Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    ај снаи да ве поздравам :D

    јас за викенд бев на гости кај свекрвица ама и кога сум таму како да не сум :tmi: или спијам или сум излезена.што да правам така ме научи мажот не сум јас крива :D да ви кажам дека е арна дека е многу фина и свекор ми исто пу пу нема проблем. маж ми се жалеше вчераи и вика нејзе ај доста веќе не зборувај кога и да отвориш уста се си од нејзина страна :D и она таква горда знаеш :D

    ни направи ручек и секој пат е истото, единственото јадење што не го јадам јас :) ама немам проблем или јадам надвор или маргаринче паштетка ќе си намачкам. барем се потрудила жената.

    убаво ми е со неа саат два муабет ова она после секоја на своја страна и тоа еднаш месечно после ниту звони ниту не бара како да не постоиме. малку ми е криво за мм оти не му се јавуваат ама си ги знае и он што да правам. сум и рекла милион пати јави се прашај како е (барем за него) за доаѓање не правиме ни муабет тоа е научна фантастика да дојдат кај нас. да им спремам ручек да ги прошетаме не бараме ништо друго... ама се си имаат изговори така да не се мешам ниту инсистирам иако морам да признаам дека ми фали семејство барем еднаш во неколку месеци да дојдат да се собереме со нив се разбирам супер, со моите никако не се разбирам.

    како и да е некој спомна дека најбитни се мажите, гледајте со нив живејте си и разбирајте си друго ништо не е битно.

    и да ви кажам искрено овој стан под ќирија го чуствувам како дом повеќе од кај мајка ми и повеќе од кај свекрва ми, зошто кога си доаѓаме дома и кога ќе се гушнеме, ручаме и смееме заедно заборавам се, заборавам на сите проблеми на работа со фамилиите или парите. единствено уживам. за мене моментално е дом таму каде што сум среќна со мм.
     
    На Mrs.Bass, encimenci, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.410
    Пол:
    Женски
    Не и` замерувај. Сака да се покаже ко повозрасна ко поискусна. И мојата е таква. Прави се дека си заинтересирана за нејзините совети, а прави си по свое убедување кое, којзнае, некогаш може и да се поклопи со убедувањето од свеки. Веруј, ептен им се праи кеиф кога ќе сакаш да се посоветуваш со нив за нешто. А и од нив нешто може да се научи. :)

