Не си ме разбрала. Јас живеев во заедница, и одлично функциониравме. Исто остана откако се одделивме. Ама јас немав замисла дека свекор ми и свекрва ми магично ке променат животен стил и се што може да се замисли затоа што сум дошла јас. Се прилагодив, иако бев пречекана како ќерка. Пример едно веце една кујна, ако сакав ке најдев нешто да ме нервира. Ама функциониравме супер. Не може да влеташ во куќа и да мислиш дека сите ке играат како им свириш. За така направи нешто свое и ако ти каже нешто некој ке можеш врата да покажеш.
Баш така, немаш никаква обврска да го переш деверот. Имам слично искуство и затоа ме нервираат вакви работи. Мене не ми се толку свекор и свекрва проблем, колку што ми е деверот на пример. Може еднаш, два пати да се деси да го исперам или од ручекот да го понудам, ама на долг рок не. Зошто и јас немам никаква корист од него. Баш напротив, кога ќе си се женат не те ни погледнуваат. Тоа да чекаме членкава да каже, дали само пушта машина или и корпа крева, пружа, собира...
Па чудно ти е веројатно зошто кај тебе не било така. Или тебе ти го перела вешот мајка ти или ти за сите. Не сме сакале сите така. Само во Мк е чудно своја гаќа да си переш.
Nemam erotski vesh,Tanga ne nosam tuku gakji Bez rabovi...Ako kapne damka od krv si gji otperuvam I pak vo mashina za perenje....duri bev devojka odnosno duri ne bev mazhena flekjite od gakjite sama si gji perev...
Не збориме за неа, него општо. Ако деверот, или сестрата на невестата, прави една работа, ок е невестава друга да прави. На готово чекање никој. Па ни маж. Едит: ако тој за вас ништо не прави, нормално дека нема никаква потреба ниту ти за него да правиш.
Закон. Со кој памет? Кај нас беше на чисто, единец е и во голема куќа, соби доволно, додека да бидне станот бевме заедно. Со една кујна и едно веце беше на моменти тесно. Ама па јас сум мрзлива, и ми одговараше свекрва ми да готви (сега готви и ни праќа ). Ни па ми сметаше да пуштам машина за сите, за синко посебно само. Собирам диплам алишта, ама ручек на маса и по наш избор (и двајцата со маж ми пребирливи).
А на таа жена до тогаш кој и пушташе машина? Деверот кој го перел? Или ај дојде невеста сега ќе и ја тупнеме цела работа и нека молчи.
Точно. Не можат на 50,60 години да се менат. Некои во заедница се прават заедно. И не им смета тоа. Со договор се бива. Нормално да е во граница.
А зошто се чудите некој да си има посебен фрижидер, а да се на ист кат? Мене ми е тоа ок, па и посебно да јадат. Околу јадењето секогаш има недоразбирања, затоа посебно најубаво.
А во минато живееме сега или во сегашност? Прво не знам како не ти е гадно да му ги фаќаш гаќите на деверот и на свекорот, па и на свекрвата ама ај она е жена. Второ, зошто да му периш гаќи на ДЕВЕР. Леле замисли маж ми кога се женеше и брат му да рече Што убава жена си зеде брат ми, ќе ме пери Ако ти е наметнато и не можеш ништо да направиш, ако имаш проблеми, тоа е друго, ама ако сама си изразуваш желба, тогаш стварно пробај да се прашаш дали не ти влијае ич на достоинство? Мене би ми влијаело.
Prvo nemam Dever...Imam zolva... Vtoro...koga si vo zaednica sve pravish zaedno a Ako barash vlakno vo jajce I kje najdesh...treto dostoinstvo Imam I ne mi e narusheno.