Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    63.885
    Пол:
    Женски
    @Anilove девојче се што ти напишаа сите членки се во потполно право. Нема избор, или трпиш дур станот не се направи или под кирија во една соба толку е...

    Бидете малку поблаги има мака девојчево, тоа е...
     
    На Luna91 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.621
    Допаѓања:
    26.421
    Пол:
    Женски
    Реално освен маката дека нема приватност во своја соба, за другото била свесна.
    И мака е девер и што си има девојка , исто како маж и неа што ја носел дома додека биле во врска?
    И дека свекрва и пари троши на цигари?
    И дека немаат голема куќа?
    И 50 евра поклон дека добила?
    Не ме зезај...
    Си има родители , нека си оди кај нив ако овие не и одговараат.
     
    На cresa-jagoda, IRBBB, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Се беше супер дур не прочитав за киријата и девојката,а и чепкањето во моб на деверот.
     
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    17.753
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла мака имаат сите дома од неа. Ем шуто, ем боде. :D
     
    На cresa-jagoda, Skorpija25, Celltica и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.903
    Допаѓања:
    188.871
    Пол:
    Женски
    :rofl: Е ова колку е точно.

    Остај.
    Ми отвори очи. Сега се мислам кој се е должен да ми плаќа кирија па да почнам да вртам по телефони. :^) Ааааа не може веќе вака!

    Девојче златно девојче. Кај те примиле, кај ред им реметиш, кај им чачкаш по приватност, кај уште должни да те издржаваат, кај драмење со развод и заминување, имаш среќа што тие тебе не ти ја покажале вратата.
    Многу погрешен начин на бидување возрасен и одговорен.
     
    На cresa-jagoda, Skorpija25, Dust и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Па стварно и јас се замислив зошто никогаш не ми текнало да побарам пари за кирија. И вака и така ништо не сум добила, се подразбираше дека сами треба да се снаоѓаме. Кој како ќе си ја нареди.
     
    На cresa-jagoda, Celltica, Luna91 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.903
    Допаѓања:
    188.871
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа. Кој ни е крив ние што не сме си ја наредиле. Пуу.. :doh:
     
    На Jana06 и simona_baby им се допаѓа ова.
  8. Anilove

    Anilove Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    62
    Во ред,ви благодарам на коментарите.
    Нема зошто да не пишам,си побарав мислење од луѓе што не ги знам.
    Секое добро.

    Дете заспа,па земав препрочитав се убаво,па да се дообјаснам.
    Не сум нит кралица нит жртва ко погоре напишано,нормална жена раснета во скромно средено домакинско семејство.Не сум изела г,,,а,ко што некој погоре пишал ,стојам зад сето кажано,да треба пак да го пишам истото ќе го напишам.
    Моите се домакини луѓе,гледаат за домот и децата,па кога видов каде доаѓам како девојка пробав од тој денар малку што го имам да инвестирам во тоа они малку што го имаат за да биде поубаво за живеење,од тепих и елка,шкаф до чаша,нормално со мм,тогаш дечко,он им купи кујна,вц реновира и што уште не,они немале и тоа е во ред.
    Нигде правила не кажувам,кој како сака нека живее,но кога дојде бебе,ти е криво кога трчаат да купат цигари,а на дете во две години пет работи му имаат купено,башка се што беше ново го упропастија до максимум.Гледам другите баби како се тресат за внуциве,ок е,мојава се тресе за цигари и во ред би било тоа да не и забрането од 100 доктори дека не смее да пуши,знам пошто јас како девојка ја мкнев по болници,сега веќе не.
    Не се каам што чепкав по тел еднаш,така дознав што мисли за мене,и тоа не е нарушување на приватност толку страшно од она што од соба не ми излегуваа,не можев нит да се пресоблечам нараат.
    Друго,плаќаме струја и храна и криво ти е кога им даваш пари за струја и ти викаат дека тие пари ќе ги потрошиле за друго,одследна пензија ќе платат струја.Домакини нели.
    Извинете,дома кај мене прво се плаќаа сметки,па се друго.
    За кирија знам најубаво е,но ситуацијата беше да не плаќаме и струја и кирија и се,додека рата за стан тече.
    За братот,девојката не ја мразам и не кажувам кој да му живее во негова соба,но јас до пред 2 години доаѓав и си одев,не преспивав,на никој просторот не му го узурпирав,вака со нив сме како студентски дом,да сме јас и мм дечко и девојка во ред,но со бебе малку чудно е,барем јас така мислам.Нит сметав тогаш нит сакав да ми сметаат,затоа седев и си одев.
    За кирија пари свесна сум дека нема да дадат,тоа е кажано така за да си стават прст на чело,да се подразмислат малку што прават,како јас што се подразмислувам и преиспитувам.
    Братот може да се симне и доле,да ни отстапи соба уште една,бар до стан,кога и онака се туткаме во една,пошто се мнг мали.
    Друго,криво ти е кога нема за јадење за никој,а дуваат по 2 кутии цигари на ден.Но си готвам сама,нормално никој не е должен да готви ако не сака.
    И да ,се утепувам од чистење и пак прљаво е,и тоа малку што го имаат не го чуваат.
    Некој пишал погоре за градинка,па мнг нормално,сами сакаа да чуваат дете,кога сакаат можам да се откажат,нож под грло не сум ставила на никој.
    И не сум циганка ко погоре некој што пишал што ми дале 50 евра за крштевка,циганското е другиот ден да ги побараш пошто они немале,гарант за цигари.
    Кој сфати ,сфати,мислеше ќе манипулира со мене,но ете не можеше.
    Добра страна,свекорот и мм се погодени и разбрани,барем засега.
    Фала ви на мислењата,секако дека пак ќе пишам на други теми,тука сме да си помагаме.Сите имаме маани,јас еден куп,никој не е совршен па ни јас,луѓе сме грешиме,грешам и јас,може грешам и за оваа ситуација затоа се преиспитувам,но се учиме од грешките и тераме напред.
    Да биде станот и да е дете живо и здраво,друго се средува.
    Секако и од моево има полошо најлошо, но и најдобро,така што секој со својата среќа,и они и јас.
    Поздрав и убав викенд.
     