    Jaс така и да видиш колку си се почитуваме. И таа ми враќа, некогаш кога ќе и` треба ука за нешто од кое таа не се разбира, мене ќе ме праша. И дури демек да ме пофали пред мм и свекор ми вика „ма кој ве слуша вас, јас книгичето мое ќе си го прашам.“ :D
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Нееее, таман работа да и замерам! Стварно ми сакаше добро, ме виде дека на 5 мин сум во ВЦ и дека ме боли, ама пусто да ме прашаше, ете несакајќи можеше ненормално голема беља да настане! Јас имам преживеано анафилактички шок од пеницилин! И после ја извртев на мирно работата, и ми вика стави малку бибер на крпата со ракија, поефикасно е, и ставив. Знам дека ем може подобро ќе ми биде, ем кеифот и го направив. Ама дигнавме со мажето богами добра паника кога кажа Оспен! Он сиромав со мене беше кога ми се случи тоа, на памет ги знае сите пеницилини! :lol: Фала ти на советот, ќе се обидам уште да изгладам денес, ко покакана е целата... :(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Tака е :) битни ми се и едните и другите,ама моја кучица - моја слободица!
    битно мирот никој не ми го нарушува,не дека не ми е криво за фрлените пари ама сепак знам дека нема да е за стално така,што да кажат оние што цел живот се под кирии.вака ем си помгаме ем повеќе се почитуваме.фала му на дедо боже што ни овозожува скромно ама на мир да сме среќни.
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Здраво драги девојки,
    Сега прелистувам и гледам дека сум писала на стр. 2 , а ова е 36и некоја :D
    Морав да направам еден АПДЕЈТ на мојата состојба.
    Прво ...да кажам дека ве исчитав неколку десетици страни наназад и мора ЈАВНО да ја пофалам девојката tessie и да и кажам дека ќе ја барам да се протријам од неа за да ме префати , па и јас да бидам ко неа кога ќе пораснам :D
    Шалата на страна, БРАВО девојко за размислувањето!!!!
    И јас почнувам ко тебе , ама после 10 год. брак , еден куп нерви и одделно живеење , веќе 7 години.
    Можеби некој се сеќава , ама нели е апдејт , на кратко..
    Свекрва ХАОС, неписмено - доминантна, злобна со примеси на љубомора кон мене ( високо образована, вредна, амбициозна , за разлика од ќерка и 31 година не мажена , без работа со „изласци “ до 5 сабајле во мини фустани и чизми над колена-иф ју ноу вот ај мин :?: )
    Значи , кога пишував имав едно дете од 2 години и неа која идеше стално кај мене .
    Сега имам 2 деца .Едното ми е сега 5 год. и имам мало ( уште едно машко :inlove:) од 1 година.
    Овој период што ме немаше работевмалку , па учев -спремав правосуден и сега зедов канцеларија и чекам лиценца , па да станам и официјално адвокат .
    Ако ми верувате секој , апсолутно секој момент на радост и среќа , смислено ми го уништува , односно да се поправам ,се обидува да ми го уништи.
    Последно откако и кажав дека сум зела канцеларија и почнувам да ја средувам , седам и чекам што сега ќе се случи...( мислам условно кажано).
    И ете ја ...ѕвони на фиксен, се јавувам јас и ( цитирам) Ч
    Таа: Што правите ?
    Јас: Еве по дома.
    Таа: Што прават децата?
    Јас: Еве ги досаѓаат пред спиење.
    Таа: Ами деца , ти како сакаш.Само да се арни со здравјето па ако досаѓаат.
    Јас : ( да свртам на зафрканција за да не ја отерам у 300)Ами ај нека досаѓаат кога ќе дојдат кај тебе на гости , со мене нека се мирни , оти ми чади главата ( канцеларијата , почнување на бизнис итд...итд -забелешка на авторот ) .
    Таа: Ами , ај да ги врзиме со јаже да не ти досаѓаат , јас незнам ти што сакаш.
    Јас : Добро , чао!
    Тититититититииииииииииииииит.
    Ова е напад бр. 1
    Се спрема поголем бран , цунами море.
    Само седат дома со золва ми и смислуваат начини и постапки, во смисла : Сега ќе видиш што ќе и речам!
    Таа е пензионерка , золва ми мрза по вокација и јас сум им единствената забавна категориј аво животот.
    Ново е тоа што повеќе не им честитам ни родендени, ни 8-ми Март-ови , ни одам по Велигден и Нови Години , дури ни во игротека не ги поканив за роденденот на постариот под изговор дека намалувам на трошоци.
    Сето ова беше испочитувано до даска пред извесно време , ама пошто си ми непријател , ќе ми бидеш.
    Заборавив да кажам дека постариот го оставив 3-4 дена да седи кај нив ( и претходно го оставам и секогаш кога ќе го бараат го остаВАВ -не повеќе) и го најдов истрауматизиран да се тресе од стрес оти золва ми му се дерела во два наврати оти го блокирал компјутерот со игри , па таа неможела да си седи на ФБ.
    Од тој настан, малото го носам само кога ќе треба да го причува и тоа до септември дури да тргне во градинка, а големиот и сам повеќе не ни сака да оди.
    Јас не влегувам, под изговор дека ќе бегаме и неможам да си ги слекувам чевлите , а на ручеци и останато не одам под изговор дека си имам работа .
    И поред сите овие мои дистанцирања, основната задача им е да ми го уништат се она што ќе ми се случи убаво: Кога се породив со второто ни едната ни другата не дојдоа на болница -настинати биле.Кога ќе чекам именден на постариот син, пред сите спушта муабети и луѓево се крстат , а золва ми константно доаѓа со деколте и сукњи до под газ и се трти пред гостите.За кршевката на малото ( за во Црква ) ме прашуваше дали и се убави „вруќите панталоници “кои сакше да ги облече.
    Мислам, ШТА РЕЌИ?!?!?
    И што е најсмешно , бидејќи 10 години ме олајава на секаде и сите БЕЗ ИСКЛУЧОК ме знаат во лошо светло , сега ќе се скапе фалејќи се дека има снаа адвокат.
    Епа , то ти је Тимотије!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На BurstBerry, Forko, H.e.L.e.N и 5 други им се допаѓа ова.
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Babyketi шта ми то рече за ово кратко време :o :D
    Барем си се дистанцирала и сега посебно си живеете и не мораш секој ден да ја гледаш.
    И супер си тераш, ако ти си оди- одиш, ако не ти се оди-не одиш. А за телефонски муабети, па јас да сум на твое место кога ќе видам дека ѕвони таа, нема да и` кренам. :wasntme:
    Имаме ние т.е. мм има една досадна тетко која ич не ја поднесувам бидејќи е голема фалбаџика, јас вакви особи не ги трпам и кога ќе видам на идентификатор дека е таа, не се јавувам.

