Нека ме почитува,нит ми е/сум нејзина мајка/дете нит тетка/внуче...Ек баш би било добро на име да ме вика,да,да...
Најјака ми е една тука во комшии, на свекрва и со женооо и се обраќа. Другата снаа мамо мамо и оваа кога ќе згрми женооо
Озбилно да не си ти? Така и се обраќаш со женооо? И така како на сила, женооо кај е ова, женооо одам јас, женооо се вратив Јас па никако не ги именувам. Чекам да се погледнеме па да им се обратам ако ми требаат за нешто или ако сакам да прашам нешто. Глупо ми е така, ама од почеток така терам. Кога ќе варам кафе прашувам кој е за кафе? Еден од нив ако не ме слушне, одам до него како нинџа, го погледнувам и викам сакаш кафе?
Ме насмеа а и ме потсети еднаш така и викам ќе пиеш кафе (ама во двор комшиите слушаа ) и она кој јас .. Викам па друг не гледам тука
Ахаххахахахаххахаххахахахахахха .... Да си жива и здрава ме пресмеа Рече одам како нинџа... Ми се случило да чекам поглед за да прашам нешто или општо прашање за сите. Ај налет си викам кај сеа да се обраќам до двајцата. А писмо да им пишам?
Баш така се изговара. Многу поприродно, полесно и подобро е на име да се обратиш на друга жена, сепак тоа и е името. Годините тука немаат никава врска ниту твоите ниту нејзините, секако секогаш таа е постара од тебе, родител е на твојот сопруг и треба како таква да ја третираш. Се друго освен име (за оние кои не сакаат со мамо да и се обратат) за мајката на маж ми, за мене на пример е несоодветно и за мене би било непочит кон неа. Прашајте се вие како би сакале да ве викаат, во случај да имате снаа? Јас искрено не би сакала да ме вика ни жено, ни свекрвице, ни цуци, срцка, маче, ни еј ти, ни да не ме вика никако. Не би сакала ни мамо да ме вика да бидам најискрена,ама ако така сака, нема да и бранам. Сосема ми е океј по лично име да ме викне. И најдобар совет што ми го дале е како и да решам да и се обраќам на свекрва ми да го направам тоа уште од прв ден во брак, ако имам прилика уште на свадба. Тогаш е најлесно да го скршиш мразот и понатаму само си продолжуваш. Јас на мојата свекрва кога ми честиташе во матично и реков за прв пат фала мамо, зошто знаев дека сака и немав проблем така да ја викам. Таа се прерадува, а јас после тоа веќе не се замарав на темата како да и се обратам.
Пред да се омажам секогаш викав ја имам една мајка еден татко и мислев нема никогаш да можам да ги наречам свекрва и свекорот мама/тато али некако само по себе ден откако се земавме да ги нарекувам така. Со оглед на тоа дека пред да се земеме не ги викав никако сигурно и они мислеле од оваа нема аир да не испочитува во мама/тато.
Која е таа почит да се викаат со мама и тато? Мене искрено тоа ми е омаловажување на сопствените родители друг некој да викам мајка и татко. Само во Македонија постои тој стереотип дека родителите на сопругот ако не ги викаш мама и тато не ги почитуваш. Никаде надвор од границите не постои нешто такво зошто е измислено овде на овие простори зошто цел живот сме затуацани во размислувањето и зависноста што ја имаме од родителите. Треба да ми го чуваат дедето, не ми обезбедиле сопствен дом треба да живееме во заедница. И уште 100 години да поминат нема да не биде како нација...
Јас ќе ти кажам неколку совети за обраќање, да не мораш да се ставаш во ситуација да им рипаш пред очи од памет да ги вадиш за да ги прашаш нешто - гледај кога нешто ќе прашуваш да бидат еден до друг во случај да не не те слушне едниот па да се потиш сега него како ќе му викнеш да го прашаш - ако си зад нив некаде и не те гледаат а треба да прашаш, подсопни се малце да се извадат од памет да не падна и кога ќе се свртат сите прашај кафе сака некој? Можеш и со закашлување. - ако некој од нив после сите тактики пак не се свртил а треба да му се обратиш, е тогаш на мажот ти ќе му речеш прашај го татко ти кафе дали сака. Ама тивко никој да не слушне. И ќе ти докажам уште попосле
Јас пак денеска сум нај активна со моиве ставови Исто толку безвезе ми е да не ги именувам никако, колку да ги викам мама и тато. Мојата јатрва живее со нив во заедница 15 години и никогаш не им се обратила. "кој ќе пие кафе" е прашање кое се поставува на цел глас кој се пријави пријави. Пред да стапите во брак кога сте седеле како сте им се обраќале сигурно не сте викале КАФЕ Некој?? Сигурно со тетка или чичко или со некој надимак ако се некој ептен френдли луѓе. Според мене колку што ми се повраќа од мамо и тато, толку ми е одвратно да не им се обраќам ни со име. Моите се далеку од цвеќе за мирисање сум пишувала и јас овде да си се пожалам ама моите родители ме воспитале од мали нозе со некои бонтон правила. Кога сретнуваш постара комшика во влез ја поздравуваш со Добар ден тетка таа.. Влагаш во продавница кажуваш Добар ден... И Пријатно... Ова се прости примери по кои сметам дека домашната култура и воспитување има голем удел во понатамошното однесување во заедницата и општеството.
Де бе жени како да има некаква голема филозофија, како сте ги викале пред да се земете со сопругот така викајте ги и сега. Јас ги викав тетка/ чичко и името пред да им бидам снаа така ги викам и сега. Не би можела да ги викам мамо/ тато, а само со име ми е некако непријатно бар мене. Ако сте ги викале само со име викајте ги така.
Ист случај беше и кај мене, само ми дојде така. Мислам дека и свекрва ми не очекуваше или се сомневаше. Очигледно се изненади, според реакцијата нејзина. Мене ми е убав спомен, што знам. Од оваа перспектива кога ја нема повеќе ми е мило што имав близок однос со неа.
Е сега ме направи и ти без култура, не ме воспитале моите се зезам јас да помине времето некако, демек да се посмееме.
Не ми замерувај жена со хормони до плафон Пошто сум огорчена на моја свекрва па си ја истурам нервозата овде