Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Ние имаме супер однос. Ме прифати како ќерка. Можам да кажам дека и повеќе ме поштова од синот. Може и влијае тоа дека ние живееме во друг град, па затоа повеќе се сакаме. ☺️
     
    На cresa-jagoda, Ljubova, bertold и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    5.835
    Пол:
    Женски
    Секако влијае што не живеете заедно :D
     
    На cresa-jagoda, Oneo, _Monroe и 8 други им се допаѓа ова.
  3. бамби1234

    бамби1234 Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки.Ми претстои нешто што ме мачи,иако не би можела да го наречам баш проблем.Имено,бремена сум,(имав еден спонтан пред 2 и пол години),кон крајот на март треба да се породам.Бебево цела бременост е поставено карлично и ако не се сврти до крајот,ќе мора да ме породат со царски рез.Како и да е,дали природно или царски,спремна сум на сѐ.Со сопругот живееме во свој стан,сами.Мајка ми ја сакам најмногу на свет,би умрела за неа,но многу ме повреди тоа што рече свекрвата да доаѓала да ми покажела барем како да ја избањам малата,зашто таа се плашела да бања толку малечко бебе.Ок.Има тука и други причини (а се поврзани со татко ми и нејзе),кои не се тема овде.Не ми беше сеедно,но веднаш не изреагирав на тоа (отпосле ѝ кажав дека тоа ме погоди,па таа ја смени одлуката дека секако ќе дојдела ако сум имала потреба).Свекрвата
    ,од друга страна,живее на село,цел живот му е починета на свекорот,чуваат добиток,и не може свекорот да го остави ни една вечер сам зашто човеков е мрза невидена,живее уште во она старо време,очекува снаите да се однесуваат како жена му кога била снаа и смета дека жената мора да биде секој ден во домот за да го служи.Па свекрвата рече,мајка ми да доаѓала да ми помогне.Размислував долго време,и си реков,само нека помине сѐ во најдобар ред,не ми треба ничија помош,па макар и да сум со царски,и да лазам од болка,ќе се потрудиме со сопругот да се снајдеме некако додека да се опоравам малку (инаку сопругот ми е голема поддршка во сѐ).Пред два дена ми се јавува свекрвата,инаку ретко се слушаме на телефон,не се мразиме,ама имаме некоја дистанца за да не ѝ оставам доволно простор да ни се меша во животот,зашто некогаш забележувам дека сака да нѐ подбуцне мене и јатрвата една против друга,па не ѝ верувам во сѐ што ќе каже,или наоѓа слобода мене да ми префрли нешто,исто и свекорот го прави тоа,кога сопругот ќе излезе надвор кога сме кај нив,зашто знаат дека тој ќе им се развика и ќе ги направи лом,а јас најчесто им премолчувам.Имено,ми кажува сакала да дојде кога ќе се роди малата да ја видела,ама ќе се договорела со маж ми( син ѝ) да ја пречекал на автобуска и да ја испрател кога ќе си оди ,зашто јас нема да сум можела да го оставам малото за да ја испратам (женава не се ни труди да запамети нешто од градов кога доаѓа за да може барем сама да се качи во автобус).Јас не можев да се воздржам,ѝ и реков дека јас ќе раѓам,а не син ѝ,па вајда треба мене да ме праша.Таа рече,не,не,ќе се договорела со син ѝ.А женава не знае сама да се снајде во градов,па секогаш досега јас ја пречекував на станица и ја испраќав кога маж ми беше на работа,а има и друг син и снаа во градов,ама тоа е друга приказна.Како да ѝ кажам на женава дека не сакам гости првите денови кога ќе се вратам дома од болница,јас не сум тип што ќе чека таа да зготви,а се знае колку е опуштен човек кога има гост во куќа, или пак, да ме нервира со муабети од типот вака се прави,онака се прави,згора на сѐ да го дојам детето пред нејзе или да не можам да се одморам после сѐ зашто морам да ја дружам со муабети наместо да му се посветам на детето.Не е дека јас не сакам да доаѓа,ама сакам прво да се опоравам,па после да ми се шеткаат луѓе низ станов,да можам да станам и да седам ко човек,да зготвам,да функционирам колку-толку нормално.На почетокот ми беше драга,ама со тие нејзини муабети и наметнувања како таа знае што и како е најпаметно да правиме со маж ми,а притоа ништо не помогнала,ми стана одбивна некако и ја почитувам исклучиво поради маж ми.
    Беше кај нас пред недела дена и ѝ ставив до знаење дека не ми треба ничија помош на почетокот,кога веќе се оградуваат и таа и мајка ми,едната не можела да го остави мажот сам,другата се плашела да бања мало дете.На што таа се дрзна да ми каже,аааа мора некој да ти помага првата недела.Јас ѝ реков,имам сопруг да ми помага,колку е мое,толку е и негово детето,ќе се снајдеме сами.Помагајте,како да ѝ објаснам дека сакам да бидеме сами првите денови со сопругот и бебето,гости одма не ми требаат,има кога да го види бебето. Како да ѝ кажам дека може да дојде кога ќе ја поканиме,а не таа кога ќе инсистира,а притоа да не се скарам со нејзе и да не ја навредам и да не направам сопругот да се чувствува навредено дека ете мајка му е непожелна?!Можам да го решам тоа на наметлив начин,но не сакам зашто премногу го сакам сопругот,па од почит кон него,премолчувам некои работи,зашто знам дека тој ја цени доволно како мајка (не е мамин син,инаку).
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    15.847
    Пол:
    Женски
    Еднаш викаш сакаш помош, бараш, па се лутиш дека не се нудат т. Е дека наоѓаат изговор. П после кога рекла жената ќе дојде не ти чини. Ајде со среќа со лесно породи се, па после ќе мислиш дали можеш сама, дали со мажот заедно, дали ќе ги барате мајките. Вака нема логика, што би било ако би било.... Не знаеш ти уште сега дали ќе сакаш тогаш сама да правиш нешто, ајде да беше породена па да ти смета да кажеш.... Не знам некако според мене пред време мислиш, може нема дс се исполнат твоите сценарија
     
