Moj sovet e da se molis na zolvata da i se pogodi mazot i brakot,zosto ako e obratno nervozite od tamu ke ti gi istura tebe,i pak ti ke si kriva
Еве ти искуство после скоро 15 год со мм-сестрата секогаш е во право . Золва ми е прилично тешка жена, и јас искрено пред се заради свој мир ја третирам како дете (иако има скоро 50 години). Значи, како би се однесувала со дете што не разбира, така и со неа. Порано кога пробував да истерам правдина секогаш јас бев виновната, или не сум ја разбрала добро, или тоа што рекла/направила било со најдобра намера, ама јас сум претерувала, или најмногу признавање од мм сум добила Да, така рече/постапи, ама сигурен сум дека немала лоша намера со задолжителен додаток Не е она како тебе . А она кажала на пр. нешто со директна намера да пецне, да покаже дека еве јас не знам, ама затоа она знае, или ако нема деца (не е мажена) повеќе од мене знае и за воспитување и за облекување и за се... Како беше онаа песната... Ама ако . Искрено, од моја блиска другарка добив една убава анализа за женава и ми го даде оној совет За да не се разболиш и за да не се разведеш заради неа, третирај ја како дете (и така толку и е умот). И верувале или не, оттогаш мене ми е многу полесно. Свесна сум дека тоа не е фер, не е праведно, ама тоа е реалноста, а јас немам намера да си трошам живот и нерви да се борам со ветерници. Не докажувај ништо, само ќе бидеш лошата. А кога-тогаш сам ќе сфати, дури и да не ти признае.
јас да се надоврзам,,не ни сакам да ми вари,,,,ако ми речи,,јас и викам,,не не седи јас ќе сварам за двете,,,и чиста сметка,,,100% нема да ми го погоди....и плус не мие ѓезве од едно варење кафе до друго..тоа за мене не е хигиенски,,сега пие ,,,после 3-4 саати пак во исто гјезве не миено,,,ако е кафе,не е мрсно итн...ама се лепат бактерии,,итн.........исто и со филџан,,затоа не сакам од неа...
^^И ние си пиеме посебно кафе. Причината е затоа што мене ми се здосади да бидам кафекуварка. Кој како ќе дојдеше се бараше од мене да сварам кафе и варев Ок, снашка ќе свари, немало проблем ама баш никаков. Летно време кога ќе заладеше точно секој ден во 19ч. јас варев кафе за сите тројца (јас, свеки и свекор ми), ќе сварев и излегувавме надвор во дворче...нели поладничко, па да излеземе. Ама ако случајно се погодеше да бидам надвор со малата, порано сме излегле пр. да ја нишам на лулашката, свеки тогаш излегуваше само со две кафиња-за неа и свекор ми. Мене не ми вареше и прва почна да прави раздор. И ми викаше- не знаев дали сакаш, ако сакаш свари си... Како бе не знаеш дали сакам , па нели секој ден заедно пиеме кафе во 19ч...тешко и беше да свари 3 кафиња. ОК, ќе си се качев и ќе си сварев за мене. Во почетокот и свекор ми ќе прашаше кој сака кафе и јас од култура ќе станев и ќе сварев, ама па и тој се искурнази, и тој почна да вари само две кафиња-за него и свеки..изгледа свеки нешто мрчела А ако во меѓувреме наидеше некоја комшика на свеки, тогаш свеки од мене бараше кафе да сварам и за комшиката (таа веќе си го пијуцка незиното и си пуфка цигарче, да не и се прекине дотокот на дим ) и за тоа време моето кафе стануваше камен ладно и џабе сум си варела. Истото беше и додека золва ми не се омажи. Таа вареше кафе само за неа и мајка и` евентуално и за татко и`, ќе ставеше во послужавник кафе, ладен чај/сок/цедевита и дали сладолед, дали нешто благо само за нив две (тројца), не и за мене, јас не постоев, не бев ни прашана дали сакам, а камо ли па да ми беше донесено. Ко гиле 13 прасе И затоа почнав само за себе да си правам, нормално го известив и мм за состојбата и кога ќе си сварев кафе, свекор ми ми викаше-ти сама си родена? јас одговарав-не, имам сестра близначка тој-па како сама кафе си пиеш? јас-Вие вакво кафе не пиете и го игнорирав или пак мм ќе му речеше-имаш ти жена, нека ти свари таа, оваа е моја жена и не ја замарај веќе со кафиња. Сега последниве неколку недели од време на време знам да му сварам кафе на свекор ми, обавезно го прашувам прво дали пиел (пошто е срцев болесник и не смее многу кафиња да пие), а на свеки не сум и` сварила кафе може добри две год., освен кога ќе дојдат моите на гости кај нас...е тогаш и` варам и неа.
