Ако ја слушав свеки за се, ќе си го земав бебето од болница со алишта спакувани во цвеќара во целофан со голема, гооолееема панделка. Таква беше замислата на свеки.
Не, не и текна. Ама му рекла на мм да ја земи и сестра ми кога ќе идел да не земи од болница. И јас на зафрканција му викам абе ако ја земаш сестра ми, земи ја и сестра ти. И тој вели, ама многу ќе се згужваме така в кола. Епа му викам, затоа сам ќе дојдиш, нема потреба некој да организира кој треба да иди по бебето.
Не разбирам како може да се мешаат во вакви интимни моменти, освен маж ми никој не би сакала да видам тогаш. Не па цела сурија роднини да доаѓаат.
Моја свеки дојде во болница Тоа беше единствен пат така да ме изнервира, се утепав од плачење цел пат до дома. Па уште ме прашува што ти е, викам од среќа си плачам. Језда и хормоните имаа голема улога тука.. А мм ме праша дали може да дојде мајка му, јас реков нека дојде, ама го сфатив за дома
Не, пред некое време гледав на фб слики кај еден дечко, ми искочи на почетна, јас сешто имам за пријатели, и сега се оженил нели, и слики од веридба излеа беа тоа, сликана невестава како бацува рака на свекрва, на свекор, на бабата на идниот маж, на него, и не, не беа турци или албанци, наши беа македонци, па ја сликале и како и крши свекрвата и погача врз глава, туѓ срам ме изеде..
Еве сега уз муабет, золвата ми вели требало да ја користам свекрва ми (мајка и) за чување на бебето. Дека таа била будала што не користела. Таа не и го оставала бебето пред 25 години, ама мене ме учи дека јас требало да користам. А свеки има преку 70 години.
Свадба прајш за тебе и маж ти. Прави како што мислиш дека треба и сакаш. Утре ќе се каеш ако си терала адети што не ти биле по кеиф. Од паталец слушај јас многу се каам што мојата свадба сите желби и честитки исполнував.
И на нас попот така ни рече ама ние не сме го разбрале добро не бацивме. Одпосле ни вика абе деца што ви реков јас... ние такви што па сега
Хахаах и подобро што не сте разбрале, кај нас сите слушнаа и одма по ред еден по еден.. а мајка ми од страна ааа не корона е и сите ај поминување ни бација круните и тоа беше. Мајка ако не те извади од кал нема кој
Абе сечеш од старт и крај на таа тема ставаш. Ние кажавме дека правиме само венчавка во црква, матично и ручек со најблиските ( родители, кумови, старосватица) , а ако некој роднина и слично даде коментар нека ми се обрати на мене лично, без проблем ќе добие одговор. Нема идење по невеста и адети, објаснивме дека така сакаме и крај. Еднаш свекица спомна да завртиме оро пред врата и во секунда доби реплика дека нема да има такво нешто на тој ден, а други денови нека си пушти музика и нека игра ако толку сака. Наш ден е и ние си имаме донесено одлуки што и како. Мајка ми пред некој ден ми вика да земеме и за сватовите и девер ти и децата нешто за дарување, и одговорив НЕ и крај. Твој ден , твои желби , твои одлуки душо!!! Сега ќе преќутиш за ова и ќе си имаш нервози, после тоа за друго, па за трето и нема да има стоп. Сечи од старт! Јас си пресеков за многу работи и фала богу немам проблеми. Башка одвоени сме, а и не замараат или наметнуваат. Кога ќе кажам не и не ќе биде ( ова за мене и мојот спрат си важи, мој дом мои правила, мој живот мои одлуки)
Во 99% од случаите кога сум послушала свекрва сум се покајала. Затоа сега не дозволувам да се меша, а нека си збори колку сака. Имаш добар изговор, корона е и опасно е по здравјето На такви џабе е да им објаснуваш дека е застарен и понижувачки адет.
Зависи што ќе те дарува, ако се работи за грне со алтани и бисери ја би бацила и раце и в чело абе какво бацување, кај ќе се мажиш? Мариово?
На нас попот не ни кажа за бацување кога се венчавме. Разни адети има секаде. Јас ова за бакнување рака на свекор и свекрва прв пат го слушам. Имаме едни кумашинци, кога и да дојдат на гости кај нас или ние кај нив, обавезно им ги бакнуваат рацете на свекор ми и свекрва ми(тие ги венчаа). Не знам од кај им тој адет
Ова исто со муабетот мамо и тато да ги викаме. Нема проблем ако сакаат да препишат на мене се што имаат, дека нели мама и тато би ми биле , па да не ме двојат од другите две
Јас дочекав и свекор ми да ми каже дека сега они ми се фамилија, на моите да заборавам Уште толку ми се одмили човекот. Ама си легна на брашното, односно мм го превоспита, па сега внимава што зборува. Кога ми рече да го викам тато само му одговорив - тебе твоите синови не те викаат тато, не јас