Во право си само за тоа што свекрвата влегувала без да тропне и што кашлала пред бебето. За другото не си.Со твојава замерливост можеш само да предизвикаш да дојде до развод.Не ради нив, туку ради твоето однесување. Извини, ама лоша си. Немаш право да кажуваш кој што да прави и кој кого да носи во туѓа куќа! Тоа диктирај го во твој стан! Они не се должни да ви го чуваат бебето. Зошто постојат градинки и дадилки? Они не се должни да ви плаќаат кирија. Во брак си само со маж ти, не и со нив! Брат му во куќа на неговите може да прави што сака и да носи кого сака! Кај свекорот и свекрвата не е како кај твоите родители.Не можеш да командаш. Ако толку не трпиш куп луѓе, зошто си отишла во заедница? Со маж ти соберете пари и одете под кирија!
Леле многу ти е тешко стварно. Пола кирија да ви плаќал деверот. Пола кирија да ви плаќале свекорите. Детето да ви го чуваат дури одите на работа. Куќата била со стари работи наместена, а ти со маж ти за една кирија немате пари. И на крај најбезобразното нешто напишано од цел пост, Да чекал деверот, да не ја носел девојката зошто маж ти бил прв женет. Кога се стапува во брак и се прави бебе, се мисли дали имаш пари или не. Ако немаш, чекаш со такви големи работи. А не, бебе направивме и ништо не ни купија. Куќата на маж ти е исто толку колку што е на деверот. Никаде нема правило кој прв се женел, кој втор. Ко ти што можеше да им се тупнеш и да чекаш киријата некој да ти ја плати, така и деверот ќе си ја донесе девојката, негово право. Ти во твоја куќа можеш да кажуваш кој кого да носи, а не таму кај што си дојдена. Да сум јас свекрва со два синови, едниот син да ја донесе дома жената и вака ко тебе и таа да се буни за девојката на другиот син, јас лично би ти дала 3 часа да си ги собериш работите и да ја напуштиш куќата. Па тогаш да видиш како се наоѓа кирија. Па уште паднала и мислела дека ја проколнала Турска серија од млади луѓе.
Нема грешка, сите на газ ќе паднат оти ти кралицата прва дојде во куќата. Не ми е јасно како си земате толку за право да изигравате шефови во туѓа куќа и притоа да очекувате дека сите животите ќе ви ги стават на ваше располагање, те свекрва, те девер, те золва. Живеете во филм и си патите од самите себе и од своите постапки. Не ти чини? Замини си под кирија, не ги ремети луѓето, па уште деверот да ти плаќал кирија? Седи бе, не летај толку со умот. Која си ти да му забрануваш на брат му да си ја носи девојката дома?! И да на место на свекрвата да сум јас нема ама баш ич да те погледнам, а не дете да ти чувам. Оди кај твоите и слободно речи му на брат ти да не ја носи девојката дома оти кралицата ти се ти смета. Всушност проблемот е само во тебе!
Тој дел со вака било средено онака ми е срам и да го коментирам. Вели долги години заедно, гледала кај иде ако не и се свиѓало можела да збира пари па под кирија или некако, срамота е, ако нешто не мо се свиѓа гледам дали имам можност да поправам ако јас немам нема што да идам по свекор свекрва. Нити можам да очекувам нешто од нив нити се должни. Кај ни оди младинава жими се срам ме фаќа мене за нивниот безобразлук. Кирии да им плаќале. Нц нц нц
Девојче, има една една песна, кога се мажеше,што ти се е чинеше. Е сега трпи ги последиците од твоите дејствија. Без покрив над глава, се мажиш, раѓаш, и оти вие не сте размислиле, сите се криви. Ако двајцата имате работа, имате пари за кирија. Имаш градинка за 1500, а сметки и кирија треба да можеш да си платиш сама, да се е издржуваш сама. Не да го разведуваш маж ти, туку да пораснеш. Барањето на куферот е драма. Жена што сака да си оди не и треба куфер. Свекрва ти има стара куќа а ти никаква. Каква таква ти дала покрив над глава оти сама немаш. И уште не чинела. Девер ти има свој живот, своја соба, своја девојка. Не им се мешај. Ако ти смета, има гарсоњера и идете.
Кај што им влагаш во куќа и им го реметиш мирот, и кај што ви се нашле во ситуацијава, ти се осудуваш да наоѓаш замерки? Кирија да плаќале, дете да гледале, ама деверот девојката не смее да ја носи? Ќути и трпи ако немаш услови и биди благодарна и на ова, што после се и муабет ти прават, да се некои други луѓе до сега може и ќе те избркале. Сами си ги упропастувате фамилијарните односи, после некој друг ви е крив!
