Арен е? Свекорот и свекрвата нѐ раѓаат? Ајде бе со тоа старското обраќање, нека се осовременат еднаш! Се научиле мамо тато, што кога не ми дава душава. Битниот назив море море, чудото. Демек тие не се баба и дедо. Се! А мајка и татко на нивните деца. Јас со свекрва ѝ се обраќам. Ете да не ме мислите еднаш ја барав и како како се думам. Таа ало, јас здраво свекрва како си? Хехехе се насмевна. А ми шо друго ми е? Убаво си му рекла, нека се има убав однос, почит па баба или дедо или името само, небитно.
Ја само не сфатив? Ако ти рекол на име да ги викаш, зошто си му рекла не сакам, а не сакам ни мама/тато?
Тоа што рече на име да ги викам не беше дека сака така да ги викам, туку како забелешка дека не им се обраќам со мамо/тато. Па као ко не им се обраќам со мамо/тато, не мора ни со бабо/дедо + име.
Ама ок си кажал човекот. Како што ти не сакаш да ги викаш мама и тато, пошто нормално - не ти се мајка и татко, и тој не сака да ги викаш баба и дедо, дека ниту тоа не ти се. Е сега, може се понадевал дека ќе се унезгодиш и ќе почнеш со мамо/тато да се обраќаш, ама тоа не е твој проблем. Ти рекол по име да ги викаш, викај ги по име и свиркај си, не знам зошто си се побунила за тоа.
Па добро де што се лутиш убаво ти рекол човекот . Чим не сакаш со мама и тато пошто не ти се родители,тогаш ни со баба и дедо пошто не ти се баба и дедо. Ќе си ги викаш на име без ништо пред името и они тебе така. Не си барај проблем кај што нема. И ја не би сакала снаата баба Милки да ме вика.
Очигледно очекуваше друг однос од мене. Оти и претходно се поткаравме ко напнуваше дека младите требало да ги слушаат старите, жените да ги слушаат мажите. Сега жените сме биле самоуверени, порано се знаело кој за што е.
Што се замараш... И во право е во тоа што го кажува. Сега жените се школовани, самоуверени имаат поддршка од партнерите. Порано се знаело жена за раѓање и куќа. Маж работел. Така било. Вие во заедница живеете? Убаво ти кажува не знам зошто си сфаќаш како навреда или расправија? Нема везе, ти си знаеш. Ама не барај игла во сено иначе од нервози болест ќе си накалемиш.
Женска страна на родители од брачен другар да им се обраќа со бабо и дедо првпат сум чула. Искрено сум против и зетовците така да викаат. Име и со вие или ти зависи од ситуација шознам . Чиста работа. Мене снаа да ми каже бабо би се навредила. Баби и дедовци сме на внуци. Тука не си во право. Ама, за ова со јадењево си скроз во право. Мајка ми кога доаѓаат внуци на поседок, жена милион пати препрашува што јадат што не јадат, ти готово си оставила, она дури прашува што да направи. Не сфаќаат сериозно дека ова време не е тоа кога пиеле вода од црево и не им било ништо.
Им се обраќаат кога имаат деца, па држејќи ги децата го искористуваат моментот како детето да им се обраќа затоа користат бабо/дедо
Некако тоа ,, бабо " успеваме да го "прошверцаме" викаш. Старост е убава работа, дај Боже сите да си дочекаме и правнуци, никогаш не сум имала проблем, ама бабо и дедо не ми е убаво бе за свекор и свекрва, ниту пак за тест и тешта, или ако не доаѓа од внуци. Па како што е модерно време, ако ти е снаа некоја како госпожа Макрон па ич не чини.
Побрзо квантна физика ќе научи човек него вие што ќе одлучите како да ги викате. Ко деца сте жими све
Ги викав мама и тато свеки и свекор ми,но сум имала многу погрешно мислење за нив....за зал не заслужуваат да ги викам така затоа сега се тета и чик.
Си читам си барам некако да се утешам со слични проблеми. Собирав собирав па на крај истурив на свекрвата, и тоа за најмалата ситница, и кажав стави вода за млеко за бебето она заборавила да стави аларм за 30 мин. И си чекала јас да стигнам дома за да го правам и ми вика и сега да правам ли млеко, ја прашувам се вклучи ли алармот ах неее ми вели а поминаа више од 30 мин. А она ја бањала другата внука од другиот син ја средувала. Па се распукав и ми се налути. Ама собираното е од што постојано прават споредби помеѓу првата внука и сега внукот втор, мојот син, дури се осмели да ми каже како кога внука и ја прашувала кој сака повеќе она рекла она е прва неа секако повеќе, демек да не се лутела внуката да не се нервирала. Собирам уште откако сум у брак пошто секогаш првиот син е најдобар се е за него а ние ќе се снајдеме и сега ми пукна филмот на ситница. Ми беше криво цела ноќ пошо сум човек шо избегнува конфликти ама трпи трпи не се трпи
Тој беше со мене ама бевме на пат кон дома и и кажав да спреми за коа ќе стигнеме. Али веќе со месеци го правиме истото и тој аларм наш од тас причина го вклучуваме за да не заборавиме кога сме ставиле вода и кога треба да го подготвиме млекото.
И што е толку трагично жити се ? Што ти е жената толку должна па да мора тебе да ти свари вода за царот? Земи сама свари и остај нека се лади или во термус држи за да си немаш нервози безпотреба