    Последна измена од модератор: 12 февруари 2022
    На DoubleK, andrejko82, Nikolina35 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.424
    Допаѓања:
    18.072
    Пол:
    Женски
    Што не се изначитав на темава, туѓ срам ме изеде.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, haruki и 3 други им се допаѓа ова.
  10. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    2.653
    Значи и ти си иста како нив.

    Да, ама веќе не си дома и одете вие плаќајте , зошто нив им ги давате парите, кога знаете дека сметките нема да бидат платени, во случајов тоа единствено вам ви смета.

    Да, ама таа не е Ти, и она може да си прави како што и чини... Како ќе си одлучат со дечко и така ќе си прават.

    Немој да се раководиш по тоа - јас вака не правам, не треба ни друг да прави и криво да ти е.
    Секој човек си е приказна сам за себе и секој си одлучува како ќе си живее. Ако немате услови, а си принудена да седиш таму дур не ви биде готов станот, ќути и трпи, не туку наоѓај мани и кој што може да ви отстапи или да ви купи, некој ако сака тоа ќе го направи, ако не-не мора , ти си им влегла во куќата на крај краева... Чисти си ја собата кај што сте, другото ич да не те интересира, после се вие ќе си заминете - тие ќе продолжат таму да живеат - што ти е гајле ?! Дај малку одмарај си го мозокот, за твое добро, не туку мисли само свекрвата трошела на цигари, вака праела-онака праела, посвети се на дете и остај луѓето нека си живеат како што сакаат, пак ќе кажам ќе дојде ден ќе си одите од таму.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Anilove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.774
    Допаѓања:
    135.295
    Пол:
    Женски
    Џабе се вадиш.И двата поста ти вриштат на командант кој кажува правила.Од скромно и средено домаќинско семејство си, ама не те воспитале добро.
    Чепкање во туѓ телефон без дозвола е нарушување на приватност!
    Ти не давај пари.Тоа кога плаќаат си е нивно.Нивна куќа-нивен проблем!
    Тоа не е чудно.Бебето не ти е кралски престолонаследник, па да идат по твое.
    Единствено чудно е што ги критикуваш, а им го користиш просторот наместо да одиш под кирија.
    Изговорот ти е џабе.Има парови кои ем седат под кирија, ем плаќаат рата за стан.Кога други можат, можете и ти и маж ти.
    Ако е за узурпирање, и ти си узурпатор и тоа поголем.Ти седиш таму 24/7, она не седи колку тебе.
    Родителите на брат му и маж ти се оние кои имаат право да кажат колку може девојка му да седи таму, не ти!
    Ти само во твојот стан смееш да кажуваш кој кога да доаѓа и колку да седи!
    Братот нема зошто да ти отстапува соба.Куќата не е твоја и плус стан те чека!
     
