А што има лошо во меѓусебно помаѓање?Има нешто недолично ако ја причуваат за појдеме на свадба?Ако сакам навечер да искочам со пријатели час /два?Па дури и ако сакаме еден ден да сме сами надвор од град?Не зборувам за секојдневна злоупотреба.Ама низ цел свет се помагаат едни со други,само овде кај нас очи се вадат ако се остави бебе некогаш на бабата(свекрва/мајка сеедно) Мн сакам фамилии каде се дава подршка.Сестра ми завшри факултет со бебе.Ама имаше подршка од свекрвата која го чуваше малиот додека она учеше за испити.Некогаш просто физички е невозможно да се растргне човек на сите страни сам. Другарка беше сега на Малдивите со сопругот 5 дена.Децата беа со мајка и татко и.Ете сите се живи и здрави. Не е тоа неспособен родител.Тоа е нормално.Неможе човек да биде посветен само на дете и ништо друго.Работа,дом,учење,брак,службени патувања,соц живот,курсеви…Реално не можеш бебето да го носиш секаде со тебе. Должен не е никој,точно.Ама па затоа сме луѓе,да ускочиме по потреба да помогнеме кај шо можеме.
Да повремено, но има голем број на млади родители што секојдневно ги оставаат своите бебиња а тие шетаат, секој ден. Тоа не го оправдувам.
@joy1 се согласувам, само без лутиш ако те/ме одбијаат некогаш, исто како што барем јас ги одбивам некогаш за нешто шо не ми одговара.
апсолутно.Ама овде ,по муабетиве се сведува на тоа дека ако се побара помош онда си неспособен родител.И не требало да раѓаш ко таков.
Често се обожава да се оди во крајности, затоа. Ако го оставаш на други си неспособен. Ако не го оставаш никогаш, немаш свој живот. Или пак себична си шо не прифаќаш туѓа помош. Ако побараш некогаш помош, не ти е должен некој да си го упропасти животот за да ти причува дете 3 саати. Ако го носиш секаде со тебе, си немајка што влечкаш дете на места шо не се за деца. И така.
Членката неколкупати во постот напомена дека тоа со водата било само ситница којашто ја прелеала чашата и дека има многу поголеми и подлабоки проблеми како мешање и цело време споредување/омаловажување на нејзиното дете со братучедите од чичко им. А вие се фативте за водата, водата и само водата. Добро најмајки, најспособни, најсовршени, најнезависни и најодговорни, оладете малку и не читајте меѓу редови и само тоа што ви одговара колку само да имате причина на му нарипате на некој, да го навредувате и да му кажувате вие баш како треба да си ги гледа децата. Голема работа, снаата очекувала од свекрвата да преврие вода за млеко на детето. Ами ако се до толку безобразни да мислат дека имаат право да и се мешаат на снаата во се' и сешто, не ќе да и падне круната ако стави стави едно ѓезве вода да проврие. А знаат да се маваат во гради и пред комшивките да се фалат како они ги "гледаат" децата на снаите.
Точно е тоа дека све се дешава. Но, физички спремен - да не се потпираш на свекрвата за топлење вода за млеко дури она го бања другото внуче, обавезно рачунам дека нешто ќе заборави. Или си доаѓаш дома порано или ќе почека 10 минути бебето, ништо нема да му е. Психички спремен - ако се разболиш од депресија ќе одиш на лекар без чекање, не знам зошто многу чекаат, таквите состојби не поминуваат сами од себе, и сама се мачиш и децата те гледаат безволна. Во наша моќ не е да спречиме, ама во наша моќ е да одиме на лекар. Финансиски спремен - секако дека и отказ се добива и кај нас знаеме како е, невработеност, мали плати, ама колку можеш ќе се трудиш и ако си во лоша финансиска состојба, нема поента да одиш на бебе сметајќи дека свекрвата ќе купува пелени. Барем за мене нема поента. Би ми било многу страв. Што ако умре свекрвата и нема веќе пензија, остана бебето без пелени? Многу се лутат на свекрвата, а мажот едвај детето знае како се вика, ни во нешто вклучен, ни го интересира. Да беа убаво поделени обврските меѓу двајцата родители, многу помалку ќе имаше вакви ситуации.
Мене вака ме убедува една роднина дека многу е подобро да се живее во заедница дека свекрвата ќе ми чувала дете, ќе сум имала готов ручек после работа и такви ми ти работи. Ми идеше да речам како ќе направиме дете како прво ако не можеш да прднеш на раат ама преќутев Не си неспособен ако некогаш го причува баба, боже сачувај. Муабетот е дека тоа чување не им е обврска туку само доброволна помош.
Исто.Се дивам на такви фамилии,каде секогаш се тука еден за друг,без да си ставаат цртки кој кога помогнал,без дерење за било каква грешка.Толку се може да биде културно и цивилизирано ама не,балканска работа,се да е со кавги.Или имаат максимална помош па се неблагодарни,или немаат никаква,или пак имаат ама по правила обратни од тие што родителите ги поставиле.
Ама не се мажиме за цела фамилија и за да се докаживаме дали сме добри снаи. За се има решение ако не им дадете за право од старт и ако во ниедно поле не зависите од старите како ке се мешаат. Секој си решава со своите родители доколку се обидат да прават нешто.
Не зависиме ништо од нив, можам да кажам дека таа зависи од нас. Едноставно некој е воспитан на начин да треба на постар да ќутиш и да почитуваш, а некој тоа го знае и го користи да те нервира. Се додека ќутев на глава ти се качува, почнеш да зборуваш одма не чиниш и си лоша снаа.
