Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Па за мене е култура ако варам кафе да те прашам дали сакаш не дека ми падна круната што кафе не сум добила нејсе може за погрешни работи сметам дека се култура :D инаку на прашањето ќе ти одговорам мајка ми ме чекала со кафе секогаш баш секогаш дури и кога сум станувала во 4 сабајле з а да учам пред кусур години или ја имам мрдната мајка или мн ме галела ама дури ида е така не сметам дека е грешка и јас имам ќерка и јас ќе ја галам и око не ми трепнува
     
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Што научив за овие 10 години врска и скоро година дена заедница:
    1. Кафе пијам само со маж ми, гости, или сите заедно. Сами со свекрва ми никако затоа што ќе ми згорчи од муабетите за пари и турско/шпанско/индиски серии, како треба кошулите да ги пеглам, или дека ако пишува 500 грама шеќер јас треба да ставам 1500... :fubar:

    2. Кога готвам, ги прашувам сите што сакате утре за ручек, и ако некој има нешто против утредента откога веќе сум прашала и сите кажале или потврдиле, баш ми е гајле. Јас и маж ми купуваме се за на таа маса, и ако не сакаат вака или така, можат слободно да зготват.

    3. Кога чистам, чистам само во нашите 2 соби, купатило и умивалникот и елементите во кујна, другото ништо не ме интересира. Може едино со правосмукалка да поминам секаде, и тоа ако е викенд. Јас одам на работа по 10 саати на ден, а она дреме дома. Немам никаква грижа на совест ако и оставам неа повеќе за чистење.

    4. Кога се расправаат еден со друг, јас излегувам да го шетам кучето, по итна постапка. Дали има сонце, врне, камења паѓаат, што и да е побезбедно ми е надвор. Искуствено научив дека ако останам присутна во станот и јас ќе бидам за нешто крива секако. Доколку се расправаат со маж ми, е тука се мешам, од причина што главно за што се расправаат е дека срам да му е сам си купил нешто наместо нив да им купи, односно сите пари дома давајте ги, ние ќе ви даваме колку треба... Важи, ќе биде само ти кажи кога. Овци не сме па да не стрижите!

    5. Веќе на боцки и пецки не реагирам воопшто, моето-твоето ич не се замарам, а гледам и мм мува не го лази, ако паднам на една провокација после треба да се борам 3 пати повеќе за да напалат пецките.

    Да не испадне дека живеам со аждаи а јас цвеќе за мирисање, јас се обидувам најмногу што можам да не ги приметувам ситниците кои можеби да не речам најверојатно се и случајни, затоа што за танго треба двајца, неможе само она да е крива за се ако јас паѓам на провокација или пак се инаетам. Се обидувам да правам некаков муабет секогаш кога за тоа имам сила, или пак ако приметам дека ќе настане расправија дека снајка е некомуникативна. Дека сум лимон-табиет, точно е. Дека по природа сакам да исправам криви дрини, сакам. Свесна сум си за моите маани како човек и како снаа, и затоа се пиздам кога ќе ја слушнам како вика она е пу, пу, пу, а јас златна више уште од рака да ја ранам. Јас знам каде грешам, те слушнав и се пратев еве менувам, а да не треба и тебе редот за тоа да ти дојде??? Не дека не Ме поднервирува ова по малку, ама маж ми ми вика мавни ги од видокруг, не се замарај! Јас знам колку се трудиш, неможам устата да и ја зашијам ( а не е дека не пробал! ), нека дрнда! Гледај си ја ти твојата работа, и не се замарај. И точно тоа го правам, и јас и он. Си спремаме свадба, се малтретираме со нашите проблеми, и си го живееме нашиот живот!
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  3. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски

    се согласувам со тебе, мислам дека сите што живеат со свекрви пред се треба да бидат срекни што тие им дале дом и секако дека кога ке им влезеш во куќа ке се прилагодуваш на нивниот куќен ред, а не да кажуваш правила... а во овој случај, јас би рекла вака: станата сум и имам време ај направи кафе и ке пиеме заедно и од утре да знаеш станувам во толку и толку, ако вариш вари и за мене, или ако станам порано јас ке ти сварам, и така се ке се реши, јас не гледам проблем тука.. можеби жената навистина нема информација кога ти стануваш и кај одиш, тртеба некои работи да се кажат:))))
     