    На Oneo, Fatalnata, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  5. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    969
    Маж ти треба да и каже, не ти.

    Исто и јас мислам дека си контрадикторна и не разбрав дали сакаш или не сакаш помош. Фала богу дека и да си со царски и ќе лазиш како што пиша, ќе имаш бебе. И да има некој да ти помага, тоа ќе биде со ручек и раскревање, бебето ти и мт ќе треба да си го гледате, највеќе ти ради доењето, не сваќам зошто го потенцира тоа.

    Нормално ќе се договара со мт за идењето ако треба некој да ја пречека а не со тебе тазе породена. Или сакаш да очекува ти да ја пречекаш, па да има за што плус да и замеруваш?

    Легитимно право е и на двете да не сакаат да дојдат. Тоа што она сака да дојде против твоја волја треба да го реши мт.

    Инаку за бањањето: вие сте родители и ќе се снајдете, не сте ни први ни последни и бањање новороденче не е којзнае каква техника. Крај краева има еден куп видеа на YouTube од стручни лица, а може да побараш и патронажната да ти покаже ако сака.

    Како и да биде ти ќе си мајка и не се секирај ќе знаеш како, само од себе ќе дојде.
     
    На baby-star, Bezimenka90 и minne992 им се допаѓа ова.
  6. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Добро размислување имаш за работите, добро е што знаеш дека ќе биде тешко после пораѓањето. И да знаеш дека ќе биде. Можно е неколку недели после пораѓањето да немаш време за ништо, ни за садови да измиеш. Во секој момент користи да спиеш, без разлика дали е дење или ноќе, а на сопругот кажи му дека ќе биде се` оставено на него, од миење и стерилизирање на шишиња, пумпа за измолзување, до спремање на твоите оброци. Ти имаш една обврска, а тоа е бебето. И не се осеќај виновно што нема да правиш ништо друго, колку долго време и да ти треба. Е сега тоа треба да го сфатат и сите други посетители кај вас дома. Дека ТВОЈА задача е бебето, а НИВНА задача е било што друго. Значи, ако сакаат да ти бидат од корист, нека носат оброци или било што друго од обврски во домот.

