Значи јас мислев само кај нас е така, ама не било.Тешење.. разговаравме синоќа со мм му реков дека ќе си се вратам кај моите додека не се средат и дефинитивно рече за денес дека ќе седне и се ќе им каже. А за свеки и она пред гости знае да рече аа како не градинка толку мал, јас ќе го чувам( а јас работам во градинка) .. само и реков родители има детето има кој да одлучува за него што и да треба, и се заќута.. исто идат гости да го видат бебето и остават пари со муабетот ајде догодина па сестричка и свеки ааа па и тоа машко (дека она со два сина).. Им нема крај на глупите муабети.
Жено не си во право , тргни од тоа што чепкаш во туги телфони која си па ТИ да му чепкаш во телефонот ??? натаму нема што да се прави муабет , ете од вакви снаии довагат проблемите и после се лоши свекрвите ... ТОЛКУ
Жал ми е навистина за вас што од х. причина сте приморани да живеете во заедница .Ај што старите никако да прифатат дека нивната улога е да бидат баба и дедо а не родители на нивните внуци,туку и на врат ви се и останатите деца со нивните деца,зошто нели кај мама и тато си одат да ги видат. Знам стринка моја така не чекаше, па уште и да не служи.Поради нерешена оставина собите на двата сина беа под клуч,зошто ние бевме настрана, си купија постарите браќа сами станови,а тие стуткани во две соби живееа долги години. Затоа сум за веднаш делба ,па макар на спрат во куќа.После до миле воље нека си ги пречекуваат бабите, децата внуците...
Убаво штом се договориле за големите работи. Ќе се договорат и за доаѓањето еден кај друг без контрола. А за глупите муабети само смешкај се и пушти ги нека си зборат. Како ветер нека те одмине без да те ремети. Тоа им очигледно нивото, и ќе си го прифатиш тоа. За чистењето бидејќи си почнала се да правиш ти и од старт си ја презела обврската без збор, нормално дека сега ќе користат. (не дека е тоа стварно нормално, ама за себични луѓе тоа е нормално). И стварно треба да си продолжиш да си чистиш само во твојот дел. За останатото ако те замолат и ако можеш и сакаш. Знаеш какви се луѓето- својот труд го ценат, а туѓиот не. Нивната работа е многу тешка, а твојата била лесна. Битно е да бидат обврските поделени, а ако не сака така свекрвата, повлечи се во својот дел. Некои дури и се прават дека не можат, дека се нешто ги боли.. А да беа сами? Пак ли немаше да можат? Кој ќе им средеше тогаш? Се е тоа изговор. За себе и кај својата ќерка да видиш како магично можат да работат и да чистат и да помагаат свекрвите. Своето дете го жали, а снаата не. Ама за жал сеуште постои тоа назадно сфаќање дека снаата е рмбачот во куќата. Не им текнува дека и таа е нечие дете и нечија ќерка. Конечно не им текнува дека зрели луѓе, возрасни учествуваат во обврските во домаќинството без да им се каже, зошто и тие живеат во него. Тој поим им е на многу во земјава светлосни години одалечен. Убаво што маж ти што си го притиснала и му станало јасно дека стварно ти е неиздржливо, па решил да поразговара. Само најдобронамерно ти велам- внимавај колку често го спомнуваш тоа „ќе си одам“. Мислам дека тоа „ќе си одам, ќе те оставам, ќе се разведам“ не треба да се користи во секојдневни кавги. Дури и да не го мислиш тоа навистина и да го кажуваш во лутина, со време ќе ви стане шаблон на однесување меѓу вас и грда навика. Не може за секоја битка да биде џа или бу. Ако некој постојано ти вика „ако не ова..., си одам“, за секоја работа што не му одговара, и ако се обидува на тој начин да ги решава речиси сите проблеми, утре ќе ти прекипе и ќе му речеш „па оди си“. Особено ако имате мали деца ваквите муабети најдобро ич да не ги слушаат, тие буквално ги разбираат кажаните работи и ги земаат при срце.
Чистењето е дел и на маж ми и ми помага, не можам да се пожалам. Но, тој е на работа иде прави тури и си доаѓа дали 10 дена у месецот ќе биде дома. Ако не фатам јас кога он не е дома, ќе се угушиме во прашина а не сакам бебе да ми седи во прашина. Гости кога идат срамот паѓа на мене ако не е чисто, бидејќи во нашиот дел се седи. За се друго е заеднички дел (како што они си имаат сватено) а за чистењето само на мене и маж ми.
