За целосна слобода треба целосно да се одделиш. Крај. А во ситуација што ја наведе, синот е тој што треба да стави граница меѓу мајка и жена. Да се каже кому до каде му е местото.
1 вазна не се купува на место што не е твое на имотен лист. Дали треба да се прави свекрвата таму шеф или не, е мање битно. Ако се прави, што ќе правиш? Нејзина куќа е, ти си решила да вложиш пари свесно во место што знаеш дека не е твое, ко да си и го поклонила спратот на свекрвата. Затоа се мисли порано на тие работи, зошто во 99 од 100 случаи, се прават шефови и реалноста е дека снаата нема моќ ништо да смени. Не ќе го кренеш спратот и ќе го однесеш на друго место.
Нема дилема за тоа дека нема поубаво од тоа да живееш сам, ја осетив разликата на своја кожа. Но во исто време не ги осудувам тие што не отишле под ќирија по секоја цена само за да не живеат под исти кров со старите. Се согласувам со се што си напишала освен со ова. Не е мање битно дали ќе се прави шеф или не. Треба да знае дека нема право да чепка во секоја фиока во спалната на снаата. Јас зборам за ситуацијата, што кога не е нејзина куќата, кога таа цел живот нема таму една шајка заковано а синот ила вложено многу повеќе од неа. По кој критериум е повеќе нејзина отколку на синот кога не е на нејзино име и кога и таа дошла таму како снаа?
По критериум на имотен лист. Ако не е на име на свекрвата, на име на свекорот е. А свекорот и е нејзе сопруг. На снаата у никој случај не е. Јас не велам дека правилно е да чепка низ фиоки. Ама ете чепка. И што ќе и правиш, ако се расправаш може да ти рече да си одиш. И не можеш ништо друго да направиш освен да си одиш или да трпиш. Пошто мене сега во станов да ми дојде некој и да ми чепка, одма ќе му кажам да не чепка. Нема на форум да прашувам дали е правилно да му речам да не чепка, мој е станов, знам што да направам. Ако немаш слобода да и речеш да не чепка, свесна си дека на нејзино си дошла и треба да се одделиш или да трпиш. Трето нема.
Па може да замислам каква куќа е таа 100 години стара. Второ и таа трпела некој таму, плус инвестирала во куќата бидејќи секоја куќа си бара одржување. Плац од куќа на некои места кошта колку еден спрат да изградиш, значи пак имаш помош некаква. Снаата да си мислела на време дека ќе живее со стари. Мислам со кој ум очекуваш да им се лупнеш во дворот а да мислиш дека ќе живееш скроз одделно од нив. Жал ми е и кренав притисок за жената што во сопствен стан и се тупнале свекрвата и золвата. А тие што сте отишле на готово, па ги вреѓаат свекрвите за ситници, ич не се за жалење. Ако пратиш на што коментирав, не беше дека некој и влегувал во делот на снаата (што и не е на снаата законски), туку ситници зошто свекрвите збореле во ние форма, зошто не гледале дете кога нив ќе им прдне , биле прости немале свој живот. Инаку да, не е во ред да изиграва шеф свекрвата. А и за ваша сигурност како жени, инвестираш и реновираш на туѓ имот. Може и после 20 години да дојде до развод, не те следува ама баш ништо ништичко. Едноставно не е твое, ќе останеш на улица, а ако не е препишано на мажот и децата ќе ти останат на улица. Жално е, другарка инвестираше пари и пари во куќата на свекрвата, се разведоа на крај доби само цевки за парно. Со децата сама мора под кирија. Тоа со машки женско деца ние го решивме вака. Куќата беше пола пола. Јас живеам на страна со дечко ми. Му ја платив пола куќа на брат ми (со парите тој си почна нова), а јас ја наследувам родителската куќа по нивната смрт. Нему му дадоа плац за градење куќа, мене мала нива. И јас, и родителите, и снаата среќни. Нити тој ко машко е должен да ги чува, ни јас ко женско сум осакатена, ни па снаата ќе живее во куќа што не е нејзина. А и родителите имаат мир, сигурно и на нив на 60 години им смета бебе што плаче цела вечер и дете што трча на втори спрат. Ама со слога се бидува. Дури и да живеат сите во една куќа ако има слога и се среќни нема зошто да се селат.
Ако веќе паднал договор младите и старите да живеат во иста куќа (без разлика од кои причини) свекрвата нема право да ровари во делот на снаата (како што го нарекуваш). Ај еве ќе разберам нешто да и треба од кујна да земи, ок, ама да нурка по фиоки и плакари во спална или пак во кантата за валкани алишта во купатило е крајно некултурно. За тоа кога свекрвите збореле во НИЕ форма... еве ние живееме во иста куќа, секој засебно си средува, пере, готви итн... Не може свеки да зборува дека НИ готви. Тоа е исто ко ти да ја завршиш на работа обврската, а колегата да речи дека тој ја сработил. И сепак мислам дека за да можиш објективно да го коментираш односот снаа-свекрва треба прво да го доживееш лично.