    Знаеш како, во првите недели цело време ќе бидеш или гола или со мокри и валкани алишта од блуцкање млеко, грижа за раната (без разлика какво пораѓање е), огромно потење и сл. Можеш да му речеш на сопругот да разговара со мајка му дека нема да ти биде потребна во првата недела, најмногу заради тоа што е битно бебето да биде во средина со што помалку луѓе, заради вируси и бактерии, освен тоа може да каже дека ќе ти биде непријатно да доиш или се пресоблекуваш пред неа. Па ако сака да го гледа внукот, може да биде сместена кај другиот син и да доаѓа на 30 мин дневно, или пак воопшто да не доаѓа, ова вие сами ќе си го одлучите.

    Ќе успеете сами да го избањате, без гајле. За многу од работите од типот како ќе го бањате, каде ќе ставате мокри алишта, како ќе ги миете шишињата, убаво е од претходно да имате детален план. А ако толку дојде нож до коска работава за било што, секако ја имаш мајка ти како опција. Иако ако ја викнеш, може е подобро да не знае свекрвата за да нема љубомора и споредби.

    Битно е да одржите добар однос со свекрва, без разлика колку сте различни и колку не ви се поклопуваат мислењата. Во секој момент може да ти притреба кога имаш дете, без разлика дали е на почеток, или понатаму кога е поголемо детето. Значи, мора да се одржува еден достоинствен човечен однос само заради детето. Колку и да имаш опции за чување на детето, верувај дека секогаш ќе ти треба човек плус да имаш како резерва.

    Нема потреба да се губи опцијата за чувањето на детето, само заради тоа што нашето его не ни дозволило да поќутиме или да се објасниме на фин начин за нешто.

    Со лесно и сега е период кога треба да се релаксираш, не се оптеретувај. Ќе ѝ кажете на фин начин, а ако замери, тоа е веќе нејзин проблем, а не твој.
     
    На Anyshka, Ljubova, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    26.814
    Пол:
    Женски
    Што збориш жити се ? Баш првите месеци бебе е помало и повеке спие време ке има за се. И советот за со мајка и што и го даде е во ред ако нема проблем со маж и . Тој може да и рече ако не сакаш мајка ми да дојде зошто мајка ти твоја да доаѓа?
    @бамби1234 ти си при крај и хормоните ти вријат и мислиш дека сама ништо не ке успеваш да правиш. Прво разговарај со маж ти како мислите дека е подобро да правите, после тој нека си се договара со мајка му . Тебе ти изгледа можеби тешко да капиш бебе но од кога ке родиш ке сватиш колку си спремна за се .
     
    На MilaSs12 и Anie93 им се допаѓа ова.
  8. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Јас би те советувала да не мислиш уште сеа на тоа, не можеш да знаеш како ќе се чувствуваш тогаш, дали ќе ти треба помош или не. Поготово кога ти дивеат хормони, конфликти не препорачувам. Секако, маж ти е тој што треба да и каже, а ти треба да знаеш како со него, без навреди и караници.
    Еве ќе ти го кажам мојот пример. Пред пораѓај со мм се договоривме дека сами ќе сме, не ни треба помош од никој. Кај нас беше предност што он работи од дома па цело време бевме заедно, за што и да треба. Заедно го бањавме, заедно го успивавме, дававме млеко, и тн. Искрено ти кажувам, првите месец-два бебе толку многу спиеше што успеавме цела серија од 7 сезони да си изглеаме. Баш ми беше гајле за алишта, прашина, садови. Јадење си нарачувавме или нешто набрзина спремено јадевме, спиевме кога бебе спиеше или се менувавме и топ се снајдовме. Имаше денови кога мораше да оди на работа и јас ич немав проблем да сум сама, некако помалце захтевно беше бебе на почетокот.
    Е сеа, најмногу ми требаше друштво. За муабет, кафе и слично. Поради тоа што се оградивме од блискиве да доаѓаат, најмногу со изговор дека е корона и дека нејќеме да се мешаме, бевме нон стоп сами. Се чувствував изолирана, сама, се едно исто правам, зима не може да се шета надвор. Хормоните уште толку пореметени, нервозна, ама помина. Мислам дека добро ќе ми дојдеше да доаѓаа моите или свекрва ми тогаш, чисто за друштво, не да ми раскреваат. А тоа "советите" вака требало, онака требало секако ќе ги слушаш од сите страни. Твое е да не ти е гајле, од едно уво влегло, од друго излегло.
    И јас бев иначе со царски и мислев дека нема да можам од кревет да станам, ама кога си дојдов дома од болница и кога знаев дека ова мало човече само од нас зависи и е тотално беспомошно, да видиш како можев. Ама го имав мм до себе, затоа ти викам можеби на почетокот ќе ти треба помош. И вие двајца сте тие што ги правите границите до каде може свекрва ти или мајка ти.
    Така да почекај, види како ќе си па после одлучувај.
     
