Не знам зошто имате потреба од сарказам кога се жалите на јавен форум, и веднаш откако не ви се допаѓаат одговорите сите други се криви или булинг ви прават како што се пожали членката. Реално повеќето немаат толку проблеми колку што самите имаат проблеми со комуникацијата со членовите од фамилијата, или немање никаква комуникација околу проблемите кои вистински ги имаат. Да ги прашаш да се преиспитаат за нивното однесување спрема свекрвите ќе видиш дека ништо не им кажале околу проблемот, ниту пробале да го решат и 98% лице им прават дома, а овде само се испукуваат.
Мене не ми е јасна девојкава на девер и. Се пика таму во гужва и хаос при 2 стана и 2 викендици Како може таму да се отпушти и да се секса со дечко и ? Имаат право на тоа исто како и членкава што живее таму, нормално. Ама не ми иде во глава и не. При свое да спијам таму да по цел ден со идната свекрва и да гледам драми со куфери. Како и е пријатно? Не е за тоа темава, ама некои деф се без мозок. После ќе ја читаме во темава како свекрва и пред брак била срцка, па после станала баба рога..
Јас не ги коментирам реалните мислења со нормални и реални факти, кои можеби ќе и насочат дека и она греши. Јас зборувам за оние злобни и зајадливи коментари, нема потррба да цитирам, сигурно ги имаш прочитано. И мојот сакрказам не е поврзан со мои жалби и поплаки, искористен е со друга намена, која исто така мислам дека е јасна.
@Anilove пиша за проблем од нејзина гледна точка, многу ѝ се нафрливте ко дома да ви е. Ако некоја пријателка ви го сподели истиот проблем, вака ќе ѝ се нафрлите? Излегува дека некои овде доста некултурно и грубо возвратија. Според мене, читам и не ми е во ред. Демек вие во калап сте, без грешка. Ја разбирам за повеќе нешта членката, не можеме да знаеме до точка какви се односите, ама осет разбирање и почит од секоја страна треба повеќе да има.
Може и она греши ама во афект не сфаќа. Може и не се изразила како што треба. Може и други работи таму и се случиле ја повредиле па во нервоза нафрли што треба и не треба. Ама има начин да се каже. На крај краева, скокни мислење и чао. На што личи тоа вреѓање. Ти си пофина и ете без сарказам објасни се што ја мислев.
А да го убедиш деверот да се ожени? Така ќе си отиде веднаш од таму, како што велиш, и ете ви плус соба Искрено, ми делуваш на уште несозреана личност. Се што лета не се јаде. Не рипај одма, не се расправај, премолчи. Па што и да ти прават и велат. Насмеј се и терај си работа. Мислиш овде никој нема проблем со свекрва/свекор? Ретки се тие. Не избувнувај одма, ами почекај да се склопат коцките и на фин начин и со насмевка кажи си се што мислиш. И мажот мислам дека во овој случај не е крив, се наоѓа на средина. Кај имате проблеми со неговите, па и да го трпи ова твое детско однесување. Стави се на негово место, како би ти било на тебе? Твоите да се како неговите, м? Велиш дека се домаќини луѓе, ама еве замисли. Гледај си го детето, гледај си го маж ти, и барај начин што побрзо да си одите заедно од таму. А не сама. Вака само покажуваш дека си несозреана доволно.
Не е ни членкава светица и безгрешна, ама тука одредени членки искрено малку претеравте и со вреѓањето. Нормално дајте совет ама без да вреѓате. Еве јас @Anilove те разбирам како ти е, самото седење во една соба ствара фрустрации и тоа ти е главниот проблем што немаш комоција, и од тој проблем се провлекуваат сите други па затоа иде до толкава нетрпеливост. Нормално сите што одиме како снаи во некоја куќа очекуваме дека ќе бидеме прифатени и ќе има заедничко разбирање, тогаш и едната страна треба да се прилагоди дека има нов член во куќата, а и снаата на нив, за доброто на сите. Ама ја разбирам членката за тоа што пример само она се труди за хигиената во домот, а другата страна со прст не мрда, кога бевме во заедница додека го правевме спратот истиот проблем го имав и затоа ја сфаќам. Не може кога ти се трудиш и да си купиш нешто ново за дома, некој тоа да не го одржува, нормално дека ќе се нервираш и ќе си речеш за што па само јас да се трудам, а другава страна не мрда со прст и не им е гајле за ништо. Освен за чепкањто во телефонот на свекорот или на деверот не разбрав точно чив телефон си проверувала, за ова не си смеела да го направиш и не те поддржувам. За другото те разбирам. А за собата на деверот нема што да се замараш, ако него му одговара така тоа е, исто и на девојка му. Сега малку надвор од темава, јас стварно не ја разбирам неговава девојка, еве иде тука гледа која гужва е и упорно си седи иако има нејзин стан и викендица. Очигледно е по богата, и е научена на по убав и раскошен живот, не знам како самата сака да седи и да се гужва во една соба, каде што не е ни раскренато најпрво. Веројатно го сака многу па затоа овие работи "не ни ги приметува".