  4. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    Со оваа твоја изјава воопшто не се согласувам затоа што домот го прави семејството, домот е таму каде што ти е срцето и најмилите, а НЕ Е дом куќата или станот , тоа е само живеалиште и само затоа што некој се нашол таму пред тебе треба да ти наредува , психички малтретира и секојдневно загорчува животот.
    За да не бидам погрешно разбрана , јас сум во брак скоро 8 години и со свекрва ми имам коректен однос.Понекогаш знае да ме извади од кожа (најверојатно и јас неа ) , ама за тоа тука сте ми вие да се испукам и да ми помине маката,оти тоа најчесто се безвезе работи , ама ете знаат да ме изнервираат и толку.Сепак знаеме да седнеме и да направиме 2-3 реда муабет оти ете сепак сме принудени да делиме покрив над глава . Мене во животот ова ми е водилка
    [​IMG]
     
    На anule88, stefi23m и Ethrnity им се допаѓа ова.
  5. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Секако треба да бидеме благодарни што ете се потрудиле и обезбедиле некаков кров над главата тоа никој не го порекнува.Проблемот настанува кога токму поради тој кров снаата се доживува како државен непријател број еден и е изложена на секојдневни тортури и притисоци,омаловажување,треба крв да плука за според нив да го заслужи домот.Не фала, не ми треба!!!!
    А и тие пред да им се жени синчето треба да бидат свесни дека некои работи ќе трпат промени штом се согласиле на живот во заедница...ако сакаш живеачка и мир компромисот треба да биде двонасочен.Тој дом е сега и дом на снаата а не само нивни,и не е пријатно некој само затоа што е снаа да седи како на трње!!
    А што ќе беше ако свекрва и сварила кафе...ќе и се сронеше бисерот,наредниот ден па снаата ќе свареше и ќе си имаа живеачка...а не да глуми лудило...леле незнаев дека си станала..глува и слепа да не е?
     
    На Anyshka и anule88 им се допаѓа ова.
  6. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Проблемот настанува кога токму поради тој кров снаата се доживува како државен непријател број еден и е изложена на секојдневни тортури и притисоци,омаловажување,треба крв да плука за според нив да го заслужи домот.Не фала, не ми треба!!!!

    Кој вика дека треба крв да плука за да го заслужи? Нема да го заслужи никогаш :) Снаата треба и мора да се привикне на тој начин на живот во туѓ дом, реалноста е таква, а ако е како што викаш НЕ ФАЛА НА МИ ТРЕБА- вратата ја знаеш каде е, заминете под кирија па ке видиш како навистина се плука крв, само после ке ја молиш свекрвати да се вратите назад :)
     
  7. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    можи да ти се прави газда сето тоа во ред ако свекрвата сама си ја изградила куката и вложила во неа, а неможи да ти се прави газда во нешто што небило нејзино и не е сеуште, а при тоа и не вложила многу во тоа што седи, каде и таа дошла некогаш како снаа и го наследила тоа од нејзината свекрва ( а можи да се и две снаи во една куќа (јатрви)и сега јас треба да се борам со двете а притоа не е ни на едната ни на другата тоа е останато од нивните претци и тоа на нивните мажи ) И како што кажаа дом не е само покрив на главата, туку дом е мажот, децата, семејството без нив се никој и ништо !
     
    На lolyta777 и Abeja им се допаѓа ова.
  8. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Можеби станот е нивен, но ние сами го реновираме од корен!!! Значи од електрика, цевки, апарати, глетување, нови прозори, средување на старите врати, стругање паркет, мебел, купатило ново, се, се, се! И ќе ми кажете дека тоа е нејзина дома и дека јас сум на гости таму во туѓа куќа? Е нече мочи ове ночи. И нивната соба им јас средивме, тоа регалот врз глава на спиење ќе им паднеше некој ден. Треба фала да кажат што сме биле домаќини со години и што сме заштедиле за да си направиме дом и пол, а не да ми брмчи некој дека тоа не ми било дома.... Повеќе пари оставивме внатре отколку они што го отплатиле на времето, нели од тие општински ли како било. Немам никаква грижа на совест ако ми доаѓа мајка и кога ни е ќеиф, во нашата дневна седи, на наша гарнитура, кафто и е во наш филџан, на нашата масичка. Со две раце и памет што сме заработиле. Исто и ако не дај Боже ми промрчи некој некогаш за што сум вадела на маса (специјалност ми се поховани работи, ги јадеме само кога има гости, си правам онаква даска), кога целото јадење е од нас двајца донесено на таа маса, и никогаш не сме рекле јас те ранам. Баш напротив, уште прашувам кој што сака. Така да, јас си одам во новата ДОМА, и тоа не дозволувам никој да ми го наруши!
     
