И мене не би ми сметало да дојдеше свекрвата во болница. Можи дека имаме супер однос, никогаш не ми кажува адети и не ме напнува за ништо. Во болница дојде само мм, се договорил со свекорот,свекрвата и золвата да дојдат само дома. Купиле се со мм и тие доукрсиле дури си дојдовме ние. Ручавме, пиевме кафе и си заминаа. Не ми сметаа воопшто, му се изнарадуваа на внучето. Моите дојдоа после една недела, во друг град живеат.
За свадба рековме дека нејќеме адети и така беше. Тоа бацување раце нит ми текнало нит некој харал од мене. За искачење од болница свеки сакаше да дојде ама ради помал простор во кола си остана дома, па така дојде само маж ми и не зема од болница. Фала богу со ова коронава ги избегнав сите што би се нацртале на гости да го видат бебето и нонстоп да чистам и спремам . Ние никого не пуштаме дома, ни браќа ни сестри, едноставно се пазиме и тачка. Еве 3 месеци никој не ни стапнал нити ќе стапне дур има корона. Свекрвата е со нас во станот и ни помага за ручек,садови, торти,благо и бањање на бебе. Да, се меша сегде и кај што треба и не треба и не ни е по ќеиф заедничко живеење ама сега така мора да биде. Здравје ќе купиме стан и сами ќе си живееме понатаму. Нејќеме да се замериме со неа пошо 9 месеци породилно ќе поминат и ќе ни треба за бебе да го чува дур сме на работа, па затоа ќутиме хаха. Зборот ми е, некогаш преќутете за нешто, сепак ќе ни се најдат ако не сега, понатака сигурно за чување дете.
Постои градинка за чување деца. Не мора никој друг да ми го чува а јас за таа сметка да и преќутувам на таа личност. Јас и маж ми сме родители и ние ќе се снаоѓаме и ќе си го чуваме. Не е научна фантастика бањање бебе, па да мора свекрвите да ги бањаат. Свекрвите сакале да дојдат во болница, е што вашите мајки нели сакаат. Мислам тоа земањето од болница како некоја претстава да е. 5 минути работа е, 2/3 фотки за успомен и ајт во кола дома. Со ќе ми е свекрвата таму. Значи не го можам овој наш менталитет.
Се прашувам дали свекрвата ќе беше помножена со нула ако немавте толку корист од неа? Не звучи ова напишаното малку себично?
Градинка не планирам од 9 месеци, дур е мало сакам дома да го чуваме, има време за градинка. За земањето од болница само се надоврзав на претходни муабети од тука и секако дека не сакам ниту сметам треба да се прави фама од тоа, незнам што ми се нафрли мајка волку? И мене не ми се многу работи по ќеиф но далеку од тоа дека жената е лоша или има лоши намери кон нас. Не е типична злобна свекрва туку си е ок и си има свои ставови а ние свои што е нормално
Не, само што пишав дека не е злобна и лоша свекрва за да бегаме од неа, но нејќеме да се караме туку да си имаме добар однос со неа и за понатака ќе ни треба за чување дете. Што има тука лошо она да ни го чува детето? Боље она отколку некоја непозната или градинка на 9месеци. Наните и дедовците се најдобри чувачи на деца
Дали ако е она на став да му дава грав на детето од седум месеци ти ќе преќутиш затоа што треба да ти го чува?Од тука доаѓаат проблемите,различни ставови,а не можеш да прејдеш преку тоа.Мене баш ми е мило ако вие имате добар однос,ама не сите свекрви ќе ја послушаат мајката кога се работи за детето.
За јадење ни е рано мајка, само 3 месеци е бебе, а здравје за тогаш ќе се договараме што да му даде да јаде. Воопшто не е таква да дава или прави нешто наопаку што не е во корист на бебето. А иначе да, ако дава грав тогаш нема да го чува и сигурно ќе се скараме за таква глупост. Видиш незнам колку злобни свекрви има
Епа во темава најчести проблеми се тие,околу чувањето на децата.Немора да значи дека се злобни,едноставно не прифаќаат критики,и си тераат по свое зошто мислат дека они повеќе знаат.
Не е поентата дали е лоша или не, али ти мора да правиш некогаш и нешто со кое не се согласуваш само за утре ти чува дете, и не само ти многу членки овде пишале со такви ставови, ќе ја трпам за да ми чува дете. И не е вистина дека бабите и дедовците чуваат најдобро деца, напротив најчесто ги разгалуваат повеќе од што треба .
Епа ако од старт свекрвата бања дете, чува дете и е присутна во секоја ситуација нормално дека ќе си тера по свое, и ќе мисли дека знае повеќе од мајката.
Да, сакам мир во куќа, и да, сакам она да го чува затоа што е добра баба со бебето и се тресе за него. Има ствари што сметаат и тоа е нормално, ми иде некогаш да се искарам со неа ама нејќам. За разлика од други нас само она ни остана од родителите, немаме друга баба и дедовци за да се ослониме на нив за чување дете. А кој друг да ми го чува кога ќе ми треба некогаш да го оставам детето?
Сопругот. Игротека. Што ако пример она не сака да го чува, секогаш може да се снајде човек. Оние што се во странство како се снаоѓаат без родителите.
Кој ќе ми чува дете ако треба некаде да одам со сопругот? Па ќе си најдам жена и на два часа ќе го причува. Ако не се мирисам со свекрвата, нема што да и оставам дете на чување. Најсмешни ми се оние мајки, не се сака со свекрвата , но за чување е добра
Добро сега, има лоши и има подносливи свекрви. Ако е поднослива, ОК, добро е да се има како резерва за чување на дете. Збориме не само за доброто на детето, туку и за наше добро, на мајките. На секоја од нас ѝ е топ ако може без проблем да го остави детето само некаде и некогаш, а да биде добро згрижено. Секоја чест на членката погоре @zverkica што успева да преќути моменти на несогласување заради повисока цел, а тоа е добросостојбата во иднина, и нејзина, и на детето. Тоа "ќе ти го чуваат во градинка" или "ќе најдеш било кој за 2 часа", се само муабети. Дури и свекрва е малце, доколку не е 100% слободна. Секогаш се наоѓа плус човек за чување. Никогаш не е на одмет, дури е и многу корисно. Е сега, во однос на живеење заедно и други граници, да, треба да се постават граници и треба максимално да се избегне живеењето заедно. Али тоа е што е. Не секој е толку силен ментално за да се фокусира во својата глава и да се контролира за да не излезе работата од колосек. Ептен лесно е да ја навредиш и да ја треснеш вратата. И да ѝ речеш " Не ти давам ни дете да чуваш". И после стискаш заби со години зошто немаш како ни на најобичен забар да отидеш. Нормално ќе отидеш, но за било кое твое одење било каде, мораш ептен детални планови да правиш.