Не знам можеби дека не живеам до свеки па и кога ја гледам не замерувам многу шо рекла шо напраила пошо ја глеам на неколку дена и чао пријатно. Мада верувам дека би ми сметала и јас на неа секојдневно да сме заедно ама па од друга страна и би си помагале. Шо знам..
Не знам зошто ме цитираш ако не го викале така? Потребата свеки да биде лош лик во секоја брачна приказна.
Па кога се нема осет. Тоа е реалноста. Што те заболе во приказнава? Пробуваш да нормализираш бизарна работа.
Ама ти си ја прашала @Mnik дали и смета да го викаат внукот сине. Затоа те цитира. Ти одговара на тоа што си ја прашала.
Долги години врска,1година брак и бебе. Се беше добро додека бевме во врска,во брак е неиздржливо. Зошто?Станот во градба уште не ни е готов па моравме да одиме кај мм дома бидејќи немаме пари за кирија. Работата е што малата куќа е лепенка со голема куќа од роднини и еден двор. Сите на куп. Доле се две соби, и тоалет и кујна,тоалетот како да е од надвор,горе две соби,во едната девер,во другата ние. Се почна откако се роди бебе,сакаше само свекрвата да дреме во соба со нас,мир немав,влегува без да тропне,а на мм кажува дека тропа,сакаше да дреме со мене додека доев,да ме гледа во цицка,сакаше да го бања,го бањаше некое време па после сама јас,тука се изнервира мнг,влегуваше да не проверува како сме без да и дозволам,без да ја викнам(може спијам,може се пресоблекувам)ме сфаќате.И викам дватри пати излези од соба,не излегува,седи и дреме.Го држи бебето му кашла во фаца и велам не кашлај и она ама што да правам од цигарите е и одма се лути.Еден ден се раскашла мнг и јас пред мм и викам ама ти уште ли му кашлаш во фаца на бебе ,се налути ,го даде бебето на мм и си отиде доле .По 15 мин јас на станување со бебе на скали свиткав нога,паднав се раскрварив,среќа бебето во раце силно го држев.Е сега може глупо,но верувам дека ме проколна,пошто по некое време ја слушав од прозор како плаче и лупа и им вика доле оставете ме, оставете ме.Дали од што ме проколна па се покаја или си вика оваа ќе ми го утепаше внучето.Нз. Од тогаш почнав да се дистанцирам од неа,реков нешто не е во ред со женава и не ја сакам толку често во моја околина.Почнав да не и свирам,секој ден се помалку,до денес ич.Почнав да и ги согледува маните и се да и собирам.Жената не чисти,не средува,не мие садови,не готви,ќе зготви еден ден нешто,наредни 5 дена не,само цигарата ,Вибер и младо друштво,ако и преречеш одма се онесвестува буквално и 3 до 5 дена лежи одмора и не прави ништо.Сето тоа погоре го прави маж и,тешко на него.Она сака само да дреме во соба со нас,ама она кога сака .Сакаше да се осеќа битна ,да ја викам преку тел,еве пример,ако ми се оди во вц,пошто нели е доле,јас да стискам,да ја чекам да дојде па тогаш да одам.На ова сума сумарум,прекинав скроз да зборам.Еден ден влегувасвекор ми кај мене,да ме праша зошто не зборам,нормално не му се објаснував,сакале они само една почит од мене,пошто на сите сум им викала здраво како си(нели лепенка се и во двор има над 10 души),и на неа да и викам и да ја прашувам како е секој ден,небаре турскасерија е ова .Му реков со тебе имам ок односи,немој да ги нарушиме,а ако сте решиле да не разведувате кажете со време.Стана си отиде.На тоа остана. Да напоменам дека ме оговара преку вибер со Др син,и ме вика оваа или она,со име не ме вика,толку ме мрзи.Знам,пошто една вечер му го земав тел,што се не прочитав. Реков,крај ,не зборам,му кажав на мм,реков слушај,мајкати ми се одмили,извини,јас не планирам повеќе да зборам со неа. Поминаа 9 мес од бебе и јас треба на раб да се вратам,нели демек 6 саати треба да го чуваат,со скратено време јас,и во ред е,го чуваат,но нервозна нели дека кога ќе дојдам,она само излегува и затвора врата,не и зборам,и почна да го чува она кога сака.од инает.