Не е нормално ама и не ја знаеме целата приказна. Другите обврски дома кој ги завршува? Ако сте поделени со обврските можеш фино да и кажеш дека не сакаш да мешате алишта и да си ги перете меѓусебно.
Не сте се тупнале сами, сте прифатиле предлогот/идеата на мажот да живеете во заедница. На сила да не ве земаа од дома да живеете до иста куќа? А ако он нема граници со неговите и е мамино синче што не работи "женска" работа, свекрвата очекува снаата да и пушта перални.
Тие ги оставаат на машина или во корпа за алишта а јас мора да ги пуштам.. Ако речам дека не перам ке настани хаос
Од сите луѓе што ги знам само едни живеат во стан купен со помош на родителите, а другите им се тупневме во куќата на свекорот Зошто хаос би настанал? Што друго правиш и очекуваат од тебе
@forumce Дружи се со поамбициозни луѓе што да ти кажам друго? Ако имаш ти ок однос со свекрвата не се пронаоѓај во туѓите проблеми. Факт е дека одиш на туѓ имот можда препишан на мажот може уште на име на свекорот. Не може да очекуваш они на тебе да се прилагодуваат. Си зела свекрвата за слобода да ја гледа како "ќерка" и и дава обврски. Зашто мажот решил дека им е екстра тука кај мама. Не би прифатила никогаш да живеам во заедница, ни да фрлам пари на туѓ имот, ни да немам приватност, а фала богу и партнерот исто. Ама полесно е да ја плукам свекрвата на форум отколку да се иселам и да заклучам врата и да ме боли патка за нејзините перални. @gentle.girl Имаш проблем со мажот не со свекрвата, ама касно си сфатила што си избрала.
Ќе седнете на маса сите членови на заедницата и ќе направите договор која обврска кој ја презема, кој плаќа сметки, кој купува храна. Сѐ додека секој ги кажува своите желби и очекувања, ги почитува туѓите и се држи до договорените обврски не би требало да има проблеми. Се додека не се разговара, некој од некого има очекување кое секако не е исполнето-небитно дали станува збор за завршување некоја обврска или почитување нечија желба. Подоцна тоа очекување прераснува во нетрпеливост, нервоза, гнев и секојдневни кавги за глупости. Затоа граници се поставуваат од старт.
Тука ти е проблемот тебе најголем. На неа ништо, со него ќе си решиш што сакаш и можеш да правиш. Дур со него не решиш, џабе нерви ќе си кинеш со сите останати. Прво ТОЈ треба да те разбере, па ќе им објасни на другите во заедницата.
А најјако е што некои овде имате синови бе. Мислам, ако свекрвата, деверот се смрдлиња, утре кога синот ваш ќе се ожени ќе бидете вие смрдли, а другиот ваш син исто смрдле? Ич не разбирам, жими се'.
Штом неќеш да переш со нивни алишта , а неќеш ни да правиш проблеми мој совет ти е да си ги собираш твоите алишта и на мажот во соба и кога ќе имаш доволно пушти си машина. Ако ти е гад земи ракавици и со нив ставај ги во машина. Друго решение стварно незнам
Ќе бидеме смрдлиња едни на други. Да сум свекрва нема да дозволам нашиот веш и општо алишта, друг да ми ги складира, пипа и става во машина. После зошто се меша свекрвата. Се почнува со пипање туѓи гаќи
Кога се омажив јас живеев во заедница 2 години додека ја градевме куќата и тогаш се очеекуваше од мене дека треба да ги перам сите и девер и свекор и свекрва. За додуша пробав еднаш да ставам во машина алишта од сите, ама кога ги ставав така ми дојде гадно и си реков дека веќе јас нивни алишта нема со рака допрам поготово гаќи на свекор и на свекрва и девер. Погадно нешто нема и затоа оттогаш си ги собирав во посебна канта моите и на мм и посебно си ги перев. Имаше зборење и префрлање дека невестата што дошла треба сите да ги пере, ама мене ми беше понижување, ниту јас перам нивни ниту они мои алишта. Ова беше пред 20 години ама гледам дека не се смениле многу работите. Ке бидам и јас свекрва за некоја година и сигурно нема да очекувам снаата да ми ги пере моите алишта.
Па снаата нема потреба да ми биде дадилка. Ако сака синот нека ми пушти машина кога ќе остарам, ако не, пак ок. А исто важи и за ќерката. Ќе треба зетот да ме пере, бања??
Јас не би прифатила заедница, ама хеј, секој со своето. А кога веќе живееш со некого, нели, не се прашува само еден како треба да се живее. Ниту снаа, ниту свекрва, ниту маж. Него сите учесници во таа заедница (би требало) да се договорат кој што кога и како ќе прави.
Па и јас не живеам за среќа. Ама да би била свекрва и да треба синот снаа да носи, во секој случај ќе си имаме две различни корпи за мои и нивни алишта. Ниту јас сакам на снаата алиштата да и ги пипам, ниту сакам она моите. Има куп работи во домот што може да се поделат, перењето не е едно од нив.
Јас не би нарекла некого смрдло, ама еве не знам какви хигиенски навики има. Можеби не се тушира секој ден и слично. Можеби му корнат чорапите. Еве некој спомна ракавици. Јас не сум гадлива, на работа секој ден крв и гној гледам, ама не мора ако не сакам туѓи носени гаќи да допирам..