Аха. сега го прочитав твојот одговор. Епа ништо, сте ја навикнале вие да ѝ кажувате кога да си оди. Сега и да ја искарате, ќе почне да се самосожалува, демек тука е "во случај да ви затреба" и "чекала вие да ѝ кажете кога да си оди" демек. Ништо, изгледа и двајцата ќе мора да ѝ кажувате секој пат.
Кажи му некој 'прљав' збор на маж ти пред неа а можеш и цела реченица, да се засрами малку и веќе нема да седи до толку касно..
Нема потреба од околу да ги вртиш муабетите, директно во лице се кажува па се лутеле или не тоа е. Секој има приватност и треба да се почитува без разлика ако тоа се однесува и на родителите. Се додека ги вртиме муабети и не кажуваме се во лице без разлика дали некој на нас или ние на некого ќе си имаме семејни проблеми и нервози.
Кажано е, не еднаш туку 1000 пати, на убав и лош начин. Едноставно жената е без осет. Мене веќе ми е непријатно. Си отиде иначе
Остај ти тоа без осет, тие се манипулатори. Јас во заедница живеам 6 проклети години и секој ден има нешто што ме изненадува со нивните дволични однесувања. Ама од кога почнав во лице да кажувам не ме чепкаат како претходно сега ми е помирно Да бевме сега комшики ќе пиевме по едно виски во чест што си заминала госпоѓата
Знаеш што, научи го син ти да ја испраќа. Син ми без да го учам ги испраќа бабите и дедовците. Тие се мислат како да му кажат дека ке си одат, дали ке плаче, свекрва ми нежно го праша може ли да си одам, на кое син ми врати едно не, сите. Почна да ги влече за рака да си одат. На други гости, кога ги виде дека станаа, отрча до врата и им ги отвори, покажа со раче каде да излезат. Од каде научил не знам, ама сме блиски и немало незгодни ситуации. Пресмешно е.
Ма се ми е јасно. Знам дека јас сум претолерантна ама човече само сакам почит и коректен однос. Не може бе да ми седиш 6 саати, не сме другарки. Јас само со другарка можам да се заседнам толку, со вино и муабети. Што да правам со неа 6 саати, ми дреме само, досадна е. Еднаш свикав, беше мирна еден месец и ете ти ја, како ништо да не било. Овој па мојов кога ќе и се пушти, партали ја прави. Таа плаче, мене непријатно. Зошто си дозволува да оди во крајности не знам. @MilaSs12 мојов уште на врата кога ја гледа одма вика чао, и затвара врата пред нос
Штом така се однесува сопругот твој кон мајкаму, најдобро ќе ти биде да не се мешаш повлечи се на страна и како сака така нека се однесува. Ако не се мешаш нема веќе да ти седи, и нема за што да ти биде жал за неа.
Леле татко ми е ваков. Ми се темни кога треба да доаѓа стално се заседува. А знае да дојде и касно пр. околу 7 и до 11-12 знае да седи. И после демек ќе го погледне саатот и леле-ама сум се заседал ај да си одам.Мм му прави па муабет кога ќе врзат некои теми нема крај. Јас неам храброст да му речам ај оди си ама од околу секогаш му кажувам дека нема смисла да доаѓа касно и некогаш кога ќе се јави му велам касно е не доаѓај. Е денски ретко доаѓа, зошто само втора смена работи.
Мислете на тоа дека и за вас некогаш вака ќе зборат некои снаи/зетовци. Не сакам да знам какво е чувството внуче да ти треска врата пред нос уште на доаѓање. Знам дека треба да се има осет ама тоа учење на децата да ги испраќаат/бркаат бабите и дедовците ми е нон сенс, неправедно и тажно во исто време а најмалку смешно и интересно. Некогаш ќе ги бараме и ќе сакаме да дојдат ама ќе ги нема...
Децата не грешат во проценка. Чувствуват кој ги сака а кој не. Секој по заслуга. Син ми ги брка, доста им било. Немаш поим колку ги обожава бабите и дедовците. Ама си имаме чисти односи и си знаат дека тоа не е од некултура.