    А за золвица, ќе се смири само ако/кога ќе се омажи.
    Истото беше и кај нас дома, јас може не бев тема на разговор меѓу нив две (свеки и золвица) ама бев игнорирана и ми беше затворана врата пред нос за да не седам со нив. :x
    Сега, веќе е мажена, еве тераат 3-та год. и не поминал празник-8 ми март, мој роденден, именден, Нови години.... а да не бидам удостоена со поклон и тоа секогаш е внимателно одбран (морам за тоа да ја пофалам :!: ). А дотогаш, немаше ни едно ало да ми се честита роденден, а камо ли поклон. :P

    И само да додадам кога се породив со ќерка ми останавме во болница 8 дена, золва ми ми се јави да ми честита ќерка дента пред да си дојдеме дома, а сега (второво породување), јас се породив на пладне, а золва ми уште вечерата ми се јави. :nod:
    Така што мое мислење е дека некои луѓе и те како ги менува бракот на подобро. :)
     
    На babyketi и tessie им се допаѓа ова.
  7. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Се надевам дека твојот пример ќе биде и мој, затоа што јас толку збесната жена немам видено. Среќа што им е закажана свадба, инаку ќе се шекнев....... :drunk:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Oффф пак јас со моите проблем...Значи сабајлево требаше на идеме на лекар да му земат крв на малиот и јас да направам ехо и му викам на мм ќе не однесеш до лекар и он ми вика неможам вика зашто не си ме разбудила сабјлево порано требаше да станам и ок отидов сама.....ама во меѓувреме дошла мајка му и му рекла да ја однесе на лекар и баш дојдов јас он ја однесе и кажете ми како да не се карам се испокарав денес па ќе видиме што како ќе биде до вечер може и се ќе биде КРАЈ!!!!
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Нели ти рече дека се разделивте и си поднела барање за развод?! За истиот маж зборуваш или овој е некој друг?
     
    На Mikako, mimiiiii, Forko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Истиот е ама после под некој околности и изреки дека ќе се смени он ми рече да се вратам дома и го повлеков разводот ама ваљда сега готово е
     
  11. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Mе насмеа :lol: Mене некако не ми држат вода постовиве :)
     
    На Li0ness му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BonnieTop

    BonnieTop Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    118
  13. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Babyketi браво за разговорот и нашите телефонски разговори се такви па веќе и ги нема и мило мие сакам да остане така . Инаку за 8ми март не и се јавив заборавив навистина малата имапе многу грчеви и заборавив инаку ќе и честитав и доаѓа мм дента од таму и ми дава 1000 денари да сум купела за внуката нешто за 8ми март и толку . Ништо не реков нејќев да провоцирам ништо по дома денот ми беше за никаде мн се невирам што не поминуваат грчевите , на 9ти мораше даја причува на едно 40 мин и она урлала сиротка од лачење и не мисе јави влегувам у влез детево си го слушам до приземје трчав нагоре ко ненормална , не викам што и се расплакала тоа можело секому да се случи ама да не се јави а бев на 10 мин од дома морав хитно да излезам ама секако ќе се вратев порано од тие 40 мин ако плаче само д асе јавеше , Сиротко дете само што ја зедов се смири ама липташе во сон и веќе 3 дена е заспинато аааа веќе нема чување
     
  14. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    девојки и јас сум веќе од кај вас ! оваа мојата луда свеки по веридбата од најфината женичка на цел свет се претвори во ДОМАШНО ЗОМБИ! не можам да ја поднесам мисли ако сум млада дека сум глупа? еее сега ќе види со кој си има работа ... :devil: лудачата си измислува сама работи кои не се случиле вели дека татко ми на веридбата кога ме дал му кажал на маж ми ГЛЕДАЈ СИ МАЈКАТА ОТИ ЖЕНИ ИМА МНОГУ :D мислеш нему му е татко не мене хахахха мојот татко мене да ми мисле лошо :o и ако го види мажот околку мене цело време го балега тоа... инаку јас си гледам тв , доаѓа и ми вика дека од идниот месец ќе сум и се фатила за д*лната хаххахахаххаха оваа што се дешава не е хумано :D премногу е смешно,нервозно а веќе мислам дека свеки има психички проблеми :puke:
     
