Единствениот човек кој постоел на планетава земја а заслужил да му бацам рака и да побарам прошка беше татко ми , а со него ретко сум го направила тоа како возрасна личност...за жал. А за на свеки , не знам јас да бидам лицемерна на некој што душа ми вади цела година да бацувам раце и барам прошка! За што? Од утре да ме јади повеќе ?
Уште на пораѓај да ти ја внесат! Ја ни маж ми не сакав да го видам кога бев во породилна сала, не па некој друг роднина Уште тие ми требаат... Среќа и не беше дозволено таткото да присуствува на пораѓајот. Моја пријателка и маж и, со бебе од 1-2 месеци си разговарале околу воспитувањето на детево, а свекрва и им го слушнала муабетот и им дофрлила -да не мислите дека ќе ви го оставам на вас да го воспитувате. Пријателкава си се смееше на муабетот и на паметот нејзин. Штознам, сигурно не и било сеедно ама не и се налути нешто посебно и не си ги нарушија меѓусебните односи. Како успеа во тоа стварно е за чудење, пошто имаа и други неверојатни ситуации во заедничкото живеење низ годините...
Јас подарив колекција не добив ништо... Крива сум, сум се родила на ден пред празникот... Искрено, ништо не ми значи ни да ми даде нешто. Знам не е од срце.
Јас им купив на неа и на мајка ми цвеќе од 150ден, а свеки побрза да ми се пофале дека поклонот од другио син и снаа е 450 ден. Навистина бевме ептен слаби со финансии и пред плата плус, да имав повеќе поубав поклон ќе им купев. Малце ме навреди
Јас и купив парфем, на баба му дезодеранс, купка за тело и лабело и на мајка ми новчаник а од сите три пари добив кои ги потрошив на бебенцето Кога имаме ќе им купам кога не нема
Парфем ѝ дадов, ништо не ми даде, заборавила Нема врска не гледам на тие работи јас ич. Се додека имаме коректен однос и разбирање, материјалното ама воопшто ништо не ми значи.
Јас на мојата се надевам идна свекрва и честитав 8 март, а таа почна со нешто како дај боже и тебе вака да ти честитаат, се што ми посакуваш и тебе да ти посакуваат, кога ќе имаш деца и они тебе вака да ти честитаат, кога ќе бидеш мајка, дај боже да бидеш мајка, па кога почна.. Леле леле, а јас најдов еден текст за 8 март од интернет, и после се покајав што воопшто пишав ама касно беше..