I am speechless Тоа седење со саати, замарање со муабети на трудница и мало дете ова нивното е претерување, ти не гледам да грешиш или да претеруваш. Поставете остри граници: нема доаѓање секој ден. Верувам штом се оперирани од осет, не разбираат со човечки јазик, затоа построго и директно. Ненајавен да се појавиш негде на врата е непочит, омаловажување на туѓото време и потценување. Биди директна и другпат тресни им врата пред нос. Или не отворај ич. Не знам што друго да кажам, постапи онака како што би разбрале, соодветно на нивниот нарав.
Жал ми е што мора да ве разочарам сите ама во МК сеуште има вакви емдемски видови на луѓе што наместо во 21 век се заглавени во 19ти Ај јас не сум им ништо и не ми е гајле за нив, само на моменти ми е криво за некои работи и се нервирам во себе. Повеќе ме лути што дозволија нивниот син да биде огорчен на нив. Како би реагирале вие ако добиете само сеен на вибер по пратена слика од 3д ехо од бебето? Btw бебево уште во стомак е идентично на таткото дури и докторката го потврди тоа Да ми се мене родители нема да ме видат никогаш во животот, пошто се негови родители он нека одлучи каква комуникација ќе има во иднина со нив. Кога ќе ми текне дека треба и презимето да им го носи
Или се пребезобразни или глупи трето нема.Свесно да заразуваш некој еве незнам.Ако ти не веруваш во корона остај ме јас да си верувам.Проблемов решавање само преку маж ти,дрско безобразно.Подобро скарани него вака.Не бива ни моево ама па ни твоево.Секој ден да ми доаѓа мајка ми ќе ми е напорно а не друг.
И од твоево прочитано останав без зборови.Ниту грешиш, ниту претеруваш,тие претеруваат.Уф колку мразам луѓе без осет.Мислат светот се врти само околу нив.И да прости се,кога одат заразени кај вас дома.Простите луѓе ќе ги забележиш по тоа што имаат отсуство на срам,така чичко Фројд рекол.Твоите простотии ни осет ,ни срам имаат. И моите доаѓале да ги видат внуците,но ниту пречесто доаѓале,ниту пак предолго останувале.И секојдневно се слушаме или јас и звонам или таа мене ,ама по еднаш во денот,некогаш и ќе прескониме ден. Твоиве страшно.
Мене највеќе ми боде очи кога свекрва ми се меша во врска со одгледувањето на детето. Над 100 пати станало лом и кавги и на крајот се свести ама се дуе. Гајле ми е, ако треба и цел живот војни ќе водам, кога се работи за мое дете кажување НЕ.На неубав начин ама си ја свитка опашката,си го решив проблемот.
Не е срамота да не знаеш нешто, срамота е да не сакаш да разбереш и научиш. Ситуацијава не е пријатна за никого, најмалку за тебе и твоето бебенце. Ова нивново па можам да речам дека е скоро грев. Ако луѓето се со емпатија и човечност, љубов кон вас и разбирање, ќе застанат со вас и ќе разберат зошто сте морале по пат на инвитро да одите. Но, кога човек одбива да сфати ваква состојба, мислам дека во него работи инатот, емоционална блокада, неможност за расудување на ситуација. Тие се однесуваат како во среден век, ништо чудно да се од оние типови суеверни, попрво во магии што веруваат. Можно е и самите да се дистанцираат и кога ќе се роди здравје бебето, или пак додека ја сварат работата, ама после може и доцна да им биде. Колку парови добиваат едно две три деца со инвитро, преблагодарни се, а некој од страна да се однесува срамно. Срам да им е!
Свекор ми кога бев бремена со првата ќерка ме прашуваше што правел внукот, што ќе бил кога ќе порасне кошаркар или ракометар( смајли што се крсти). А знаеше дека е женско и не можеше да се помире се тоа. Еднаш се падна да нѐ носе на доктор со колата и додека ние влегувавме на еден познаник што минуваше му вели:те да ги донесам снашка и внучко на доктор. Еднаш на еден роденден на икс особа вели пред народот дека немал пари оти на нас ни го средувал спратот. А спратот си го средивме со наши пари. И уште некои глупости што никогаш нема да ги заборавам. На почетокот ги титревме и траевме затоа така се понашаа, ама со тек на време почнавме да не ги ебаваме и се повлекоа. Сега не не чепкат. Само игнор му е лекот. Кај нас горе ептен ретко се качуваат ако не ги викнеме. Со децата си играт и не ми е проблем да ги оставам по потреба. Порано терав инат и не сакав да им ги давам поради сите работи горе спомнати. Ама со тек на време олабавив,а гледам и дека децата сакаат да си играт со нив. Сега немам замерка од нив,мислам се случува ама ептен ретко.
Настрана короната тоа е до свеста, од врата или телефонски убаво и смирено ќе им кажеш дека се плашиш и да не доаѓаат, бар кога доаѓаат секој втор ден искористи ситуација чим ти е таква состојбата ем сама сопругот во странство башка трудна и со мало детенце, едниот нека го чува детето, свекрва ти нека направи ручек и останатото низ дома.
