ептен е модерна,има денови кога е посредена од мене без штикла,без шминка,без коса навиткана не можеш да ја видиш хахахах пиши на инста svila handmade имаат многу убави сетови,наметки,пижами ...
Им завидувам воопшто на такви дами госпоѓи што се секогаш средени, вложуваат во својот изглед без разлика на годините. А уште повеќе ми се допаѓа што се трудат да бидат во тек со новитети за козметика и мода. Али од друга страна до пред некоја година имав колешка на работа околу педесетите години беше и имаше двајца синови. Она права дама секогаш скоцкана, средена со фризура шминка и манири на права госпоѓа. Ама болна тема и беше снаата што со тренерки искалачала од дома како си дозволувала таков луксуз по тренерки да шета дете
И на мојта свекрва не ѝ се погодија снаи што кога одат до продавница што е на 2 мин од куќата стават црвен кармин, а облечени во тренерка како она што носе
Да не се подречам си се погодивме,двете сме стрелец во хороскоп,сакаме да излегуваме,шетаме,да се средуваме,плус има син единец,а секогаш сакала ќерка,така да имам повеќе привилегии од син и хахаха сака да ми купува,да ме советува,да шетаме заедно..има и моменти кога и од многу добро и грижа мене ми смета,ама може да процени па престанува и се смее демек мајка е мора да мисли на се,не живееме заедно така да и тоа си допринесува да се сложуваме и да сме без кавги.
Ако некој се фали дека МИ сработил нешто, а не ми сработил, тоа не го прави од што ми се радува туку за да се "покажи" пред некој.
Жени за брзо ќе правам свадба. Не сум по адети и такви глупости ама добив коментар дека срамно било на свекор и свекрва да не бакнам рака кога ќе ги дарувам. Мислам ок е дарувањето ама бакнување рака сваќи мислам уште сега се спрема за чинот бакнување рака незнам колку пати ми има речено ќе не даруваш, ќе бакнеш рака и тоа е тоа.
Арно ти вика @Noranora. Свеки нека се спрема колку сака. Ти направи си како што ти одговара. И јас не би бакнувала рака.
А што е толку тешко да си одговориш дека застарен е адетот и нема да го примениш. Плус сврти го на шала демек сега корона не се бакнува рака. Ако дозволите од старт да бидете манипулирани утре така ќе биде со деца и со се.
Срамно било пред 40 години. Сега е срамно вакви теми да начнуваат и да ти вршат притисок. И може да зборат колку сакаат, на твој ден не треба тебе да ти е непријатно и да се туфкаш месеци претходно за ваква глупост. Дарувај ги, можеби културна прегратка или поздрав и доволно е.
Срамно било од луѓето нели тука и камера ќе има па да не зборат. Јас не би ама се нервирам ко ме напнуват.
Какво бацување рака бе Никогаш не сум бакнала рака на свеки ниту ќе бакнам. На твој најубав ден не прави работи што не сакаш да ги правиш молимте.
Јас кога дарував не бакнував рака, ама во црква попот кажува на кумови, старосватови, родители да бакнеме рака и јас и маж ми. Јас кога дарував не бакнував рака, ама во црква попот ни кажа на кумови, старосватови, родители да бакнеме рака и јас и маж ми.
Терај си по твое, речи и дека не живееш за луѓето и готово. Јас би и дала до знаење однапред да не ми прави скандали на денот, воопшто да не очекува такво нешто, таман да има време до тогаш да се помири. Нема жива сила што ќе ме натера да направам нешто со кое не се согласувам. Попот може да каже што сака јас ке си се насмевнам културно и ќе си се тргнам на страна.
Ќе се нервираш уште повеќе кога ќе ти текне после свадбата дека си попуштила да правиш нешто сосила. Свадбата е специјален ден за тебе и за маж ти, не е за свекрвата, не е за свекорот, за луѓето, за камерманите. Никој на никого не го збори во 2022 година дека не бакнал рака. Може свеки твоја си мисли дека свадбите уште се слават како кога таа била невеста. Мене лично многу почудно ќе ми е да видам млада невеста како бакнува рака на свекрва, ќе знам дека е натерана сосила пошто ништо не значи тоа веќе, а ти ќе се каеш што си попуштила на притисокот. Јас би се каела. Бакнување рака, прво заради хигиена во никој случај нечија рака нема да ја носам во уста, второ такви старовремски адети што се наменети да ти покажат кај ти е местото ко жена, на мој најубав ден - нема шанса.
Еве и јас да се приклучам на темава, во 2018 год правев свадба, искрено не бакнував рака на никој, а и не дозволив да ме бакнуваат, шљачкаат се поздравував само со рака, ич не се замарав кој се налутил а кој не, да дозволив да ме бакне внуката ( она имаше 2 годиники) а инаку никој друг ни на сликање во ресторан ни во црква ништо, ни на дарување се со рака поздравување и чао пријатно. Кој се налутил нека му стои, тоа беше мој ден и недозволив некој со сила да ме тера да правам нешто а најпојќе да бацам рака на некој, шанса немало...