Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.128
    Допаѓања:
    9.833
    Пол:
    Женски
    Нее, не да не го изгладнувам туку да види дали вистина имам млеко, да не лажам дека немам, само зошто ми било полесно да давам ад. Замисли се ова од мозок и уста на жена е излезено, што за двете деца немала ни капка мајчино.
    Ама после коментарот пред 2 месеци кога мм ми порача полици за книги и кога ги наредив, не се многу околу 50тина книги и госпожа ги виде и искоментира "ауууу зар сите овие си ги прочитала? Затоа не ти се стално измиени тањирите хихихи, ја неможам да седнам ако знам дека негде имам прашинка, кај имам време за книги" као на шала, веќе ништо не ме чуди, нити па очекувам некоја паметна мисла да чујам. :D
     
    Последна измена: 4 март 2022
    На cresa-jagoda, VDT2906, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.550
    Пол:
    Женски
    Доење е 100 пати полесно од АД. Креваш блуза и се е спремно :D
    Штом знае само за своето искуство и од носот подалеку не гледа, не ме чуди што не сфатила дека е така. Ако не доела = не знае..просто. Книга штом е помалку битна од чинии, се е јасно кажано.

    Ич да не се замараш со неа. Одбија на глупост!
     
    Последна измена: 4 март 2022
    На cresa-jagoda, Сара Лав, Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    40.151
    Пол:
    Женски
    Ради вашите "факти" од твои истомисленици јас како прворотка бев од памет извадена.
    Затоа велам, не солете памет и не ги плашете мајките. Нема што да бирам збпрови, се изразувам онака како што мислам.
     
    На Luna91 и Осе им се допаѓа ова.
  4. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Јас па мислам обратно е,доењето е потешко него ад да спремиш.
     
    На Annora, Cosmic Girl и unearthlysarah им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.550
    Пол:
    Женски
    Ваљда се привикнуваме а се си има предност и недостаток.
    Доењето мене лично ми беше тешко само на почетокот, со првото дете. Поминав како што пишав погоре.
    После тоа беше многу лесно.

    Се осеќав многу релаксирано кога требаше да излезам со бебе. Не мислев за тоа што кога ќе огладне. Немаш потреба од никаква претходна подготовка, можев да си дозволам спонтаност. Ноќе после подој, одма те фаќа сон заради хормоните што се лачат. Немаш обврска со стерилизација на шишиња. Не мислиш дали имаш резерви млеко за на пат или ако не работат аптеки..
    До првата година само едно шишенце имав купено и тоа не го ни користевме, зошто се гадеше од цуцли (се пиеше од детска чашка со капаче со усте од 8-9 месеци). Не ми се случило да ми претече млеко преку блуза во јавност. Никогаш не ми засметаа градите во таа година дена додека доев. Кога ги одвикнав и тогаш немав проблем со нив, еднаш се одмолзев и престанав. Се сопре постепено млекото и немав мастити. Немав последици по изгледот на градите.

    Е, сега лошото ако така можам да кажам е:
    -што пазев што јадев за да не му предзвикам грчеви на бебето, бар на почетокот. Се откажав од некои омилени јадења.
    -додека не почнавме со воведувањето на храна не можев да го оставам подолго само бебето.
    -Ако не давав пари за шишиња, цуцли, стерилизатори и млеко, давав за добри прслуци за доилки, тогаш не беа баш лесно достапни, и си држеа цена.
    -мислев што облекувам нагоре, какви блузи и дали ако треба ќе можам лесно да спуштам облека.
     
    На cresa-jagoda, BezglasnaBukva, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.550
    Пол:
    Женски
    Не знам со кого ме ставаш во група, немам јас овде "мои".

    Жал ми е што те извадиле од памет непотребно и што некој ти наметнал погрешни очекувања. Јас немам ништо со тие луѓе.

    Ти мислиш на еден начин, јас на друг и ок е. Намерно го пишав моето искуство за да онаа што се двоумеше дали да дозволи помош или не да може да слушне различни мислења и искуства. Зошто до пред да пишам и јас, преовладуваа искуства како твоето. Ги осудуваш искривените очекувања ама и со потенцирањето дека може сама и дека никој нема да и треба, истотака може да и ги наметнеме. Велиш солам памет-ако тоа ти така го нарекуваш и ти истото го правиш.
    Дај остајте простор секој да си каже што има, а оној што бара совет ќе реши пак како што наумил самиот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    42.032
    Пол:
    Женски
    Секоја жена си е различна. Некоја може сама да функционира, а на некоја друга ќе ѝ треба помош и ќе побара. И секоја си знае најдобро за себе. И така и вака не е грешно.
    Грешно е според мене да бидеш неедуциран и да слушаш и веруваш во старински и бабски муабети во врска со бебето, а не во доктор. Од доење до грчеви и се натака. Тоа е многу повеќе погрешно, отколку да побараш помош ако ти треба
     
    На noteforself, Oneo, crazylady и 7 други им се допаѓа ова.
  8. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    971
    @Cosmic Girl
    И јас го разбрав твојот пост како заплашување за мајки кои ќе родат прво дете, ако немаат помош од свекрва, мајка и сл.