    На cresa-jagoda, girl__20, Heart2020 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    За членката што се лути дека свекрва и' не и' се јавува сега, а кога бремена била и' се јавувала, те разбирам. Но, има и од лошо-полошо, што би рекле старите. Мене 9 месеци ми се немаше јавено да ме праша како сум. Во бременост паднав, фала Богу на бебето не му беше ништо, но мојата нога ја скршив и се јави едвај, колку да се рече. И во разговорот си кажуваше како таа на младост ја скршила ногата и колку и' било тешко. А, кога и' реков дека цела бременост се немаше јавено, синот го прашувала (демек), син и' не го носеше бебето, јас го носев. Кога имав некои болки, а сопругот на работа, со мајка ми сме оделе по дежурни доктори, таа од тоа ништо не знаеше, и кога дознаваше, не се јавуваше. Во вториот месец од бременоста, иако многу се противев, отидовме во викендичката што ја имаат, јас и сопругот, на нејзина иницијатива и нападно подготвување на торбицата од сопругот....и, се случи да прокрварам малку, фала Богу не беше трагично. Мајка ми плаче, не' чека да се вратиме, таа се јави кај син и' (тогаш не бевме воопшто во лоши односи, па за да не ме побара мене). Е, кога тргнавме да се враќаме бидејќи бев испаничена и сакав дома да се одморам, по пат ми се јави мене. А, знаете зошто ми се јави? Да ме праша кога е син и' на работа и да сум го потсетела да не вози брзо и да прави паузи за да биде одморен за на работа. Во многу случаи младите не се толку криви колку што се старите. И тоа ова е само еден пример, а ги имам еден тон. Еве и јас сум мајка на машко дете, но во иднина треба девојката да почувствува дека не ги делам, дека и таа ми е важна. А, не што е ми е мило да ми е живо, а другово нека пукне ако сака. И сега кога го бара детето, не и' го давам. Да го види, да го поигра, да, ама кратко. Не го заслужила. Затоа што дели, тоа дете беше живо суштество и кога беше во утроба, не само сега. Ама, тогаш не и' беше гајле, што и' да се случеше-мене ќе ми се случеше. Епа, нека се жали како не го гледа често. И не е ова единствениот проблем, имаме и други поголеми. Ама тие, во друга пригода, хахахах. Поздрав!
     
    На Anyshka, Skorpija25, hello-kitty.90 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.270
    Не знам дали разбрав убаво, ти не ѝ го даваш детето да го гледа затоа што ве делела со маж ти?! Па не си му сестра за да ве дели. Навистина се претерува, буквално плачеш за нејзино внимание а овде членки најмногу од тоа се жалат. Наместо да си ја гледаш работата и да бидеш среќна што не ти се меша, за ова ли се жалиш?
     
    На Oneo, baby-star, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    42.033
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеш каква им е финансиската состојба за да кажуваш вакво нешто?
    А кај да биде 24/7 ако не кај маж ѝ?
     
    На Anyshka, nevermet18 и Lena_3366 им се допаѓа ова.
  15. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Не, неее, таман работа да плачам за нејзино внимание. И нормално дека секој си го сака детето најмногу и не може да сака друго, ама може да го почитува. Плус, не живееме со неа и мир во душава си имам. Ама, додека бев бремена и уште несредени со станбено прашање, ротиравме малку кај мене, малку кај него. Кога беше тој на работа, во собата му беше мраз, вклучувам клима да се затопли малку (нормално се секакви воздржување бидејќи тоа не е мој дом), не поминуваат 5 минути, доаѓа во собата и ја исклучува, да не трошело многу, бидејќи онлајн работев, додека им предавам на децата во собата, не пуштам клима се мрзнам, бремена да потенцирам, вечерта пред спиење пуштам малку за да не се тресам од студ, доаѓа ја исклучува со изговор доволно е, мала соба, па брзо се загрева. А, утрото кога треба да се врати сопругот од работа, доаѓа ме буди да ја вклучиме климата, да се затоплел бил измрзнат. Во 5 часот наутро. Еднаш му ја дадов мојата картичка да види колку средства ми останале, тој потрошил пари за намирници, а не ми кажа (намирници за таму, а веќе вечерта требаше да се враќаме кај мене), се налутив зошто не ми кажал, не дека ќе му забранев да купи. Се јавила кај моите да каже дека е добро да посетам психолог за да ми се намали нервозата, пак повторувам во бременост додека хормони вријат, а имав и причина за лутење. Да не коментирам ситуации за тоа колку тој бил убав и можел со секоја да биде, ама ме сакал мене и треба да сум среќна заради тоа, а јас сум требала да внимавам на исхрана, да не се здебелам иако бремена, како сум користела фотошоп (што не користам, а и да користам мој проблем), драмење од проста ситуација маж ми да разговара професионално со колешка (разговор што лично пред мене се одвива), како таа го немала видено синот толку насмеан. Како требало да живееме прво кај моите, а кога ќе се исели брат му да му платиме дел од куќата и да се вратиме кај неа. Криеше јадење по фиоки за да не земаме (и тоа зборувам на два дена сме отишле таму, не живеевме со неа), па нормално дека си купувавме. Еднаш во бременост требаше да испазарам за гости и ја замолив да дојде со мене, да не влечкам многу ќеси, маж ми на работа беше, не можела имала работа по дома. Па, еден од соседите кога ме виде ми помогна со ќесите. И пак да не разбере некој погрешно дека многу сакам, не да ми биде магаре да ми носи, туку да ги поделиме да не носам се' јас. А под делење подразбирам она човечконо делење, ако си туѓа не си важна. Еве на улица го храниш твоето дете, ама тука доаѓа и некое туѓо, нормално дека ќе му скршиш и ќе му подадеш, човечки е мислам, не си должна да му дадеш, не е тоа братче или сестриче на твоето дете, ама човекот во тебе проработува. А, јас цел ден работам, вика ејј немам ништо за јадење, ќе си купиш....ок, нема проблем (јас таму не живеев за да превртувам се' во кујна и да си готвам, туку на два ден одевме), и одев да си купам нешто. Оп, како што се враќа сопругот, испржени јајца, тост направено. Не сакав да ми прави, туку не е човечки инаку точно дека не е должна да готви, ама она човечкото да проработи. Па, на гости ќе сум отидела ти местат перници, те нудат демек бремена си што сакаш, а не овде. И пак ќе речам не ми треба воопшто нејзино внимание, далеју нека е од мене, ама сега да се прави баба не може. Како што таа не е должна за ништо, така и јас не сум должна да скратам од обврски и од убавото време без неа, па да одам до таму за да го види.
     
