па си наоѓаат причини за караница. Свекрвата е староседелец и не попушта. Снаата затоа па си сака правила нови. Да бил мажот маж и да пресече, одиме под кирија, а најчесто мажот не сака под кирија а дома кај мама празни соби, доаѓа до полнење на темава. Јас ако се правам со некого лом толку. Како може бе со мајка лом да се правиш? И свекрва ако и се укаже културно и со факти можеби ке прифати.
Па така. За детето најчесто. Не ја вреѓам, но знаеме да се спукаме и одма ни поминува. За мое дете не укажувам фино. Да ми зима дете од раце ( пример ова) и фино да укажувам? Кој сака нека е, нече мочи то.
Моја комшика на мајка ми и рече имам едно дете и ќерка. Ќерката ја омажија на 14 години, училиштето било за машките, она деца да раѓа и мажот да си го гледа. Синот доби се, ќерката ни чаша. Ќерката е моја генерација. Ја тешеше мајка ми за трагедијата што има само ќерка. САМО ќерка како јас да сум нула. Трагедија.
Тешко децата ќе е па и жената оти ќе ја тера да раѓа дури не роди машко најчесто тие такви се а со девојчињата постапуваат како примерот подолу Трагедија му направиле на девојчето, сигурно не е во среќен брак а со тоа и живот. Не дај боже да сака да се разведе има да ќути и да трпи
Кога некој маж ремети друг маж зошто детето му е женско сум чула еден уште поглуп одговор од татково: Ако го правиш сам детето (значи уште во сексуланиот чин женава небитна и шкртната), без помош од друг (маж), ќе било женско. Ако си имал помош (читај швалер) ќе било машко. И хахахаха после. Иии.. во конкретниов пример муабетот беше за првото женско дете, после добија второ машко дете. И сега? Karma is a bitch, fellas! Секој ќе си ја научи животната лекција порано или подоцна. Истото важи и за жените што размислуваат вака. Ќе научат преку своите деца, кога ќе ги здоболи за нив.
Ја да сум некој и нешто у државава ко што сум никој и ништо таквите сите би ги затварала и би им одзимала право да се размножуваат.
Yup. На различна страна се од спектарот, случајот на @Emotional123 е веројатно екстремот. Ама во основа се работи за сексизам во двата случаи. Може да се смееме на муабетот, ама ич не е за смеење зошто таквите муабети (и идеи зад нив) се само уште една нитка во големата грда слика наречена дискриминација. Примеров со 14 годишното девојче е пример за дискриминација, деградација и потчитеност на жената и за прекршување на основни човечки права. Дури и на граница на трговија со луѓе (и малолетници) е ова, ако ја мажат против нејзина воља и ако постојат и финансиски причини (помалку усти за ранење, чеиз, купување невеста и сл).
Да, полова дискриминација е . И тоа примеров со машкиов муабет е до толку дискриминирачки за двата пола, прво ја обезвреднува партнерката, после и машкото дете. Абе „ремек дело“ е..
Леле што мо требаше вчера да јадам трици на темава? Е*ати кармата, сабајле ми се јавија од болница стигнале резултати носам машко. И колку и да се прават мажите дека повеќе сакаат ќерки, ќе си летнеше од кожа таткото кога реков машко. Добро на време се престроив тука на страна на свекрвите да сум, нема ваљда да дозволам на "љуби га мајка" жена да му команда. И од раѓање ќе го учам, жена од Македонија не, бегај ќе ни се тупне дома ќе чека јас да ја гледам. Земи си сине Германка нема ни да не погледнува, дали сме живи, дали мртви, сеедно. Се зезам, нема да сум таква ама за секој случај ако одгледам "љуби га мајка" лигле мајкарско, да ми стои ова ко потсетник. Дека од мажи мајкари најмногу се растураат семејства.
Јас кога дознав дека е машко, коа удрив да плачам дека ќе бидам свекрва... Сега сме на Те сакам мамичке најмногу на цел свет! Љуби га мајка и така натаму, ама ми е гајле, ќе се учиме со време дека жена е најважна на свет!
Ако се погоди змија? Не треба екстреми. Мајка си е за мајка најважна, жена за жена. Битно е да не се мешаат световите.
Нема потреба да се учи дека е најважна жената. Треба генерално почит према жени да има, а мајка и жена имаат различни улоги во животот. Секој си има сво место, мајка, татко, брат, сестра, жена, маж... Битно е да не се мешаат едни на други и се ќе биде ок
Јас така сум учена. Секој си има свое место. Мајка татко брат сестра маж. Не може да е едниот побитен кога не се исти. Не ги сакам исто сите. Сите на посебен начин.
А што ако свекрвата живее во куќа кадешто дошла на готово како снаа. Плус синот и снаата од корен си спремиле и опремиле посебен спрат. И таму ли и сметаат? И таму ли има право да изиграва главен шеф? Ете има и такви што не отишле во шупа туку останале во цел спрат кадешто и цел живот живееле. Ете некои синови мислеле дека нема потреба да одат под кирии затоа што имале можност да продолжат да живеат и градат на место оставено од дедо и татко исто како што сториле неговите родители, баш на тие на коишто им смета истата ситуација (во најголем случај свекрви светици).