    На Anyshka, Hipster, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Човек што не искусил на своја кожа како е.. лесно е да суди и да кажува за другите....значи јас ова ти го кажувам од лично искуство мене ми беше забранувано да зборувам...јас сум немала право на глас во таа куќа како дојденка сакаше буквално се да биде по нејзино...ако тргнев до продавница...ми велеше не сега дворот прво да го изметиш...ако земев нешто да работам не така вака јас како што ти кажувам ...ти незнаеш да готвиш никој нема да ги јаде твоите јадења.Нон стоп правеше интриги,сплетки и кавги ,предизвикувачот на сите караници беше таа.Платата што ја земавме бараше неа да и ја даваме ,човек што никогаш во животот не работел.Значи ова е само дел од тие случувања...имам уште многу за кажување,јас бев третирана како роб а, не како човек без право на глас и никаква слобода...и тебе ако сето ова ти изгледа нормално и прифатливо блазеси ти на паметот што го имаш.
    Јас си заминав оттаму засекогаш...ни на крај памет не ми доаѓа некогаш да се вратам таму...и не таа еден ден ќе се сети што правела и како правела и ќе бара да и простам ама јас нема да бидам таму!!!
    Мене совеста ми е чиста!!!!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    ме потсети сега на македонски народни приказни :) ама сите коментари што сум ги дала јас се однесуваат за нормални луѓе во нормални околности, а ова што ти го кажуваш е само за македонски приказни, тогаш и во ред е што си заминала, секако дека сега сте мирни :)
     
  11. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Човекот што ја гледа својата жена како принцеза е доказ дека е одгледан од кралица!!!!!
    Па сега видете вие од што се одгледани нашите мажи :lol:
     
    На popi, artemis, feferona и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Како си 17март? Шо има ново натаму? Се смиривте ли со мажот?
     
  13. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Јас не сум никако онака разочарано...сега за сега нашиот брак е само фиктивен!!!
     
  14. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    [/quote]


    се согласувам со тебе, мислам дека сите што живеат со свекрви пред се треба да бидат срекни што тие им дале дом и секако дека кога ке им влезеш во куќа ке се прилагодуваш на нивниот куќен ред, )[/quote]

    А не дом не ми дала тоа беше привремено живеалиште за време од некои си 30 дена затоа што она сакаше малку да поседиме кај нив па јас да и го напраам ќеифот (кој траеше неполн месец ) да не биде оваа уште од свадба забите стан имавме и пред свадбата и бевме спремни на паркет да спиеме зашто кревет немавме (ама ајде јас паметна ќе се праам мајка ти сака малку кај нив за почеток :D ) кои си го купивме сами со наши средства дел заработени во странство , дел од моја сметка уште отворена од моите како мала и малку дел поклон од свадбата они не дале ништо ама НИ ДЕНАР ЗА МОЈОТ - НАШИОТ ДОМ ниту пакз а свадбата од страна на младоженецот се мм си плати , да незборувам дека во тие 20 и кусур дена ние купувавме и ние ги плативме сметките кај нив
     
  15. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    и јас имав проб со свеки но од наредниот месец ке ги нема решивме да се поделиме.Имам пишано за нејзината хигиена и воопшто повееке нема да се замарам што како прави таа ке си биде на долниот спрат јас на горниот.Се договоривме ко ке има потреба и ко ке имам потреба да се гледаме да не ми се шета низ моите соби ниту јас низ нејзините бидејки степениците се внатрешни една влезна врата е,ко ке сакаат малиот да го видат СЛОБОДНО може да дојде кога сака бидејки му е баба какава таква не сме ни први ни последни што сме се карале ама сепак е мајка на маж ми а и баба на син ми,сепак имам разбирање жената е 60 год јас сум 21 и разликата си го прави своето ама еве најдовме некако решение ке си го доправат доле спратот со уште една соба ма да јас сакав ние да седеме долу,но тие дека биле стари нема да можеле по степениците да одат горе долу и така падна договор.колку толку нема да се гледам 24 цаса како до сеа па да си наогаме маани.
     
