За тоа слажем се, ни секунда не сум живеела со свекрва , ама не мислам дека ако се заедно едната треба да команда а другата да лежи. Впрочем и за свекорот и 'синчето' го мислам истото..
Од форум дознавам дека и кај родителите сте пуштале посебни машини. Искрено не ни верувам дека е така. Како полните една машина и на колку време перете? Јас пуштам алишта посебно бели шарени и темни. И кај мајка ми така е и кај свекрва ми. Од неколку члена се полни една машина. Посебно ли готвите и од посебни прибори јадете? И даската од веце пред да седнете ја стерилизирате секогаш? Мобилниот ви е триста пати побогат со бактерии од веш кој не мора да го фатите директно и потоа ке измиете раце.
Нит очекувам да ми чува дете/деца, нит па ручек ми правела кога бевме заедно два месеца. Она тоа што го готви, јас не го јадам. Јас сум човек што сака приватност. Не сакам мешање во се и сешто. Има снаи ги оставаат децата на чување за да пазарат, јас така не правам.
Јас имам 3.5 кг машина, оти преферирам количински помалку или само одредени работи да перам, ама нема врска, сигурно не собирав 20 пара бели гаќи САМО мои за на 95 да ги пуштам Мислам, за 3 пара сензорот на машината не дозволува да се вклучи, а еве јас друга мака имам, пешкири/крпи/маици бели не пуштам заедно со гаќи ни случајно
Е ок де, ни ти неа ништо, ни таа тебе ништо, и раат. Ама ако живееш заедно со некого и очекуваш и од него нешто, нормално дека и ти треба да правиш за него работи.
Од свекрва и свекор сум пуштала, сега веќе не,ама на девер не сум должна да го перам. Има мајка нека го пере, или сам нека си пушта машина. И не е перењето притискање на само едно копче. Откако ќе испере треба да ги пружиш, па да ги собираш, да ги диплиш..
Ахахах, зошто би лажела за машина жити се? Плус напишав дека имам толку многу што се полни машина, а и да не е така, ќе ја пуштам со пола тежина на програмата.. Еве врти машина со чорапи од сите тројца,сега знам дека пак нема да веруваш, ама моите не смрдат Ај уживај , терај како што ти одговара, и ако некој прави различно, не значи дека лаже. Ако оставев на мајка ми, таа се ќе помешаше. Затоа сама пуштав , полна празна, никој не идеше да провери.
Споредувате сопствени родители со туѓи. Што е поразлично од на цимерот гаќите да му ги перам и свекорот и свекрвата. И тие ми се туѓи. Не се мои родители. Најдобро решение е синот да си пере. Јас не би фаќала туѓ веш. Па и не е само за фаќање. Што бара мој веш да се пере заедно со на деверот, свекорот, свекрвата. Што има врска живеење во заедница. Да, викам да сите страни да се вклучени во одржување на домот доколку се живее во заедница. Но има еден збор кој се вика граница. Ќе се чисти, ќе се готви. Не за џабе вешот, интима се вика. Јас не сум за, останатите ако не им смета, нека перат се на куп.
Ама апсолутно не мора да е така. Мајка ми последниве 15 години не кренала корпа со мокри алишта, оти не ни смее потешко од 2кг да крене, па пуштала машина и некој друг (јас, сестра, татко) пружа. Исто како што кога еден ќе зготви ручек, не значи дека тој треба и да ја постави, крене масата, измие садови, врати на место садови. Договор куќа гради.
Зошто може деверот ете прави нешто за тебе? Ете може он баш ручекот го направил, или на пазар бил, или кола на перење однел? Може со твоето дете е во парк? Поентата е во договорот и во взаемните очекувања, а не дека еден треба ништо, а друг се' да прави.
Тоа велам, гаќи ако стојат долго или било што нечисто ке се замириса. Пешкир влажен од раце бришење ке мувлоса. Ако собирам посебно само за мене ке ми треба една недела, и долен веш ке снемам. Перам на 60 или 95, и се заедно, немам таков проблем. За во станот одбрав машина од 7 или 8 кг, никогаш не е полна, за 3 члена перам. Затоа ми собира јоргани брачни.
Им се тупнала. И притоа очекува дека текот на работите ке се смени со нејзино доаѓање. Жена од 50-60 години ке смени навики откако ке стане свекрва. Не е така. Ако знаеш дека ке те нервира, ке си плаќаш кирија.
Одеднаш испадна сите дома машини пуштале сами за нивни алишта. Чудно, не мислиш? Не можам да замислам како би функционирало/ функционира тоа живеење заедно без соживот. Посебни ручеци, ист фрижидер, една машина, ама алишта посебно се перат, заеднички сметки...
Ама еве има некои што и покрај тоа што им се тупнала како што зборите одлично си функционираат. Јас сепак не мислам дека се тупнуваш на свекор и свекрва. Сепак имаш сопруг нели и се договараш со него
^ Сестра ми знае да си пушти машина само со свои работи, ама тоа оти ги складира на столче во соба еднаш носени, па после не знае што уствари е за перење Ама иначе не, се' заедно се перело, па и со цимери имам во др. држава живеено, веш не, ама др. облека сме переле заедно
Јас имам другарка што купија свој фрижидер додека беа во заедница. Плус девер и јатрва и нивни деца. Тутма калабалак. Се тоа во 100 квадрати. И сега овие јадат сувомеснато, другите не. Кој го зеде десертот, дрн дрн. Не ручаа заедно. Се отселија после зашто 3 генерации,3 жени, 4 деца и плус различни карактери.. Јас со своите ќе се исколев да морав со нив како возрасна а тек со туѓи..терсене сум, што да правам. Само маж ми ме трпи