Да мила, ама знаеш дека на крај сите браќа и сестри на Гиле отидоа курбан, само Гиле остана, и џабе крекаше по него мајка му, он си отиде со срнчето! Целта е, толку сме ојачале со овие меѓучовечки односи-неодноси, што мислам дека сега секоја ситуација е решлива. Многу повеќе ќе им требаме ние нив отколку тие нас, деата брзо растат, ама староста е долга! А пази, уште не сум венчана!!! Ама долга врска со долга веридба веројатно си го прави своето, па нема некоја голема разлика. Ние за кафе си имаме ред- јас ако варам прашувам, мм ако вари секогаш вари и за мене затоа што пијам кафе со литри, кога прават за нив ако сум им во видокруг ме прашуваат, ако не нормално дека не. Сум станала дипломат прве класе, неможам да си се препознаам!
да се надоврзам јас со моето милење....според мене ако зивеете во заедница нај нормално е да го прасас цовекот па било и кој да е дали свекор свекрва снаа дали сака кафе тоа е одраз на култура и домасно воспитување нели ама како ти прават исто ке возвракас ако не те прасува и ти нема да ја прасувас нормално и да нормално додека не бев мазена дома ако пијам кафе ке ја прасав и мајка ми дали сака и обратно!!!
Ова грев да го фати човек,што би рекле старите Добро,не ми е јасно у која доба живеат ваквите личности? Со кои сваќања? не ми е јасно и крај! Скраја било човек само да си поплука... Лолитке а и сите други со вакви проблеми се надевам што поскоро се ќе се смени,има Господ ГЛЕДА...Далеку било со вакви луѓе,човек да не знае што ќе биде утре нашиов народ е со магистратура по глума.
Туѓото кафе е послатко. Сте приметиле? Кога друг ќе ти направи, како поубаво да е. Значи, комплимент е да бараат само од вас да варите кафе. Шала на страна, ве читам неколку дена и се чудам до каде и за што може човек да се зајадува? Па дури и за кафе! Колку обврски имаме секој ден, различни нервози и стресови, па и за кафе да се караме ли? Можеби решението е во кафемат - стегни на дугмето и пречекај го кафето. Тогаш ќе се караме кој да ракува со апаратот. Нели интересно ќе ни е. А, карања има и за финџалите. Зошто во мал, зошто во голем....???? Зошто со многу кајмак, зошто без кајмак....???? Пазите и млеко да не ставите по грешка во кафето. Зошто не го сака секој со млеко.