    На cresa-jagoda, Ljubova, Bubamaricka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    За помошта шо ја бараш никој не е должен да дојде да ви бања дете, како тоа да ти покаже?? Шо е толку комплицирано? И ајде ако толку не знаеш ке прашаш во болница или отвори на интернет има. Ти и маж ти сте одговорни за тоа бебенце и никој друг.
    Второ фино и културно ке кажеш дека не сакаш гости или мажот ти ке и каже.
    Контрадикторна си многу, диши смири си ги хормоните и одмарај затоа шо на бебето му требаат само мама и тато.
     
    На Осе и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  10. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    А зошто не прифатиш помош кога веќе се нуди жената да дојди? Не дека нема да се снајдите ти со сопругот, но секоја помош е добредојдена. Од друга страна сакаш некој да ти помогни. Не мора околу бебето таа да се замара, капење преслеквање,но пример со готвење, перење, чистење , малце со бебето ти да си поспиеш, да се одмориш, да се истушираш.
    Ако не е свекрвати тука сметај се ова ќе биди на терет на сопругот и на тебе. И една недела не е ништо треба почесто да иди за тебе да ти биди полесно.
     
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Има 2 типа жњни, оние кои сакаат и очекуваат помош и оние кои сакаат и можат сами. Зависи со каква мисла тегнуваш во ова и нормално да не е некоја екстремна ситуација.
    Види, јас ќе ти пишам од сопствено искуство.
    Се породив пред 8м, царски.
    И свекрва и мајка ми се многу блиску.
    Со двете сум ок, нормално со мајка ми сум преблиска.
    Но, сакав кога ќе се породам да бидеме сами со детето, бањање, миење, спиење, плачки, грчеви се поминавме сами.
    Ми се нудеа, но не сакав.
    Се навикнавме од одма, си створивме свои навики и апсолутно се поврзавме со детето.
    Ама јас тргнав со мисла дека нема да зависам од никого.
    И тоа не сме дечари ниту пак сум имала бебе да гледам или претгодно да го чувам.
    Гледав на интернет, прашував особено тука на форумов каде има кралици кои одма искачаат во пресрет.
    Мајките наши чувале бебе пред 30 гпдини и многу работи се сменети од тогаш.
    И мир и слобода се апсолутно потребни за тазе породена жена. Тоа звоцање од баби макар и добронамерно е иритантно. Кога се сака, се се може.
    Немпјте од старт да мислите дека сте неспособни, не е ништо ни тешко ни страшно.

    Во однос на болки од царски, секоја жена различно се опорава. Мене првите 3 дена во болница ми беа најтешки, но не толку физички колку психички.
    Кога дојдов дома "летав". Не дека ме подболува ама е е дека нема да можеш да функционираш.
    Олабави се, не ти е потребен никој, ти и сопругот сте доволни.
    А на свека маж ти нека и каже да дојде по некое време.
     
