Да да баш така ѝ велам ретко кога се слушаме. И најчесто се обраќам со баба. Возрасни сме, некогаш и ние се зд'ткуваме.
Леле ве читам чат пат у темава и просто сте ми смешни што не знаете како да се обратите. Па чекала да се сврти, па со детето иделе. А добро, на други луѓе на иста возраст како се обраќате? Исто чекате да се свртат? А ако треба од подалеку да довикнете? Или со Еееј ќе биде? Јас на будуќата свекрва со тетка ( и името скратено) ѝ се обраќам. И либе на моите така, со тетка и чичко + името. И на повеќето на таа возраст. Понатаму планирам само на името.
Мене оптимизам ќе ме убие и мислам дека постојат мажи кои знаат каде и како се реагира и се поставуваат работите!Легендата вели дека....
Ние сме скоро 15 години заедно и не се обраќам никако не почнав од почеток и сега веќе е глупо тетка и чичко да ги викам, или на име. На телефон прашувам во множина, што правите, како сте, а во живо баба, дедо покрај детето. Имаме одличен однос и не гледам дека им е проблем нешто обраќањето, ко бев помлада бев многу срамежлива и така остана. Мм па сите роднини мои си ги присвои, на сите се обраќа ко јас што им се обраќам, тето, вујно, вујче, итн.
На денешно време ретко некоја снаа да вика мамо на свекрва. И јас не викам на мојата мамо а и немам ни намера да викам. Се си мислев дека од почит ќе викам ама ете неможам.
Што има веза почит со мамо. Мама е една особа во животот, и толку. Ко што не викаат ги мажите нашите родители мамо и тато, така и ние нема зошто.
Индиректно сакала да ти префрли, ете други си ги дојат децата, и ти можеш ама неќеш, полесно ти е вака.. Типична свекрва, ако она доела мора и ти..
Колку е јако ова Јас не би го сфатила лошо, ама сепак ти си знаеш според тоа каква е свеки и со каков тон е кажано. Порано ми беше многу смешно, ама откако сум мајка се изнаслушав приказни како мајки доеле туѓи деца. Во Америка тоа е толку нормално, дури претерано. Излегуваат во парк мајки со деца, а само една од нив има млеко и се реди ги дои сите други
Она мисли дека ме провоцира, ама можеше да и речам скраја да е да требаше они млеко да купуваат мислам дека одма на бебето домашно ќе му дадеа,од што се стиснати.. инаку нека си има млеко ко за 10 деца, моето пак на АД ќе биде
Абе какво хемиско нека си препеглува ко нема друга работа на 70 г. Мм ми вика што ти е гајле... И да @forumce многу веројатно од сега таа ќе му пегла работнички
Убаво ти рекол, што ти е гајле. Нека го пегла она, една обврска помалце. А и кога ќе види дека не ја фермаш, ќе се повлече.
Абе се нервирам кога некој ми пре мие , пре пегла... ама веќе ја претера таа и отрпнав сега ете и ќе си пегла ќе си мие... јас на гости
Јас те сфаќам, и ја би се нервирала Ама најдобро пушти ја, нека ти зачисти исто може ако сака. Неплатена куќна помошничка, гледај позитивно
Зошто толку си стварате напетост со обраќањето? Кажете тетка и името, без разлика колку е постара од вас. Јас така и се обраќам откако ја запознав, добри 15 години, ниту потписот ништо не ми смени. Најбитно е да не се мешаме во ,, штипки, " една на друга отколку името. Не си стварајте без потреба нервози.