Зградата кај стадионот е мислам таа што ја чекаа станарите 4 или 5 години,ко што разбрав од една членка преку порака скоро цела е готова,вселени се луѓето,со маки,но се вселиле конечно. Една колешка живее таму и повремено ме известуваше за неа,па си викав ајде ако ја изградат таа,ќе се фатат за мојава,но не,не играле така они. Среќа ,гледаме сега некои мајстори,нешто доправуваат,прават,местат.Здравје,би требало да биде,некогаш. Со членката преку порака не сум се чула одамна,се надевам дека е добро. За пушењето и кашлањето,би требало Да не пушат и кашла додека чуваат дете,откако потенцирав едно 5-6 пати.Секако,си планирав во градинка да го запишам. За прашањето погоре,немам место кај моите,реков од скромно семејство сум,од скромно отидов во скромно,и тоа не ми е проблем.Сакав само еден компромис,да си речат луѓево девојчево се утепа од чистење,дај ние да си чистиме,сигурно и смета што е прљаво,срамота е од Др луѓе,иако пандемијава добро им дојде,никој не им доаѓа.Да речат да смениме нешто,може и она ќе се смени и обратно.Да речат да пробаме да не пушиме ,повеќе пари ќе имаме,А не му викаат на мм нема да јадеме,ќе пушиме.За братот и новава девојка,сто пати сум викала ако требало дете ќе шетаме,надвор или негде ќе седиме цел ден,нека седи он со неа,нека прави што ќе прави,ама се си мислев навечер ќе си оди,зошто стварно нема место.Сега по ново овие денови си седат и цел ден и цела вечер.Не барам преку леб погача,се што имаме сами спечаливме ,ствараме со мм ,се мачиме,кога гледаат дека не ни помагаат,барем нека нека не ни одмагаат до стан. Не сум сјајна,признавам.Фала за +и - коментари,за тоа сме тука да си помагаме,но коментарите од типот безобразна и злобна си,и маж ти треба да те остави веќе се сајбер булинг. Се читаме на друга тема. Поздрав.
Во вашата соба ли седат? Во вашата соба ли спие девојката? Што ти смета таа, кога си имате по една соба? Само вц може да го зафати подолго ама ке кажеш ми треба вц и ке излезе. Ако се ожени братот, каде да ја носи?
Мене баш ми е симпатично снаите да се бранат по секоја цена. Исто ко да сме читале две различни прикаски му доаѓа. Нема што идната јатрва да има осет. Тие си спијат во негова соба. Плус, нели вели дека таа не останувала толку многу па не знаела што точно ја чека. Тогаш нека биде емпатична и нека дозволи другата девојка да види кај доаѓа и што ја чека. Па да си донесе сама одлука. Кои глупости. Таа требало да има осет. Божем со неа на иста спална спијат.
Ама што ти е гајле тебе они парите дали на цигари или храна ќе ги даваат? За пушење кога е детето тука да, не треба никако ама чекај...што се мешаш у финансии.
Не знам зошто ме цитираш, ако го прочиташ првиот пост на @Lena_3366 ќе видиш дека ѝ одговарам нејзе да не се замара затоа што не и се јавувала нејзината свекрва. Ти сега се тригнуваш овде затоа што твојата ти се јавувала. Ако знаете и вие што сакате, еве на. Јас разбирам дека има секакви незгодни карактери, како што ѝ пишав и на другата ќе ти пишам и на тебе: Главата горе, ако намерно ви згрешиле нивни проблем, што подалеку тоа поарно, но разберете и вие дека се работи за мајка и баба на најблиските членови на вашата фамилија, постари генерации за кои не можеме да знаеме зошто се такви какви што се, најверојатно и они се навредени заради ваши постапки, "претпоставките се мајка на сите заебанции". Сигурно нема да се сменат за никој, за вас најмалку.
Што има деверот да ти помага,20 годишен дечко што му лета паметот. Си фатил девојче и девојчето заслужува почит. Не е најдена на улица па ти да ја третираш ко ѓубре. Она од почит кон тебе ништо не рекла,ама јас да сум не би ти ќутела. Затоа ти кажав најдобронамерно прибери се. Срамота е да збориш за маж ти циган,за деверот циган… Се згрозив од твоето понашање.
