Јас таков тип сум и кога ќе земе да ми помага само велам остави јас ќе средам и тој си се повлекува, па сигурно и со бебињата така ќе биде, познавајки се себеси ќе прегорам да стигнам на сите страни а нема да можам. Вака кај свекрва ми си велам дека нема толку да се опседнувам се сама да направам, пошто туѓа куќа, ќе прифатам и помош и поддршка. Само се надевам дека односот ќе ни остане каков што ни е. Зошто верувам дека кој помалку се гледа тој повеќе се сака. Живеење заедно не знам како ќе биде, цела сум изгубена јас со триста прашалници и планови, реално не знам ни што ќе правам ни кај ќе одам.
Кога се омажив живеев во илузија дека свекрва ми и свекор ми треба збор да не кажат, да се иселат комплетно итн. Е сега пораснав.
Задоволна сум и со посебен спрат. Треба да е некој без мозок па да сака да ги исфрли родителите на мажот. Размислување како дете од 15год е тоа. Важно сакаат помош од старите.
Не да ги исфрлиш, немаш никакво право на тоа, туку си пишала дека треба да се иселат. Да се иселат да, ама ако им купите нов дом а тие ви го остават стариот.
Ќе се отрујам Пропуштен повик од свекрва. Ѝ ѕвонам. Крева, вели ало. Јас секунда две три ќутам, си ме барала ѝ враќам. Шо глупо се осетив, ко зд'ткана. И никому ништо, кажа што имаше. Ама после си викам што не ѝ речеш баба, ко за вовед. Ало, баба, повели. Пример. Немам начин и немам бе. Ту вакви снаи за ќотек сме.
Како може да немаш начин. Толку храбри мајки сте по темине со свекрва се здткуваш. Па валда има име жената
Ех на име. Постара од мене е. Не ќе ѝ речам тетко. Мислев ќе ми рече ало шо праиш, па да се надоврзам, таа само ало и чека. Немам начин дека немам близок однос, имаме однос како да речам не е ладен, супер е фина, ама не сум ни јас некоја упикаторка. А таа ми има кажано дека ниту таа не ја нарекувала некако посебно нејзината сверква. Не ѝ се обраќала многу. Е па може да ме разбере значи
Свекрвче проверувала како сум ги изпеглала панталоните на син и па не и се допаднало и ги пеглала пак...
Нареден пат не му ги пеглај алиштата, кажи му да ги даде на мајка му да ги испегла,оти ти не пеглаш убаво. Леле бе вакви што се замислуват дека се божици колку ме нервираат
Не мора сопругот. Одиш и и велиш гледам си пеглала пак по мене, дај да се договориме што имаш толку мерак следна машина ти ја носам цела за пеглање. Или ги пеглај сите или повеќе немој ништо да пеглаш. Не мора се да се чека на сопругот. Реагираш веднаш на ситуацијата не сопругот после 1 недела.
Не мора,да,ама полезно е...јас сметам дека таквите ситуации треба да ги решава сопругот,мое мислење,се разбира!
Мене па ми е глупо некој да не ми се обрати, подобро со име него ли никако, да дткаш додека ти одговори. Бабо, тетко, мајче, на име, било како, ама да чекаш да се сврти или во ваква ситуација да не знаеш што да речеш... Си можела додуша да и речеш Здраво, како си? Си ме барала видов, ти требам ли нешто? Колку год она викала дека не и смета верувам дека како возрасни имаме капацитет да се снајдеме.
Мојава сабале се обраќа на син ми ( 5 месеци ) оди горе кај стрина ти да цицаш. Бидејки сме на АД, а стрина му има бебе 2 недели и го дои.
Сопругот нема ништо да реши. Пошо се дури гаЌите му се испрани и испеглани не му е гајле кој го напрајл тоа. @Elena. Ја им враќам контра дека не чини доењето ад си е ад. Секако не го мислам тоа, ама си терам контра филм пред такви суштества што сакаат да навредат