Еве и јас да споделам мое искуство со кафе сеуште не сме делени ама ке биди да си доправат лугето собичките.Вака значи ми доагаат другарки на кафе и си тргнуваат јас моето не стасав да го испијам дека го пиам ладно а и јас само со шекер го пиам во друството та последна си сварив и тргнувам да ги испратам и и викам на свеки од соба горе она на долниот спрат во ходникот,и викам дојди причувај го малиот и имаш кафе на маса(таа хо пие благо) викам јас не го ни допрев ке одам да ги испратам децата па ке тркнам и до продавница.Ни срам ни перде оваа на мене цитирам:КОКОШКО НЕКОЈА ШТО НЕ МЕ ВИКНЕШ И МЕНЕ СО ВАС ДА ПИАМ КАФЕ НЕЛИ ТЕ Е СРАМ,ЈАС НЕ ТЕ ВИКАМ СО СТАРИ ДА СЕДЕШ АМА ТИ МОЖЕШ СО МЛАДИ ДА МЕ ВИКНЕШ.Јас ниш и реков добро другаркиве само ме погледнаа и едната се прекрсти дури затоа што ја има слушнато и порано како ми се дере ама тоа е.А и најнов имиџ и е ко ке дојдат моите на гости таа да им вика зашто дошле и на мајка ми и татко ми и брат ми и забрани да доагаат епа со извинение ПУТКО НА ПРОЛЕТ НЕ СЕ ДЕЛАМ СИ ОДАМ ИМАМЕ ДОВОЛНО ПАРИ ДА КУПИМЕ 2 собен стан за нас 3 и да се издржуваме нека се дели со комшиите.Ај сеа сватете каков се народ има по светов.(а јас каква ли ке бидам свеки тоа ке читаат вашите керки и снаи ) ама мислам дека е мн ниско паднато нивото на размислување кајновиве свекрви се тие сакаат да знаат мислам мојава стои и на врата прислушкува ја имам фатено ама тоа е ЛУДА РАБОТА.
Ако добро ги разбра снаите , проблемот не е толку површен! Не е маката кој да го свари, туку почитта која треба да биде взаемна! Боли некој кога се прај дека не те забележува кога треба да те угости со едно кафе, а истиот тој некој секогаш добива внимание и кафе од тебе! Те прави помалце вреден, демек не ми се вари кафе на тебе, а ти кога вариш немој да си помислил да ме заборавиш! Е така не оди далеку работата, па и најбезчувствителен човек да си ќе се навредиш! Почитта се покажува и со едно варење кафе, и почит сакаат и свекрвите, ама сакаат и снаите, што е многу нормално За среќа моја, јас такви маки немам со мојата свекрва (јас други маки си имам со друга личност која се трудам да ја игнорирам ама за тоа во друга тема кога ќе соберам храборст ) Кај нас почесто јас варам кафе (ама свекрва ми ни еднаш не ме прескокнала кога таа вари), јас мијам садови, јас раскревам маса ама затоа пак свекрвица готви! Спонтано си ставивме некаков ред и засега нема некој посериозно сеплетки со свекрва ми! Тоа не значи дека ме нема изнервирано некогаш, ама засега успеваме некако да се разбираме!
кај мене дома ЈАС РЕТКО ВАРАМ КАФЕ кога свеквами вари (скоро стално) ме прашува ама па за тоа и кога јас варам ја прашувам, а кога свекорми вари си вари само за него (кога свекрвами не е дома) ама па зато и јас не го прашувам кога ми се пие си варам сама ОВА СЕ се случува кога свекрвами не е дома а и мене ми е глупо, кога веќе некој вари кафе не е фер да не праша и да се напрај дека си е сам во куќата ако вариш вари за сите ако не, не вари ич.
Само што сакав да кажам , еден автомат за кафе и решен проблем ! Нема кавга во куќа повеќе ајде да ве насмеам малце со мојата свекрва, мајками и имаше пратено поздрав македонско кафе и женава незнае како го пиеме ние ,дека во вариме во гезве ... си го правела како филтер кафе Иначе и мене смрт ми е варење кафе ...и за тоа ретко и го пијам турското кафе А кога сме на гости кај свекрвата ,свекорот е задолжен за кафето
eve me mene pak samo da se olesnam i da kazam deka ni samata ne znaev deka tolku omrza mozam da imam vo mene ne bev ni svesna e sega sum i seta taa omraza e nasocena kon svekrvata. Ne mozam da ja gledam poveke i ne mozam da go gledam poveke soprugot kako so med vo ustata zboruva za nea kako taa da e majka tereza a ustvari e edno nepismeno prosto i dvolicno sustestvo ! ps : vreme e da prestanete so koristenje na izrazot ''sveki'' oti stvarno pre pre glupavo zvuci
тогаш не читај во темсва и нема да ти биде глупо,а нешто ако ти смета тоа дома кажи си го не тука по форумот бидејки немаш право да кажуваш кој што и како да пишува.Може и ти некафе имаш пишано некој збор па никому ништо.