  16. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Само да ви кажам дека имате гоооолема среќа што мажите ве подржуваат!!! :|
     
    На rici.aaaaa и irena.1 им се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски

    се согласувам со тебе, мислам дека сите што живеат со свекрви пред се треба да бидат срекни што тие им дале дом и секако дека кога ке им влезеш во куќа ке се прилагодуваш на нивниот куќен ред, )[/quote]

    А не дом не ми дала тоа беше привремено живеалиште за време од некои си 30 дена затоа што она сакаше малку да поседиме кај нив па јас да и го напраам ќеифот (кој траеше неполн месец ) да не биде оваа уште од свадба забите стан имавме и пред свадбата и бевме спремни на паркет да спиеме зашто кревет немавме (ама ајде јас паметна ќе се праам мајка ти сака малку кај нив за почеток :D ) кои си го купивме сами со наши средства дел заработени во странство , дел од моја сметка уште отворена од моите како мала и малку дел поклон од свадбата они не дале ништо ама НИ ДЕНАР ЗА МОЈОТ - НАШИОТ ДОМ ниту пакз а свадбата од страна на младоженецот се мм си плати , да незборувам дека во тие 20 и кусур дена ние купувавме и ние ги плативме сметките кај нив[/quote]

    Навистина pepus што е работата со таа желба на почетокот малку со нив да се живеело. Исти случај сум. Ние, погоре негде пишував, сега си го спремаме станот лека полека. Прво кога слушнаа дека сме купиле се распаметија неговите родители, па зошто (тука има место), па како (читај: од кај ви вас пари) ваљда не сметаа за мнооогу по не способни, па што ќе речат комшиите и слично. Втор обид им беше: а зошто не си го издавате станот, а тука да си седите, демек ќе ви помагаме а вие у ќар ќе бидете :^) мислам молимте ние не купувавме нов стан за да го издаваме. И последниот обид: ајде на почетокот почнете тука со нас да живеете и после некое време иселете се. И не разбирам што ќе добијат со тоа. Па ако им е за комшиите после ќе биде уште по тешко и ќе бидат пооговарани, еве си одат младите ќе биде работата. И многу луѓе ме убедуваа демек напрај и го ќефот на идната свекрва за да те сака оди малку таму живеј (вклучувајќи ја и мајка ми), ама не се решивме. Ова малку мрчење што го видов од неа не ми се свиѓа, а не па заедно да живееме, а не сум некоја толерантна личност. Може погрешивме незнам, ама ние така одлучивме.
     
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Многу паметно сте одлучиле ич да не му ја мислиш чим вас ви е добро ама она со издавањето истата приказна особено од страна на свекор ми он беше запињач станот дека сеуште неуреден да се издаде а ние да сме се стуткале па после ќар ќе сме имале ааа не не фала стиснавме заби го реновираме на две на три зашто јас моравда се оперирам и по операцијата свекрвами беше децидна да седам кај мајка ми она не можела да ми помага таму да седам и тие 6 месеци додека да зарасне раната која е долга 20 см ијас да се опраам да средувам и одржувам куќа се реновираше си купивме кујна и еден седмосед иси влеговме со толку верувале или не во вц то плочките не ги сменивме туку само елементите и еве после две ипол годии живеење имам уште мн работи да докупувам ама ако мир си е мир иако сме мн блиску со нив влезовите се отспротива на 5 мин и помалку пешки одвоено си е одвоено
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    ЕЕеххх...да беа сите нормални немаше во 95% од разводите причина за развод да биде желбата на свекривата за доминација ниту ова ќе беше една од најкоментираните теми на форумов....Ч)
     
    На HEV му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    еве сто забележав јас :!: политика мора малце политика за да ве остават на мира :)
    и јас сега она си кажува а јас да да да да да да аха аха аха аха аха така така така така :D и така жената се смени ги нема оние расправи јас мое мислење таа нејзино и кавги и се :D
    само сакам да кажм така пробајте па и сто сака нека збори само по свое и на крај воопсто не слусај ако не сакас..сепакд а се знае али сто и како :)