Епа тоа е решението на вакви проблеми. Пред да се мажиш гледаш кај ќе живееш, гледаш дали на мажот му фуфка да и подрече на мајка му нешто, пробуваш да забележиш такви работи. Ај да речиме си се мажила, не си забележала. Одиш во куќата, почнуваш да се нервираш. И наместо тука да се пресече, не, се оди на прво дете. Ај кај што се раѓа детето, кога гледаш дека со 10 души живееш плус со старите, наместо тука да се размислува за решение, не, второ дете се раѓа. Ништо не се решава со развод или бегање, а со останување имате решено нешто? Многу често се чека другите да се сменат. Јатрвата да има осет, свекрвата да има осет, сите да имаат осет за да ви го решат проблемот. Дури не си превземиш контрола над својот живот нажалост на никого не му е гајле дека се нервираш. Често ни на сопствениот маж. Штом имаш куќа, собери храброст и замини на еден период. Ќе видиш како на маж ти му сте битни и ти и децата и ќе среди тој со неговите ако не сака да ве изгуби. А ако заминеш и не сака да среди, би сакала со таков да поминеш живот? Нема зошто да и се лутиш на членката, таа може лошо се изрази, ама навистина нема друго чаре освен да се тргнеш од тука.
Па тоа е решението. Посебно живеалиште. А не гледате да се омажите и да живеете со пет генерации, па потоа ќе се жалите на форумов.
@Осе Бидна конечно второто Порано беше така, огромна бариера околу мене, ми се јавуваше еднаш месечно откако забременив, претходно не. Ако сака да дојде ден претходно се најавува, дали сум слободна, да не смета итн. Затоа и бевме ок. Кога се роди син ми не зборевме 8 месеци и 'ги пропуштила најубавите моменти', па сега се фрли во акција за второво од старт. Филмови пред маж ми триста, ми чистела, го шетала малиот Деновиве дознав. Ќе и речам јас не сум дома доколку ми се јави ама guess what? Толку се опушти типката што прво почна да ми ѕвони во автобус накај мене, па прекина да се најавува, па почна директно на квака да ми притиска. Не знаеш колку ми се насобра овие 6 дена, плус со хормоните лудница сум. Затоа пукнав. Денеска му изнакажав на маж ми, вика конечно ти текна да ја подбереш, гледаш дека џабе и зборам не можам со инка во паметот да и ставам. Го замолив сега мене да ме остави да го решам проблемот, ако не успеам крајно е да добие бан од него, друго не знам што да и правам ако не се освести. @Mantub Е арно си ја средила работата уште пред да почне. Само што јас немав таква шанса, пишав погоре дека немавме никаков однос претходно, скроз формално едно здраво, краток муабет кога ќе идев кај нив. Откако почнавме да живееме заедно како дечко и девојка доаѓаше само кога син и е дома, не ми се јавуваше или ептен ретко. Си реков браво каква одмерена жена, со осет. Кога тоа.... Готово, го скршив мразот, сега ич не ме интересира како ќе се осеќа. Кога таа има храброст да ми доаѓа дома, да се понаша како дома, да го напаѓа маж ми, да му крева тон на детето... No mercy.
Ех не било до свекрвите! До нив е и стопати е до нив. Дека им е досадно во животот, да пополнат време. Алал ви на трпението на сите. Ама мора да си пресечете што поскоро, на било каков јазик и начин. За среќа имам салам свекрва, не е зомби тип да демне по нас. Живееме во стан, тие во стан посебно, гледање еднаш неделно кај нив. Не шеткаат често накај нас, нејќат гужви да прават. А за слушање, немам потреба да ѝ ѕвонам. Преку маж ми ќе се поздравиме и доволно е. Ниту маж ми пак не ѝ ѕвони на мајка ми или татко ми да се слушаат ете ради реда. Проблемот со свекрвите е што се немаат ослободено од фактот дека синот е женет и сам со сопругата си одлучува за семејството. Без разлика дали живеат заедно или одвоено. Проблемот со снаите е што премногу се притресуваат со нив, како се однесувале, трпат во себе, ќутат а не треба. Каква свест какво образование да има дотичната свекрва, така ќе ѝ возвратите. Проста - со просто, дерач - со дерење, наивна - со директни зборови... Со културно тешко дека ќе постигнете резултат.
