А за прочка доаѓаат рано Јас не би чекала маж да превоспитува, би средила одма. Ама фала му на бога што не се такви, свекрва секогаш со внимание да не погреши ке каже нешто. Единствен испад и беше орото пред врата ама се разбравме за кратко. Дури и ми вика што им е на родниве викаат ако не прават свадба ние ќе дојдеме, ама јас им кажувам дека тоа си е нивно, дека не сакаат свадба и не се меша никој. Разбрана е добро е, а свекорче е мирен и стварно секогаш гледа колку може нешто да помогне. Ама и ние не сме ги оставиле без грижа. Болни кога се ние ги носиме по доктори, лекови и слично. Арни се пу пу да не ги подречам.
Јас не ги викам мамо и тато уствари никако не ги викам. Не живеам со нив што е супер, само што се заостанати во нивно време и терат по свое. Решивме ситуација не бакнувам рака
Така бе златна! Нека си живеат во нивниот свет, ти и маж ти глејте да си имате среќен и убав живот, без проблеми и нервози, со слога и разбирање. Она нека си тера нејзиното. Утре со дете ако е забегана како на братучека ми свекрвата ќе те тера 40 дена пелени да чуваш Или ќе те дави со нивни адети и обичаи!
Јас на кумовите што не крстеа секогаш им бакнував рака , прилепско. Ама бев дете а тие беа ептен стари веројатно и таков бил адетот по старо ...
Јас ги викам ,мамо и тато,имаме некое почитување и толку сум навикната што ми доаѓа спонтано. Е за бацувањето рака кога бев невеста изрично кажав нема шанса тоа.И така бидна,ама сега по адет во тоа време(не сум додуша стара во најубавите години сум ѓоа)давав дарови и тие во рака пари ми даваа и така во образ со сите се бакнав.И бабата стара потоа прокоментирала, абе види невестата рака не бакнуваше ама уште поубаво во образ не бакна.Жена бе ,да ја оправи работата
Ќе си се поздравиш најнормално, пази на шминка со то бацувањето, ќе те даруват златце или пари, која рака бацување, порано тој му беше адетот зар уште така прават. И пази за во црква ко ќе се размават со ориз, пченка и шо не, око да не ти извадат Гледај убо да си поминиш , и свадбата да си ја правиш по твоја замисла
Дојде синоќа золвата, дојде и свеки по неа. И дојде муабетот околу имињата на децата, и јас викам ако имаме второ дете и ако е машко ќе се вика *****. Свеки згрозена во фацата вика мене тоа име ич не ми е убо. Ама и викам ти не се прашуваш во случајов, ние сме тие што треба да одбериме име. Ааауу вика, ако го крстите така, ич не го земам в раце, ќе си ја држам ***. Очигледно со ваква изјава госпоѓата не заслужува ни ова да го држи, ама ќе си го добие на раат денес.
Мојата свадба 2017 год. Беше баш традиционална со земање невеста и со по некој адет од двете страни да се испочитуваат и моите родители и неговите. Нема да заборавам колку беше татко ми среќен кога кршеше погача со свекор ми, мајка ми фрлаше со бонбончиња и шеќер, колку беа возвудени околу припреми и спремање и сега кога ќе ми се врати филм сметам дека сум направила правилна одлука. Секогаш раскажуваат (моите родители) колку биле среќни, весели горди.... Како стареат тие работи ќе им останат во сеќавање и убави спомени. Е сега моите свекор и свекрва кои потекнуваат од помал град од западна Македонија не можеа да се помират неколку месеци кога им кажав дека јас уште тинејџерка кога бев со другарките се извлековме која на кого ќе му биде старосватица. Мојата најдобра другарка 20 години се дружиме мене ќе ми биде старосватица а не според нивниот адет треба да ми биде дали некој нивни побратив или вујко не сватив точно. Оставив кумот да си го одбере мм. Кој сакаше да му остане стариот кум ок негов избор. Со мм така се договоривме да се испочитува по некој адет од двете страни, ниту ми падна круната ниту лошо се чуствував. Ама мора да се пресече што се прифаќа што не. Бакнување рака во 21век ми е нонсенс, ама да дозволиш кога влагаш дома кај младоженецот со слатко да те послужи нека ме послужи свекрвата или во скут да ти седне мало дете и да го даруваш чоколадо ми е ајде да речеме прифатливо.
Ич не мисли што и како ќе и вратиш, се полниш со негативна енергија. Си требала да и речеш епа супер, ќе си го галам сама цело време Стариве од што мислат дека се многу "паметни" дека постари побрз им е јазикот од мислата. Ич да не ти чуе. И не споделувај имиња, нека ја копка до крај
Бацувањето рака ми е толку понижувачки чин, особено кога се очекува само од снаата. А како ќе се поставите од старт, така ќе ве третираат. Јас не бацував рака на никого, ми е гајле што ќе мислат они. Што сум јас под некого па да бацувам раце? Рака ако некад треба, би бацила само и само на моите родители иако не гледам поента во шлапкање раце.
Името кое го спомнав не ми е ни во план, ама една згрозена фаца ко направи госпоѓата, ауууу ко таа да се прашува за тоа. И тоа и е кажано неколку пати, дека не е битно нејзе или на некој друг да му се бендиса името, туку мене и на мм. Ама со изјавата дека ако го крстиме така, нема да го земи раце, заслужува ни ова да не го држи.
Ти скроз си мојата се породив и име не знаеше (добро и ние немавме дефинитивно се мислевме меѓу две ). Ама па сега како и го изговара (ретко инаку куце ја вика , да уште ) некако цинично звучи тоа страшно е. Ама па накриво ми моча мене хаха
Тоа за имињата сигурно се лутат затоа што не се подновени. Мојата долго време не можеше да се помири дека не ја подновивме, па на ќерка ми и се обраќаше со "кукличко", никако по име. После се помири, немаше друг избор.
Се сложувам за бацување рака, ама ве читам за земање бебе од болница и се чудам. Што ако дојдат? Кај мене и моите и неговите беа дојдени и нормално ми беше, внуче е се радуваат, секако одма ќе го видат дома. Ај сега со вирусот, може нема в болница да влезат, ама пак не може да се изолира бебето од најблиските. Па уште и плачење што дошла свекрвата по бебето, ко комшивка да е, а не баба на детето.
По бебето оди само таткото и точка. И братче или сестриче ако е второ/трето бебе. Па на што личи тоа цела тајфа у болница. Сепак е болница тоа. Нека си чекаат дома. Замисли мајката да има сестра, брат па внуци. Ехееее циркузи
Ок, ама и да изрази желба некоја од бабите да оди не гледам причина за плачки. Во болница секако сега само таткото влегува, за порано не гледам зошто драми правење што дошла свекрвата. Од сам почеток снаите си прават притисок за секакви небитни работи.
Ма ни дома не сакам да ме чекаат. Кога излегува родилка од болница, најмалку и треба чопор луѓе околу неа.
Ама тоа повлекува и мајката на новата мама, па свекорот па деверот и малото внуче од братот. Тажно ќе е ако остане дома Инаку ти ја разбирам поентата за мир во куќа да не де драматизира. Ама сепак треба и свекрвата да има разбирање за тој интимен момент и да ги остави новите мама и тато да си го осетат.
Затоа што така сакаме! 4 дена во болница, одвај чекам да си одам дома со мм, а знаев дека дома ќе ми дојде. Па барем од болница сами да излеземе. Плачките ги препишувам на хормоните, смешно е ама ете