    Може на YouTube има секаки "стручњаци" како што кажа, ама и те како има вистински професионалци од кои може да се научи на секоја тема па и на оваа. Точно е дека треба помош ама помошта од таткото е доволна, ако сака тој да помогне и не е некое размазено дете самиот. Идната мајка има доволно време да се подготви отприлика за тоа што следува, не мора да бара во моментот. Се разбира во реалноста е поинаку, ама пак не е исто да немаш ништо прочитано и да немаш претстава од ситуацијата која те чека.

    Читајќи тука имам впечаток дека поважно е да се подготват со релаксатори, гнезда и триста чуда што се помодарство и на бебе воопшто непотребни (дури и штетни) отколку за тоа да се поврзат со бебе од првиот ден, да се запознаат, да се обидат да дојат (ако сакаат) и сл. Поголемиот дел се со ставот дека нивните родители МОРА да помагаат и ако овие одбијат настануваат озбилни проблеми.

    Јас и мм ете немавме помош и имавме голема фрка на почеток со доењето и сл. и нормално многу напорно, но да имаше уште некој ќе беше илјада пати понапорно. Ама и најубаво, само ние тројца!

    Едни од подобрите совети од рандом (стручни) луѓе во врска со првото раѓање ми биле дека на новороденчето му се доволни само мама и тато (нормално ако е возможно да е тука) и дека што и да се случи со бебето да не паничам зошто мајката секогаш знае како да реагира.
     
    На Autumn Love, IRBBB, Мамичка и 8 други им се допаѓа ова.
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    25.895
    Јас додека бев трудна, но исто така и кога се породив, бев отворена за сечие мислење. Сакав да чујам секој што има да каже. Некогаш јас прашував, некогаш самите ми даваа нивно мислење, совет и лично искуство. Но истовремено се утепав гледајќи видеа на YouTube. Се изначитав по темиве на форумов. Дури читав и 20 годишни списанија. Со месеци и месеци, практично година. И секој пат на крајот си бирав што на мене ми одговараше и ми се чинеше најпаметно. Нема потреба да се вреѓате од туѓи мислења и совети. На крајот секако на вас останува како ќе постапувате со вашето дете.
     
    На cresa-jagoda, stsmua05, Watermelon96 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Што знам веројатно секој различно си го доживува.За придобивките ич нема да зборувам ги знаеме.Ама моето се погоди да порасне на гради,цицаше 20 саати во денот,т.е си дремеше на гради.Го оставаш минута плаче заоѓа.Пред да излезеш размислуваш што да облечеш да можеш во секој момент да му дадеш да цица да не го растревожиш,што значи ограничен си што ќе облечеш.Да не зборувам дека сеуште осеќам последици од тоа целоноќно спиење на страна да си држи града по цела ноќ.Уште имам проблеми со грбот.Кога е на АД може било кој да те замени и да направи,вака цело време тоа е моја обврска.Вкупно доечки стаж со двете имам три ипол год.
     
    На Snowflake97 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Проблеми и шо праиш под ќебе не се кажува на секој.
    Ја да и кажам на свекрвица како сум ги наклемпала децата ми е малце одвишок.

    Па стари се, нормално е само што ќе искочи на првиот што ќе го сретне ќе каже.
    Чим за други работи не знае да крие, така и нешто што не е за кажување ќе каже.
    До вас не е до свекрвите.
    Чао. :smoke:
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.649
    Допаѓања:
    40.151
    Пол:
    Женски
    Драга ин витро постапка е далеку од "под ќебе".
     
    На cresa-jagoda, christinnn, Kaja991 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.550
    Пол:
    Женски
    Ич немам намера да заплашувам.

    Се разбира дека секоја ќе се научи и ќе си фати ред. Сакав само да кажам дека треба да се биде паметен и адаптибилен и дека треба да си го олесните животот ако можете. Значи зборувам ако имаш колку толку нормални личности за баби. Не зборам да се ослонуваш на некој што знаеш дека не е од доверба или е напорен. И никако не по секоја цена.

    Затоа викам -секоја да процени за себе, зошто најдобро таа си ги знае какви се старите, а и какви се самите тие како индивидуи и како пар.