Како што има екстремни поединци од едната страна, така има и од другата. Не знам и никогаш нема да разберам што е толку тешко две возразсни жени, да се почитуваат меѓусебе. Не мора да се сакате, почит како кон било кој друг човек, култура. Ако се преминат границите на толеранција- не мораш контакт со неа да имаш, не мора да ти го чува детето и да му грее вода. Нејзиниот син нека и го носи некогаш да го види и тоа е тоа, не мораш ни здраво да и кажеш. Најголема грешка ви е што стапувате во брак без обезбедени услови за живот и комуникација за иднина со мажот, па ајде заедница па со тоа обавезно проблеми. Па и со вашите најдобри на Свет родители да живеете ќе се расправате и ќе имате несогласувања. Нормално е-различни генерации, различни навики.. Ама да си дозволам да и повишам тон зошто не зоврела вода, ми е скроз сељачки . Најлоша да е, сами се симнувате на нејзино ниво. Ете толку е просто.
Зошто да не се потпреш на свекрвата ако ти треба помош? Или општо сопствениот родител. Читам и многу ги деградирате потребите на мајките. Ако побара помош од трето лице, веднаш се настапува со осудувачки содржини. Браво за вас што успевате се сами и не сакате помош, т.е мислам дека повеќе не ви е дадена, отколку што би ви слошило ако безрезервно ја добиете, нејсе. Многу погрешна перцепција имаш према психичките заболувања. Прво треба да прифатиш дека имаш проблем, што всушност е најтешката фаза во понатамошната постапка за терапија и лечење. И не е земи апче и ќе помине. Се работи за долг процес, прво на осознавање на проблематика, второ на прифаќање, трето на санирање. За финансиите, се согласувам само доколку моментално ги немаш и свесно решаваш да одиш на потомство. Но, често и читам како трудници на сред бременост добиваат отказ од работното место, замисли во каква деликатна состојба, и ти велиш да не очекуваат пелени да им купува друг. Ако немаат пари, а притоа кој сака трудница да ти вработи, не знам како е срамота да побараш помош од најблиските. Да, и свекрвата во случајот е најблиска, мајка на сопругот. Ако нема пари, ќе побарам од друг. Додека не застанам на нозе. Не знам зошто го презентирате тоа, како некоја да е немајка или неспособна ако очекува помош. И за последниот пасус, не би имала конкретен одговор затоа што е доста опширно да се пишува. Ако мажот работи, жената е таа што е дома и се грижи за децата, во исто време свекрвата е слободна и живеат во заедница, нормално е да очекуваш помош од оној што е слободен. Доста хипотетички ситуации. Но, најчесто кавгите настануваат со живеење во заедница. Не е дека мажот го трга некој на страна, туку повеќето се организираат да живеат во ваква структура. Да сумирам. Не сум јас таа или било кој тука, што треба да суди мајка што и е потребна помош. И треба да добие.
Еве една спремност која многу често е отсутна е да прифатиш дека детето е своја индивидуа од крв и месо и дека не можеш да го управуваш како робот. А многу луѓе добиваат деца и одма добиваат некое чувство на "јас сум најбитен/а", преголемо его оти конечно некој е "под" нив. И им е испод части да му зборуваат на детето со убаво место да го удрат. Особено на Балканов е застапено она ќути и слушај постари а ем на истиов Балкан највеќе е ненормално да неќеш да имаш деца.
Немам јас ништо против барање помош. И јас барам помош за најразлични работи во животот и давам. Ама тоа да е инцидентно, не редовно. Зошто ако е редовно - има кавги. Или ќе го згреши, или нема да сака да го направи, или ќе ти води инает зошто таа е постара и мисли повеќе знае. Ќе се потпираш на свекрвата ако и таа сака да се потпираш. Некои свекрви велат јас ги израснав моите, не сакам веќе да трчам по мали деца, И во право се. И јас ко свекрва би помагала само во изолирани ситуации кога не можат, или одвреме навреме да го почувам да прошетаат, или да помогнам при болест. Ама да бањам внучиња редовно и да топлам води за млеко, не би. Може сака цел ден турски серии да гледа свекрвата. А за психичките состојби, сето тоа е точно што го пишеш, ама на крајот од денот тој што има психичка состојба треба да прифати и да побара помош и да преземе одговорност. Тоа е тоа, нема заобиколување. Секако дека секој близок треба при тешки ситуации да ти се најде и да ти подаде рака, но не со години да не одиш на лекар и да се лутиш на свекрвата.
Ама воспитувањето нема врска со ова, почитувам ниту сум навредила ниту ништо само шо за наше дете освен јас и мм никој друг не сме оставиле простор да каже а не да се меша.
Да, зависи и од свекрвата, ти не оставаш простор да се меша ама има некои што си даваат премногу за право и се мешаат. Еве на пример сега блиску имавме конфликт околу струјата. Ние купуваме 20 кубици дрва и и велиш кога не сме дома земи запали си го доле шпоретот. Таа за инат греалка уклучува а притоа ние ја плаќаме струјата, и таа на тоа ти вели многу струја трошите не треба со топла вода да миеш садови. Неколку пати го истолерирав ништо не реков, и на крајот и реков се додека јас и маж ми си плаќаме сметки ние ќе си ги поставуваме приоритетите. Ниту сме барале пари од тебе ниту пак сакаме да се мешаш во тоа колку трошиме.
Само немој да мислиш дека ке си вечно млада,еден ден ќе остариш па нема да ти дадат чаша вода да се напијеш а не па да те погледнат.....е тогаш ке ти викаат снаоѓај се сама )