Не вреди да се расипува таков момент само затоа што дошла свекрвата по бебето. Бабите и дедовците се најблиски после нас на нашите деца, да не забораваме.
Е вакво разбирање треба да се има и од бабите. Не треба да драмат ако не дојдат во болница. Па кога ќе видам фотографии низ нет они го грабнале и транспортерот. Демек многу итри
Мене повеќе ме иритира тоа што многу млади родители размислуваат за тоа само свекрвата да оди по бебето, демек другата баба не е битна . Па и со бањање на бебето првите 40 дена, морало свеки да го бања, атер правење. Имам во фамилија такви, и со второ дете чекаат свекрвата да го бања.
Кај мене не е воопшто проблем, чесен збор. Ама од она што го читам по групите, свеки знае да биде еден од поголемите па и најголемиот проблем во бракот. Вагетичка, секаде се меша. Инаку не падало ми напамет да бацам рука на свеки и свеко. Ја бев модерна невеста, немаше такви работи кај мене, ни адети, ни терање туѓи мераци. А во врска со зимање бебе од болница исто поголема глупост нема. За што ќе дојдат не разбирам. Ете дома нека дојдат раат да не видат.
И мене не ми е јасно зошто некои одат со цела делегација за земање на бебето од болница, тука се битни родителите и бебето.
А каде тоа одат сите овие што ги наброја? По јатрвата беа и двете баби, па кога стигнаа, жената беше среќна, воопшто не беше под стрес, како што замислувате и кажувате. Мене ме чекаа моите и сестра ми дома, исто бев среќна што ги гледам( во пандемија се породив па никој не можеше во болница, во странство сум па не е тука свекрва ми, затоа не дојде). Нема потреба од стресови без везе, секако на крајот од денот остануваш сама со сопругот и бебе.
Апла се гледа дека е ироничен коментарот, не дека одат сите секако. Не си го сфатила изгледа. А, супер за јатрва ти чим си била среќна за придружбата. Тоа е и муабетот, ако си ок со тоа и сакаш да ти дојдат пола фамилија океј. Ако некоја мајка не сака треба и тоа да се почитува и да е океј.
Па нема сигурно цел ден да седат. А и не се чопор луѓе +4ца (бабите и дедовците). И за нив е тоа радосен момент, дочекале внуче и сакаат да го видат. Кај мене кога се породив и кога си дојдов од болница, беа само мајка ми и татко ми, свекор ми и свекрва ми не дојдоа зошто беа позитивни на корона. Им беше многу криво на камера се гледавме, внучето си го видоа прв пат после 20 дена. И ми беше преубаво искрено што беа моите дома, имаа нарачано ручек, седевме, муабети,скроз опуштено, бебе си спиеше. Мајка ми толку радосна во живот не ја имав видено, дома беше сѐ украсено и тоа беше баш еуфоричен момент, а истото ќе беше и со свекрва ми да беше тука. После тоа јас си легнав да одморам додека беа тие тука, мајка ми среди сѐ после ручекот, па кога станав си заминаа. Мене повеќе ме нервираше честото доаѓање дома во деновите потоа и седењето со саати (на мајка ми, пошо свекрва ми не можеше) и мешањето во сѐ околу бебето. Ама од друга страна ми беше ептен од помош околу домашните обврски, пошо јас првите денови не знаев кај терам, а мм одеше на работа.
Па и она е од генерацијата кои што знаат се и без искуство не ти признаваат ништо , ама јас што сакам применувам што не ми одговара правам како сакам. Ама за некој работи мислам дека претеруваме. Пример ние сме во странство и таа се јавува секој ден да си го види внукот. Мене некогаш ме нервира, па кога ѕвони кај мене а маж ми не е дома, некогаш не кревам. Ама утредента кога ќе се јави и кога ќе рече ах колку ми недостасуваш, следен пат јас ја барам, затоа што знам дека е така, не го гледа по 9 месеци, па 5мин во денот ќе ја истрпам.
Па тоа е веќе мерак работа. На пример золва ми она лично сакаше да дојдат нејзините, неговите па дури и јас и мм (тогаш верени бевме). Јас и мм не можевме да стигнеме, другите отидоа. Јас се породив во пандемија, не видов никого во болница, а они сакаа да го видат бебуш. Мене па ми беше убав момент и мајка да си ја гушнам и они внуче да си видат. После дома лабаво, некои саат време поседоа, си помуабетивме што и како беше и после ме оставија да се избањам, одмарам. Ама тоа е од жена до жена. Јас не би отишла ако нема мерак мајката, а ако има, радо би отишла на ваков момент.
Јас ова не би можела, да ми звони секој ден да се гледаме. Мислам и во ист град да живеете па нема секој ден да се гледате. Задолжително секој ден на камера глупости. И леле еден ден го нема видено и одма емоционални манипулации.
Па и ја не можам, затоа не и дигам секој ден, а кога е мм дома, јас секогаш во тоа време си работам нешто па не ја ни слушам.
Не знам, мене нервоза ми создаваа. Хормони хаос, не можев со толку луѓе на куп. Само мајка ми ми беше тука за совети, а свекрва и свекор ич. Свекрва кажуваше што да правам, како да правам, да сум перела на рака првите 40 дена, да не фрлам ѓубре навечер. Не можам со тие бабини деветини јас.