Не, уште тоа им фали. Мои блиски роднини што доаѓаат да го видат бебето И уште сите тука на куп ако некој дојде кај нас на гости, си седат мува не ги лази. Навечер тв кај нас гледаат деверот и јатрвата, си имаат тие тв ама не им се плаќа за програми затоа дремат кај нас.А само 100 денари треба да плаќаат ако се поврзаат преку нашата антена , ама се штеди куќа ќе прават луѓето
Маж ти е крив, не они. Ама он е тој што мува не го лази. Никаква приватност да се немало, па и тие деверот и жена му при нивен спрат на други да сметат, без осет. Ама треба да им се каже, а не да молчете и двајцата и ти да се нервираш
Вечер се со отворени карти ќе се каже, убаво го подбрав вчера ама свесен е дека сум у право. Така си е научен да си ќути и трпи и мисли дека и ја сум должна истото да го трпам.
Пред некој ден ќе прашував овде како се справувате со напорни свекрви што сакаат по цел ден да ви висат на гости, да зборат на тел и да ги знаат сите детали и планови во вашиот брак. Маж ми на пример, воопшто не осеќа љубов спрема мајка му, можеби само некоја доза почит. На почеток го осудував, пробував да ги зближам ама сфатив дека таа никогаш не била мајка за нив освен што ги родила. Буквално никаква грижа, живееле во заедница, патела од нејзината свекрва и золва ми единствено што памти од детството е ќотекот што го јаделе со шипката од правосмукалката зашто свеки моја истурала бес врз децата. Е сега, таа моја свекрва сака по цел да се дружиме, да седиме, да пиеме кафиња. Не е тоа проблем туку јас немам време за нејзините глупости, максимално е токсична и секој ден се навраќа на нејзините проблеми од пред 30 години, се жали од свекрва и која btw е почината, жали за животот. Многу често знае да си прераскаже некој муабет како што таа замислила ама веќе ја научив и не дозволувам да ми прави проблеми со мм. Неколку пати сме ја фатиле како лаже, ќе се испокарам јас со мм за после да ги соочам и да искочи дека 'лошо разбрала'. Маж ми прво со убаво и кажуваше да дојде да си го испие кафето, да го види внучето и да си оди, да не ми ја полни главата со глупости, сега веќе нема трпение за неа, знае често да и урла ама женава не прекинува. Значи во милион ситуации ме има извадено од памет, ќе се скара со некој и ми ѕвони да плаче на телефон, 2 дена пред пораѓај ме испотресе премногу што мислев дека некој умрел, вториот ден во болница исто го преплакав ради неа. Ама јас таква мирна, културна, ќути си и трпи во себе. Таа ќе си отиде, јас со исцрпена енергија немам сила да мрдам, ми се плаче, на маж ми ако се јавам знам дека лом ќе ја направи... Се до вчера, кога ми дојде 6ти ден по ред дома и веќе бев презаситена од неа. Тема на денот: маж ми. Да не навлегувам во детали, но во принцип лошо ја водел фирмата, денар не гледале веќе, го малтретирал татко му многу работеле, не му давал да здивне... Готово, пукнав. И се свртев, на висок тон и објаснив колку нејзиниот маж е неуспешен и чека од децата леб да јаде, дека никогаш за ништо поддршка од нив не сме добиле, никаква помош ама затоа јас бесплатно сум и нејзе психолог. Проба да ми возврати и почнав веќе да се дерам. Муабетот како и секогаш заврши со 'ама јас не мислев така'. Да, мислеше. Како и секогаш, таа и маж и се најдобрите на свет, а децата и снаите не чинат, иако ние ги издржуваме, а тие не можеа ни една свадба да ни платат. Пропалици. Сакам да кажам, единствено решение е да си кажете гласно и јасно. Јас од вчера навака преубаво се осеќам. Исчезна таа грутка во гради, кнедлата во грло кога се воздржуваш да не заплачеш, па те боли грло после. Нема веќе сценарија под туш. Доста беше. Само чекам да се иселиме од тука и да ги гледам што поретко. Никогаш не сме доволно добри за нив, а тие се само пропалици кои живеат на висока нога, со кредити, се возат бесни коли, се фрлаат пари ама затоа не можеа ни соба да ни дадат, а камо ли станови или куќи, спратови како што ве читам тука. Сметка никогаш не ми платиле, за јадење не ми купиле. Добро, има исклучоци ама преретко, ако биле гладни и тие. На внук им внимание не обрнуваат затоа ни тој не ги сака, јас трудна го држам во раце, таа ми легнала во дневна турска серија ми гледа. Ај мрш. Камо да имав храброст порано да ја измарширам, главата раат ќе ми беше одамна.