    На cresa-jagoda, VDT2906, Ani93 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    47.140
    Пол:
    Женски
    И јас исто како тебе знаев дека ќе се породам царски. Уште кога дознав на последната контрола за царски, се договоривме со мм да дојде свекрвата да ни помага.
    Мм можеше да земе само 10 слободни дена и мораше да се врати на работа.
    Цела домашна работа , миење, готвење, чистење, перење, сушење,пеглање, се' беше на неа.
    Ми помагаше околу капењето на бебето во смисла да ми поддаде нешто или да донесе ако сум заборавила. Ми го креваше коритцето со вода и други тешки работи што не смеев јас.
    Ми ги миеше шишињата и цуцлите. Воопшто не ми беше срам да дојам или измолзувам пред неа. Секако дека почесто си го правев тоа во спална ама сепак. Не ми се замеша ниту еднаш во одгледувањето на бебето. Одев на туширање и во веце без страв дека бебе е само, додека мм е на работа.
    Имаше моменти кога ме нервираше некој да ми се мотка дома, ама од сегашна гледна точка сфаќам дека многу ми се најде.
    Да не дојдеше ќе се снајдевме и сами, не дека не, ама помош е секогаш добредојдена.
    Можеби зависи од свекра до свекрва. Некогаш подобро е сам да се измачиш отколку на нос да ти набива секој ден како ти го пораснала детето.
    Ти прво разговарај со сопругот и кажи му дека ' мислиш дека ќе ти е поубаво во почетокот да пробаш сама, па ако ти треба помош секако ќе ја викнете,' за да не ви дојде таа одма уште првата недела. Така мислам ниту тој нема да ти замери, ниту таа.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Cosmic Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    И јас не разбрав што сакаш :drunk:.
    Прво викаш ти требало помош кога ќе се породиш, па те одбиле и мајка ти и свекрва ти со глупави изговори заради кои си се налутила.
    Сега бидејќи свекрва ти знае дека сакаш помош, се договорила некако со маж и, и сепак решила да дојде за да ти помогне, ама ти пак се лутиш дека ќе ти смета :|.
    Изгледа дека мајка ти немаше да ти смета, ама свекрвата да.

    Ако сепак сакаш да си сама, разговарај со мт и он нека и предложи да седи кај другиот син, а кај вас да доаѓа на саат/два да го види внучето. Па и да преседи тука ден или два, не е страшно, барем знаш дека ќе си оди, нема засекогаш да остане кај тебе. Па и твоите сигурно ќе дојдат да го видат бебето.
     
    На Kasiopaja221 и Осе им се допаѓа ова.
  14. Bubamaricka

    Bubamaricka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.949
    Пол:
    Женски
    Женска без оглед како ќе се породиш, со лесно нека ти биде само, не можеш од сега да знаеш дали ќе се снајдете сами со сопругот или не. Се случуваат и непредвидливи работи кои можат да ви го изреметат планот од корен. Подобро кажи и односно маж ти треба да и каже дека сакате да пробате сами, а ако ви треба помош дека ќе ја побарате да дојде. Не ја исклучувај опцијата дека ќе ви треба помош можеби па да не испадне после да ви рече нели не ви требаше помош па да не дојде па тогаш пак ќе е таа крива пошто ќе биде ја викнав не дојде.
    Ако ви се на повик во смисла блиску да дојдат било кое време тогаш можеби и не мора цело време да имате некој дома. Но имај во предвид и дека не се на копче имаат и свои обврски и твоите и родителите на сопругот.

    Јас кога се породив сакав да имам помош и прва дојде свекрва ми. Сами сме Скопје немам на кого да се ослонам ако недај боже нешто. Верувај и тоа како ми се најде за домашните работи. Јас си го гледав бебето мм на работа она по дома ручек, машини, пеглање, чистење, пазарење. Развив и мастит жената што е за право не ме испушти од поглед кога бев со 39.5 температура и бладав таа ми помогна да ми донесе вода, да направи супа да јадам и околу бебето тој период ми помогна. Да немав никој на помош не знам како ќе беше пошто немам никој блиску на 5 минути па ако треба итно да дојде веројатно ќе се снајдевме ама сепак. После тоа дојде мајка ми. Исто и она околу домашните работи помош, бебето си беше на мене. Не ми се мешаа за бебето да кажуваат умови ретко кога и ако јас ги прашав нешто ќе кажеа што мислат и ќе речеа ама вие како сакате така.
    Ти ја раскажувам мојата приказна за да ти доловам дека има работи кои не можеш да ги предвидиш.