Мир у кучи спроведен, ќе видиме до кога. Свекарот свесен што се дешава вика ајде ќе се среди уште малку, свеки глумица одма плачење, а деверот немаше многу што да каже па си ја фати вратата. И така сега свеки ни е лута не праи муабет попритресена што синот и за прв пат се побунил за нешто, ама сега снаата крива го набуцкала да каже Ќе видиме од утре како ќе е кога маж ми ќе отиде на пат. Фала ви за советите имајте убав ден
Ова со снаата е крива она го буцка синот е прича на секое македонско семејство Ја мислам дека не постои свекрва што ако синот се побуни занешто не рекла "ова се нејзини зборови мојот син не може да мисли така она го буцка". Заклучок наредниве месеци ќе бидеш ти крива за се
Ако додека маж ти не е тука пак е иста песна, ти торбичката , детето и кај мајка ти на гости. Фино лепо извести го дека пак е по старо и дека за свој и мир на детето неможеш да трпиш, дека лошо ти влијае и слично.
Кај свекрва ке слушнеш се и сешто за други, ама ако истото го прави синот или внукот е тогаш знаеш ли како се ќути и се прави дека не слуша.
Точно, за ова си потполно во право. Ако е за синот или внукот се се одобрува, и ќути, не се зборува, а да го праи тоа некој друг устите им се отворени ко чорапи. Тоа се тие двојни аршини. Па после се чудат на старост што не ги ебава никој.
Па не, реално, еве тргнувам од себе. Мене моите од парче месо ме одгледале. Јас сум нивно дете. Утре кога ќе треба, не е реално од снаа што вчера дошла во фамилија да ги гледа покрај мене жива и здрава или други деца. Без разлика дали лично или со плаќањњ лица за тоа, од снаите тука не треба никакви очекувања.
Абе со мојава имам супер однос и стварно е мирна жена, не сме имале конфликти ама јас плескам се . И мене ми е пресмешна кога ке коментира за други и кога ке и кажам ама и син ти или внук ти , тука одма се прави дека не ме слуша хахахах Зашто синот разведен , внуците се деца на разведени и така ги лигави и тинтра што ќе искочат тешки снобови и нема да ја погледнат за некоја година али нејзин проблем. Со мене уште од старт ни е решено се и колку и да и смета нешто ја гледам дека си стиска и си ќути , зашто знае дека кога ќе зинам цела улица ке слуша.
Тоа се тие мајки на нарциси, добро што така си и покажала дека си мангуп и за да не избие срам ќе си потќутнува, а внатре сигурно и врие
И вриее тоа сигурно, може и ме збори негде али баш ме брига. Додека не чујам јас арно, ама кога ќе ја чујам ќе се тресе куќата. Јас мразам кога има неправда и кога за нешто да се правиме наудрени и е ок , а всушност не е. Си плескам се и гајле ми е, неможам да ќутам и неможам. Може ми е маана ама таква сум.
Одлично е тоа, јас бев многу ќутлива и наивна на почетокот ,голтав кнедли многу неправди минав и се на психичко здравје ми се одрази, но сега веќе созреав и сфатив дека никој не е вреден за јас да се нервирам и патам, поради туѓа ограниченост и злоба, и така да сега си знае до каде може, штом претера ја сечам и си терам работа.
Абе кој е вреден повеќе од мене за јас кнедли да голтам? Додека немам дете јас ќе си бидам најбитна на себе и све би згазила пред мене ако ми стапнат на жуљ.