Хахахааха прејака си! Да е здраво право маљото, со лесно! Туку да видиш ти шо љубов е, стварно е љуби га мајка и тоа ептенски. Мајката е столбот, основата за развој, првите години најмногу се љубиме, најважни се. До осамостојување де, не знам во години, ама колку повеќе љубов ко мали, толку поголема самостојност како големи. После ќе нѐ "заменат" ама ако. Само прво на тестирање замената, да видиме дал ќе ја бива Се зезам. И сватовите
Јака им душа на тие што сите им солат памет. Мене сега за сега само баба ми ми вели да си родам уште едно, ама 80+ и не и замерувам. Ке му кажела и на маж ми, јас не сум ја слушала.
Не фала, нејќам да го доживеам лично односот снаа- свекрва. Доволно ми беше од мајка ми и баба ми што гледам. И тоа куќата од татко ми направена дојдоа они да живеат, уште се јачеа да ја избркаат мајка ми и да и ги земат децата. Мајка ми ми кажа, ако не можам повеќе да ти створам барем еден факултет од мене и една соба негде одделно било каде за никогаш да не бидеш на улица. И баш ако до толку ви смета НИЕ форма, исели се бе штом ти сметаат ситници. За роварење се сложувам, ни ти неа ни она тебе смее да ти отвара по фиоки, ама па до толку во НИЕ форма? И ти велиш сигурно НАШАТА куќа а законски не е твоја, немаш договор за наем, тогаш како е НАШАТА?
Затоа што и снаата живее во таа куќа и вели нашата. А свека ако не го заспала детето туку си бркала работа или седела дома додека овие шетале, која е логиката да користи НИЕ форма? Бизарно е. Не го надраснала "ние какавме" иако синот е 20+ Што се правите на Тошо?
Еве ти пример дека свеки може да зборува не во НИЕ туку во ЈАС форма и тоа во туѓа куќа. Појдена свеки на гости кај синот и снаата во странство. Снаава баш кажа дека очекувала свекрвата да и се меша и да ја "учи" за одгледувањето на бебето дури била таму, ама вика фала богу воопшто не се мешаше. Ама потоа зафатила снаата кај што коментира свеки по телефон со некого: ЈАС им покажав СЕ како и што треба со бебето. ЈАС им кажав СЕ како да прават. Ете гледаш дека некои ништо не ги запира да коментираат дека ТИЕ нешто направиле, иако не направиле. Дека тоа можат да го прават и од туѓа куќа.
Јас на форумов добив впечарок дека што и да направат свекрвите се лоши а мајките на сите ви се сјајни. Како бе така? Еве мајка ми требаше да се искараме и да прекинам да ја носам малата таму и да и праќам видеа за да ни дојде на гости неколкубсаати а инаку од ноември нема стапнато. Свеки е моментално у ск, погодете што? Нема да дојде. Свекор ми е болен 3 недели. И болат тие работи. Што год и какви год да биде можете да испиете едно кафе на раат. Вреди.
Зависи од свекрвата… и зависи од твојот иден маж. Некогаш не мора да живееш заедно со свекрвата за да го искусиш односот снаа-свекрва. Во случајот со баба ти, која дошла да живее во куќата направена лично од татко ти а правела проблеми и сакала да ја избрка мајка ти. Зошто мајка ти и татко ти не ја вратиле да живее таму од кај што дошла?
А бе ОК, сигурно и некоја од вашите мајки збори во НИЕ форма ама една не кажа, еј и мајка ми така прави, само свекрвите се лошите. И исто ко што велиш НАША куќа во куќа што не е твоја, туку само си физички присутен таму, така и таа вели НИЕ го заспавме за дете што заспало дури таа само физички била присутна. Ни ти со НАШАТА куќа, ни таа со го заспавМЕ е во право, ама што има од тоа да си правите стресови и да ја нарекувате простачка. Замисли таа да каже "види која простачка, за моја куќа вика нашата". А има такви свекрви, не велам не. За тебе од странство, се издигнал некој од МК да ти дојде на гости и тие 5 дена што дошла, се радува што е со вас ти зошто вака или така зборела. За вашите родители кога ќе дојдат сигурно не ви сметаат, ама штом тие на мажот дојдат одма тука се наоѓа за се нешто забелешка. Исти и за сестри, браќа на мажот, се е тоа непожелно за посета. А ако не е само тоа зборење на НИЕ, туку во твоја куќа дошла до изиграва шеф, треба да и покажеш каде и е местото, дошла на гости во твоја куќа не во нејзина. Дечко ми од една таква што одела до екстремност 4 години не си ги видел родителите е од тоа "или тие или јас", а мајка и квакната во Германија со нив. На крај развод. Што да кажам не знам, од толку малку кога излегувате од колосек, да не сум ви во кожата. Не може две генерации под еден покрив тоа е јасно, ама па вие ни пола саат не можете, која почит е тоа спрема мажот. Ај да ве вреѓале, да ви земале пари, да ви се мешаат во брак, ама некој од што ви се радува збори на НИЕ, вие притисок кревате и навредувате "простачка, без свој живот". Млади жени, а турски серии, жално. А за баба ми, откако оздраве татко ми и кажа каде и е местото, и си седеше мирна до смрт. Дедо ми кога се прежени, новата иста беше, пак им го покажа местото и си отидоа под ќирија. Секој што градел куќа сака мир, без разлика дали е на 20, 50 ,70.