Ќе рече не можам и пак со истото темпо,ќе легне и 3 до 5 дена не станува,но се снаоѓам некако,го носам кај моите иако се далеку и стари, или земам денови. Да се вратам на јадењето,гладни не сме,си готвам горе понекогаш на решо,пошто доле не се симнувам,имаше ситуација,чуваат мачка,таа кака и повраќа низ кујна,ја чуваат кај јадењето и јас реков не се симнувам веќе доле,јас мнг се исфрлам,а и гад ми е.Јадам понекогаш,само од релна,знам дека е готвено на јака температура што и да е. Е сега излезе и Др проблем,горе се две соби,без ходник,без ништо,само врата и мала тераса,старо и прљаво,чистам колку можам.Со една пензија се,недомакини буквално,братот купувасамо јакни патики и тел,а вратите и прозорите се стари ,несменети од 36г,еве пример,нема шкаф,облеката ја трупа на табуретки насред соба,верувајте,не ве лажам,кој век сме,горе и доле сме како цигани,ми е срам луѓе кога доаѓаат,мнг е прљаво,Се трудам да чистам,џабе,Мм прави колку што може,нешто средуваше,ама не може се,сега сме со бебе,имаме трошоци.Мајка му и татко му само за цигари,дури на бебе му имаат купено по нешто ситно за цела една год,еве пример,закрштевка ни дадоа 50 евра,Др ден ни потражија на заем пари,немале,реков неможе,не даваме,немаме и ние. Другиот проблем,братот почна да ја носи девојката ,20 г има и се и полно и рамно, дома на спиење и дури на останување преку цел ден,ако веќе и онака немав приватност,сега горе па ич.Почнав да се лутам и викам на мм,седни го,прашај што е работата,ти си прв женет со бебе,не може ли да почека малку додека станот не бидне,па после нека прави што сака.Рече не можам тоа,таа е негова соба.Еден ден имаше кавга, се собрав,се му кажав во фаца и пред неа,му реков и на мм ќе го оставам ако не ги среди раб,девојчето не ми е криво,но мора да има ред,ако ништо друго барем да те прашаат.Реков,да одиме под кирија,но ако они плаќаат,брат му 3000,они 3000,они му рекле немаме пари,он им рекол па како за цигари имате,рекле немадајадеме, но ќе пушиме и крај,Им рекол барем седнете го син ви,прашајте го што ја носи на седење и спиење секој ден,рекла не се карам јасно него,карај се ти. имаше скандал од невидени размери,се им кажал,но џабе, па му реков на мм,кој ќе го чува бебето,сега мајкати ќе изглуми ,ќе залегне,он вика неее,и стварно,така и беше,еден ден он остана дома,еден ден јас,но вчера кога останав беше и девојчево тука и приметив дека се симнав доле и заедно беа доле 3 саати,а бебево требаше да го чува толку,пошто 3 саати спие.Се јавив кај мм,реков јас те оставам,јас повеќе вака не можам,се утепав од плачење.Куферот ко за беља доле беше,брат му го мрзело да го качи,а наш е, и реков на девојчето,донеси ми го,го донесе и си отиде,изгледа сконта дека е алармантна ситуацијата,но мм ме врати,рече да издржам,ќе биде станот,да почекам уште малку.На сто страни сум и јас,он си е фамилијарен,си ги сака,некогаш не ме подржува,вика лоша сум,замерувам,такви се,да ги прифатам, .не знам што да правам. Е сега,пишував од 5 до 6,можете да замислите колку ми е тешко,совет и што да правам,лоша ли сум,не се издржува,секој ден со главоболки,не знам дали устеав се да доловам,има уште,но ова беше кратко...
Прво дали можеш со бебето да си го решиш проблемот со престој во градинка? После се што ви прават, општо не само на тебе, пак деца оставате на чување. Мене ептен ако ми горело доаѓала и она и мајка ми. За викенди го гледаат колку сакаат. Друго ништо не ти преостанува освен станот да го чекаш. Ако го решиш бебе со градинка се ќе ти се олесни. Нема да имаш потреба воопшто да комуницираш со нив.
Пред се во нивниот дом си, им го сменуваш редот и мирот ама од друга страна бараш тие да се прилагодат на тебе. За свекрвата дали работи по дома си е нејзин проблем. Ако нив им одговара мажот да работи тогаш супер. Ако сака ќе работи, ако ќе лежи, нејзина работа. Друго, братот на мажот, нормално ќе си носи кој сака, дома си е. Не можи времето дури сте вие тука да не доаѓа никој дека ќе ви смета вас. За тебе решение само да се среди станот и да се преселите. А сега за сега, тоа е. Оди почесто кај твоите на поседок. Не мора да значи дека треба да се разведуваш ако одиш таму.