    Последна измена: 12 февруари 2022
    На Anyshka, Skorpija25, Maca Macka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Пак ќе ти кажам, очи имаше да гледаш каде идеш? Никој ама апсолутно никој не е должен да Ати отстапува соби, дека би било убаво би било, меѓутоа никој не е должен. Помири се дека луѓето функционираат така, ако имаат ќе купат ако нема-не. Ни тоа никој не е должен. Колку време го чекате тој стан читав уште од летото твои објави со станот(мислев дека си трол искрено со погоре пишаното)
     
    На Anilove му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anilove

    Anilove Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2021
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    62
    Во ред,ви благодарам уште еднаш,убаво е да се слушнат мислења од луѓе што не ги знаеш,затоа и пишав нели,моите луѓе околу мене знаат да бидат субјективни и пристрасни понекогаш.Не викам дека сум совршена,но командант сигурно не сум,ме нападна горе nextred така нешто беше.Можеби од толку стресови и др проблеми сум изгубила осет за реалноста,но злобна и лоша личност не сум,но боже мој сите имаме маани.
    Секој нели со своите проблеми,станот е во градба за прашањето погоре од 2017,нас ни е уплатен веќе три години и уште не е готов.Купен преку Мултиофис агенција,ако ние сме се зафркнале,еве да знаат и други да не се зафркнат.Трол не сум.
    Фала уште еднаш,поздрав и убав ден.
     
    На andrejko82 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.270
    Очигледно не те сака и не можеш да ја натераш на сила да ѝ проработи човечкото за тебе, помири се со тоа и штом не ти се меша немаш проблем со неа. Но ти намерно ѝ се одмаздуваш преку детето. Треба да разбереш дека она секогаш ќе му биде баба и ако вие не се сакате не значи дека детето не го сака, на крај краева на сопственото дете му кратиш од времето со неговата баба.
    Сакам да кажам, бидете поголеми луѓе од оние кои ви прават да се чувствувате лошо, не мора да сте бетер од нив.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.263
    Допаѓања:
    18.126
    Не си во право.
    Таа му била баба и кога било во стомакот. Од љубов за внучето треба да покаже малку почит кон снаата. Не љубов, почит и емпатија.
    Ако она вистински го сака внучето, нема да покажува омраза кон неговата мајка, така?
    Искрено и јас не би преминала преку ова туку така. Лесно е тука да се правиме светици и големи луѓе, во реалноста и те како боли.
    Внуците не се заслуга на бабите, туку привилегија! Јас не би имала доверба да оставам дете на некој што не ме почитува и крај!
    Гледање на кратко под мој надзор!
     
    На Anyshka, Skorpija25, lovely91 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Ништо не му кратам, на баба која за 40 дена измисли дека заборавила дека детето прави 40 дена и клуч на врата за да не го однесеме, нели по црква се оди во три куќи. А, за баба детето си има фала Богу и друга, тандем си се, душа дава за него така што ништо не му е скратено.

    Фала за разбирањето, и јас мислам дека не се преминува така лесно. Поздрав до тебе!
     
    Последна измена од модератор: 12 февруари 2022
    На Idedemja, elenaklasik и Luna91 им се допаѓа ова.