    Две деца имам и со двете од старт ми беше сосема различно. Бебињата беа различни во однесување и јас бев со различни очекувања. Ни во едниот ни во другиот случај не поминав како што мислев дека ќе изгледа.
    На пр. со ќерка ми патев од депривација од сон во првите три години. Од три четири саати не спиев подолго и тоа со доење измеѓу. Многу тешко заспивање, а многу лесен сон имаше. На јајца да газиш за да не стане или ќе седиме до сабајле после будни.
    Многу приврзана за мене. Цел ден активна, не спиеше денски уште пред година.
    Физичкиот напор тогаш беше преголем. Уморна бев константно. Без помош не беше возможно. Маж ми работеше, само попладне ми беше на помош. Некогаш од очај во три ноќе во кола ја возевме за да заспие конечно, зошто во седум е на работа.
    Знаев дека со бебе нема да си наспан ама не знаев пред неа дека може да постои до тој степен замор. Очекував да е полесно а не беше.
    Таман се среди и фати некој ред, се роди синот. Јас мислев ќе биде пак истата приказна, како со ќерката а беше скроз обратно. Се изнаспав со него, срам ми беше да кажам дека спиеме по осум саати континуирано со еден до два подоја. Таа плачеше ако ја спуштам во креветче заспана, па со триста маневри ја префрлав од раце. А тој плачеше ако заспан го држам в раце и не го спуштам да спие. Тој имаше ред ноќе од прв ден, таа немаше. Со него се сама правев, уште од стартот, не ми требаше помош, ама одморена бев.
     
    На cresa-jagoda, sweetgirl92, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lena_3366

    Lena_3366 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2020
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Ова не е само лоша свекрва, туку и лоша жена/човек. Роди си уште едно, во случај да ти умре другото. Ужас....Претпоставувам станува збор за некоја баба од 80 години, кога ги раѓале на нива, па ако едното умре, сепак имаме уште пет живи, иако и тоа сфаќање не е за оправдување бидејќи сечиј живот е подеднакво важен, и како што болат сите прсти подеднакво, така и мајката ја болат сите деца. Мене ми се случи да ме праша (додуша пред да останам бремена), што ако плодот има аномалија (или со нејзини прости зборови ако бебето е нездраво). Кога и' реков дека ќе си го родам бидејќи така сакал Бог и јас не сум таа што треба да одлучува за прекин на човечки живот и дека тоа душиче ме одбрало ТОКМУ МЕНЕ, а јас да го убивам, зина со тоа муцката до плафон, демек будала сум, ќе и' оставам такво дете, да се срами пред светот. И' велам, еве и да абортирам, утре или нема да останам бремена, или пак ќе имам таков плод или ќе родам здраво-право дете, ама потоа ќе му се случи нешто, зашто Господ гледа. И на тоа нема одговор, само превртува очи и стиска муцка. Бидејќи нејзиниот брат и жена му немаат деца, вели: ,,Ама, брат ми никогаш не ја остави, ако нема деца!", од муабетов заклучувате дека само женава нема деца, а не и брат и'. И и' реков, колку така си ги оставиле жените, а аир не виделе. И ќути како попарена. Ама женски тоа е, сме немале среќа да имаме современи свекрви. По овие коментари се гледа дека се од праисториско време, уште тријат стапчиња за оган да запалат. Назадни, прости во сфаќањата, од дома неизлезени. Така што, одбегнувајте контакт, а за злобата нивна која знае да повреди, Господ е голем, тој нека им суди!
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, VDT2906 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. SecretName1

    SecretName1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2020
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Свека моја липаше од плачење сум го изгладнувала детето, затоа плачело бебе од 2 и пол недели тогаш. Збеснав и им се раздрав на двајцата, затоа наредниот ден син и ја врати дома. Ако останеше голема ќе ја направевме. Тој коментар и беше врв на сите претходни во тие 2 недели. И уште тогаш му кажав дека за второ дете здравје, никој не сакам во близина. И првиот пат беше против моја волја. Седеше 2 недели пред да се породам јер утнат ми беше терминот и 2 после, али битно кога ме фатија болки експерот тука беше. Фала богу короната беше во најголем подем тогаш, па не ја пуштија во болница, инаку ќе дремеше до мене цела ноќ.
     
    На prashinka, Cosmic Girl, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.979
    Допаѓања:
    21.188
    Не е проблем некој да даде совет, па ако сакаш прифати, ако не сакаш не мора.
    Проблем е кога некој ќе даде совет и ќе го повторува се додека не го примениш тоа што ти е "советувано", без оглед дали е исправно или не.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Cosmic Girl и 5 други им се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.604
    Допаѓања:
    25.895
    Така е. Ама па на тебе останува дали ќе дозволиш да го примениш тоа што упорно ти го повторуваат. Не мораш ако не сакаш. Затоа постојат "Не", "Нема", "Не сакам". И ич да не се замараш. :D
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Бакнувавте раце за прочка? :D
     
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.813
    Допаѓања:
    14.138
    Пол:
    Женски
    Не, немам на кого, ни баба, ни дедо..
     
    На SStasia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Снаиве на свекрвите мислев. :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.