А зошто вашата кујна се користи? Како што разбрав тој дел е за вас направен, кај свекрва ти нема кујна?
Има, она таму готви, а се јаде кај нас. Еден ручек неможам да направам и да јадеме само јас и маж ми. Гости кога ќе ни дојдат исто сите се тука..
Штом мажот ти не сака да им каже, кажи им ти. Културно кажи дека на тебе и бебето ви треба приватност и мир, ако се свесни ќе разберат.
Земи заклучи врата и изгаси светло навечер демек спиете. Па ако ти ѕвонат на телефон да отвориш, тогаш ете ти шанса да им речеш од вас човек неможе една партија со мажот да направи. Сама мора овој проблем да си го решиш. Од сопругот не очекувај помош, штом не сака да си замери. На смеа на шала плесни им го во лице дека си сакаш приватност. Ако имаат осет малце, ќе разберат.
Како за почеток, измисли дека си го изгубила твојот клуч и нека ти го дадат нивниот (ако не ти е згодно да им кажеш отворено). Нека си ја користат кујната на свекрва ти. Ако ти ѕвонат не отврај, не кревај, речи во wc бев, не слушнав од музиката, сме дремнале и слично На маж ти кажи му сериозно дека вака веќе не можеш. Сакаш да си со него и бебето, овие години и моменти со бебето нема никогаш да се повторат и дека сакаш да си уживате. Мораш од него да имаш поддршка за да успеете.
Исто мислам. кај мене на почеток така свекрвами влагаше ставивме клуч , јас си седев заклучлена.прва ситуација- тропа тропа а јас усисавав не слушнав. и подоцна слушам некој експлозивно тропа- отварам и она- АУ што си дочекав да МИ ја заклучат вратата ( а ние на друг спрат ). и кратко и јасно му реков- затоа постојат клучеви, има нешто што се вика приватност. го крена носот замина. од тогаш ниеднаш во наредните години не влегла без да се најави. а ниту јас освен кога треба да направам pick up на дете, ама тогаш очекувано е оти идам да ја земам. ГРАНИЦИ стави ако сакаш МИР во заедница. не се замарај спо рекла казала, а ако маќотти нешто ти пререче кажиму оти прво проба преку него и не се расправај. игнор. време треба и трпение ама биди упорна за да на долги стази да си рает
А додека вие направивте кај готвеа? Нека готват пак таму. Куќа не се прави преку ноќ, тоа е процес, дур направат ќе пројдат 2 години, ти уште 2 години мир ќе немаш. Ако маж ти не може да го реши тоа реши го ти.
Готвеа у старата кујна кај свекрва ми. Т.е само свекрвата готви за сите. Пишав погоре дека ни едно јадење до сега со маж ми не сме седнале сами да го јадеме. Сите на куп сме
Ќе седнеш со маж ти и ќе му кажеш дека вака неможеш повеќе и доколку не реши он ќе идеш кај твоите додека си направат куќата они. Биди цврста и стој на зборот и ќе видиш како ќе постапи. Зашто он нема да искочи толку лош како ти што ќе бидеш лоша и ќе ти изнакажат се и сешто и повеќе нервоза ќе имаш. Зашто луѓето се без осет тоа е повеќе од очугледно.
Пак нека си готват кај свекрва ти, ако вие со сопствени пари сте си го направиле тој дел ваш да си биде, зошто да се потресуваш.
Eпа малце бевезе е - ете ви клуч да си готвите, па после дај го клучот, нејќам да ми влагате.... Таквите работи во старт се дефинираат, зошто после оп! искачаат други проблеми. Новата кујна ко сте ја правеле сигурно бил муабетот - еве од сега пошто е нова тука ќе си ГОТВИМЕ... Башка тапа ти е ситуацијата, бидејќи немаш поддршка од мажот, сепак тој треба да си разговара со нив и евентуално да им рече некако да се разграничи просторот за живеење - како што вие не се качувате горе да им досаѓате на девер и јатрва, така и тие нека не досаѓаат кај вас. Нека си готват во старото кујниче, а за некои празници или ко ќе ти е тебе и на маж ти мерак, ќе си ги викнете кај вас на ручек на кфе итн. А тоа - да трпиме за да ни препишат - ако намислиле тоа да е ваше, треба со алал да ви го дадат, а не низ нос да ви излага...
