Епа токму така, сфатено како што треба, браво на разбирањето. Не сме секогаш ние битни колку што е нашето бебче затоа ми беше муабетот, и јас не би го оставила детето на лоша свекрва што ќе му дава грав да јаде или лошо ќе го чува ниту пак ќе ја имам како резерва да го причува, едноставно ќе ја избришам од листата и готово. Те поздравувам мајка
Ама мојата свекрва еве секој ден е на работа од 8 до 18 часот и како да ја планирам за чување? Дајте не претерувајте дека не може без свекрва дете да се исчува. И да, може да се најде жена за причувување на два или три часа. Моја другарка е самохрана мајка, нема ни татко ни мајка,па плаќа жена по 200 денари за два часа. Тешко е да се потрудиш и да дадеш плус пари, а лесно е да ја ангажираш свеки за детето да ти го чува и додека ручаш, а после да кукаш дека се меша за се и сешто.
Ќе најдеш 100% некогаш кога треба навечер на свадба да идеш или едноставно кога ќе сакаш да искочиш сама со маж ти Што ви е бе луѓе аман. Па и јас не се согласувам со мајка ми и со свекрва ми за многу работи ама тоа не е причина да се карам и да, ако треба ќе преќутам некои работи, прво и основно од почит кон нив. На мајка ми ретко ѝ преќутувам ама таа ми е мајка и со неа можам и да се подискарам и утре да е ко ништо да не било, ама со свекрва е поинаку. Си ги кажувам отворено моите родителски ставови пред нив, сум поставила некои граници и тоа е тоа. Можеби нив не им се сфатливи некои работи и си тераат по свое ама тоа не е причина да не го оставам детето да ми го чуваат некогаш. Па подобро они штом можат и се слободни, него некоја непозната жена. Јас не работам и ќерка ми не оди во градинка, 16 месеци е, и свекрва ми е пензионер, кога ќе ми притреба и кога е слободна, ми ја чува. Зошто би плаќала жена за неколку саати и тоа не секој ден, кога имам кој да ми ја чува? Ќе тргне во градинка секако на околу 2 години, не зошто нема кој да ја чува туку зошто јас сметам дека е најдобро да расте меѓу деца. Свекрва ми е против, на 3 требало, на 2 било мало, и она била слободна, и да сум одела на работа секој ден ќе ја чувала. И што треба сега јас да се расправам со неа зошто не мислиме исто?
Ти си знаеш бе. Муабетот ми е за оние снаи што не ги поднесуваат свекрвите и се жалат дека им се мешаат, но за чување дете/ деца е добра. Ама некои снаи нит се водат нит се тераат.
Еве јас сум во странство ни свекрва имам ни мајка тука. Па кога ќе треба да одам некаде со мм ќе си го земам детето со мене, а ако е некаде како што не се носе дете нема ни јас да одам. Нема секој џокер да го даде на некој детето да го причува.
Доколку не живеат и се скарани во ред, а за ситници ако се преречува или ако за нешто рекла свекрвата а ти не сакаш да го прифатиш нема потреба да се прави драми, не е све за карање. Или па кога некоја ќе рече а јас не преќутувам за се враќам. Ок да не можеш да трпиш ама па ај се рекло свекрва е, во се сѐ се меша па сега јас ќе и кажам кај и е местото. Постари се, нормално дека ќе преречат(и мои и негови родители), немаме исти сваќања и други времиња се, како на нас, така и нив некој работи им се чудни што ги правиме. Не мора да значи дека ако некоја не сака да се кара, трпи за утре да и се најде да и го чува детето.
Јас во странство и тоа на друг крај од свет, читајќи ја темава се мислам дали уопште да раѓам. Кој побогу ќе ми го чува детето.
Уште сега да планирам тоа, кога да иде мојата, кога неговата. Не дај боже месец дена да останам без глава над мене да ми соли памет и паничи. Шала настрана, стварно некогаш е страв да те фати од муабетиве дали ќе успеат двајца да пораснат дете сами во странство.
Од ова што го читам тука како е со помош, без помош и далеку е многу полесно Организација ис д киворд
Веќе 40мин сме сите тројца во спална, си лежиме за да и текне ама некоја турска серија и почна сега, којзнае дали ќе си оди
Сите тројца као ти, мт и дете или ти, мт и свеки? Извини знам дека не е смешно, ама посилно беше од мене
Хахаха знаев дека вака ќе звучи уште кога го искуцав ама викам ај ќе сфатите Маж и дете, замисли уште во спална да ја викнам, никогаш нема да си отиде.
Речи му на мажот ти да ѝ рече: " Мислам дека е веќе ти е време да си одиш". Без други објаснувања и со озбилен тон. Иако звучи малце harsh, ѝ дава до знаење дека може да биде уште по-harsh. Ако ѝ го каже ептен лабаво тоа и нежно, нема да сфати и пак другпат ќе останува долго.
Пошто не и е прв пат туку многу често знае да остане повеќе од 3 саати, маж ми секогаш и вика 'Ајде стани да те однесам'. Сега не знам што му текна, ваљда и него веќе му е смачено и си легна. По него и јас си легнав и еве се гледаме и се чудиме. Значи не знам, не е проблем да и рече мм ама толку осет да се нема, да чекаш син ти да ти рече Оди си?
Што се однесува до следните денови после ова, ако си само ти дома и детето, ти можеш да ѝ кажеш "Јас и детето ќе праиме тоа и тоа, а ти можеш слободно да одиш ако сакаш". Тоа ќе биде твојот пристап, понежен, а неговиот нека биде ваков како што пишав погоре, значи озбилен и цврст став.
Извини, јасно ни е дека си имаш мака, ама... Се слагам со членката, маж ти нека ѝ рече на мамичка да си оди. Нека ѝ каже дека е уморен.