е мојата е посебна знаЧи срека сто не зивееме заедно па само кога ке ми дојде на гости и варам кафе,ама најинтересно е тоа сто кога одиме кај нив на гости а обицно одиме заедно со деверот и етрвата сите по ред ке ги праса ти xxx сакас ли кафе ти yyy сакас ли кафе а мене ме одминува и обицно ако сака мм ми вари и на мене ако не сака не ми вари да не знае Човек дали да се смее или да се нервира
Смеј се, затоа што ако се нервираш не постигнуваш ништо. Башка не живеете заедно, за еден ручек неделно ќе ја есапиш колку-толку, и ич уво да не те боли, пак ќе си отидеш во твојата дома. The end!
Смеј се, затоа што ако се нервираш не постигнуваш ништо. Башка не живеете заедно, за еден ручек неделно ќе ја есапиш колку-толку, и ич уво да не те боли, пак ќе си отидеш во твојата дома. The end! Во принцип, така е ! Но некогаш толку ќе ми го кренат притисокот, па си викам : Кај дојдов , кај се запустив !
Си го викам и јас тоа еднаш-два пати неделно, ама кога ќе си го видам човекот, кога ќе видам колку ме поддржува, се смее со мене, плаче со мене, ја обожава мојата фамилија, ми помага, му помагам, паѓа во вода зашто дојдов. За него, за НАС дојдов. Толку ми треба, тоа сум сакала, се е друго пролазно!
па да ке бидеме силни до крај заради лјубовта кон насите мази и нивната сто ни ја прузаат барем јас така размислувам,а порано се нерврав но од неодамна ги ставив ептен на игнор ако не и се прави муабет со мене и ако не и се вари кафе за мене иЧ не ми е гајле
Сум рекла порано, пак ќе кажам : подобро „свеки“ (од свекрва), одколку „кроки“ (од крокодилка). Секој има право да подели нагалени имиња на „своите блиски“ . Како некои кога зборат за дечкото/вереникот/сопругот: „моето мече“, „мојот мил“, „мојот идиот“, „мојот маж“ , за децата велат: „моето ангелче“, „моето срце“, „моето злато“, „моето сонце“.... Така и за свекрвата секој има право да си каже како ја нарекува нагалено: „свеки“, „свекрвица“, „крокодилка“, „караконџула“, „мила жена“, „лоша жена“... Се‘ е тоа право на избор, и нема пишани правила за тоа. Друго сакам да кажам: Пред некој ден се испокаравме по дома (без груби зборови) и еве неколку дена не разговараме. Кога се враќам од работа - правец во соба и ништо не ме интересира. Свеки успеа да не скара со сопругот (нели тој не сака да завзема страна, се плаши да не ја навреди - со оглед на нејзината неодамнешна ситуација). Спојлер Не барам јас тој да бира меѓу мене и неа, туку само да ја согледа вистината, да застане на страна на вистината. А наместо тоа, тој одбра да молчи, да се прави дека ништо не се случило. Знае дека сум во право само не сака да ја навреди мајка си - и тоа е во ред, не барам јас признание. Нека разговара со мене, еве на само, нека ми го каже своето мислење за тој проблем, не мора да се согласува со мене, нека си го каже својот став, а наместо тоа, тој одбра да молчи. Со сопругот разговараме службено, како двајца не толку блиски пријатели. Криво му е, гледам, но не знае како да ја поправи ситуацијата. Не сака да разговара на таа тема, а токму таму лежи решението. Ако, ќе чекам јас. Само некако, креветот ми е тесен деновиве .