    И да и мајка ти и свекрвата ќе те нервираат за ситници, тогаш тазе породена се ќе те нервир. Немој да мислиш дека ако е мајка ти дома дека нема да ти смета. Исто ќе ти сметаат и двете.
     
    Последна измена: 26 февруари 2022
    На cresa-jagoda, manako1 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.931
    Допаѓања:
    18.825
    Пол:
    Женски
    Ако не сакаш свекрва дома кажи дека не сакаш. После пораѓај најбитно е да не чувствуваш притисок. За ништо. Ни за домот да ти е среден ни јадење да има ни за доење.
    Јас после пораѓај бев преморена. Во болница спиев по неколку часа и дома кога дојдов не можев да се наспијам. Тогаш живеевме со свекрва, со која имам одличен однос. Таа ги превзеде сите обврски дома, чистење ручек перење, бањаше бебе, се. Во комбинација со маж чуваа бебе, знаев да се успијам цврсто. На тоа јас бев преморена плус ме болеше раната од царски. Помош убаво ми дојде. Страв ми беше да го бањам синко и првите месеци мајка ми и свекрва ми го бањаа, ама на мое барање. Потоа во еден ден не можеа ни двете и јас и маж ми си се снајдовме за бањање. Не било страшно.

    Ама се можеш и сама со маж ти. Помош е добредојдена ако ја сакаш. Ако мислиш дека ке ти смета и ке ти е нервоза, јасно кажи дека не сакаш.
     
  16. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    6.892
    Пол:
    Женски
    Од една страна сакаш помош, од друга не сакаш. Остави на мажот ти да и кажи дека првите денови сакате да бидете сами и дека ќе ја побарате доколку ви треба.
    И не знам зошто уште и пред време барате помош. Толку е тешко да се искапи бебе? Едниот го држи, другиот го капи, мислам не е некоја филозофија па да треба да се гледаат видеа и не знам што. Породи се, па доколку тогаш сметаш дека ти и сопругот не можете да престигнете, или немате време за да одморите, во ред, викнете некој да ви помогне, ама ако не, зошто брзате? Можеби супер ќе се снајдете и лесно ќе ви биде, па која е поентата да ви се мота плус човек дома ако можете сами?

    Колку само нема врска напишаново :D
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Денес ионака наелектризирана сум.
    Па уште слушам како свека и вика на снаа (снаата е 40+, детето со ин витро, со години се мачеше) а што ако му биде нешто на детето и ти умре, зошто не си родила уште едно?
    Значи нејзино е внучето, од син и. Он муле мувлосано ќути. (Он е 50+)


    Епа како, како да не ја отераш у триста лепе инда не ја видиш никад више?
     
    На cresa-jagoda, Oneo, CareTee и 18 други им се допаѓа ова.
  18. AneSk

    AneSk Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.222
    Пол:
    Женски
    А снашката на тоа што одговорила...
    Мада не ме изненадуваат такви свекрви мојата мене ме има прашано дали сум се проверила дали сум способна да раѓам (facepalm)
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    :o:o
    нормални ли се..
    значи на темава кога ве читам.
    не знам дали групно да ве гушнам сите или по еден пиштол да ви дадам
    не сфаќаат дека е навредливо тоа?
    башка, ете некој не може да има деца.И сеа?
    да го убиеме?
    па дали си била СПОСОБНА
    не си крава бе
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  20. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    8.293
    Пол:
    Женски
    За ваква изјава јас не би ја отерала у триста лепе, јас би и мавнала една тупаница :punch: најсилно што можам и повеќе нека не ми се појавува пред очи дури сум жива.