Искрено имам среќа што бар со такви работи немав мака. Адети чуда попувања немаше. Нит за свадба, нит за бебе. Сакаше да дојде по нас во болница. Му реков на мм, да ми се акнат сите по мене немам намера, што ќе инкажеш не ме интересира, не сакам никој. Еднаш спомна само до 40 дена јас не ги пуштам никаде. Ја точно на 1 месец ја шетав во парк....не дека пред тоа не ја изнесов. Други проблеми си има она у главата, па непотребно створи проблем. Сега не дека не ме нервира, но научив да не слушам. Може до сабајле да збори. Уствари, ваљда со тек на време се лади чоек, станува имун, па не може веќе ништо да го повреди. Ама ако нешто ми засмета, одма му кажувам на мм да го среди тоа. Знае дека јас немам намера веќе да се замарам и објаснувам, а пошто тоа е најчесто проблем за нашето дете, го оставам он да го реши тоа. И така... Онака си кажав, не ме фаќа сон...па да се најдам у муабет.
Точно, секој сака различно, и не треба да има замерки од никој ако родителите сакаат сами да си го земат бебето од болница или ако не сакаат некој дома веднаш по доаѓањето со бебето. Да, мерак им е и на бабите, дедовците, тетките да го видат бебето, ама тоа е првенствено момент за родителите, а потоа за сите останати и за тоа треба да се земат во предвид желбите на родителите.
Во муабет за бањање на бебето, тетка ми (двојна свекрва) почна со поуките дека морало бањање секојдневно, а по потреба и вторпат, ако се покакало и дека таа така правела и со нејзините деца, и со внуките. И викам ок, ама од кај ти е информацијава дека мора секојдневно, еве мене педијатарот ми рече не мора. Аааа мајка ми велеше така, бебе мора секој ден да се бања.
За да расте де, како не знаеш Инаку и мене свеки ми викаше дека требало по двапати на ден да се бања до 40 дена, јас и кажав „аха, да, важи“ Абе како се замлатуваат еј, ко да се они мајки, а не ние.
И кај нас има адет, на давањето збор или како и да се вика, да бациш рака и после да им свариш кафе и повелете мамо тато Важи, сигурно, нит рака бацив нит мама и тато ги нареков тогаш а ни па ќе ги наречам. Еднаш свекор ми се изгоре, желен беше за така да ги викам, и ми вели: може утре мајка ти да ја однесеш на лекар? Си викам во себе што и е на мама, а он знае јас не. И ми покажува накај свекрва ми, и му велам: мислиш Трајанка (имево е само пример, тоа ми текна ) ? Па да мајка ти, пак вели. Слушај викам Трајче (исто името е случајно ама да си врзе во крпче дека ни него нема да го наречам тато), јас имам една мајка и еден татко, вие не сте и никогаш нема да бидете, затоа те молам ко луѓе да се разбереме за тоа од сега, јас сум таа и таа, вие сте тие и тоа е. После немаа испади со мајка ти и татко ти да ми велат. Живеам за денот кога овие глупости нема да постојат, нека биде побрзо, amen to that. Како си сакаш ти, така. И јас не сакав да дојде свекрва ми по мене иако му рекла на мм, адетот бил таков, ќе виделе комшиите? Епа штом е до комшиите, у реду, нема да дојдеш ич тогаш, мм се налути тогаш Додека бев бремена уво не ја заболе за мене, нит праша нит ништо, лежев во болница скоро цел месец, на телефон не се јави, не мораше да дојде, телефони постојат, ама за земање од болница ќе се нацртала одма поради комшиите, важи. Мм го зема брат ми они двајца дојдоа по мене и така
Некој ми ја објасни оваа глупост ама не знам кој. Не се переле во машина и не се виткале на раце да се цедат пошо цревцата ќе го болеле ќе му се виткале така А за ѓубрето, ксметот си го фрлаш. Секако дека ќе переш во машина, како машина што ќе испере, не може рака. Ја никогаш во живот не сум перела и немам намера да перам на раце а не па тазе породена. И секако ако имаш каде да фрлиш ѓубре а немаш каде да го дочуваш дома смрди, ќе го фрлиш вечерта. Тоа е се глупости.
Имам и друга бабина деветина. Не се варело кафе на некој гостин (мајка, татко сестра, свекрва) ако ти дојде до 40 дена зашто детето ќе имало црни заби.
Кај мене првиот ден немаше никакви совети, освен оди ти одмори се, под импресии уште беа за новиот член, од вториот ден натаму почнаа и сѐ ме нервираше
Најак ми е адетот од мојава, детево кога ќе се избањало, во првите 40 дена, водава од коритцето да се фрлела во цвеќе. За да му одело се така шарено и убаво во животот.
На другарка свекрва и сакала да спие со неа до 40 денови за да не случајно другаркава легне со маж и, да ги чувала некој стар адет било ова.
Обично до 40 дена жената крвари и матката уште не е вратена како што треба и не верувам дека баш на некоја родилка ќе и е дојдено до тоа, за мажот да.