Брат му може да си ја доведува девојката КОГА САКА И КОЛКУ САКА, тоа нека не е твој проблем. Они не се тие што треба на вас кирија да ви плаќат. Од брат му 3000 и од неговите 3000,ма немој бе. А од твојте што? Не знам ако ти толку смета што им го оставаш детето на чување. Ако ти толку смета што е гадно и што живеете како цигани, оди си од таму. Преку леб погача сакаш. Сакаш сите да се прилагодат на тебе. Многу принцеза па ти
Не е лесно, знам, ама освен да издржиш или да одиш почесто кај твоите не гледам друго решение. Колку што сфатив немаш проблем со мажот, на твоја страна е. Е сега, делот со брат му, особено со неговата девојка е катастрофа. Не требало да ја ставаш и неа во незгодна ситуација. Не може ти во туѓа куќа да кажуваш кој ќе доаѓа и кој ќе спие. И твојот е нивно дете, и брат му. Можеби и вие им сметате
Не, пред тоа ја цитирав, за да и дадам до знаење дека ако на некоја мајка и смета детето да и го вика друг сине, има право на истото. Ама по нејзиново излегува дека не треба воопшто некој да даде мислење какво шо сака.
Ти кажувам дека секој има право нс свое мислење. Ваљда немора да се однесува конкретно нешто за мене па да имам право да дадам мислење. И незнам кај виде само за свеки да зборам, пишав за двете. Ама без извртување не ја бива.
Не ти се допаѓа начинот на живот на свекрвата и тоа е ок.Исто така ако несака да го чува детето е ок.И мене некој да ме игнорира и прави паметен не би го чувала детето.Ако толку не ти се допаѓа начинот на чување на детето воопшто не треба да го оставаш таму.И пред се ако некој се нафати да ти го чува детето е огромнаааа услуга а не морално,како вие што сте замислиле.Незнам зошто се лутиш за братот?Кај има една соба и не се меша па уште е крив што си ја носи девојката.Негова куќа негов живот.Него од се ова не ми е јасно зошто они да ви ја плаќаат киријата што се должни они да ви плаќаат?Мислам дека малку сте избегале од стварноста и сте вечито неблагодарни,а треба да сте ако ништо друго те примиле таму додека да се среди станот.
@Anilove Не си во право,не знам можеби не ја објасни убаво целата ситуација, но од напишаното изгледа дека ти сакаш да им наредуваш на сите,без компромиси се по твое да биде. Се гледа дека и свекрва ти си го има она што повеќето го имаат,се меша во врска се со бебе,за тоа си во право,но зошто побогу ти се мешаш кај девер ти? Незнам каша попара сте направиле и еве ти стресови,нервози болести. Совет: Под кирија
Не можам да разберам зошто ѝ сметало тоа што девојката од деверот се симнала доле. Зошто плачки и јавувања кај мажот дека ќе си оде. Можела да го симне детето, што има врска што девојчето било таму
Девојко/жрно мн си контрадикторна сама на себе, како тоа јас нема ни здраво да и викам а детето ќе ми го чува? Зошто би ти го чувала? Ако си толку јака да и доаѓаш дома, да не и збориш и да ја бркаш од соба пошто сакаш приватност (малку претерала да) нема дете оставање кај неа. Второ.. брат му има истото право да јс усели дрвојката ако сака како што има маж ти зс тебе. Што има врска кој прв се женел? Ти место да ти е мотив да ја издржиш додека да идртр во ваш стан мене ми изгледа како да дакаш да напраиш да го дкараш маж ти со нив, каква и да е мајка му е.
Има опција и кај нејзините да седи додека е готов станот. Другарка седат со маж и дете кај мајка и. Жената може нема осет за приватност, ама нејзина е. Дворот со куп луѓе исто. Брат му е исто како и маж ти, може ќе сакаат со девојката да живеат тука и нема лутиш. Неможете под кирија ок е тоа, собирате за средување или што и да е. Но мислам дека со разговор бидува се. Девер ми е разведен, кога ќе дојдат децата ( 16 и 11 години) знаат некогаш да бидат погласни, но се на убав начин се средува, но сепак и тие имаат право во спратот на свекрва и таму не се мешаме, нити они горе. Ако не ми се седи во двор имам тераса. Дошла девојката на девер ми, добродошла таму доле, кај мене ако можам доаѓаат ако не извини уморна сум одмарам. Но се е договор и разбирање. Не очекувај дека ќе биде по твое во куќа кај што вчера си дошла. На што сакаат ќе трошат пари, кој сакаат ќе им доаѓа. За во твоја соба можеш да си ставиш граница , за другото компромис. Ти тераш инат, тераат и они. @Noranora ти се пикнав во коментар извини.
