Aуу, косата ми се креваше додека читав... Злобно створење. Поарно што не живеете заедно и колку можеш подалеку од женава. Детето си е друг муабет, нејзе и е внуче, ако сака нека дојде да го земе, прошета или да го види, ти нема што да идеш да и го носиш...
На форумов лесно е да пишеме сите теоретски како е исправно и да глумиме светици...ама реалноста друга е. Среќа што не живеете заедно па не ни мораш да ја гледаш, во право си дека ако била баба ќе се понашала така и додека си била бремена. Држи си дистанца па ако сака некогаш да го види внучето нека дојде, нема ти ни што да и го носиш ни да го оставаш таму,мајка ми да ми се понаша вака ќе размислам дали ќе имам коректен однос не па свекрва ми. Фуј какви ги има не можам да се начудам, се напнав! Нека е живо и здраво детенцето и вас да ви е убаво а таа нека продолжи да комуницира со синот и тебе ич да не ти чуе!
Познавам многу такви реални случаеви. И обратни секако. Еве мој пример. Свекрва ми многу повеќе ја бива со внуците од мајка ми. Да ги занимава, изигра и посвети време. Мајка ми ги обожава, но не знае да се спушти на нивно ниво. Она повеќе ги осипува со подароци. Некогаш и го замерав тоа, но после кога си вратив филм дека и со мене била така ко мала, сфатив дека не треба да замерам. Сите сме различни карактери. На свекрва ми и симнувам капа за тоа колку се посветува на внуците. Просто задоволство и се гледа во очи кога е со нив.
Ма немој дека толку долго време не си видела какви се дома и во што ќе живеете кога ќе се земете. Сега ќе седиш таму и ќе се прилагодиш на нивниот живот. Кој како сака нека си одржува дома, ако не ти се допаѓа оди под кирија. Не сме сите исти. Некој чисти секој ден, некој еднаш во три месеци. Некој прави секој ден ручек некој на 3 дена. Ако не ти одговара оди си, а сигурно тоа го имаш видено и претходно само си го игнорираа. Свекрвата не е од вчера таква.
Ние го купивме станот уште додека бевме дечко и девојка,но не е готов со години,а мислевме ќе биде готов додека стапиме во брак,за да не живееме во заедница,но не задеси тоа што не задеси. За кирија немаме финансии. Не можев да видам толкууу добро бидејќи јас не преспивав,не седев со денови и недели,доаѓав и си одев. И тука само јас чистам. Фала ти на мислењето,поздрав и убава вечер. Ќе се среди и ќе помине,што и да е,само да сме живи и здрави.
Не може,само судски,ко што разбрав.Луѓето што купиле стан од нив во зградата во населба Ѓорче Петров ја чекале мислам 4 години,ги имаше и станарите и на Телма тв и така рекол газдата,ако сакаат само судски,судски многу се одолговлекува,немаме пари и за по судови.Таа зграда бидна по толку години,сега ја чекаме нашата. Да знаев дека вака ќе бидне,ќе земев стар стан,ќе реновирав и крај. Но боже мој,тоа е,нема назад.
Каде е тоа што се гради стан со години?? Во Скопје со брзина на светлината ги градат зградите. Пола месец не бев во Скопје, зградите кај East Gate ги кренале веќе се изградени, позади Џамбо ни з од зграда немаше, за пола месец зграда, до Рамстор исто. Плус сигурно ви кажале за колку време зградата ќе биде изградена, валја не си дадовте пари така на слепо .
Ехее.. колку пати луѓе биле вака заебани. Не е секоја фирма успешна, а и не знаеш кога некоја може да пропадне. Затоа, според мене, најдобро е да купиш во веќе изградена зграда.
Праиш договор дека ако фирмата не ја напраи зградата на време ќе ти пкаќа кирија. На сестра ми и плаќаше. Затоа треба адвокат.
Точно,кажаа за 6 мес,па за година,па за две,еве три испаднаа. Мулти офис агенција,распрашај се каде имаат згради почнато,ако си толкав скептик.И на договорот ни стои дека нема да плаќа пенали ако доцни,не само кај нас,туку цела зграда. Тука не зафркна. Во Ѓорче Петров 4 години или 5, нз точно ја градеше. Но не се распрашавме добро пред да купиме.
Надвор од темата, кога се купува стан се прашува, се консултира адвокат и тн. Да не те плашам ама МултиОфис никад нема да ги завршат зградите, само да знаеш. Со време барајте си адвокат. Вие сте барале ефтино, сте се зезнале. На темата, сеуште си безобразна и некултурна и напорна, а вака само ќе го оддалечиш сопругот од себеси, ќе си го упропасти бракот и ќе страда детето. Јас да сум маж ти досега одамна ќе ти беа спакувани куферите, штом твојте се домаќини а овие цигани, терај даље. И не, не се прави ни тие ако е како што кажуваш, ако цигарите им се пред се, ако се стварно такви недомаќини, ама ти нема да ги смениш сега допрва, ако па и не планираш да живееш со нив уште поарно, така да ако работите и двајцата, пат под нозе и под кирија, друго немаш. Ти таму немаш никакво право да се мешаш. И да, детето во градинка дај си го, не знам како не ти е страв да ти седи со баба што пуши цел ден и со мачка што повраќа дома, ако е толку гнасно што тебе ти е гад, како го оставаш детето. Плус ете и не ти е стабилна.