Првото мислење на членката воопшто не беше убаво. Ги нарече цигани, барале од нив кирија да им платат, не ѝ се свиѓало што свекрва ѝ пушила цигари и немала хигиена, а се лути кога не ѝ го чува детето. Не знам како требаше да реагираме, да ја потапшаме по рамо мош
Абе можда ние сме претерале ама и членката го претера, во ред е ти да имаш фрустрации и да не ти се погодила свеки и се тоа, тешко е у една соба ама они си одлучиле така и ваљда треба да се привикне дека тие луѓе така функционираат. Можеби и она се натрупала таму па молчат, може не сакаат да чуваат внуче па молчат или го чуваат кога можат. Да се разбереме и тоа не е лесно. Во врска со братот од маж и. Колку што неговата галама нејзе и смета толку и него му смета нејзината можеби е грубо но можеби некоја вечер и он неможе да спие од детенцето. Друго тоа роварење по туѓ телефон... Па арно не и го треснал по глава, да дојде на брат ми жемна му да товари по мојот телефон ќе го прежалам ама ќе и го купам од глава. И се уште сум на ставот дека на такво драмење дајте ми го куферот да си одам пошто свекрва ми и јатрва ми седат три саата доле јас да сум маж и јас ќе ја испратам сосве куферот кај нејзините а не да ја смирувам.
Не ги нарече цигани, туку "како цигани" и беше напишано колку да ја долови вистинската слика како изгледа тоа. А и првиот пост се гледа дека и е пишуван со преголем гнев очигледно била премногу изнервирана во моментот. Ајде да не навлегувам во детали сега од постот што и како има напишано. Не треба да ја тапшаме по рамо, убави совети доби од почеток дека не е во право и премногу драми за одредени работи, ама после колку повеќе се пишуваше се повеќе навреди добиваше, па дури и ја исмејуваа, ама нема врска, ете има модератори нека бришат.
Види, пред се многу е грдо да се прави дискриминација. На што личи тоа како цигани, као она чистата еба*о. Второ, да видам дека снаа ми вака ме вреѓа по форуми од гом*о подоле ќе ја направам. Затоа, утре во живот нема шанса син ми со жена му со мене да живее Некоја да јаде трици за моја хигиена, на што трошам мои пари и да ме рамни со го**о и да ме гледа како дужник што она само постои на светов не може.
Абе ако реално правиме муабет, не "јадат трици" само снаите за свекрвите, истото го прават и свекрвите за снаите.
Абе разбирам има ситуации за кои треба совет или едноставно да си кажеш ама вакви работи се грди од било која страна да е.
Ако не сакаш да ти викаат дека ти е нечисто, земи и исчисти, просто е, не треба да речеш што ти е гајле за мојата хигиена, туку да си исчистиш..
Чоек значи колку ти се глупи мислењава без логика и поврзаност со конкретна ситуација значи чудо едно. Ти си жено талент
Од каде знаеш дека сум жена? Во 21 век ти мислиш дека Нина мора да е име на жена, што ако сум некој флуиден пол, каква е таа дискриминација во однос на пол?
Ама не е дека свекрвава не е безобразна и не и е детско однесувањето, ама снаава млада, знаела кај оди, што да очекува, не знам од кај и е ова однесување. А дека свекрвата се понаша ко 3то за 4то, охооо... Ако ми се скара другарка ми нема да ја викам за ластик, е муабетов за свекрвата. Јас да сум на место на снаата ќе си опремам еден ќош во собата, ќе си направам мини кујна, има туби 20литарски за вода со пумпа, тубата е 200ден со вода, можеш и да си дополнуваш не мора да е купечка, пумпата е 200, еднократно 400ден и имаш 20л вода па сигурно 1 ден ќе ти трае за готвење, пиење и миење, има и помали од 10л, еднаш дневно садовите во леген и ќе си ги измиеш во вц или кујна, едно решо и готова работа. Купатило веќе тоа е едно и мора да се користи тоа, нема друго. Ќе си купам мебел кој после ќе си го понесам во станот секако и ќе си исчистам се тип топ, ќе си средам се, ми е гајле од врата надвор какво е. Е детето ќе си оди во градинка, нема да давам да го чува баба, јер прљава е, јер му пуши у фаца и веројатно го чува кај што пуши и му кашла у фаца. Решен проблем! Бар до исселување, јер ова со Мултиофис ќе потрае едно 5-6 ако не и 10 години, а голема веројатност и да не се реши. Што рече и жива остана!
Баш така се е возможно ако сакаш но заклучивме по темава дека е полесно да кукаме. Зошто да засука ракави и да си го олесни животот коа може да ја понижува цела фамилија на маж и како пушат цигари и дома им е нечисто. Абеее туѓ срам ме јади.