Дај не претерувајте, да си направела мини кујна во собичката Членкава сигурно едвај има кај да стапне во собата, маж жена и дете во 10 квадрати вие па и таму да готви па и тубата за вода и ја испланиравте. Се било возможно Свашта.
Кога си во врска со некого, во оваа земја начесто девојката е таа што оди кај дечкото на преспивање бидејќи нели..дечкото е фраер а женското ако донесе дечко дома - ауууууу ќерко, што ќе речат комшиите?! Кога стигнеш до степен да се мажиш со некого, се мажиш за мажот а не за цела фамилија. НО, фамилијата оди во пакет со бракот. Како неговата, така и нејзината. Да речеш дека фамилијата на маж ти живее како цигани - да, дискриминирачко е. Бидејќи не сите цигани (роми) се нечисти, а тоа циганското во речникот наш останало од памтивек и треба да се искорени. Има и други начини да кажеш дека е нечисто. Ако не е чиста кујната - чисти ја ти и користи ја. А мачките се толку чисти животинки, многу почисти од устите на некои луѓе.. Да забраниш на деверот да си ја носи девојката дома е еднакво да ти забранат на тебе да преспиваш т.е живееш кај нив. Да бараш од деверот и неговите родители да ви плаќаат кирија е толку смешно и глупаво во исто време.. што не побарате од твоите и од брат/сестра да ви плаќаат кирија? Да оставаш дете да седи со баба во соба каде што е димна завеса и мачката повраќа и моча е рамно на лудило. Зошто бре жени постојат градинките? Па можела па не можела па лежела па не чистела... па дома си е, ќе лежи и 7 дена ако сака, не само 3 дена. Ќе прди, ќе смрди, ќе пуши и тоа од нејзини пари а не од твои. Ако на мажот и не му смета тој да е и маж и жена дома, тогаш нема што на други да смета. Сакала да го чува..како не! Моето дете ќе оди во градинка и ќе се социјализира од мали нозе, ќе билда имунитет и ќе стекне другарчиња. Ете за тоа се градинките. Баба сервис е добар за кога треба некаде да одите со мажот, а не работат градинките.. На запад во нормални држави си викаат дадилка и си ја плаќаат од саат. Кај нас бабата е без пари, па и замерки им наоѓаме и по цели денови се должни да ни ги чуваат децата.. Па правење драми за без пари, ќе си одела со мало бебе.. па оди си ако имаш каде. Сигурна сум дека и сопругот ќе дојде ако има поарно.. Самата кажа дека горе готви на решо, значи не е 10м2 собата. Да ставиш кревет, детско креветче, гардеробер па и решо за да спржиш нешто а да не испрскаш се околу - не се доволни 10м2 .. Ама да ставам решо при кујна долу - ни на крај памет. За Мултиофис се збореше и на форумов на долго и широко.. убаво рече @Cka ..подобро е адвокат со време. Само се чудам како адвокат не фатиле при правење на договорот, па да ги поучи малку. Да, сума пари бараат ама нема да излезеш заебан на крај.. Сума симарум преку леб и погача. Со самиот факт дека човек е во туѓа куќа треба да се прифати и дека секој има свој дел во таа куќа и треба да се почитува приватноста. А под приватност се подразбира и чепкањето во телефони и дремењето во туѓа соба и зјапањето во цицки. Заклучиш врата и нека дојде да зјапа. Ако нема брава вратата - купи си нова. Џабе пари се..
Мојата ко реков дека ќе ја запишуваме в градинка малата вика не ја запишувајте, јас ќе ја чувам. Ја одбив веднаш. И ме прашува, што мислиш поубаво ќе ти ја чуваат в градинка? И велам, како што ги чуваат сите така и моето. Настрана што имам и причини зошто свеки да не ја чува малата, стварно мислам дека градинката е прва и најдобра опција за чување дете.
Во врска со градинките, моите две ќерки од година и два месеци се на градинка, а живееме во заедница со свекрва ми. На почетокот се лутеше зошто ги запишав на градинка, но мислам дека така е најдобро, не дека и градинките немаа свои недостатоци, така нема никогаш да ми рече јас ти ги изгледав децата, едноставно не сум зависна и на секоја кавга нема да може да ми пререче бидејќи за големата ќерка ми рече демек ако не била таа нема да сум можела да ја избањам. А јас ја викав заедно да ја бањаме бидејќи гледав дека тоа ја прави среќна, ама поука за второ се сама си ги гледав и бањав и се во врска со децата.
Некни така свеки ми кажува за некоја нејзина пријателка што го чувала детето од синот и снаата, па и коментарала пријателкава на мојава свеки дека снаава не си идела право од работа дома.
