Ве читам за излегување од болница. Со првото сите дојдеа по нас, и моите и на маж ми. Надвор си чекаа. Со второто само свекор и свекрва, во колата чекаа. Моите не дојдеа во болница, многу снег имаше, дирекно дома кај нас дојдеа.. Маж ми порача пастрмалии, ручавме, го видеа бебето, средија по дома и си бегаа. Не гледам ништо лошо во тоа. Јас едвај чекав дома да си дојдам, а дали они дошле или не, не ми беше проблем
Се е тоа во ред, ако тебе не ти смета и сакаш сите да се со вас Прочитав погоре, па и ова било адет.. Бабата да оди по бебето, што ќе кажеле комшиите затоа дошла мојава, а јас се чудев како направила нешто а да не е за комшиите
Па тоа беше само за земањето од болница, да го видат бебето. Не гледам лошо во тоа. Наредните денови свеки се качуваше на кратко, а моите не доаѓаа секој ден
Хехе, може ќе каже нешто и за тоа. Пошто она многу адетлика од се се разбира. Само ги прифаќа, адетите кои и одговараат, а ако се нешто поврзани со оставање пари, тие не важат.(пр.оставање пара кај новороденче)
Како бе денски што ти ее.. Тие работи строго ноќе и строго со изгаснато светло @Мамичка ма какви 40 дена , 4 месеци не сакав
Само ќе кажам блазе си ви ако сте од поголем град, мислам таму почна веќе да биде нормално тоа што треба да биде. Ако ви изнабројам адети и глупости што се дешаваат тука (во село сум), ќе бидете среќни за вашите Среќа па сум нервозна и без влакна на јазик после 3 години, а уште поголема среќа мм што е будала па кој ги шиша стариве испаѓа Малата многу плачеше еден период и свекрва ми запната за бајачка, ние не. Алишта што сум имала пружени си земала боди на малава и го однела на бајачка, и вели еве ни ваше ни мое, бодиво е избаено да не иде бебето таму, облечете и го да го носи. Мене ме фати една смеа, а мм го фати бодито и го фрли в канта надвор пред неа, почна да урла, ние се качивме на спрат и така Да не викаш чао, да не фрлаш ѓубре, да не пружам алишта надвор од малата (ова сигурно е за да не ми земаат бодиња и други ), па да не излегувам до 40дена со бебе, да му дупнеме ушите првата година (уште нема обетки, 3 ќе праи). И мајка ми имаше испади ама она е таква тивка а јас гласна па одма се поткасуваше Ми забранија движење, скали во 8ми месец, и седев кај моите дека на прв кат, а ваму на втор сме, да не ризикувам. Свеки се јави на телефон лута, како така на раѓање ќе сум одела од кај мајка ми, кога сум мислела да одам дома, таму веќе ми било дом, абе смешки ама ај. И сега најтазе, ајде помина време од царскиот, зошто не раѓаш второ, ќе речат луѓево што сте останале со едно, да не не можеш да останеш трудна? Требаше да и кажам да дојде навечер да ја бутне работава Ама веќе не и се нервирам искрено, само и се смеам во лице
Три деца родив , со сите три маж ми ме земаше од болница сами и си одевме дома ,,, на третото дури сама ојдов на пороѓај дека беше договорен царски маж ми беше на пат, после неколку сати дојде тој од ко се породив да го види бебе Незнам јас непотребно ми е еден куп луѓе да доаѓаат . Секако дома ке дојдат ке го видат бебе не бега тука е
Мојава пак обратно. Во една прилика ни вели мене и на мм (малава уште немаше два месеци), ко ќе сакате да водите љубов, јас ќе ви ја чувам.
Ме изнасмеа со бодито Во се ова биди среќна што имаш поддршка од мт Се што сега ти е смешно, да ја немаше поддршката ќе ти беше трагично
Верувај знам Ама он ме знае каква сум, а и делиме исти мислења за овакви работи, па така му доаѓа он да реагира прв пред да настане општ хаос
Јас имам 2 свекрви ако ја рачунам и золвата има 35+ и нема дечко и во се се меша. Она е главна во се сваќи и свекор и се тресат.
Мене од болница ме земаа само маж ми и свекрва ми, мајка ми пошто таков бил адетот не дојде дојде дома само. Некој да ми речеше дека она ќе прати адети од коа се омажив како такви работи и кој прв го бањал детето и кој празник морало кај неа да се оди ќе се пукне од смеење, ми засмета малку мислев ќе сака да дојде. Е дома ме нанервираа сите топтан свеки мајка татко свекор посебно затоа што почнаа гозби да се прават и да се пие и да се начукуваат а јас кај тазе породена кај слабокрвна до примање на крв секој ден , станав изгасив музика им реков ако ви се седи како луѓе седете ако не фаќајте патот. За 10 мин немаше никој. Се се решава
Сериозно ова. Не се шегувам. Седиме, таа ја држи малата, мм вика леле што е мирна кај баба и. И свеки целата задоволна вели, епа ко ќе сакате да водите љубов јас ќе ви ја чувам.