Свеки моја само еднаш ни купи џемпер мене и на золва ми, шо не ги погоди па ги сменивме, од тогаш само пари ни дава да не згрешела пак. Јас најчесто цвеќе и давам, а на мајка то шо и е потребно, годинава патики.
Ти мало само ги "палиш прачките" на темава и подбуцнуваш, чекаш да се деси некоја драма и да седиш да читаш да се забављаш. За 8ми март ништо не им купив ни на свеки, ни на мајка. Свеки исто ништо не ми даде, а мајка ми чаши за вино и чаши за сок ми даде. Реално мене ми е глупо тоа со подароци, на ти го, дај ми го. Ама тоа е друга тема и не е битно сега.
Јас и купив сет за нокти , она ноктарица ,ножички... Она ми даде пари две во едно за роденден и за 8 март. Сега во април и е роденден, ќе најдам нешто и за тоа
Купив кошула, добив цвеќе не знам како се вика цвеќево, ама убаво е, салонско, сакав вакво, така да погоден е поклонот За кошулата ја прашав после неколку дена дали е добра, точна,ако треба да ја сменам.. "а па не сум ја пробала"
Јас ништо не купив ни на мајка ми ниту на свекрвата ама затоа со ќеркичките им направивме кошничка со цвеќе од хартија. Според мене важно е вниманието а не што и колку кошта. Искрено веќе подолго време не купувам подароци за 8 март туку со децата ќе направиме нешто и според мене тоа е повредно бидејќи е изработено од рачињата на нивните внуки.
За 8ми март на свеки и подарив кошула и џемпер и тоа од манго. Таа ми даде пари (ако слушаш ќе има повеќе- се смее) lol, јас и викам фала не мора хаха. Се покајав што и купив толку скапи, зашто се носи само од ќерка и а моите поклони и стојат во плакар
А сега кога се запнавме за подарување, кажете идеи за роденден што да и подарам. Се мислам за пижами и марама/шал. Или пак обетки, ама на двапати ѝ имам подарено, да не се повторувам.
јас колекција и купив, поубаво здравје. Гел за туширање секој користи, дезодоранс исто, такви работи... нема утка тука
Првите години се трудев да и купувам убави поклони за роденден и 8ми март. Пошто госпожата не ми јавила ни за роденден да ми честита исто така и јас ја третирам со поклон ништо или познато како дојдов со празни раце
нешто што и треба,нешто што носи,нешто во нејзин стил. Сега не знам во каков однос сте и не навлегувам во тоа,па затоа ќе ти кажам што јас обично и подарувам на мојата свекрва во зависност од прилика и годишно време(роденден во декември,денот на жената во март), што и треба,до сега и имам подарено парфем,марама,шал од кашмир,накит,сако,палто,кошула,колекција за тело,sleeping beauty сет од свила,ваучери кои може да ги искористи во DM,Бонати,Кико Милано и сл.,украс за на маса,вазна,слика,ваучер за масажа ....
За мојата идна свеки и за нејзината(дека заедно живеат па непријатно ми беше да ги делам) им купив по една блуза, а мене свеки ми даде пари, а бабата бањарка.
Од моите добив орхидеја (затоа што тоа ми требаше,обично ме прашуваат што ми треба). Мајка ми си доби третман на фризер со фарбање,шишање,ампули,маски(многу е скрома,и не сака да ме троши и обично сама гледам што и треба,дали облека,обувки,нешто за дома..па гледам да биде корисен поклонот). На свекрва ми и подарив обетки од Parfois, а добив ваучер за во Кико Милано за сама да си купам што ми треба,за да не згреши,па да враќам и да чекам сторни сметки.
Интересни подароци. Богами си ја дарувала Ако, фино изгледа сето ова и уште поубаво штом ѝ погодуваш. Сега прави заокружена бројка па ќе разгледам некаков поразличен подарок. Не е многу по предмети за дома, не е мераклика на уредување, такаш што сепак ќе биде нешто лично. Како ѝ погодуваш бројче за облека, браво, мојава има покрупно торзо. А тој сетот од свила од каде го купи, се сеќаваш?