Те прочитав и подоле и само ми потврди она што го претставував од почеток- седат за гага. Гага јадење, гага пиење, друг носи и плаќа, друг средува. Сега видиш, и за една тв претплата. Се средено потаман. Ич да не се чудиш колку пресметани можат да ти бидат роднините. Имам роднини кои пред пандемијата за да не трошат дента за ручек одеа кај луѓе на гости за да се најадат. Еднаш ги слушнав како си разговараат: денес е тој и тој празник. Кого имаме со именден или со слава на денов, да му се тупнеме вечер? А кај нив кога ќе отидеш, скромно ќе те пречекаат- со чинија чипс или колачиња и со сок на растворање и кафе. А не е да немаат, имаат и повеќе од тебе зошто "штедат" на туѓ грб. Се изнакупуваа имоти.
@Jana06 и @Skorpija25 многу слобода си земале вашиве свекрви. Со право реагирате. Си дозволиле слобода огромна, поголема и од онаа што мајка треба да ја има со ќерка. Од што не воспитуваат од мали нозе да имаме почит кон постари, кон неговите, да сме воздржани, културни со сите, сме такви. Не не научија да се почитуваме прво себе си. Па уште и вина да осеќаш што си се побунила. Од некои луѓе стварно треба да се одбраниш. И себе и своето семејство. Верувајте дека и на вашите мажи ќе им олесни откако ќе се одлепат од такви родители. Свекор ми и свекрва ми немаа голема куќа, само една соба имавме наша кога се земавме. Самите од прв ден ми дадоа клуч и ми рекоа ако сакате, кога сакате на пр. кога не сте дома заклучувајте си ја собата. Ние решивме дека нема потреба да се заклучува ако не сме дома. Никогаш не беа без дозвола влезени внатре, а не па да ми чепкаат низ фиоки. Ниту па да легнат на креветот. Абе мајка ми тоа не го прави. Таа не живее со нас, ама многу често доаѓаше пред пандемијата кај нас (во нашиот сегашен дом) и ми помагаше ако треба. Никогаш не влегла без да најави, а имаше свој клуч ако и треба. Секогаш со ѕвонење или со јавување претходно. Дури еднаш ме праша да не и замерал маж ми што доаѓала?! Ние преблагодарни за помошта, да трча возрасна жена по нас, срам дури ни беше, а таа да не се наметнува се секирала.
Јас мислам дека се е до луѓето. И моиве додека бидне спратот не влагале во соба без прашање, секогаш гледале да се тивки дека ние сме иделе на работа и требало да одмараме. Сега сме посебен спрат, имаат клуч за недај боже ама никогаш не влегле без прашање. Дури и ако и кажам ај качи се на кафе она ќе чука додека не и кажам влези. Иде кај комшиката ако и затребало нешто , ама горе не се качила додека не сме дома , а и требало незз фолија или фулџан млеко на пример. Се е до луѓето, на блиска свекрва и се однесува како дома ама па она е лабава и тоа не и смета.