Во врска за не мешање во одгледување и воспитување на моите деца, мојата свекрва има чиста петка од мене +ѕвездичка.Повеќе мајка ми знае понекогаш да дава надри совети и да ме извади од такт отколку свекрва ми. Убаво си кажуваш ти,а и членката ама тие ете ги пак пред врата.Осет немаат луѓето,си тераат тие нивното и едноставно те втурнуваат за ѕид. Убаво е да и помогнат,ама како што кажува членката тие изгледа доаѓаат само да си пополнат време,не се од помош.
Имам една блиска особа, живеат со свекрва и свекор. Настрана што им плаќаат сметки, се околу детето, целата детска им ја опремија, им купија куќа за да се одделат сами да живеат... Значи ова е опционално, кој колку може и сака, муабетот ми е го чуваат детето како свое, го шетаат, го играат како циркузанти да ти е мерак да ги гледаш заедно. Детето плаче по дедото, а не по мајката. Го гледам сето тоа и ги гледам моиве како ми легачат на гарнитура, малиот кај мене во раце зашто не дозволува да му се приближат, кога го носиме кај нив почнува од пред зграда да плаче, не ги сака и крај. Ручек не знам што значи да ми зготви, еднаш ми рече да ми викне чистачка (јас да си ја платам) и реков фала ама се снаоѓам некако. Еден период детето болно секој трети ден од градинка, сами си го чувавме со маж ми, а двајцата работевме од дома, ни тогаш не се понудија. Доаѓаа да ама да се напијат кафе и да си одат. Баш ко што вика @Anne Boleyn времето да си го пополнат. Не ни очекував нешто стварно, немаше и на второ дете да се нафатиме ако се осеќавме неспособни, само барем некоја поддршка во тешки денови, да знаеш дека имаш некој позади себе, некој што ќе скокне одма за помош. Еве се пакувам на неколку дена да одиме кај моите за да може маж ми да си дојде дома да се изолира, да одморам мозок и да размислам што понатаму. Не е дека драмам сега за ова туку имаме минато, имаме нерасчистени сметки. Моите не викаат секако одамна кај нив да се иселиме да не плаќаме кирија, имаме цел спрат, па и за таа опција почнав да размислувам бар ќе имам помош за децата и граница со овие двајца. Не знам веќе, само знам дека не ми е убаво вака, нервозна сум цело време и се гушам од овој однос.
По заслуга. Не се сите во вистинска смисла баба и дедо. Има некој шо не знаат внуците кога им е роденден, сепак секаков свет ја гази земјава.
@Jana06 мислам дека ти си таа шо треба да постави граници меѓу нив и тебе. Како шо те имам читано маж ти им кажува кај им е местото, ама ти си таа шо пак ги прибираш (свека конкретно). Мораш да бидеш децидна и да се држиш до тоа за да не те замара и да не те нервира. За гледањето на внуците, јас не би им ја скратила можноста. Ама ќе го пратам маж ми со децата кај нив на гости-ем тој ќе се види со нив, ем тие децата ќе ги видат. Ем нема да треба да ги трпам, ем слободно време само за мене.
Аууу, не го гледаат уште еднаш да сум јас на твое место, гарантирам. Дружба со внуче е привилегија, не право. Кој и да направи постапка со која ќе му загрози здравје на детето, мене и на детето во стомак, нема да го види повеќе. За помали работи луѓе прекинуваат контакт не па за ваква тешка игнорантност.
Имаат луѓе и луѓе. Моите кога бебе имаше 3 недели, свекор ми само што се врати од погреб (починатиот беше од корона) не викаа да одиме кај нив. Јас не заминав и се налутија. Пред скоро другиот син беше со корона, два дена не дојдоа третиот се јавија ние сме негативни, тестирани сме, сакаа да ги викнам. Ако реков ке се видеме друг пат и после не цела недела ми дојдоа
Другарка една ми вика колку и да не се слагаш со неговите/твоите, не можеш да им го ускратиш тоа право ниту пак на детето понатака да му браниш да биде блиско со нив. До некаде се сложувам ама кога ќе размислам подобро, токсични луѓе се токсични со секого. Може да си ги сакаат внучињата, да ги разгалуваат и се да е супер ама тие внучиња ќе пораснат еден ден и ќе станат луѓе што знаат да речат не и да постават свои граници. Е тогаш пак ќе се исплива токсичноста. Наше е да си ги научиме децата да разликуваат и спознаваат карактери и да знаат како да се сносат со таквите, без разлика дали се баба и дедо. Конкретно за овие мисли сум инспирирана од моите, свекрва ми си е океј Моите не заслужиле да се дел ни од мојов живот.
Вој свекор ти ко мојот Кога се свршивме со сопругот, лето идеше и седевме до Септевмри во заедница дека доле спрат им правевме ( додуша и она нешто направија), и купивме клима во дневна ја ставивме. И се случи надвор во моторот леташе пиле и удри со клунот и направи дупче. Како идеа гости на честито сите ги вадеше надвор со зборовите " Јас сум давал пари толку, а они нејќат да ја рекламираат " ( Денар не даде, не дека не сакаа немаа.) Секако маж ми реагираше пошто го гледа дека тресе глупости. Човекот се оболе оти не може шериф да ни изиграва за наши пари. Во вистинска смисла на зборот се оболе.
Ау форумче ти многу си трпела. Ја со краток фитиљ нема да издржам ќе и го спуштам и пред луѓе. Да ми рече внучко пред некој а носам внука више очи нема да и види. Тоа не е свекрва(баба) тоа е зло.