Мене ми збоктисува од моите алишта, не па од други да им перам. Скраја. Ајде понекогаш да е тоа, да се случи да е снеарнета или не знам што, да ѝ помогнам со перење. Ама на исправена жена да ѝ бидам пералка, нема така. Жени, ако од сенешто не си направиме реферати, чудо би било. Како во вицон: си биле две жени во затвор шо знам 10 години пример, и излегуваат слободни и еднава ѝ вели "еј чек уш ова да ти го кажам" Тоа е
Се збираме пола маало со корпите и гледаме по список кој е на ред у чива машина ќе вртат.Па уз машина тука кафенце трач муабети Строго после десет
Сакам да прашам, што ако додека вадите од корпа и налетате на нечиви гаќи улепени и тоа на рака ви остане? Јас би си ја пресекла раката, за другите не знам.
Кога нема разбирачка со збор јас ќе им ги пуштав на погрешни степени, да им се смачи од мене. Белите на 30, нека остане некоја флека, шарените на 90 нека се направат за внуците. Ќе видат, не ќе видат, сами ќе ми забранат да им ги пуштам.
Валкани алишта од други не допирам, освен на мм и бебе. Се десило и моите и неговите да бидат на гости кај мене и ми побарале да пуштам машина и реков, ставете што имате во пералната јас ќе ја пуштам. Сега кога бевме кај неговите што беше за перење одделував во ќесе и планирав кога ќе си дојдам дома да си исперам. Мајка му буричкала низ ќесињата и се разбира да испадне добра свекрва ги испрала алиштата сите ај што се налутив што буричкала, си преќутев, туку што ставила се заедно и фустан ми уништила.. дури кога си дојдов дома го видов, ама што да кажам. Се изнавикав на мм ама џабе е. А тоа што имав гаќи целите со менструација дека ненадејно ми дојде искрено ја жалев што се осудила да допре. Јас не би.
Е во ова е проблемот, очекувањата. А не дали некој пуштал машина за сите, готвел, чистел или не знам везел за сите. Очекувањата се најголема заебанција, од сечија страна. И тоа најчесто оние преќутените, оние што спаѓаат во "се знае". "Се знае" дека снаата измеќарка е. "Се знае" дека бабата ќе чува дете. "Се знае" што е женска работа. Не, не се знае.
Еве не знам како преживеав 31 година, пуштено имам за сите до сега машина, до душа за свекрва ми мн. ретко, ама за моите баш многу, не сум нашла испозалепено и прегадно ништо. Од друга страна, одсекогаш, па и сега сама, конкретно само гаќи носени ставам во различна корпа од таа кај што се другите алишта, наједноставно и за да пикнам во машина ми е така.
Не сакам да допирам туѓи валкани алишта, ниту сакам свекрва моите да ми ги пери. Мене тоа ми е одвратно. Не е тоа поделба на обврски. Можи да се дели правење ручек, миење садови, правосмукалка, прашина, чистење вц ама не и ова. На сите што не ви е проблем не се чудете, ете јас сум многу гнаслива особа, ни нараквици не ме спасуваат ни ништо. И не е само тоа, безврска ми е и преинтимно ми е. @gentle.girl Тоа што имате заедничка корпа е проблем. Ете и да не ги периш нивните, пак ќе треба да буричкашниз корпата за да ги најдиш вашите. Две корпи една над друга евентуално или вашата на тераса можеби.
Па се знае бе сесре. Гаќа, чорапа и сл се менува секој ден, па и почесто. Што најмногу се собира за перење? И што е гадно тука? Менструална крв, сперма и тн...да не не ја има? Реалноста е таа.
Ееех по некои ставови и мислења овде се имаше некој впечаток дека закоравените традиции (останати од турско време) во односот кон снаата се искоренуваат благодарение на тоа што се' повеќе млади невести одбиваат да ги продолжат. Но за жал не било баш така. Не можам да верувам дека има млади девојки/жени за кои во 2022 година на 21ви Век сосема нормална појава им е да буричкаат по валканите гаќи да свекор, свекрва, девер и слично и да изиграваат модерни пепелашки. Во кој век ви се останати сфаќањава да ми је знати. .... или пак за инает и од досада само така зборите колку да се отвори дискусија од 150 страни ... јас друго разумно и логично објаснување за феноменов не можам да најдам.
Па ако се мене секој ден не значи дека секој ден се пушта машина. Еве мене ми се фаќа еднаш неделно да пуштам долен веш на 90, а тројца сме. За таа разлика шарени и црни перам по 2,3 машини неделно а некогаш и повеќе. И да гадно е. Да не е гадно,немаше да се изнапишат безброј страни
Се сложувам дека е гадно да се пипка и фаќа туѓа облека со истиве работи плус фекалии и урина. Од муабет гадно нема.
Дури ми е смешно ова "модерни пепелашки". Како е побогу некоја пепелашка ако меѓу себе си поделат луѓе обврски? Јас пре би рекла дека се пепелашки на мажите, оти на свекрвата боже пази блуза да испереш, ама затоа мажот и' не знае ни машина да пушти, ни ручек да направи, ни прашина да избрише, пази нешто друго да не затреба. Дете чување, се знае мајка, од каде сега татко да бања и пресоблекува бебе? А не па да му готви на тоа исто бебе, или замисли, да лежи со него во болница. Ништо не е погрешно кога двајца или 5 души меѓу себе ќе се договорат кој која обврска ја има, многу е погрешно кога селективна е "самопочитта". Ако мажов за к*р не го бива и сам своите спермосани посрани гаќи не знае да ги испере, нееемооојјјј за свекрвата нешто да се направи, каде ти е самопочитта? По таа логика нека не се каже збор за свекрва која ич не и' чуе за "младите", ни дали имале да јадат, ни каде спијат, ни кому дете оставаат, се почитува бе жената сама себе, шо има возрасен син и снаа да двори? Па на крај краева, оти раатот и' го нарушуваат во нејзиниот и на маж и' домот? И не викам дека ти очекуваш или слично, зборувам за општиот став на темата, страшно е дволично да очекуваш некој да ти обезбеди кров или да те прими под својот, да ти се "наоѓа" за се' нешто, ама кога ти ќе треба нешто да направиш тогаш се газиш себе и си пепелашка. И само свекрвата гадна, да секако дека кај мајките сите ем башка перевте, готвевте, тањири миевте или може фрижидер у соба свој си имавте. Едно е да некоја работа навистина не сакаш, а сосема друго да мислиш дека е самопочит ако немаш никаков однос со луѓето со кои живееш, оти како скроз модерна, излезена од турско снаа, живееш со свекрва ти и вечен проблем ти е што мамин син за маж имаш па не можеш збор да му кажеш. Повторно, не е лично за тебе, општо мислење и впечаток ми е. Не, не сте должни ни да перете, ни да пеглате, ни да готвите, ни прашина да избришете за никого; ама бидете свесни дека ни тие вам ама баш ништо не ви се должни, како на пример од пред некоја страна, да стоплат вода за вашето бебе итн.