Станот ќе дојде и ќе се преселите. Со семејството на маж ти ќе треба да си во контакт (и да се гледате) и после селидбата. Можеш да решиш дека нема да зборуваш и да не се гледаш со нив, но кога носиш одлуки имај го во предвид и маж ти. Треба ли и тој да не зборува повеќе со родителите и брат му? Сте се сместиле во една соба, во веќе полна куќа и се знаело дека работите ќе бидат тешки и дека ќе треба многу трпение. И сте требале да очекувате дека нема да имате приватност колку што сакате и ред каков што вие си посакувате. Независно какви се неговите родители и брат му, тие се во свој дом и треба да го живеат својот живот во меѓувремето додека вие го чекате својот стан. И на нив им е некаков ред (макар бил и хаос и неред) пореметен. И тие треба да се прилагодат на вас. Не можеш да ги окривуваш дека ти се мешаат во приватноста, зошто реално сите си се мешате во туѓата приватност зошто сте сите на куп во ограничен простор. И брат му има право да си носи девојка, сигурно и тој се осеќа дека му е нарушена приватноста, ако го прашаш. Тоа што брат му прв формирал семејство не го прави должен или крив. Не е ова натпревар. Конечно, ако не може било кој од вас да издржи во такви услови, можеби треба да размислувате кое друго место е опција за повремено да се преселите. Имаш ли можност да живееш под кирија? Има ли некој од твоите (родител, брат, сестра, баба, дедо) услови да ве прими за одреден период? Финансиите се посебно прашање. И ова сте требале уште при самото влегување кај нив да седне маж ти и отворено и смирено да се договори со твоите околу трошоци, сметки, храна. Да се договорите кој што ќе плаќа. Ако ова било договорено однапред со нив, немало да се ставите во позиција да се карате за пари и да имате чуство дека некој некому му должи и дека му се меша во сметките. И колку и да ги осудуваме оние што трошат на цигари, колку и да е штетно, трошок или нерационално, сепак не е ок да бараш да се откаже од навиката за да тебе ти ги даде парите. Ако они сакаат да го направат тоа за своето дете, тоа треба да е нивна одлука и избор и слободно направен избор, а не присилен. Некои луѓе го прават тоа, им успеало и тоа е за почит. Но, не може секој па дури и да има воља и да сака да им помогне на децата финансиски. Не секој ја има потребната сила да остави цигари или што и да е во прашање. Исто како за парите, и за просторот и собите (кој што ќе користи, во кое време и сл.) однапред сте требале да се договорите. За чувањето на детето исто се седнува на маса. Дошол моментот да се враќаш на работа, се седнува долу со нив и се договараш што може, што не може. Дали прво сакаат да го чуваат? Ако сакаат се договараш кој чува, кои денови во неделата, колку саати, кое време од денот, каде ќе го чува, кој ќе му зготви на детето, што во итни случаи, и сл. Во спротивно не можеш да се лутиш зашто неговите не ви ги исполниле очекувањата. Никој не чита мисли. А ако се сомневаш дека ќе биде чувано како што треба, било од хигиенски причини или заради било што друго, не очекувај дека ќе се сменат луѓето во таа смисла. Подобро прифати си дека нема да го чуваат они и размислувај за јасли, бебиситерка, или некој друг роднина да го чува (друга баба, тетка..). Пред да се одлучи да се лупне вратата зад себе, број до 10 и кога ќе се смириш седни и искомуницирај со сопругот за проблемите (и на двајцата!) и за тоа како зеднички да ги решите. Па потоа нека разговара и тој со своите. Подобро ќе било да сте вложеле толку енергија во директна отворена и јасна комуникација меѓу себе, колку во драмење и лутење, па макар и да ви бил муабетот незгоден. Ќе сте знаеле на што сте и што понатака. Никогаш не е доцна, и мислам дека во име на иднината и добриот однос со нив (и меѓу вас) понатака треба да седнете и да ги решите работите.
Брат му пола кирија да ви плаќа, неговите пола да ви плаќале, вие ништо, дај барем пред да одите под кирија распредели кој ќе ви купива храна а кој ќе ви плаќа сметки да не биде после не сте им кажале дека ако си одите треба да ви плаќаат и сметки.. Брееееј, бреј, каква замисла за живеењето под кирија човече.
@Anilove девојче издржи додека не ти се направи станот..или одете под кирија под овие услови што ги пиша како живеете ќе најдете гарсоњера до 100 евра, скрати од друго и ќе си купиш мир додека не бидне станот..ќе помине лошиот период...
Те исчитав. Во право си за мирот, го немаш. Нема право да то влага така во соба. Ама реално, за другиве работи, што очекуваше ти? Дека деверот животот на stand by ќе го стави? Дека свека ќе ти готви, пере, чисти? Дека ќе имаш мир во тоолку народ? Тоа проколнала ти е смешно, мислам, млада си, не се бави со глупости. Тоа "не правење муабет" ти е детско, не постигнуваш ништо со тоа реално. И зошто они би ти плаќале кирија? Која должност ја имаат они према вас? Јас во твојов случај, пре би живеела во една соба под кирија додека не се заврши станот одколку да живеам вака.