Девојче,деверот има 30 год,бара исклучиво богати девојки,нема од неговите,не дека немале на времето,имале,туку дека не биле домакини. Братот е фин,добар,но и он како нив недомакин,чека од други,конечно најде погодена што има се,да не се мачи ко нас и тоа е во ред,шкаф нема,прозор,врата,не инвестира дома,освен во облека и тел и тоа е во ред.Има луѓе,си сакаат да си го поминат животот лесно. Девојчево ептен му се погоди,има два стана и две викендици.Да не испадне дека ќе седи кај нив цело време, пошто кога ќе се земат таму ќе отиде,домазет фактички,ја носи тука,да речат луѓево,ете си ја носи дома. Никој мене не ми пречи,не ми смета,не му е прва девојка,сите ги носел дома,но оваа спие и седи по цел ден,другите не.Ја сака,не викам не,но го сака и материјалното од нејзина страна. Цигани никој не викам,преносно значење е да доловам дека никој не чисти зад себе.Нема што се згрозувате од моето однесување,или да ми кажуваш да се приберам,заобиколи ме. Јас овде никого не навредив. Ако случајно не им препишат ништо,ќе си ја донесе тука и сите среќни весели ќе живееме заедно. Фала ви и поздрав. Замолувам ,има ли админи на страницата,некако да се стопира комуникацијата,членките преминуваат веќе во булинг.
Тоа е негова работа каква девојка ќе бара. И што има врска што седи по цел ден и спие таму? Сигурно спие во неговата соба. Како што имаше право ти да идеш кај него кога бевте дечко и девојка, така немаш никакво право да забрануваш на деверот да ја носи дома девојката.
Ама што ти е гајле какви он бара? Не знам што очекуваше ти овде да те тапшаме по рамо? Страшно каква жена
Како дозна ти дека она има два стана и две викендици, она ти се пофали или деверот ти се пофали дека нашол богата девојка или му претарашкаше и на него во телефон исто како на свекорот па дозна сама? Нека лежи твојот девер на тоа уво дека дедото и бабата од страна на жена му ќе му речат еве ти зетко на готово, стан, викендица, ти да не се мачиш.. Мислам не дека не е можно, али ќе го понижуваат во секоја можна прилика..
Го пишувам мислењево со најдобра намера се надевам дека ќе ме сфатиш како што треба. Колку повеќе даваш внимание на околината толку е полошо за тебе. Не се замарај нити за деверот нити за родителите на мажот ти, сите си имаат свои животи и нормално е дека ќе си ги живеат како што тие сакаат. Засукајте ракави и гледај што побрзо да се иселите од таму зошто како што ти си навикната на еден начин на живот така тие се навикнати на друг и така ќе се тера тоа, немој да мислиш дека нешто ќе смениш а и искрено не е твоја работа да менуваш некој како си го живее животот и зошто. Колку што разбрав работиш, најверојатно и мажот ти работи па некако можда можете да погледнете опции за да живеете под кирија макар во некоја гарсоњера. Не навлегувам во овие работи зошто како викаат секоја планина својата тежина ама според мене тоа ти е најдобро решение. До некаде те сфаќам, кога имаш дете особено се ти смета и се нервираш ама тоа е мораш да бидеш трпелива.
A зошто фино лепо не одите да живеете кај твоите наместо да се замараш со тоа дали деверот имал плакар, колку станови имала девојка му и дали била домаќинка свекрва ти?
Лена пиша за мене, а ти пиша дека тука членките најмногу се жалеле за вниманието, затоа тебе те цитирав, се најдов прозвана. Не си прочитала убаво што пишав. Ни мојата не ми се јавува после спонтаниот, а додека бев бремена секој ден.
Тука се сите светици, најдобри жени и снаи. Не знам како немаш сфатено до сега. Сачувај памети да пожалиш нешто на форумов маме ќе ти решат. Живеење во заедница е многу тешко за двете страни. И те разбирам дека кога веќе двете страни стњ се решиле да живеете додека се направи станот очекуваш компромис, ама не е така. Најчесто свекрвите не попуштаат (ако добро сфатив свекорот е океј). Стисни заби да го сочуваш бракот и нервите. Кога ќе сте сами ќе биде супер. И не замерувај на домачициве што вреѓаат и осудуваат, секоја планина своја тежина, само ти и твојата свеки знаете како ви е на двете. И да се надоврзам, не е точно дека само се плука по свекрвите а мајките се најдобри. Јас имам неколку пати пишано дека мојата свеки е ултра модерна жена и немам никаква мака со нејзе. Како сакам, кога сакам правам. Почесто сум со мајка ми во конфликт (бидејќи сме исти) отколку со свекрва ми.