Мене во целава приказна ми остана како трн во око ова што го велиш, болдираново. Дали твоите му ја имаат ветено на маж ти целата куќа, сосе спратот на брат му? Или се договориле на секој син да остават еден спрат а тие да се отселат? Дали кога се доградувало сте се договориле дека тоа ќе биде ваше? Тоа се договара однапред, јасно и на маса. Не се препоставува. Не се прават задкулисни договори и коалиции. Ако не сте седнале да се договорите кое чиво е, кој во што инвестира и што очекува заради таа инвестиција, сите ваши очекувања се имагинарни. Зошто маж ти мисли дека ако се зборува отворено за имотно-правни работи и за поделба на сметки и обврски дека ќе се искараат и дека ќе мора да си заминете? Па, вака без договор и со еден куп недоречености, сигурно ќе се искарате кога тогаш. Само најпрвин ќе истрпите години драмење, мешање еден на друг и меѓусебни интриги.
Лекот е само директно во фаца да си кажеш што ти смета, другото е само мачење и губење на нерви со години. Од лично искуство: Јас сум 6 проклети години во заедница додека ќутев и се однесував како чистачка, слугинка, готвачка, хигиеничарка на крајот пак бев јас виновна за се. На нервозите , плачењето и караниците им немаше крај. Замисли мене ми го исклучуваа бољерчето за топлење вода и со ладна вода миев тањири ( зимно време рацете здрвени) а машината за садови ни во мисла неможев да ја уклучам ( Така си стои нова ). Ми пукна филмот викам нема вие со мене мајтап да си играте доста е. На ручек мора сите заедно да јадеме дури и се чекаме јас ќе си се најдам и ќе си станам моето тањирче во рака ќе си го измијам и во соба си одам. Почнав само спалната и дневната да ги чистам другите соби НЕ на мм му реков бидејќи мајкати само збори она чистела веќе да и кажеш да не ми чисти во спална и во дневна јас таму ќе си чистам.. дали и кажал или не незнам не ме интересира. Еднаш влезе во конфликт свекрва ми со мене зошто не сум миела повеќе садови и сум чистела само две соби така убаво во лице и плеснав се што ми лежеше и од тогаш ја одбегнувам неа ама и она мене. Еве веќе една година раат на душата имам, сега што и да ми пречи само во фаца им плескам и ќе си заминам во соба. Во дневна морало сите заедно да седиме, ма немој молимте неколку дена во спална си седев цело време па уште силна пред сите зошто не сакаш со нас да седиш бегаш од нас. Јас и реков цел ден сум на работа главата ми пука и ти сакаш да седам тука на фотеља сакам да одморам плус и муабет не ми се прави сакам да одмарам. Сега веќе не седиме заедно, кога ќе почнат да зборат дрн дрн дрн јас станувам и на мм му вика одам книга да читам нешто ново да научам и си одам. Само во фаца директно дали се лутеле или не ич да не ти е гајле. Штом мм не реагира гледај си сама за себе да ти е мирна душата иначе крајот кај ќе ти биде.
Да, цела куќа ќе остане препишана на маж ми.Барем така се договориле. Затоа сега почнува брат му со куќа и ќе ни отстапат цел спрат.За другото се маж ми се има договорено пред да се земеме.
Епа ако така, ко ќе си заминат девер и јатрва, односно ко ќе се преселат во новата куќа, седнете си на маса со свекор и свекрва и направете си договор, да не ви висат после на спрат по цел ден. А до тогаш, мој совет е да си потрпиш, грешката во старт ви е направена со тоа што сте им дале целосен пристап и клуч од вашиот дел. Не можеш да им замеруваш дека то влагаат навечер, замисли тебе да ти се пријаде нешто у никое време, а да знаеш дека е тотално ок да се движиш низ кујна пошто заеднички ја користите - нормално ќе идеш да си спремиш нешто. Е сеа малце глупо е тоа со чистењето, ама прај се малце неспособна - речи и на свекрва или јатрва демек имаш мало бебе вака-така ај те молам помогни ми ако сакаш и можеш со завесите да речеме, па после ќе сварам кафе ќе пиеме итн. Сега на нервна база те мава и од хормоните дека скоро породена, ама не се секирај се ќе помине, за скоро се надевам ќе си бидете на одделен кат, со клуч на врата и претходен договор - мирна глава.