  15. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Што се однесува до золвата , а и свекрва ми не осеќаат потреба да ми честитаат ништо .
    Ќе дојдат дома , на именден на син ми на пример и театрално пред други ќе ми честитаат.
    НЕДАЈ БОЖЕ да кажат:Што треба да се помогне?
    Воосми месец трудна имам спремано именден со 100 врсти ситни колачи , што сама ги правев , со чистење на цела куќа итд...
    Именденот во сабота , а мене во среда ми се јавува золва ми , ако сум можела да дојдам до кај нив да го донесам каталогот од авон :o Намерно и одговорив дека неможам и дека имам работа преку глава , но не ми се понуди да помогне .
    Незнам како да ги ставам ТРАЈНо на игнор и ништо , ама баш ништо да не ме допира :?:
    Ме знаат и тие мене и знаат што ме нервира , па бидејќи немаат никакви планови и амбиции, седат дома и размислуваат како да ме гњават , односно што да ми кажат , како да ме зае...ат итд.
    Долго време неможев да сватам ЗОШТО? Што сум згрешила?
    Докаќинка, две деца, го сакам син им, модерна, забавна и да не редам , ќе испадне фалба , па ми стана јасно дека е најверојатно љубомората, друго нема.
    Јас не сум воспитана да седам со скрстени раце и да им љубоморам на луѓето од страна и да ги мрзам бидејќи одат напред.Ама тие се такви -НЕГАТИВНИ!
    За моја несреќа и золвата не е мажане , си велам кога таа ќе се мажи таму ќе се насочи и ќе ги малтретираат зетот и компанија , ама тоа никако да се случи. ;(
     
    На H.e.L.e.N му/ѝ се допаѓа ова.
  16. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    хахаха babyketi кога зборувас за твојата свекрва исто како за мојата да слусам само сто јас немам золва ама имам свекор па со него прави планови како ли да ме изнервира !! Jас усте си мислам сто толку сум и згресила ама тоа е зена неписмена има заврсено 2 оделеније сто седи дома не работи госпогата нема ни друга работа отколку да биде љубоморна и да прави сплетки ,а ти супер постапувас колку сто моземе повеке на дистанца и игнор и колку толку мирна глава :D :*
     
  17. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
     
  18. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ова е и мојот проблем.
    Колку пати сум рекла не се замрам и точка :!: ама џабе.

    Ќе дојде на пр. золвица на гости и ќе почне нешто во нејзин стил да објаснува |( , нешто за кое не е во право да се контра и јас од култура или ќе излезам или ќе се направам дека не сум ја слушнала што рекла или пак едноставно нема да и` одговорам на провокацијата со зборовите-ти си знаеш)....ама па после цела ноќ не можам да спијам и ми иде да се изедам што сум премолчила и што не сум и го плеснала во лице тоа што навистина сум го мислела, а сум го поткасала јазикот.
    Голема твоја среќа е што се одделени, си живееш посебно и што посетите Ви се лимитирани така што секогаш можеш да и` кажеш -не сум дома ако на пр. ти се најави да дојде. Јас кај да бегам :D

    На крај се помирив и си реков дека па неможе сите да ме сакаат, едноставно не сум им по ќеиф и ме боли задницата за тоа :lol: ...на крајот на краиштата не сум се омажила за нив туку за нивниот син/брат. :!:
     
  19. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Гледам колку што можам да не се замарам со идната свекрва, кога ќе појдам таму се трудам да бидам на некоја диистанца, формален муабет и тоа е тоа.
    Е сега дајте ми некој совет окулу ова. Многу се нервирам искрено да ви кажам.
    Како што имам кажано имам две золви, но со едната сум поблиска, повеќе се согласуваме, добра и ведра особа е, не завидува, навистина не можам да кажам лош збор за неа, од првиот ден кога ја запознав па се до денес таа остана иста.
    Е сега проблемот е во тоа што вереникот е повеќе наклонет кон другата золва, ако речам нешто за неа ‘‘лошо‘‘ не во смисла да ја навредам туку ја зборувам вистината што нему не му се допаѓа, сме имале случаи каде што сме се карале заради неа и тоа не е еднаш туку неколку пати.
    Сакам да кажам дека ја брани и да е крива ја брани, а со другава золва не е толку поврзан , како да кажам не го боли толку за другава сестра.
    Или дека јас не сум толку блиска со неа со неа па затоа ја брани, не знам зошто.
    Ве молам како да се однесувам , ако му речам сестра ти вака тој ќе ми рече претеруваш, ти не ја разбираш неа исл. Не сакам да имам кавги заради неа и нејзиното семејство со вереникот.
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не гледај и води правдини меѓу нив, сепак тие се брат и 2 сестри и на свој начин повржани, а сосем е различен начинот на кој ти со нив си повржана. Колку и да не му се допаѓа нешто што ти ќе кажеш, имаш право да кажеш што ти смета а негово е да расуди како му ,,одговара,,.
    Гледај да ги избегнуваш тие теми или да ги анализираш личностите на глас. Ако нешто ти погрешат или сметаат ок, кажи му а овака стој си на страна. Колку помалку сплетки толку поубаво за тебе.