Не знам за себе дали би ги примениле овие совети или полесно е да се осуди членката, бидејќи сите сте родени со паметот да правите паметни одлуки. Пракса е да купуваш стан во градба, токму поради намалената цена на квадрат. Прво, дали знаете колкав кредит подигнале, па да пресметувате дали имаат за рата и за кирија. Истовремено, од каде знаете со колку финансии располагаат. Друго, blame the victim. Сигурно не се прости да купат стан во спорна зграда. Како и повеќето луѓе, не очекувале да наидат на вакви проблеми. Виновникот во случајот е само и само инвеститорот. Судските трошоци можат да бидат енормни, ако знаете како, донирајте за да ја најдат правдата. Повеќето на темава, врзуваат крај со крај, ама советиве ви се врв. Најми адвокат, плаќај кирија, плаќај рата, меѓувремено јади леб и сол ама еднаш на два дена. И да има право да се буни ако живее како на депонија. И јас сакам да ми биде чисто и средено. Единствено што не се согласувам дека братот е должен да им плаќа пари за да одат под кирија, иако верувам дека истото е напишано во афект. Девојката на братот исто така може да има малку повеќе осет. Не е поради тоа кој бил прв кој втор женет, едноставно поради интима и непотребна гужва. Да има можност членката сигурно одма би си отишла, па ќе и отстапи место да си доаѓа колку и кога сака. Би сакала да ја прашам членката, со оглед на нејзината ситуација. Дали постои можност да се преселите кај твоите? Бидејќи луѓето што не водат грижа за својот дом, нема да се сменат преку ноќ и за жал, ќе мора да се помириш со таа ситуација.
Сѐ што сакав да кажам кажаа членките, само ќе додадам во сопствена куќа прави што сакаш во туѓа немој. Собери смелост извини му се на деверот и девојчето затоа што не ти се виновни за твој каприц. Девојчето не ти е слугинка да ти качува куфер,имаш раце и нозе способна си сама да си го качиш. Смири се психички имаш проблем со самата себе си. Многу злоба не е на арно. Според мене сите чаши ги имаш прелиено.
Zenata raboti koj ja izdrzava I malce smesni ste so toa svekrvata imala kuka ona nemala, taa kuka na svekrvata ne i e od doma i nea i ostanala od roditelite na maz i @Cka ti posto pisa taka na prsti se brojat onie svekrvu sto imaat bas svoe, se e ostanato od roditelot na svekorot, taka da ne se nisto poveke od snaata vo odnos na toa.
@Anilove Го разбирам гневот на девојчето што се жали на недомаќинлук. Прво лошо што не сте ставиле во договор дека инврститорот ќе плаќа пеналии ако касни со градба. Тоа што се лутиш за цигарите јас те разбирам, таа гнасна навика секој може да ја батали па уште и муабетот нема да јадеме ама ќе пушиме ми се гади. Очигледно луѓето си се такви и сега нема да се сменат, гледај да средите работа со инвеститор за станот. За деверот и девојката немаш што да се жалиш, тоа е куќа исто негова колку и на твојот сопруг, а ако некој нема осет тоа е друго. Направи дистанца уште сега, дај го детето во градинка и држете се со сопругот заедно. Ќе помине и ова. Остај душебрижници на кои секој чекор им е испланиран унапред, се им е тип топ и немаат никакви изненадувања од типот на финансиски проблеми и го имат пресметано секој ризик што може да дојде, па и back up план имаат за се.
Абе какво внимание, ваш ме заболе за нејзиното внимание. Никогаш не сме имле одност да си се јавуваме на телефон. Ме напнуваат нејзините муабети и ме вознемируваат. Збориме за 10 години таков однос, не за 5 месеци. Си теравме така и одлично ми беше. Никогаш немало караници меѓу нас, едно кафе во месецот и почит. Кога останав трудна секој божји ден ми се јавуваше. Демек сега носам дете, вредна сум, треба да знае како сум дека носам нејзино внуче. После спонтаниот не и текна ни еднаш да се јави да ме праша како сум поминала на контрола. Се доживеав како сурогат мајка на нејзиното внуче. Па и сурогат да е и да се случи такво нешто ќе се јавиш да прашаш дали е добра, сепак твое внуче носела. Толку покварена постапка не сум доживеала во животов од некој. Да не ми се јавуваше ни во бременоста, како и пред тоа, немаше да има никаков проблем.