Вака да ти кажам ама најискрено не ни очекувам да ми дадат чаша вода,впрочем не ги ни родив за тоа.Очекувам со фамилиите да ми дојдат еднаш неделно на ручек,на некој празник,да ме поканат на некоја свеченост нивна.А они да ме обврзуваат со децата или ја со мојата старост немам во план.Ќе видиме како ќе биде,со Господ напред само да сме живи и здрави. А ако нивната љубов ја купувам со чување на внуците ич не ми треба.Јас на моите сум благодарна што ме исчувале,воспитале,дале колку можеле и неможеле.И поради тоа ги сакам.Децата не ми ги чуваат ама чаша вода сигурно ќе им дадам и ќе се погрижам максимално кога ќе бидат немоќни.
Да де, дека овие што чуваат деца по цел ден со Ваше височество им се обраќаат и на крај им се поклонуваат.
Dajte be olabavete.....prvo stanete svekrvi i babi pa posle komentirajte....NIKOGASH NE VELI NIKOGASH
Има квалитетни домови, проблемот е цената на престојот, секој не може да си ја приушти, особено со толку мали пензии. Инаку ве читам и мн. измешавте брзини, старите не ви се должни да ви ги гледаат децата. Со добра организација се' се може и примарно треба да се балансираат задолженијата за децата помеѓу родителите. Е сега кога е најнеопходно да се излезе во пресрет со мала помош, ако е доброволно понудена од постарите зошто да не, ама бабата да е мајка тоа не е добро ниту за психо- физичкиот развој на детето ниту па за здравјето на бабата. Исто таа уцена ако не ми го чуваш детето кога не ќе можеш да си наполниш чаша вода јас нема да ти подадам е мн. нечовечна. Родителите не може да ги уценуваме исто како и тие нас што не може и не треба. Со уцена на долги стази ништо не се добива, освен одбивност и на крај нарушени семејни односи. За членката ја сфатив на што алудира и пречи што можеби нејзиниот син не добива толку внимание како внуката, ама лутењето за водата и бурната реакција не е начин да и објасни на свекрвата што е примарниот проблем. Сепак и по разговор и добро објаснување, ако свекрвата пак повеќе внимание посветува на внуката и повеќе притрчува да се најде во домаќинството на др. син нема што да се прави, тоа е што е. Свекрвава ако е мудра ќе ги седне двете снаи и ќе си каже од утре јас сум баба, не капам девојче, не греам вода за машкото, за итно нешто сум ви тука и толку од проблемите и расправиите во иднина.
Колку е погрешно ова...раѓате деца за еден ден да ве чуваат и правиме добро само под услов да "подадат чаша вода"?
Моето дете беше оставано на спиење кај мајка на по некој саат од два месеци кога имав потреба од лекари или слично. Појдов на раб кога имаше 7 месеци. Го чуваа и мајка и свекрва, секако по нивна желба. Знаеја што смее да јаде што не, иако им оставав спремано најчесто. Ако не стигнев правеа тие. Не сум наоѓала мани никогаш, благодарна сум им и премногу. Во градинка кога тргна пак ако бевме на работа мораше некој да ја земе, и ја земаа они. Секогаш ми излагале во пресрет, ама со задоволство. Душа даваат за неа, и сега е веќе 11, оди на гости кај нив, сака да ги дружи, едноставно блиски се ептен. Се радуваат и они и таа. А и јас оти знам дека незаменлива е таа врска со баба и дедо, едноставно си е посебна. А додуша и се што треба да им се помогне на нашите ние сме тука за нив. Не од обврска туку свои луѓе, семејство ми се, ако не ние кој ќе им се најде и за лошо и за арно.
Не се раѓаат за тоа, но верувај дека на старост убаво е да имаш помош и подршка од децата. Поаѓам од мене, една сум на моите, не ме родиле да им дам чаша вода ама се што можам им помагам на моите. Сакам. Ме исчувале, ми овозможила се со татко ми, ми помагале со дете, не сакаат повеќе од се, како да не ги однесам на лекар ако треба, или помош при чистење, било што...едноставно ги сакам бре, сакам што подолго да ги имам во животов и што е до мене се што можам ќе им помагам.
Комшиите изгледа, ако не чувале внуци со време, по желба и мерка на младите Нема деца гледање, нема чаша вода подавање
Ама сите знаеме што е убаво.Взаемно да се помага е најубаво.Ама ако на моите деца пр им се отвори убава шанса за живот далеку од мене,јас не ги спречувам,само ќе им ја посакам сета среќа на светот.Неможам да се надевам на тоа ниту пак да очекувам дека ќе бидат покрај мене секогаш.А неможе ни они да очекуваат од мене на 55 60 год дека ќе им го исчувам детето.Можам да им искочам во пресрет понекогаш ама да сум обврзана несакам.
Затоа велам без обврски и очекувања. Можеле и сакале и вечно ќе сум им благодарна. Ако не можеле ќе се снајдев пак некако иако потешко би било. И јас би помогнала на свое колку што можам и сум способна. Ама да не бидам врзана и обврзана секако.
Поентата беше дека идејата да чуваш внуци само за да ти биде вратено после ми е некако погрешна. Ако ги чуваш чувај ги од љубов, не за надомест после 10 години. Зашто тие луѓе што така размислуваат после во секоја прилика префрлаат. Друго, сѐ е супер тоа што си го напишала, ама не сите имаат таков фамилијарен однос и не мора да се наметнува како нешто што мора да биде.
Кешки сите да си имаат мајки, подолго да им поживеат, па проблеми едно друго. Ако не ти се свиѓа, создади си услови и живеј си каде сакаш и тоа е тоа. Пола од темава е драма ко од 16 годишни неспособници
Дали е нормално постојсно свекрвата да ви наметнува обрски да пуштате машина со алишта од деверот и нивни? Помагајте дајте совет како да ја одкачам без да се навреди налути со убаво да и кажам несакам расправии..
Не се расправај, кажи и' дека имаш премногу обврски и не можеш. Ако се лути ќе и' помине. Постави си граници.
Ако ја знаеш причината зошто не сакаш, ќе и ја кажеш вистината. Те тера смрдени алишта со твоите да ги мешаш, а ти си таа што ти е незгодно да и кажеш дека не сакаш. Нема да се расправаш, ќе кажеш едноставно дека сакаш алиштата одделно да се перат.
Po Moe e normalno....kolku I alishata da se valkani ,neli vo mashina se stavaat da se isperat za da se Chisti(osven Ako ne se raspravaat so kravi I svinji pa eptem da e oblekata valkana I smrdliva e togash oddelno da se perat).Doma kaj mene posebno se perat samo od bebevo(seushte e Malo za da I gji meshame alishata so nashite).