А и кога ќе дојде некоја од нив речи - е убаво што дојде, таман ќе ми помогнеш да зачистиме и дај и крпа,средство, правосмукалка... не прашувај - ќе ми помогнеш ли, туку ќе ми помогнеш
Ти со моиве да не живееш? Иста ситуација и кај мене е, со години. Јас со свекор и свекрва, браќата од маж ми на спратови посебни, цело време си живееа долу сите на куп, тука се јадеше, се пиеше, доаѓав од работа немав кај да седнам, после се породив пак исто. Тука си правеа имендени, родендени, ние легнати навечер да спиеме, само слушаш чекори надвор, еден влегува друг излегува. Ај тоа без осет, со гласно зборување, со смеење, со пеење... Кога си ги опремија спратовите и ги наместија тип топ, си се преселија таму, клучот на врата и МОРА да се најавиш ако планираш да им одиш, или да окапаш 15 мин пред врата за да ти отворат. И ден денес пак слободно си доаѓаат долу, кај мајка им и татко им идат, да, ама тука живееме и јас и маж ми и децата, и треба бар малку осет да се има. Секој празник тука се собираме, ако имаат нешто работа или ако сакаат да си одмараат овие горе ќе ги донесат децата тука на чување, а и јас сум со две деца, плус одам и на работа, сакам кога ќе дојдам малку мир и тишина. Малку е тоа што живеам со стариве, па уште и со 10 души плус. И што викаш лутење ако не сме седеле сите тука на куп. Маж ми ист како твојот, не сака да се расправа, не им вика ништо, зошто знае дека одма ќе се налутат. Јас кажано имам 1000 пати, ама свекрва ми за инат пак истото го прави, во нивна куќа јас да кажувам ли кој да иде кој не. Мм ќути вика ќе се реши, ќе се делиме, еве 5 години се делиме и никако да се делиме, а јас сама не можам да го решам тоа. И години ќе поминат и пак ништо нема да се смени, освен што јас ќе се оболам од нервози. Плус стариве се такви што сакаат во се да се мешаат, над се да имаат контрола. Не можеме да мрднеме без нивно знаење, без испитување каде, со кого. Од родендени, крштевки за децава до најситни работи мора тие да се информирани прво, да се замешаат. Во спротивно има викање, караници... И тоа само кога се однеува нешто на мене или моиве деца. На другите не можат да им се мешаат, но јас сум живеела со нив, децата ми ги чувале морало јас прво со нив за се да се консултирам. Се мислев дали да пишам за ова, ама еве ќе пишам да видите какви будали има по светов.Последно направија таква расправија зошто сум сакала да ја носам ќерка ми во градинка, која сум била јас сама да одлучувам, тие ми ја чувале 4 години, јас сега во градинка да сум ја носела. Морало прво со нив на маса да седнам, после да одлучувам. За дете свое не сум можела да одлучам сама ејј. Сакаат да имаат контрола над животите на другите, па ако не е по нивно е ова се случува. Проблеми еден куп и со маж ми ми направија (крив е знам, треба тој да им покаже до каде им се границите), но кога видов дека тој им се плаши им покажав јас, па сега ќе си ќутат, до кога ќе видиме, па после пак по старо.
ние имаме оставено клуч за недај боже.ама јас знам дека влегува свеки и ровари по цел ден.детали намерно ги имам оставено да видам дали се преместени без да сети и гледам дека се и така знам дека влага. оставам намерно сијалица запалена кога идиме од работа изгасната е. а не ни плаќа она струја. и секој ден така . дури и за то не ја пресечам. незнам што кеф е да се моташ по спратот на снаа цел ден што има толку интересно незнам ете.формулата е- се плескај во фаца ( упорно упорно како они што се упорни со гулостите ) + не зависи во ниедна смисла од неа ( работа, пари, баба сервис ) и нема со што да скока.јас сеуште не го користам дворот ако е напша куќа и ако ние реновиравме се. поарно на тераса рает , од неМИР в двор