Ама тоа е твое мислење, не знаеш што снаата ќе сака/ќе може да прави. Тебе ти е тука границата, што е ок, за неа можеби ќе биде ужас од едно тенџере да јадете пример. Или пак таа ќе има навики кои тебе ти се несфатливи, и тука настануваат проблеми. Ете може за неа ќе биде нормално заедничко перење, ќе фати еден ден и твоето ќе го испере. И? Што ќе направиш? Ќе седиш ќе се нервираш или ќе разговараш како човек - благодарам, но сакам сама? Не е поентата што нас лично ни' е ок или не, туку дека треба да научиме да комуницираме каде ни' се границите и да не претпоставуваме дека нашите сфаќања ги имаат сите. А најмал проблем е дали ќе има две корпи, два фрижидера или 3 вида на тоалетна за сечиј вкус.
Ама не мора, нормално. Јас и' реков да искомуницира дека тоа и е ту мач. Еве мене не ми е. Сечии гаќи де и чорапи можам да исперам и мува да не ме пролази. Ама тоа е поентата, еве да си ми свекрва, ако ете се погодиме 2 недели заедно а се' валкано од сите е во едно купатило, шансите се дека се' ќе исперам, пример бели гаќи на 95 од сите ќе пуштам, или темни чорапи итн. Не е ова ситуација за скандал, тебе ти е ту мач, едноставно кажуваш, немој не го прави тоа, не сакам. И "веш" замени го со се'. Јас пример имам проблем да јадам храна со запршка, не јадам запршка никаква, бивша свеки па се' со запршка правеше а еднаш неделно на ручек кај неа. Решение беше тоа што пред да стави запршка тргаше за мене на страна и готово. Можеше и да се киселам на секој ручек и да се гадам (стварно се гадам од тоа, не јадам мрсно, литро зејтин од февруари пред некој ден го дотрошив) или да и' кажам дека јас ете не јадам и не сакам да јадам запршка, ако може да трга за мене на страна, ако не може ок е, ќе јадам друго. И немавме проблем оти комуникација нели.
Исто и јас кога ја прочитав членката дека толку драматични свекор и свекрва има си помислив да не мислат дека на рака треба да си ги перат алиштата, може треба членката да ги седне и да им објасни дека веќе има машини
Не ми е гадно собирање и диплење, едноставно треба да шетам. Подобро јас да шетам, одколку таа да гледа турски серии додека јас и ги диплам нејзините алишта
А кај прочита дека свекорот и свекрвата биле драматични? Никаде не видов тоа да го пиши. Не гледам проблем ако живееш во заедница да пуштиш заедничка машина. Наместо да чекам со денови да се соберат само мои алишта и од сопругот со опасност јако да се усмрдат ако седат подолго време така, ќе ставам се’ заедно топтан .Па и да ги спружиш и собериш од на жица, јаката работа. Ги направивте луѓето како со го*на на гаќите да шетаат.
Имам пишувано и во темава пред години, баба ми покојна пак да ја спомнам, тргнала да збира веш од жица, на мајка ми танга некоја обесена. Се думала жената два дена, се секирала, на крај ја прашала мајка ми кога се опериСала, оти не кажува? Не сфатила оти гаќи се де, мислела некаков градник за една цицка оперирана Пола живот за ова се смееме
Ако тебе ти е драматична нашата реакција што пишавме дека нејќеме перење алишта од здрави и прави луѓе кои потполно можат да се перат сами, јас ти велам истото важи и во обратна ситуација дека и свекорите се понашаат ко на рака да треба да се перат. Не е важно дали ние не гледаме проблем, важно е дека на членката и пречи и ако не е јака работа да спружиш и собериш алишта од на жица, тогаш потполно можат да си го прават и сами, нели не е јака работа.
Истото важи и за свекрвата или свекорот да пуштат машина со алишта од снаата ако таа заборавила да пушти. За многу глупави работи тргате цртки. Аманте луѓе, доволно е прашак да ставиш и едно дугме да притисниш.
Не е дугмето проблем. Ама јас да сортирам алишта од други членови на фамилијата, да, проблем ми е. Од корпа нема сами да се стават во машина и нема сами да се одделат црни од бели од шарени. Разбирам делење обврски во заедница, ама може секој посебно да си ги пушта алиштата за својата фамилија. Исто и јас не сакам некој да ми пушта мои, интима е бе луѓе. Може на гаќите имам сперма од маж ми, може он има. Може деверов не се добришал убаво, останале трагови. Еве, може и јас не сум се добришала. Шо мора други да знаат за тоа.
Па и ние на сила не седнавме , имаат усти тие да кажат не можи тука да седите? Во куќата кај шо и тие дошле најчесто ! Не бе арно реков со пиштол на гла како ќе зуцнат ?
Си ги переле сами и после дошла снаата и си рекле конечно дојде некој да не одмени - нешто што го мислат многу свекори и свекрви, не е ништо необично. Штом не шетале со валкани алишта, значи знаат да си ги пуштат сами.