Интересна си, баш ме насмеа Ме потсети на мене ,во иста ситуација бев и уште сум. Од почеток ако не ги завикаш никако,ако чекаш да се свртат да ги прашаш нешто, никогаш нема да можеш да ги завикаш некако. Еве шеста година како велам :Како сте, сакате кафе... ако најдиш финта, сподели
Што ќе правиш кога детето ќе биди големо за в раце? Шегата настрана стварно е необично на некој што не ти е родител да му се обраќаш со мамо и тато. Јас по некој пат ги употребив и толку.
Мене и колеги на мм ме викаат снашке Инаку, викам по име нагалено со -че на крај. Такви им се имињата. Ниту мм не ги вика мамо и тато, јас уште помалку. Имаше свекор ми еден испад од сега треба тато да ме викаш . Фино лепо си кажав син ти не ти вика тато, а не јас. А и не си ми татко, јас си имам татко. Толку беше муабетот.
Офф е баш ме утеши сега. Штом ти за 6 години не си нашла начин, значи јас за 60 нема Малку ми олесна кога читам дека не има повеќе вакви будалчиња од жени, мислев единствена сум
+1 тука Пред да дојде бебе на свет, одвај, со пола уста чичко-тетка (дури и тоа ми беше незгодно ). Сега е многу полесно, сега и за мене се баба и дедо
Луѓето се ептен коректни кон мене дури и нагалено ми се обраќаат ама мене душа не ми дава да ги викам мама и тато. Пробав ама тешко ми излегуваат од уста. Затоа да не се мачам не ги викам никако
Со мм бевме 6 год во врска пред да де земеме си ги викав тетка Трајанка чичко Трајан (имињава се измислени ) и откако се земавме исто си ги викам. Еве веќе 3 и пол год сме во брак. Ма да некогаш си се приметувам на свекрва ми обично кога ќе ѝ се јавам и викам само што правиш. Ептен лабав и коректен однос имаме. Од старт ни рекоа тоа мамо тато било застарено, важно почит да си имаме. Тие мене на име ме викаат. Никогаш не рекле снашке, ќерко… Свекрва ми е малку така порезервирана, пази што ќе каже случајно да не се навредам или да не сфатам погрешно, а свекор ми е ептен питом. Јатрвата не ги вика чичко тетка, не им се обраќа никако, не знам како успева, она е со подолг ‘стаж’ од мене
Леле и јас сеуште никако не ги викам и многу ми е глупаво. Свекрва еднаш кога ја прашував нешто вика слободно речи мамо, мајко и и одговорив дека си имам мајка и од тогаш ништо. Дури и ми се извини после тоа дека избрзала.
Јас ги викам чичко Име, тетка Име. Без врска ми е ама немам како на друг начин. По име да ги викам болни ќе паднат. Мада и моето е како во вицот, сама си доаѓа.
Ај не се жали, има и беттер, а упорно да ти кажува во новата куќа каде ќе си спие таа, додека син ми вреска и плаче, не е близок ич со нив и не сака да спијат кај нас, таа упорно си стои до ставот дека ќе си преспива кај нас Среќа имам живци ортома
Несреќа сестро, несреќа е тоа. Среќа е за неа. Камо да немав живци и да си го добива одма тоа што заслужува.
Никогаш син ми не сум го учела кон ниту едни баба и дедо лошо да се однесува. Напротив, иако не ја сакам свекрва ми, имаме коректен однос, го карам син ми ако им вели да си оди затоа што не е убаво, ама син ми не е бебе, 6 години е и разбира, не можам на сила да го терам да оди кај неа додека плаче, или многу пати го нервира му зборува за мајка ми работи кои го расплачуваат. И јас сум за тоа дека баба и дедо се сакаат. Ама кога пораснат децата не можеш на сила да ги натераш кого да сакаат.
Па бабата е за карање, не детето. Остави го да си се одбрани и да си застане за себе, ако го караш сега ќе го научиш цел живот да си ќути кога ќе му смета нешто. Како мене и остали луѓе со воспитање од екс ју.
Таа секако е за карање, ама многу неубаво ми звучи кога и вели да си оди дома. Таа нема сопирачка на устата таква си е жената, веќе не е мал за бранење се брани, мислам дека кога ќе порасне ич нема да сака и да оди, еве веќе не сака да оди, за два дена треба да одиме, не сака ни да слушне. Тоа е, секој сам за себе одлучува колку љубов ќе пружи. И јас сум веројатно твоја генерација тука некаде, и јас сум така воспитувана, само што јас игнорирам, ептен ако ми е на жуљ се расправам, ама секогаш терам по мое. Зошто да се полнам со негативна енергија, човек не можеме да го смениме, посебно не злобен кога е. Затоа си игнорирам и терам по мое.