Се фативте зошто преспивала девојката на брат му кај него, ако веќе имала комоција дома. Па што ако има? Дали @Anilove ќе седи во собата на деверот, ако девојка му не е тука? Не. Па така ништо не менува фактот дека девојката цело време била тука и немала осет, кога и онака овие седат во една соба. Разбирам дека ја фрустрира и гужвата, и седењето во една соба и нечистењето, ама твој избор е да седиш таму. Никој не ви е крив станот што не ви е готов, па кај ви дале привремено живеалиште, можеби и за купување на станот ви помогнале, ви чуваат деца, па сега за да ти е поудобно и кирија да ти плаќаат. Ако не ви одговара да седите таму, одете некое време кај твоите, нема да имаш неканети гости. Сама рече дека твоите ти обезбедиле, а овие не. Или па, одвојте си 6000 и одете под кирија. Решенија има, ама ако сакате. И какво е тоа барање, НЕ КАШЛАЈТЕ ДОДЕКА ГО ЧУВАТЕ ДЕТЕТО? Да бараш да не пушат во негово присуство, да не кашлаат во него, во ред, ама да кажуваш дали треба и колку да пушат, парите за што да ги трошат, е премногу. Ти самата претеруваш, треба да ти е јасно дека не можеш да наредуваш на никого и да му го кроиш животот според твои замисли. Можно е ниту да те сакаат, ниту ти да ги сакаш, ама вака да се однесуваш, да правиш сцени и да имаш барања како принцеза, не!
@Anilove Со станот и не разбрав баш што се дешава но , кога ќе те нервира било кој изгаси мозок и мантрај ,,нема да живеам засекогаш тука"!! Има некои од нас што знаат дека 98 % засекогаш ќе живееме во заедница па еве лично мене не ми паѓа на памет да си одам сама од дома и да се разведувам заради свекрва . Се согласувам со членките во однос на чепкањето по туѓи телефони и девојката на девер ти ... ако нив не им е незгодно да седат со куп луѓе тебе ич не би требало да ти е особено ако си имаат посебна соба ,а со седењето на девојката со свекрва ти можеби сака да и се допадне.. А факт е тоа дека свекорот и свекрвата се арни додека не им влезеш дома ,со неколку пријателки и познанички што сме разговарале сите викаат пред брак почитувани се чувствувале после излегле многу работи.
здраво на сите. Во брак сум една година, и со бебе од 2 месеци. Живееме во заедница, на прв спрат јас и маж ми со свекорот и свекрвата, на вториот деверот и јатрвата. Летово куќата ја доградувавме со тоа што направивме дел само за нас. Меѓутоа од како направивме сите почнаа тука да си седат. Горе немаат кујна ајде само демек за јадење да се тука, но тие си влегуваат и си седат тука кога им се сака. Кај по цел ден па и навечер во 10-11 влегуваат без осет дали бебе ми спие или не. Другиот проблем е со маж ми што не сака воопшто ништо да им каже, они да не се налутеле а цело време ние се караме, ми вика да се стрпам бидејки ќе почнат да прават куќа и ќе си заминат за ние да си го средиме и спратот. Он сето тоа го трпел за да ни ја препишат цела куќа на нас. Друга работа што за се си се понашаат како да е нивно само кога треба да се чисти е тогаш се е на мене. Некој совет како да постапам бидејќи ми иде да си ги соберам парталите и да бегам, заради тоа што маж ми до сега му е побитно на другите да им е поудобно него на мене и бебето. Раат немам никаде. Имам уште многу за пишување, но за почеток доста е.
Немаш како да постапиш освен да трпиш или да си заминеш. Прво не е твоја куќата, не можеш да ги избркаш. Второ, маж ти ако не те поддржува, нема што да се прави освен трпење или заминување.
Како што прочитав имате посебен дел, клуч на врата и готово, кој сака во 11 да влези ќе им кажеш бебе спија и готово. Мораш да бидеш поостра.
Затоа што им е дадено клуч за кога ќе не сме дома да се служат со кујната Не сакам никого да бркам, едноставно малку ред да се има. Јас кај нив не се качувам никогаш.
Се сложувам , немој да се замараш каква ќе испаднеш, гледај да си го сочуваш мирот и нервите, само мудро и тактички , еден ден заклучи ако утредента ти спомнат абе што е заклучено, речи им епа ако не фатите на сред работа кого ке му е понепријатно и насмеј им се, веројатно ке им стани јасно, дека премногу навлегуваат во личен простор, и биди истрајна, не се откажувај додека не им го покажеш местото.
Епа...не знам што да ти кажам. Извини ама маж ти е далеку од маж. На тебе останува да бидеш директна, сакам да одмпрам и бебе да одмара. А кога ќе дојдат стави им крпа и правосмуклака во раце, како и на маж ти.
Тоа што ти имаш осет за туѓите граници не значи дека и они имаат, јас од искуство ти кажувам , прочитај подолу што ти реплицирав и биди мудра.
Кој поточно иде и си седи постојано кај вас? Ако маж ти не сака да им каже, кажи им ти, не мораш одма дирекно, потруди се тоа да е на индиректен начин почни превртувај очи кога ќе влезе некој, издиши и уф аман речи, кога ќе видат дека се непосакувани треба да им текне дека не се добредојдени, друго е да си заклучиш и кога сакаш ти да отвориш тогаш, трето е дирекно да ги седнеш и да им кажеш дека сакаш приватност и раат.