Апсолутно никако не можам да направам да ја засака. Понатака ќе го научам дека мора да ја почитува, а за љубовта ќе оставам на него. Секако дека е тажно и крајно срамно за мене ама детето си сака внимание и игра, а тоа не го добива од нејзе.
Ние Everybody loves Raymond си го гледавме вчера заедно. и уште вика што ми е убаво овде, ќе си задремам на креветов. Син ми и викаше оди си бабо кај дедо. а жената 2 саати остана, ја не го искарав ич. После пола саат стана, си отиде. А вчера втор пат и беше да дојде, првиот пат некако саат остана. Баш како жена му на на Рејмонд се осеќам. Само шо мм е далеку од Рејмонд, ама свеки иста мајка му.
Жени јас стварно сама си создавам проблеми кај што ги нема. Моите свекор и свекрва ниту еднаш не побарале да ги викам мама и тато, мм се изјасни пред мене дека сака да ги викам по име, а јас пак си имам буички во глава. Срам ми е да ги викам со тета и чичо Сега не ги викам никако, чекам да ме погледнат за да прашам нешто. Многу глупава ситуација и морам нешто да сменам. Мама и тато секако отпаѓа, ама дај предложете некој друг начин Знам, ненормална сум
Свекорот најчесто снашке. А свекрвата знае да ме испее со лепотице, снашке или по име. Ќере ако чујам ќе сечам одма. По име не можам зашто се доста повозрасни.
Е што има везе. Стварно сама си правиш проблеми Јас до скоро им персирав, детето од кога го родив некако се опуштив па сега сме на ТИ Инаку по име ги викам. А ако не знаеш како преформулирај реченици за да не мора ништо да користиш Ако треба да ја викнеш да дојде, оди до неа и викни ја Ако ја бараш на тел кажи и: Шо прајте како сте Ако сакаш кафе да и напрајш кажи Ајде кафе ќе пиеме Не знам каде во кој контекст ТИ треба да имаш некакво обраќање директно. Пиши ми ќе ти помогнам како да се обратиш
Свекрив и свекрива. Ај, озбилно... Битно е да не ве тераат да ги викате мамо и тато.Имам пишано и претходно, ако ви го побараат ова речете дека маж ви не ви е брат. Одберете форма на почит што ви одговара.
Викај ги како тебе ти доаѓа најприродно, мене ми е ок по име или по тетка Име и чичко Име. Не можиш вечно да чекаш да те погледнат, ќе имаш ситуации и каде што неизбежно ќе треба да им се обратиш. А мислам дека се приметува тоа што до сега избегнуваш.
Изгледа ќе вртам сега колку можам, па ќе чекам да дојде бебче за да станат баба и дедо За сега ќе го потчукнувам по рамо за да ги прашам нешто
Ама зашто се устручаваш. Тетка таа и чичко тој,свекрвичке,свекорче...и вака ми делуваш дека си во добри односи со нив и глупо е да чекаш да се свртат или да ги тапшаш по рамо .
Е ајде де, немам појма како ми се случи ова, од скоро е. Претходно си ги викам со чичко Име тетка Име и немав проблем, сега некако последните денови се пресеков, не знам зошто. Супер ни се односите и тие се многу внимателни се пазат да не грешат, не се мешаат во ништо. Ама немаме некој многу отворен однос, со почит ама дискретни сме. Се надевам дека со времето ќе најдам начин како да не се оптеретувам за овие глупости
Кога ќе се роди бебето, викај си со баба и името нејзино и дедо името негово. Јас уште на почееток ги завикав со мамо и тато, као демек почитта да ја изразам. Глупо се осеќав кога ќе требаше да им се обратам, едвај го изговарав. Кога ми се роди детево, прекинав, додуша имам од претходно прекинато, после еден муабет два шо ми е останат во мислам од нив, па си реков што има потреба вас да ве нарекувам така. И толку беше тој назив. Глупо или не што прво почнав па прекинав, ама ко некоја тежина ми беше. Ова мамо и тато треба да се укине, ама старското уште си стои. Ама и моиве не им значи до толку, затоа си реков џабе трудот Барам јас некоја форма на обраќање од свекор свекрва, јбг не можам да смислам, како се погодија вакви имињава да не можеш во вокатив, свекрво ептен ми е крвнички, а свекоре смешно. Или пак ако сакаш обраќај се со свекрва + името и свекор + името. Снашке убаво звучи, ама овие нивниве тешки за изговор
Јас моите со мамо и тато им се обраќам ако треба да им обрнам внимание, а кога збориме директно не ги викам мамо тато постојано. Ама имаме многу близок однос и ме чуваат премногу. Ме викаат нагалено, и ме сакаат. Свекрва ми ми прави посебен ручек ако не јадам од нивниот. Оној ден на маж ми еден, мене друг ручек. Кога бевме на гости правеше палачинки, ама немала крем, знае дека џем не јадам, па ми стопила чоколадо. Свекор ми додека бевме кај нив ни купуваше леб секое утро, ние подоцна стануваме, плус ако треба нешто не прашуваше да ни испазари. Плус јас со нив си пијам кафе, сама одам со синко ако има работа маж ми. Не ни се мешаат во ништо. Го чуваат синко без збор. Со однос каков имаат спремна мене, како спрема ќерка, не можам да ги викам поинаку. Тоа што им е кеф е плус.
Да баш и јас така се чувствувам. Снашке ептен е лесно да ти легни, ама свекрве или свекре толку глупо звучи, кој го смислил алал да му е Ќе дојде бебче за неколку месеци здравје па лесно ќе биди со баба и деде плус имињата, ќе одолговлекувам уште малку А пак колку ме нервираат некој што намерно отварат таква тема. Некни еден дедо роднина ни вика вие сега шоубаво мајка и ќерка си уживате Од каде и е ова размислување мајка и ќерка жити се, се мислев да го прашам дали мм ми е брат како шо пиша една членка погоре
Мене некогаш комшиката ме слушнала како му викам на свекор ми чичко Столе. Еден ден ја сретнав накај дома натоварена со кеси и ја качив да ја префрлам до дома. Цел пат ме караше зошто не сум го викала свекор ми тато. Си мислам ти чим можеш да се мешаш можеш и кеси да носиш ама бидна веќе, ја качив
Јас три години како сум снаа, уште никако не им се обраќам, пример не користам термини мамо/тато/чичко/тетка. Вака си седиме и дирекно што ми треба ги прашувам, и им се обраќам со Ти. Ама најглупа ситуација ми е кога пример се симнувам доле да ја прашам свеки дали свекорот е дома, и се врзувам на врата како да ја прашам и што збор да искористам за да го наречам. И сега смислив нова тактика, се симињам со детето во раце и така да ја прашам пример каде е дедо му, тука ли е.