Во темава премногу се напаѓаат свекрвите, и кај шо треба и кај шо не треба и после секоја препирка дома се зема пример од форум дека свекрвата е крива за се. Прифатете дека некогаш проблемот е до вас не до другите.
Аааа и да, со кој памет му претураш на свекор ти низ телефон ??? Не ми влегува во глава и не ми е јасно.... Или ти си таа што сака да се замеша во секоја чорба и да си прави проблеми, да ти помине времето да имаш занимација... Еве јас, а верувам дека и пола феминки не знаат ни која марка телефон има свекор им, за шпионирање ич да не зборам.......
И кај мм доле беше старо, мало но пречисто. Јас точно знаев со кој сум во врска и неговите. Полека си направивме спрат си отидовме горе. Доле сум седела викенд на преспивање и 1 месец додека моите биле позитивни, ама сум се прилгодила на се. Фала богу, неговите никогаш не се мешале, а ниту јас шефица долу кај нив. Сум чистела, миела садови ама не сум се жалела, зашто сум одела на работа, а ручек и испрани алишта ме чекале. Секој е различен и ако седиш со некој и на 1 ден мораш да трпиш и те трпат тебе.
Баш ме интересира што ќе ти речеле твојте ако си им отишла дома со се бебе и си им рекла јас се разведувам, деверот ја носи девојка му дома, свекрвата неќе бебето да ми го чува, поради тоа се разведувам..
Нормално, и јас кога се мажев и кога отидов кај маж ми знаев какво е и прв муабет ми беше што да направам јас? А не зошто ти е такво вакво или онакво. Нити дум отишла на гости нити дум очекувала од нрговите па на крајот на краиштата ни од него.
@Anilove Пораснете бре веке еднаш пред да стапите во брак и да имате деца. Па и жртва на крај сирота ти
Сосема нормално. После години во врска да незнаеш како ти живее дечкото немам коментар. Колку имаат си е нивно, толку успеале во животот со една плата и тоа е. Ние сме успеале сме направиле, ги почитуваме и сакаме и моите и неговите. Секој си знае место. Ама на памет не ми текнало да роварам по туѓи телефони или да забранувам јас деверот да не носи девојка што се повеќе него јс и мм или па да не доаѓаат децата. Божеее Ем шуто ем боде
А кај ти се наоѓаш права во ситуацијава? Си дошла си се сложила да живееш во таа куќа, ок, омаловажуваш, не било убаво, сте немале пари да средувате и вие, ок, ама ти да ставаш ред каде смее и кој смее да иде, абе ај. Па зела од братот телефон да буричка. Срамота! Однесување ко мало дете. Свекрвата не е права, однесувањето ко мало дете и е, ама твоето? На млада жена, срамота да зимаш телефони да шпиунираш, да се караш да расправаш криви дрини, па да кажуваш кој смеел кој не да иде, па проколната била во 21 век, абе ајде. Teбе треба да те занима само однесувањето твое, на детето и маж ти, не кој колку пушел и како му било по дома, кога ти ќе бидеш домаќинка тогаш ќе коментираш за твето домаќинство, за другите не.
Арно и ја трпи маж и, јас да сум ќе се вратам од работа јас лично работите у куфер и кај мама. Што е многу, многу е.
Колку понижувачки е тоа за маж ти што коментираш дека биле како цигани, дека сѐ било старо. Крајно безобразно е и коментирањето колку дале за крштевка. И нашите толку дадеа. Ни на крај памет не ми е дошло да мислам за тоа колку имаат дадено. Ни не гледам дали дават повеќе на детето на девер ми или на моите. Јас и мм да имаме да им дадеме, за другите не ми е битно. И за пушењето цигари исто. Маж ми неколку пати му има зборено на татко му дека многу пушил. Јас му викам дека не е негова работа тоа, колку сака толку ќе пуши, он не му ги дава. Ниту па јас за да коментирам
Исто мислам и јас, ко да доаѓа од кралската палата па потценува се живо и диво, се понаша ко дете некое.
Сега ќе испадне ама не е така,вака беше,и ќе се додаде плус,зошто се не било кажано во постот.Стандарт приказна
Прегледува дали и дале за крштевка 50 или 100 евра ама не била таа циганка, они биле цигани зошто дома не им било уредено
Скроз! Боже, боже. Да примам некој во своја куќа, па уште со мои пари да располага... И добро сте прошле да ти кажам, фини луѓе.