Баш така, преточно. Воспитувањето не ми дозволуваше досега да и се развикам. Културно и индиректно имам кажано многу пати. Не ни очекував нешто од неа зашто ја знам каква е. Буквално таков однос сакав, идење 2-3 пати месечно на кафе, 2-3 пати на ручек чисто за да го гледа внучето. Дури мислев и дека можеме да изградиме коректен однос и покрај тоа што сме многу различни. Мајка ми е презафатена со приватен бизнис и нема многу време ама кога доаѓа тоа е на викенд и спие кај мене. Не доаѓа да ми чисти туку да надокнади време со внучето додека јас си го искористам слободното време. Свеки од друга страна ни по дома помага, ни внуче гледа. Еднаш малиот и даде раче да излезат, само што се симнаа од лифт почна да плаче по мене. Најчесто им затвара врата кога ќе види дека свеки и свекор ѕвонат. Јас не сум крива за тоа. И она виде дека е ослободена од обврската внуче и ми доаѓа да си го излуфтира мозокот, да се напие кафе и дупки во гарнитура да ми прави. Уште ми се јавува дали имам ручек. Не, немам. Ни кафе последниот месец не и варам, сама си вари. На секој можен начин и покажувам дека ни смета 5 пати во неделата да доаѓа. На маж ми пред 3 дена му рекла дека доаѓа да чисти, замисли. Му пуштив камера да види дали чистела. Еден период бевме добри, лице си правевме ама пак ок бевме. Кога јас малку ја симнав бариерата, она се опушти. Да и текнеше еднаш да рече ние да одиме на кафе кај неа, не. Или да рече чекај работиш, имаш едно дете, сега си бремена со второ, ти треба нешто? Не.
Mi padna vo oci delot so kakvi budali ima..Izvini ama mislam deka ti si budala sto go trpis toj nacin na zivot coporativno ziveenje i vo se da se mesaattie ne se budali.. Toa e nivna kukja ,a ako tebe ne ti cini imas opcija pod kirija ili vas stan
Царица си со камерата И мајка ми исто ко мајка ти правеше додека работеше. Тогаш немаше време да ми помага. Тоа го правеше после пензионирањето. Сега веќе заради пандемијата не доаѓа кај нас, се плашат. Така да не ми помага низ дома. И вака е во ред, се снаоѓаш и без помош а и не сакам да ја товарам. Нема потреба. За лични работи никогаш не ме препрашуваат и не ни и кажувам се. И на двете ни одговара тоа. Таа не се нервира за работи врз кои неможе да влијае. Јас си ја сочувувам приватноста. Кога беа помали децата ќе ги земеше сите внуци кај неа за да се дружат па ќефови, ќефови... На распуст кога ќе беа обавезно и она дел од одморот го поминуваше со нив на море или на планина. Обожаваат децава да се со нив. И многу поубав ред имаа. За една недела ќе беа збуцкани, прошетани изнаиграни, одморени па дури и лектири прочитани . И задоволни што е најбитно.
@Jana06 ти бе чупе трудна си со второ ?? Се израдував Инаку не се справуваш ги игнорираш , ти плус делена ехе ... не сме дома ,само што заспа детево итн.. Може не е ок ама верувај најпаметното е. Јас и ти истата грешка сме ја направиле што се обидувавме да ги зближиме мажите со мајките тие очигледно си имале причини...
Јас ја измарширав мојата уште дечко и девојка ко бевме со маж. Јас така културна, за мир у кучи, таа се повеќе стиска на гас. Мојата имаше финта, кога не е мм во соба, тогаш да се изнакаже. Демек нема кој да ме брани. Ами ако нема мене кој да ме брани, нема ни тебе. Дерење и јас ко тебе, кажување се што ми лежеше, подзината остана. Од тогаш, ако осетам малку занесување, одма ја сечам, ама одма. Се гледаме 1 месечно, два саати на кафе. Со пандемијава цела година се немаме видено. Слушање на телефон НИКОГАШ. Зошто се слушате? Не ти е потребна таква главоболка. Јас само со мајка ми се слушам, со нејзе нека се слушаат нејзините синови. Ни јас ни јатрва ми не и се јавуваме и таа има забрана да ни се јавува нас. Едноставно физички граници поставуваш. 5 пати во неделата да ми доаѓа или да ми легне на кауч да гледа филм Стварно ќе попиздам скрос. Ама со ваков "стил" на комуникација, немам проблем со свеки никаков. Двете сме формални една со друга, што правиш, како си, и толку.
Значи ко ќе запнете со ова под кирија или стан искрено ми се Може немам финансии доволно. Има 1000 причини. Инаку никој не е будала да трпи вакви луѓе многу добро знам јас како треба. И ако читаш читај цел пост не само што ти одговара, кажав маж ми не сака не можам сама да одам под кирија или стан да купам. Имам цела куќа кај моите, но не се решава се со развод или со бегање.