Свекорот така ми збореше,не свекрвата. Кај нив само машки се раѓале еднаш рече. Јас имам 2 женски. Карма му е тоа
Сега немаме проблеми со нив. И они не се такви какви што беа. Ама некои зборови не можам да ги заборавам.
Свекрвата моја направи таков скандал што не заслужува да ја погледнам, а не, пак, мамо да и речам или дете да и оставам на чување. А најсмешно од се е што очекува дека треба бебе да бања она првите 40 дена, адети ќе ми тера Мало морген.
Јас незнам како не ви е мака да се замарате со свекрви и плус живци да си кините За мене свекрва е нешто не битно , нешто што последно ставам во список Дали рекла пререкла нешто мене то ич ама ич не ме замара а ниту на маж го нервирам со нејзини глупости . Тие си се во некое нивно време и мислат дека и сега така ке биде тие како што живееле некогаш.
Така е, тоа ми е мене болката. Се мразам што сум толку глупа, наивна не сум зашто сум целосно свесна за се ама од некои причини не можам да викнам, да прекинам контакт, да си го кажам своето. Може ете на некој не му се верува како може ова да ми биде проблем ама верувајте се препотувам кога треба да ги одбијам, да кажам 'не', да си го одбранам ставот...Затоа и првенствено го поставив прашањето, во смисла како да продолжам понатаму околу гледањето на детето, дали да доаѓаат, дали маж ми да го праќам. Ма да, маж ми никогаш не оди, секогаш е по моја иницијатива за да го видат детето. Насамо не би го дала зашто се плашам од безбедносни причини, не е безбеден со нив. Инаку, јас дефинитивно решив да прекинам контакт со нив освен ете за поголеми работи како големи фамилијарни собири, разговарав и со моите им кажав дека тоа е тоа, да бидат спремни на повик, иако повикот се случи одма вчера само што дојдовме тука Едноставно не мислам дека треба да трпам такви луѓе само затоа што се роднини. Мајка ми да ме малтретира, ќе ја тргнам од животот, а не некој друг. Невермајнд, имам поголем проблем сега, малиот почна да качува температура, па сега не сакам ни да знам каде ќе бегаат од маж ми. Тоа е што е, се надевам од денеска секојдневието полесно ќе ми биде. Фала ви на сите што најдовте време за мене, ми значи.
Читајќи ве не биле моиве свекор и свекрвиште само прости и без осет, тоа е благ збор. Со оглед дека никој од фамилија не ги сака, а пријатели скоро да немаат и тие што ќе ги запознаат подобро веќе не им се ни јавуваат. Сфаќате за какви луѓе зборувам...
Алал да ти е искрено да ми дојдат со ковид дома на клоци ќе ги дигнам а кога ќе качи дете температура тек тогаш ќе биде веделоооооооо
ОВА баш болдираново е најтажното во сите вакви случки. Што посредно преку односот кон снаата/зетот уствари си го повредуваш своето дете. Кога ја отфрлаат неговата жена или неговите деца, го повредуваат синот. Се сомневаат во неговите животни избори, решенија и желби.
Жени, ве читам и ми се крева косата. Свекрвите, свекорите и зоолвите дефинитивно застанале со паметот на крај на 19 и почеток на 20 век. Јас сум 4 години во брак. И, пробаа да ми го наметнат она старинското, останато од турско време. Јас, веднаш заби покажав. Да, не дадов отпор тогаш сега сигурно Бардовци ќе бев. Не живееме заедно. 100 км не делат. Но, скоро секој ден се јавуваат. Бидејќи, свекорот е тежок пијаница, абе секој ден ќе најде тема за разговор. Ако ѕвони кај мене кажувам детето гледало цртани и ако се јавам дека ќе плаче, дека не сум го слушнала телефонот,но често го ставам и на авионски режим. Маж ми тие работи со него ги решава. Свекрвата веќе не се ни јавува. Си увиде дека дали по телефон или во живо нешто ќе ми каже јас рецка не и мавам и виде невиде сама крена раце. Увиде дека кај мене на едно влегува, на друго излегува. И, кога не сме на работа кажуваме дека е барем едниот. Што помалку комуникација тоа подобро. Барем кај мене е така.
@Jana06 , јас покасно ја читам темава, ама памтам горе долу дека и порано пишуваше дека свекрвата ти седи по цел ден дома. Вака по пишувањето, ти си таа што ја трпи, маж ти изгледа ич не ја ферма. И кога тој не се замара и ја гледа каква е, почни и ти да ја третираш исто кога гледаш дека ти смета нејзиното однесување. А таа изгледа е проста, глупа, неемпатична, оток жена, буквално сите поубави особини во едно. Нејќеш ни со детето да се дружи многу, за да не дај боже префати нешто од нејзиниве глупости, мислам јас не гледам ништо позитивно што таа може да му пренесе. Па и дошла болна со вирусов намерно, ретко глуп мозок, не знам што да речам. Јас ко што сум интроверт поголем дел од времето, и ми треба некој саат време за себе, не би можела да трпам таква особа пола ден, едноставно ќе ме уништи, алал како ја трпиш. Предложи и да си најде другачки со нејзин памет и понашање, па нека си се трујат меѓу нив. Битно спаси си се со време, со второ дете уште таа ќе ти фали да ја гледаш денес.
Не знам зошто, но со секое следно одење кај дечко ми на гости, мајка му се помолчалива станува, седи и ме набљудува некако попреку и намрштено. Додека татко му е толку фин, културен и љубезен, се смее со мене, сака да разговара, но мајка му се случи еднаш и да го замолчи човекот среде разговор. И баба му е баш супер кон мене. Во принцип гледам да не одам често кај него дома, баш поради ова... не дека ме погодува нешто тоа, но не сакам да и создавам непријатност, чувствувам како да и сметам на жената.
А дечко ти гледа како се однесува мајка му со тебе, дека те гледа попреку и е намуртена кога си таму? Си му кажала како се осеќаш?
Па засега не ми пречи и не сакам да му спомнам ништо конкретно, бидејќи и онака има кажано дека е најблизок и најсличен со мајка му, така што мислам контрапродуктивно би било. А дека го имам прашано „да не не требаше да седиме кај тебе, мајка ти да не беше уморна, да не пречиме...?“, и на тоа одговарал „не, не воопшто, се е океј“. Дека ми е чудно - ми е... ме копка каде грешам, дали нешто имам направено или едноставно не ме “вари“, или пак таква си е жената ... можеби не сакаат гости... И затоа гледам да не одам многу често кај нив (иако тој живее со родителите), не сакам да им создавам непријатност.
Како ти кажа ова болидараното? Не те загрижува ваква изјава, па макар и онака да ти кажал без никаква задна намера.
Може ќе бидам остра, дај боже да не сум во право, ама од слично искуство, и да немате други проблеми, ако е мамин син (а според ова ми изгледа дека е), јас не би гледала иднина со него, освен ако си спремна да трпиш.
Искрено не гледам нешто лошо да ти прави жената... можеби жената минува во лош период и не сака да биде многу комуникативна. А можеби не сака многу гости. Братучед ми женска му цело време ја носеше дома додека не се сретнаа стрина ми (по градник ) со неа во ходник. Од тогаш стрина ми кажа дека не сака баш гости посебно навечер, можеби и во право е бидејќи живеат на еден спрат и имат 1 тоалет, па сама кажува дека многу пати навечер не знае дали да отиде во тоалет или не дане се сретнат па незгодно...