Аааа не не за пиштол не вредат ќе треба после како за човек да одговараме Па они да сфаќаат и да имаат нешто во тоа главата плус и човечност во себе нема да речат роди уште едно дете, што ако ти умре ова ( од претходната членка ) или на оваа мојата дали сум способна. Јас викам голем е Господ кај некого порано кај некого покасно, се во свое време ќе си биде и сите ќе се израдуваме со дете. Само нивната злоба, нечовечност ќе остане и тоа тешко се заборава.
Си остана без коментар и се замисли. Не можам ни да замислам што и се врти низ глава ама и се чудам на самоконтрола. Инаку работава е инат работа зошто снашка не сака да живее со неа, и го ЗЕМАЛА син и
Јас за инат би и рекла, се проверив и не можам. Па она нека се мисли. А кога ќе дојде бебе нема да и дадам да го допре, ама баш буквално нема да и дозволам да го допре.
Еве и мојата сеуште не може да се помири со тоа дека ќе има внуче добиено по пат на ивф. Се враќаме од трансфер и ми вика готово завршивте со тоа? Викам што е тоа? Тоа се вика ембриотрасфер. За нејзе инвитро е сеуште табу тема и подобро да не навлагам во дебата со неа ќе ми го крене притисокот
Речи и.... Идам у клиника, таму голи мажи ме чекаат - кој ќе го изберам тој дете ќе ми прај. Тоа е инвитро стара. Извини, вие мака си имате со ова улавиве женишта.... Инаку и јас сум пред инвитро....
Дали тие таквите имаат СИНОВИ МАЖИ или мулиња,мамини деца и на +50. Како бе така. Цццццц. Ова не вреди ни да ја коментираш, да ја плукнеш е многу за неа.
Ова и свркрва моја кажува за некоја вика вештачки останала трудна таа и таа ама нејзино е и од маж и ( муабетов и е да не мислат луѓето дека не е нејзино па напоменува) Еднаш и викам може и ние ќе треба така и заќуте и не спомна.
Па стварно, зезајте ги малку нека се нервираат они, зашто па вие.... Мојата свекрва не ме запозна, починала одамна, затоа свекор тука беше.... Имав мајстори еднаш кај нас и овој до мајсторот чмае, се јавив на мм и му викам:ај симни го татко ти доле - да не го симнувам јас. Му се јави мм и право домче отиде. Сечам од корен одма јас, а вака па за болна тема да ми начне некој, ќе го јаде богами. Додуша и свекорот еднаш ми рече, ќе дочекам ли внуци јас? Му викам, ти синовите ги среди топ, уште внуци на ред ти се хах подзина. Си почина, нека му е лесна земја.
Нема зошто да не ја отераш у триста лепе, ама најчесто таквите мулиња што ќутат одма ќе се запалат ако им ја чепнеш мама, затоа се воздржуваат многу жени.
За првото инвитро со мм се договоривме на никого да не кажуваме што како и зошто. Но бидејќи живееме во заедница се договоривме со мм и така направив на свекрва ми на само и кажав.. да знаеш дома ќе седам на боледување ќе имам интервенција за женски работи и несакам никој да знае. Абе како да и реков раскажи на сите, на свекор ми му кажала, на деверот, на комшиката па таа уште ми мафташе од тараса демек добра ли си Ејјј луѓе ама затоа една година од кога не зборам веќе со нив ни здраво ни право мир на душата имам и чат пат плескање во фаца милина
Од истава причина, родената ми мајка не знае дека у понеделникот имав пункција а у сабота трансфер здравје. Ако биде ќе и кажам ако не никому ништо. Не сакам да ми се избаци некоја стрина со совети за бајачи и врагови па да биде куршлус.
Со лесно и успешно да биде, па да частиш мекици Најубаво никој да не знае што како правиш, терај си и уживај си А за тоа совети за бајачи и врагови ехеее 1000 приказни имам слушнато.
Зашто си молчиме и тераме работа, све сами експерти.... Ќе почне некој со глупи совети а фитиљот ми е краток, да се нервирам пред пункции, трансфери, терапии не.
Ја иначе страдам од низок притисок. Ма каки јогурт и сол, кока кола, течност..., ја отварам темава и инстант се опоравувам. Каде ги корнете свекрвиштава од којс бездна ги вадите... па ова људска граница проаѓа бе. Секоја чест како ги трпите, ја сум едно нетрпеливо живчано чоече, ако имав ваква свекрва сигурна сум дека ќе се бркавме по дома.
From 0 to jail time real quick. Ние со краток фитил не сме за живот со свекрви од безбедносни причини
Гледам овде многу советуваат дека не мора помош во првите денови. Има некои кои сами се справиле како родители успешно од старт. Секоја чест! Стварно го мислам ова. Вистински борци сте! Но реалноста е дека тоа не е случај кај сите. Пораѓајот дури и спонтаниот и нормалниот е голем напор за мајката. Можно е физички да не си способна да направиш основни работи за грижата за бебето. И секое бебе е различно, некои се понапорни, некои се помирни. Да бе збориме ако не е добро некој од вас двајца со здравје... Не гледам зошто да не ти помогне било која од жените колку може? Јас без помош за првото дете немаше да се справам сама. Не бев во состојба да седам заради конците, по пола саат се местев за доење. Да немаше некој да само ми ја подаде ќерка ми незнам како ќе ја доев. Беше зима, се греевме денски на дрва а ноќе на струја. Кога ќе останев сама (маж ми и мајка ми на работа, свекор ми во болница беше, свекрва ми кај него) заради доење ми се гасеше огинот, малата по 45 минути цицаше активно, неможев да ја одлепам. Па наново пали огин, дур се стоплиме...од тогаш замразев греење на дрва.. Мене ми значеше помошта тогаш, не осеќам вина што сум ја примила. После пораѓај од се се отсрамив. Големо чудо ако доиш пред друга жена.! Што се срамите за глупости не знам. Секако можеш во соба да доиш..